Здраво мајки.. Ние сме 7++ Др што бевме строго кажа не дубак, после 3 месеци на контрола, не носевме многу широк повој, вежби да правиме исл. Добивме подарок од кумата дубак, јас сум стрикно за не, мм го става по 15 20 мин, ама јас не, стрикно и го вадам. Сакам да помине контролата и да видиме што и како. Инаку детето се врти на креветот, се обраќа многу и си ги собира нозете како за да лази.. Ќе почнеме на земја да го ставаме, мислам на постеле о нешто, барем полесно ќе биде.
Според мое мислење ни дубак ни џампер 3-4 пати во денот по околу 15 минути не е штетно. Ова некој просек, некогаш воопшто не го ставам во џампер дека заборавам, некогаш не сака, некогаш 5 минути и му здосади, а ретко се заигрува по 15 минути. Штетно е ако седи со саати во него, а кое бебе би седело со саати? И нив им здосади по 5-10-15 минути. Дубак е опасно да не се преврти бебето па затоа не се остава само. А и на џамперот секако пишува да не се остава само бебето без надзор, како што пишува и на хранилка итн. Јас и 5 минути да го ставам во џампер од огромна помош ми е, а на бебето нема шанси да му наштетат ни 5 ни 15 минути. И во раце не е ок да се држат па ги држиме. Да, најдобро е на под и само на под од раѓање па додека да прооди ама не сме ние емисија за како треба, како е најдобро, најправилно. 5 минути во дубак 5 во џампер 5 релаксатор 5 транспортно креветче 5 во раце и ќе пораснат Значи кога ќе ви речат скритно НЕ освен поради некоја здравствена причина, прашајте дали е ок еднаш на ден по 15 минути или три пати на ден по 5 минути и прашајте зошто, што ќе се случи од тие 24 часа што ќе е 15 минути во џампер?
Нашиот ортопед рече стриктно не. Имало врска и со раст и со коски и т.н. Јас не прашував дали 10, дали 15 зошто искрено не гледам бенефит од дубак, само проблем може да биде.
И нашиот рече стрикно не! И јас сум стрикно за не.. За дубак. Еве јас лично 2 пати го имам ставено, а татко му и дедо му и баба му го ставаат во денот по 15 мин,. На 10 месеци, почнавме по малку. Сакаа уште на 5 месеци, ама бев упорна и не дозволив. Детето само во креветче и на кревет почна да седи, да се исправа и да се врти на сите страни. Зајакнети се мускулите и затоа сега и сам стои и сака да оди. Да го држи некој, душа мила..а и си лазе
И јас не сум за ставање постојано, ама се согласувам со @gjoker4e. Ништо нема да му биде од 10-15 минути во денот. Јас почнав да го оставам на кратко, кога треба да завршам работа низ дома, а не сака да лазе. Добра занимација му е, во тие 10тина минути му го држи вниманието.
Ние купивме кога наполни 6 месеци, првата минута кога го виде прерадосен и си викам супер му се допаѓа и толку беше, до 7 месеци не сакаше во џампер па приметив дека кога е во скок не сака во џампер, а скоковиве еден месец скок еден ден, така и џамперот. Никогаш не се случило јас да сакам да го извадам, а бебе да плаче да сака уште во џампер.
Се мислам дали да купам џампер(само џамер), да не ги дадам парите и само така да си седи како за релаксаторот И плус гледам моето е повисоко и може да му биде ептен точно. Како сте вие задоволни и колку ви се искористени?
Според мене веќе ако зимаш дубак ти е подобро, бидејќи може да се движе со него. Џампер ти се џабе фрлени пари.
Mojot ni dubak ni zdamper. Koga proode sam, posle pocna da trca hhahahah Ne se zamarajte mnogu so periodot koga ke proodi. A dubak ili zdamper zavisi od visinata i temperamentot. Ednas go kladov vo dubak i poveke ne (mn e temperamenten).
Се одлучив да не купувам и по консултација со пријателки, плус како што пиша и членката доста е темпераментен место не го држи ни секунда не верувам многу ни дека ќе седи. Фала ви на одговорите.
Мама да ти кажам еден hack. Го ставам во корито, му давам пакетче марамици (од оние виолета или други што имаат капаче, тоа му е хит моментално) и седи мирен како бубаче, отвори затвори, се занимава. Тоа ми е единствено време кога можам да одморам, иначе по цел ден се бркаме по дома, отвара фиоки, бута, растура, итн.
Луѓе малава ми е мн живаи освен во дубак спас во ништо друго не гледам, 2 мин самане смее да е. Совет/мислење околу дубакот?
Не ли ги вади марамиците? Може ли да го ставам во количка така да седи? Уште е мал, скоро 5 мес, ама да знам.
Совет од ортопед е не. И не. И моето е живо, како цев е, не мирува ни секунда ама нема шанса да земам дубак.
No it is. Да се разбереме мислев на 5 мин дур да отидам до вц или да јадам Нема везе се навикнав без јадење
Ќерка ми е 19 месеци и ништо не користевме од вакви помагала. На под порасна. Јас не одам на работа, ама работев по неколку саати во денот од дома фриленс, постојано бев дома сама со бебе и со сите други обврски низ дома. Мм еден период од дома работаше и тогаш ми беше за нијанса полесно. Имаше моменти кога не се издржуваше, бараше само во раце, или кога беше во скок па не знаеше за што плаче. Сакам да кажам, ај што не препорачуваат ортопеди, се издржува и без тоа. Може е малку потешко ама се поминува.
Првото кога беше помало, пред да почне да лази го оставав во креветче или на под на baby gym, кога почна да лази го ставав во голема игрална, а сега кога оди и отвара сам врати си доаѓа по мене каде и да одам. Со помалото исто правам, сега сме само до фазата оставање на под или baby gym. Дубак не користев, ниту пак планирам. Совет од ортопед дека не е потребно.