Здраво. Дали некоја има искуство со овој тип на дубак. Во недоумица сум што да правам, дали дубак или проодувалка да земам зошто бебе е 7 месеци и почна да се исправа, па се двоумам за дубак.
Штом се двоумиш, дубак да не земаш, остави го само да се исправа и движи во креветче, држејќи се на мебел и сл. Не му е време да оди, а во дубак ќе е форсирање да оди.
Здраво девојки! Ако има некоја мама што го продава веќе искористеното дубаче, нека ми пише во лична порака со слика и цена.
Nasiot ortoped dr. Kalicanin ni kaza nikako dubak, i dokolku neli se resime za dubak toa da bide posle 9m i strogo da e staticen, nikakov drug
Некои препорачуваат, некои не. Нашиов ми рече да си најдам нов ортопед ако купам дубак или џампер зашто од скокање може да се опуштат лигаментите и да се искриват стапалата. Јас купив зашто го чував сама детето и буквално го користев да го оставам на 5 мин за до вц или да исецкам за ручек. И на самиот џампер пишува да не се користи подолго од 20мин така да јас искрено сега може и не би фрлила пари ама моево ептен не сакаше на газе да седне, цело време исправен и се движеше по мебел.
Наместо дубак и џампер најдобра опција е монтажна игрална. Син ми се се научи во неа: да седне стабилно, да се исправи, да прооди... го оставаш внатре и можеш се да направиш.
Од кога се почнува со користење на игралната? Бебе е 5ипол месеци, веќе прави обиди за лазење, за седење, ама јас сеуште само на под го оставам, така како најдобро, а сакам да ја поставам игралната, бидејќи ќе ми биде посигурен во неа. Прашањето ми е - дали може да биде прерано, да не му направам некоја кочница, пример еве за лазење, ако го ставам во игрална, пошто просторот е ограничен
Вакво имам позајмено ми е. Игрална на honey baby e мојава таа марка во џамбото ја има мислам дека сум гледала монтажни игрални. Жив спас е...некоја мајка ако купила да ти каже каде има.
Аааа. Претпоставив дека е ваква ама ај викам. Јас имам транспортно креветче шо може да служи и како игрална.
Јас имам игрална, од 5 месеци ја користи. Сега ќе прави 8 месеци. Кога е најадена и наспана ужива во неа со играчки. Имам и подлога за на под ама јас не сум сигурна да ја оставам и да отидам во вц а вака игралната спас ми е, нема каде да оди и да се повреди, не знам што би правела без неа. Купивме и специјален душек да и биде помеко. Здравје понатака, во иднина ќе и биде како нејзино катче, има отвор сама да влегува и излегува.
Јас ја имам оваа игрална, доволно е просторна за да може бебето да лази, да се исправа и да прооди. Може комотно да го оставам во неа за да отидам до друга соба итн. Топло ја препорачувам, јас ја нарачав онлајн, ја има во nama.mk и pi ki toys Струмица.
I jas ja imam uste ne mi e montirana, moze da se naprai pomala, t.e. da ne gi iskoristis site delovi?