За ова че добиеш различни мислења. Јас ја ставив во дубак кога веќе не се виткаше нанапред ( пробав претходно и не биваше). Значи закочен, само за седење го користиме и си скока во место. Почекај, ќе видиш кога че биде спремно бебето.
Jas ja stavam od 6 meseci i isto kako tvojot bebus @snegulkata, dopira so celo stapalo na pod, koga sedi vo dubak nozite i se svitkani. Se butka na site strani i koga saka da odi se isprava. Moze.da stoi podolgo ispravena. Spored mene e ok. Toa zavisi od dubakot. Nasiot ne e golem.
Благословен да е дубакот не знам што ќе беше до сега со мене без него. Ќерка ми во.дубак е од 7 и пол месеци, пред тоа немаше.шанси ништо.друго да фатам освен неа. Ја седнам.да сибигра со играчки, ама.тоа трае 15 минути, инаку кога седиме една до.друга ме тегли.за блуза, за рака, за коса што и дојде при рака и станува сама на нозе, а кога ќе стане држејќи се за мене.се тегли де на една.де на друга страна. А најтрагично е што само мене ми го прави тоа. Јас ретко имам помош од свелрва и мајка, па верувајте во купатило со бебе сум одела. Е кога.земавме дубак јас се преродив. Некои педијатри настојуваат прво лазење па после.дубак ама јас сама не можев да издржам. А и еве ја 9месеци а абер од лазење никаков.
Ние сме 11 месеци и во дубак не е ставен ни минута. Живееме сами и навикнавме некако така да функционираме, заедно во бања, кујна. Јас сум многу задоволна од кошот за играње. Тука си игра си се исправа, си скока... А лази од 7 месец
богами господ здравје да му даде на тој што го измислил дубакот инаку ќе цркнев до сега, како што не спие преку ден нонстоп со него. Имаше денови и кога во вц не идев па од што стискав потоа имав ненормални болки во стомак. Па чекавме зелено светло од ортопед дека супер е развиен и иако ни рече да го чекаме сам да си почне со станување јас повеќе неможев и го ставам во дубак барем малку колку да одам до вц. Мајка ми живее далеку а свекрва ми иако е на долниот спрат не се качува ни да го види син ми по 10дена а не пак да го чува
Mamicki da ve prasam nesto. Dobivme dubak poklon za nova godina, ja stavivme malata se super si sedese 15 mun. No gledam deka nozete (stapalata dole) nekako navnatre i se. Dali e toa normalno? Imame 7 meseci i prv pat ja staviv preska.
Iki i malava gi imase do pred nekoe vreme taka kako nanatra malce,nodzeto dole,pa pedijatrite ne soveetuva da ne ja stavame vo dubak. Nie veke se resivme da ne ja stavame bidejki ne bil dobar,sovet od pedijatra pa i na toa ostanavme da ne ja stavame. Poveketo majki gi stavale bidejki im bilo od pomos za da zavrsat nekoja rabota.
Јас имам дубак, ни го дадоа на користење, ама уште го немам ставено. Иако имаме еве скоро 7 месеци, мене ми е некако уште мал...може само така ми се чини. Од друга страна па не го гледам како бебе веќе. Уф, чудно е да го гледаш детето од аспект на мајка.
nie koristime dubak ama mnogu malku da ne recam okolu pola sat do sat dnevno ...sinko poveke saka da go turka dubakot a ne da sedi vo nego ...dali e vo red ili ne koristenjeto na dubak moeto mislenje e se sto e vo edna normalna mera e vo red ...taka da i da go ostavis malku nekoi desetina minuti makar i nekolku pati vo denot ne e grev .....
@janula Цуцка како бе го турка? Немам претстава. Инаку раат си видов со дубакот и од секоја бебешка опрема што ја имаме (транспортер, количка, креветчиња(и за играње и за спиење), ќебе со играчки, кенгур, ралаксатор, проектор) дубакот мислам дека најмногу ќе ни користи. Не сакам да претерувам и денот да го минува во него, искрено и Леа сама нема да сака цел ден во дубак, ама доволно ми е да е во него додека спремам кашички, зачистувам по дома, пружам алишта и сл. Кога бевме на ортопед го прашав за тоа колку е штетно и добив одговор дека одговорноста е моја но ако е умерено не би требало да наштети. По тоа се придржавам, и се собира максимум 2 саати дневно, по 15 мин, по10 мин, по 30 мин и така.
^ Ние имаме џампер, ама многу кратко го користиме, па не можам некое искуство да споделам. Знам само дека повеќето ортопеди му даваат предност во однос на дубакот. Нема да згрешиш доколку земеш.
@An-na те молам за искуство со конкретниот џампер. Го сака бебушка? Колоку долго ја оставаш во него? Практичен е?
Ептен сум задоволна. Ужива малата во него. Јас ја оставам неколку пати во денот максимум 20 минути. Така е препорачано и се придржувам до тоа.
Ако дубакот има опција за закочување, значи само да стои бебето и да скока може. Нас ни дозволија и ја ставам, а и ништо поразлично не е од тоа кога ги држиме за раце а они скокаат на земја или во раце со раката меѓу ножињата.
Од која возраст ги ставате.Пред 6 месеци секако е рано нели?Ние на 7 месеци треба на контрола и тогаш планирам кај Видоески да одиме.Сега мн ладно фати и не ми се патуваше до ск.Некако нему најмногу му верувам.
Јас со полни 8. Претходно и она не сакаше. Одиме на приватно на ортопед а со Видоевски случајно на гости се затековме кај едни пријатели, и ни потврди дека може , со зборовите: ако е се во ред со колковите нека скока ако може и по цел ден но после 6 месеци.