Моево е 7 месеци, лази на секаде и се пентари да стане и се клати у нозете и ќе искрши главата ако ја остаам
Добро само мене ортопедот и тоа Видоевски ми рече може статичен дубак/џампер за да ги ојачува мускулите на нозете со буткањето?
Твое е само да обезбедиш безбедна средина за бебето, да ги заштитиш ќошињата, да тргнеш се што може да се повреди. И моето се исправаше, качуваше, паѓаше додека да научи како треба. Затоа игралната за таа намена беше супер, пространа, вежбаше на неа исправање и одење. Клуб масичката ми е пикната во ќош, сите ќошиња нејзини и од тв комодата ми се заштитени. Се што е небезбедно за нив е тргнато од дофат на повисоко.
Денес научи да ги вади. Ќе му купам некои поевтини за играње, да не ми е криво за парите. Можеш и во количка да го оставаш ако ти седи. Мојот седи во количка само ако се вози, не сака за џабе да е врзан.
И мене истото ми го рече Видоевски. И на @kostovaivana. Купивме џампер, синко го сакаше само однадвор да го чачка, во него ни 2 секунди. И така како и цела бебешка опрема го имаме за да ни собира прашина.
Имаше крафтс видеа како од нив игра да напрај. Пр спбирај ги и на хамер залепи да отвара, кога ќе отвори да му се појавува некоја сликичка од животно. Побарај на јутуб
Игрална имам, не сака во неа, на хранилката се пентари на наслонот во количка исто, за релаксатор да не праам муабет више. Се ми е заштитено клуб маса и рабови, како да и објаснам дека не треба да се исправа на двосед и тросед и на стаклена врата?
Ако успееш да објасниш кажи како ја на мојава да и објаснам дека не треба да се фаќа со двете раце на рерната и да виси надоле (среќа child proofed ми е )
Не е многу љубител на кујна ама затоа обожава кадата да ја јаде . Евентуално ногарката на столот у терпезарија.
После второто ехо на колкчиња. Околу 6 месеци помалото, а големиот на 8 месеци (покасно се оформија јадра на колкчињата). Ама не ги оставав долго. Малото кога наполна 9 месеци веќе и престанав. Сега не го ни сака, повеќе сака да лази и се труди да станува
Дубаци не се препорачуваат, така ни кажа нас ортопедот. Веќе се сметаат за медицински помагала и се препорачуваат кога детето има некој проблем, кај здраво дете треба да се остави процесот на проодување да тече природно.
Ќе Ве молам да споделите искуства од колку месеци ви дозволија да користите џампер? И дали бебчињата сакаа да ви седат во џампер
Се препорачува прво бебето самостојно да седнува,што најчесто е околу 8миот месец па дури потоа да се стави во дубак/џампер.
Ќерка ми ја ставав уште од 6ти месец(ортопед одобри),обожаваше да скока на него,имам од оние што се закачуваат на врата,синко е скоро 6 месеци ќе почнам и него.