Најубав совет, по мое мислење! Сега е како модерно нешто, во дубак од 5 месеци. Аман бе??? Ќерка ми е или во релаксатор ако и се одмара, или на земја на најобицна подлога од 300 ден, не некоја фенси-шменси. Играчки куп, си се забавува, си подседнува колку може, се врти на сите страни, ужива! Дубак имам, добив на подарок и немам искрено намера да го користам.
Ние од кумовите добивме чико дубак Ама не планирам да го ставам додека не отидам на ортопед...здравје на 6 месеци имаме закажано
син ми го ставив сега на 8 месеци првпат и супер се снаога и сака во дубакотда се движи.го ставам 2-3 пати во денот по 15тина мин. керка ми ја ставив порано некаде од 7 месеци ама беше попргава и поцврста од овој батково .
i cerka mi i sin mi gi stavav vo dubak samo ne pamtam tocno od koj mesec posto od togas ima pominato 15 i 11 god hmm a ko sto citav na net sekade pisuva posle 6ti mesec.. a i da kazam i cerka mi i sin mi nemat nikakov problem ni so kolkovi ni so odot se si e normalno
Викаат дека најправилно да се користи дубак е кога детето ќе може самостојно да седи. На 6 месеци уште се гуменки.
Пред 2 дена бев на ортопед, и кога ја прашав рече дека дубакот е повеќе за родителите. Инаку додека дете не се држело сигурно и самостојно исправено само, односно да седи без да биде потпрен со перници да не се ставало во дубаче.
Јас дубак не користев туку џампер.така видоевски не советуваше.и бргу прооде некаде околу 11 тиот чекореше сама векје
Ние купивме дубак, искрено планирам со полни седум да почнеме. Со син ми користевме и прооде на точно една година а денес е сто на саат, и немаше никакви проблеми
Еве денес седеше може некои пола саат, и си игра стои убаво...уште не знае да се турне нормално...за 5 дена правиме 7 месеци
а каде можам во околината на ѓорче да набавам дубак, не сум загледала некоја продавница за бебешка опрема
devojce istoto dubace go imame i nie samo neli maska boja, plavicko... ne znam kolku ste zapoznaeni mene site doktori mi velat deka ne se preporaclivi dubacite za bebinjata, no moevo kako sto saka se vo race veruvajte ako ne e dubakot nema da mozam da fatam nisto go stavam povremeno, veke se nauci i da upravuva so nego si setka kade saka i faka se naokolu
Mene dubakot mi e odmena i toa mnogu. Ke ja stavam vo nego i se vrte okolu mene, mozam da gotvam, da mijam sadovi ... i si trcka se nauci, isto daa upravuva i trca niz doma. Utre zdravje sme sabajle na pedijatar na kontrola, pa ke go prasam i za dubakot. Inaku nogickite i dopiraaat na pod so celo stapalo i so celo stapolo odi.
И јас планирам да и купам на малава ама првин да добијам да од педијатрата што мие специјална за малава оти е родена пред време. Малава е активна доста ама сеуште не стапа целосно со ногата па мислам дека е рано. Инаку како се цените во мак? Или кај и да го земавте?...