Читам тука дека џамперот може да се користи не подолго од 20 минути. Можи глупо е прашањето, ама еднаш во денот 20 минути макс или..? И до која возраст максимум се користат, ако го сака бебе секако?
И јас се чудев тоа на почеток Можеш повеќе пати ама максимум 20 минути, значи после тоа пауза се прави. Мојов секако не сакаше многу, го оставав за до вц или да се истуширам, максимум 10мин, а да речеме 3-4 пати во ден. Буквално кога ми требаа рацете слободни, а тој не сака да седне.
Ептен на два ума сум. Од една страна ми се многу интересни (мене, на син ми којзнае ), ама којзнае дали вреди да лупнам 100тина е за толку малку. До кога може да се користи? Гледам на некои пишува дур бебе не е 76цм, не е то многу малку или јас немам ориентација? Оти бебе беше 69цм пред 2 месеци, сега не ми е мерен.
А уште го немаш земено? Тогаш не фрлај пари, најнеискористено нешто е. Јас го земав баш од овие причини што напишав зашто не седнуваше никаде за жива глава. Инаку, тој што го имав се подесуваше на три нивоа и може и помали да се ставаат.
И двете деца ги носев кај Видоедски и тој препорачуваше да се оставаат сами децата да почнат да лазат или да одат. Подлога од коцки меки или подлогите како тепихчиња на место што ќе биде побезбедно за дето. Можете и оградички да земете и тие се добри за да не бега. Или ако веќе земаме да земеме џампер и тоа статичен или за на врата што се става, никако дубак.
Дали има мека подлога? Се мислам дали оваа да ја земам или 100 на 100 од Бебе хоум.. Имам место и за првата, но се двоумам
Каков е тој статичен џампер, може слика ако го имате? Не ми се многу познати овие направи, освен дубак друго ништо не знам што е
Сите џампери се статични (барем јас ко шо знам), а Видоевски препорачува џампер или статичен дубак (без тркала, само да стои во него) ради безбедност. Еве сличе од џампер А има и вакви за на касата од врата
Nema meka podloga edno ko suskavo platno e samo. Ti treba plus podloga inace ke se iskrsi bebe pagajki
Сегде по продавниците за бебешка опрема. https://lococroco.com/kikka-boo-fantasia-dzamper Разгледај, има и поевтини.
Нема мека подлога, јас ја ставив врз тепих и внатре ставив од меките шарени подлоги. Добри се и тие помалите игрални, но ако дозволува просторот сум повеќе за поголемата.
Јас ја земав кинеската големата игрална од пи ки, сакав бебе да има поголема. Со маж ми пробавме да ја наместиме, шипки пикај во платно, гледај упатство, нема ништо асално објаснето, барај на youtube, да ти е мерак да гледаш од страна колку лесно се монтира... Не успеавме и ја собравме во кутија Црвена боја, ја земавме 2500 Ептен се изнервирав, сакав едно време да ја продадам. Маж ми сакаше да ја фрли, не сака на некој да му ја давал па да не пцуе после при монтирање Сега за сега уште ни врши работа игралната 100×100 што е
Jas ja iam istata...upatstvo krs....a i mojot mozda mesec dena go ubeduvav da ja mestime i malce se pomacivne dur da nabieme sipkite vo spojkite ama top izleze...ne mi ni tekna na youtube ama pa ne e komplicirano jas poslav platnoto i po nego odev. Samo ako ne se nabieni sipkite ubavo kriva e i nestabilna. Nie bevme so pluskavci posle na racete ali nejse bebe uziva unutra
И јас ја земав истата, сеуште не се осмелувам да ја монтирам, колку дневната ми е хахаха Ова ли видео го гледавте? Има повеќе повели Кога ќе дојде денот за монтирање, тешко на маж ми хахах се надевам ќе има трпение
Ja na glava mu se kaciv se aj utre bese i zemav edna vecer sama pocnav,ne izdrza se ukluci...pcuese ama ja namesti...nebitno bebe ja obozava....sega e 8.5 mes veke i saka da se isprava pustata ama ne stiga do gornite sipki