Извини вака ама не знам зошто толку се потресуваш со мојот пост. Дека немам исто мислење како твоето? Епа јас колку што знам,а сум завршила медицина и секаде каде што одиме на симпозиуми и се среќаваме со ортопеди има поголем број на мислења за ДА се употребува дубакот,како помагало за проодување кај децата. Ти некако многу контрираш како се да знаеш,јас тебе не ти се мешам ниту ти велам да употребуваш дубак за твоите деца,ама не сослушуваш мислења од други членки. Не мора да значи дека ако ти си ПРОТИВ дубак сите грешно мислат ок? И изгледа ниту дека го сфати мојот пост. А тогаш зошто не ги оставаш децата сами да проодат,ама без да трчаш по нив?Нели и така им помогнуваш да проодат. Ма дај,нема што да коментирам кога ако има едно спротивно мислење сите ти се виновни.
јас го клавав од полни 6 ама после прочитав дека после полни 7 коленцата му се исправале и не требало да се остава многу на нозе кичмата не се развивала правилно и го тргнав дубачето па сега гледам и почнува да го движи по малку наназат со газето полесно му е!!!
И нние наскоро ке земеме за малиот дубак но се мислам помеѓу оној со тркална или без тркалца (статичен) да земеме кажете ми кој е подобар
Едно прашање... денес купивме дубаче. Прв пат ја ставивме во дубакот.. ако стоеше едно пола саат така во него, се туркаше со ноџињата наназад.. нејсе, кога ја зедов да ја преслечам беше црвена на ноџињата од дубакот. Дали е тоа нормално или не е нормално? Дали кај сите бебиња е така или моево има дебели ноџиња? Патем, слушајќи ги педијатриве ќерка ми дури на 9 месеци прв пат ја ставивме во дубак.
Види дали добро е прилагодена висината на дубакот. Инаку на почеток наназад ќе се движи, ортопедот ми рече дека тоа е инстиктивно па ќе ја увежбаат техниката и за напред па после ќе имаш шоферче низ дома што ќе ти уништи многу работи
Дубакот има 6 висини ние го ставивме на највисоко и допираше само со прстите па го спуштивме на пониско и си стоеше на ноџиња. Арно ама госпоѓицава не седи на нозе туку си седи седната на газето и си игра, најверојатно од тоа и се прави црвенило од тежината. Денес се исправи на нозе сама и дубакот и беше низок па пак си седна и си продолжи да игра. И купив патичиња најк 3000 денари ги платив, ми рекоа дека се за заодување. Арно ама околинава околу мене ми рече дека никако со такви патичиња да не ја заодувам. Е сеа совет.. со какви треба да заоди? Пошо овие се супер, цврсти стегнати прекрасни се.. И уште нешто.. колку време треба да стои во дубак во рок од 24 саати? Ми рекоа само 15 минути ??? Ако стварно треба 15 минути не знам зошто купивме дубак а фукнавме 3800 за него.
Ние одевме на ортопед во филип втори и таму ми рекоа слободно може дубак ама да не се претерува на почеток, пи макс.20 минути два три пати во денот на почеток ама ние бевме 6.5 месеци, вие сте поголеми па претпоставувам може и малку подолго. Понатаму може колку сака, после месец дена. Најдобро е на боса нога да прооди, а потоа ќе ги носи патиките. Ние така правевме и се беше ок.
Мене во филип втори и на извештајот за извршен преглед ми напишаа дека може и ми кажаа дека не смета на развојот на детето и на проодувањето, секако да не седи по цел ден во него. И за дубакот како и за широкиот повој постојат различни ставови помеѓу докторите, па секој си знае како да постапи.
И на мене ортопедот ми рече да не го ставам син ми во дубак, ама јас го ставав. И ништо не му е. Прв пат го ставив во дубак на 7 месеци, а во него сакаше да седи додека да направи 10 месеци.
Jas vo dubak ja staviv otkako pocna samostojno da sedi, znaci negde otkako napolni 7 meseci.I toa na pocetokot ja stavav 3-4 pati po 5 minutki,a potoa go zgolemuvav vremeto.Najmnogu mi ima sedeno 20min.poveke ne sakase,kenkase da ja zemam.
Јас од 6.5 месеци ама многу кратко време го оставав а после еден месец седеше повеќе пати по пола саат, сега има три и пол години и се е во ред ( бевме на редовна контрола).
Нормално дека треба педијатар/ортопед да ти потврди прво дали се спремни колковите и нозете за таа функција. Во дубакот оптеретувањето на нозете е напати и 100%, затоа не сака брзање со овие работи. Ние добивме зелено светло, ама нешто не ми се сака. Пре би да ја држам да патка (во што ова ужива), наместо да ја ставам во дубак. Боли кичма, ама на двете ни е интересно!
Мајки, оставете ги децата по својот природен пат да се развиваат, не ги брзајте и форсирајте во никој сегмент. Јас можам само 1 совет да ви дадам: Оставајте го детето на земја најмногу што можете! Оставете го самото да научи да седи, да паѓа и станува, да се исправа на нозе и да почне да се движи кога ќе биде спремно, бенефитите верувајте ќе ги видите покасно