Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дубак и џампер

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 19 септември 2011.

  1. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Џампер можи да се користи од 3тиот месец...
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.703
    Пол:
    Женски
    Некои деца до 3 месец уште не ја држат главата цврсто сами.Како ли ке скокаат во џампер?
     
    На AlchinovaR1979, koritsaki и slimy им се допаѓа ова.
  3. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    @Ferfelina информацијата за џампер незнам од каде ти е дека може од 3м,кога сите ортопеди препорачуваат од 4м, и во сите продавници каде што се продаваат џампери стои од 4 +
     
    На slimy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ајде на три месеци.....а бе директно во кафич да одиме:)
    Значи џампер со потврда за ок колкови од 6 месеци- Видоевски.
     
    На LaDyDoLl, koritsaki и joy1 им се допаѓа ова.
  5. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    Moram da te koregiram , bebeto na 4 meseci go odnesov kaj vidoevski I samiot toj mi kaza deka mozam da go stavam vo jumper...duri I go preprasav bidejki I mene mi izgledase rano...no spored nego bebeto ima bajagi razviena muskulatura I slobodno moze da koristime jumper
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Значи вака: генерално пред 6 месеци не се препорачува џампер, но ако детето е супер развиено за возраста самиот тој дозволува.
    За син ми не ми дозволи но за ќерка ми да, само што јас не купив џампер ниту за едно од нив.
    Значи советот од него е различен за разл.деца.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    69
    Bas taka, sekoe bebce svoja prikazna ...
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Значи вака ... На нашиот џампер е нагласено дека се користи од 3 месеци и целта на џамперот покрај скокањето во него ( кое што сигурно не е во 3тиот месец) е развивање на моториката на бебињата, развивање на самодоверба , припрема за одење и аеробик вежби... Каде каде подобро од дубак... А за препораките од насите ортопеди дубакот во споредба со џамперот е во никој случај :)
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Никој не го оспорува тоа дека џамперот се препорачува а дубакот не, но на самиот производ може да напишат што сакаат а на три месеци дека е ок да се стави и во џампер не е. Исто и во кашите од хипп има каши со ананас, портокал и пишува од 8 месеци ама ние знаеме дека се после 12.
     
    На heppymom, TIGARCE86 и joy1 им се допаѓа ова.
  10. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Си знаеме оти така ни кажале педијатрите а ако прочиташ на страната а СЗО ќе видиш и многу други спротивности од тоа " ние знаеме" јас си го познавсм детето и се водам според мои инстинкти : mama know Best! И како што кажа погоре една мајка - секое бебче своја приказна ;)
     
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Ние порасанвме и проодевме без џампер и без дубак, во џампер не сакаше да седи може 5-6 пати да сме се излажале по 2-3 мин. инаку не сакаше ни да влезе па се откажав и го собрав, а за дубак не ни купивме бидејќи знаев дека не сакав да ја ставам во него, знам дека има различни мислења и различни препораки во врска со него но ако има и најмали шанси лошо да влијае на развојот на децата, јас сум против, плус па и многу се ми небезбедни, децата на моите другарки стопати им се првртеа на глава со нив, па не ми требаше ни таков ризик по дома. Искрено не ни осетив потреба за дубак, си заигруваше со играчки уште од мала, потоа почна да лази и да истражува по дома.
     
    На Prolett му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Најдоброто што можете да им го направите на вашите деца, е да ги ставите на земја. Едно ќебенце, и ајде. Цел ден слободно нека си игра таму. Јас инвестирав во оградица, дубак ни полнонија и така си остана, од мерак да не речам за сликање ја стаив 2-3 пати. Седна на неполни пет месеци, на 8-9 почна сама да се исправа и да лази, на 11 прооде. Сега на 14 трча, клекнува, сама станува од сред соба ако падне, се како што треба. Исто и ние одиме кај Видоевски, ни препорача џампер. Користевме неколку пати еден што се закачува на врата и тоа домашно направен од моја пријателка, сто пати подобро од дубак. Кога имам работа по дома, ја оставам во оградица да седи уште од 7 месеци.
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    На сокчињата од хип ананас е од 4, а портокал од 6 месеци. Ама кај мене ќе поседат уште неколку месеци.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Искрено од што не ги купувам не ни знам, на прсти се брои колку пати купечка каша сум дала.

    @Ferfelina Немам намера да се расправам , а што тоа е спротивно на сзо што ние го знаеме демек? Баш се читам .....
     
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Исто. Овие што ги имам дома ги добивме поклон во пакетче. Јас сокче не сум ни купила оти мојов не пие ни сок ни вода, а и овошје не сака. Зеленчукови сум купула три пати досега може.
    Ем се поубави домашните, ем се поздрави, свежи и сам си бираш комбинација.
     
    На LaDyDoLl, leona83 и joy1 им се допаѓа ова.
  16. sjk

    sjk Нов член

    Се зачлени на:
    31 декември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    i jas mnogu se nerviram so mojava kerkicka imame 7 meseci a nesaka ni sokce ni vodicka da pie a za kasicki jademe po pola kasicka od 125 grama
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    A
    Ако споделувањето на личното искуство кај тебе поттикнува потреба за расправа тогаш да не споделуваме воопшто искуства туку така од памет да си тропаме глупости ...
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Значи тука престанувам, ама ако веќе пишуваш нешто-конкретизирај, и не знам кој од памет тропа.....мајката знае најдобро а го става на 3 месеци во џампер. За мене не е споделување искуство ако е спротивно од сите препораки па некој да те послуша не дај Боже, исто како една мајка што имаше пишано дека дава од манџите за нив и на бебето на 3 месеци, и тоа е ок искуство?
     
    На TIGARCE86, slimy, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Моето искуство си е мое и не мора некој да го прифати а ти слушај си препораки и даље. Поздрав леонче не се нервирај злато :)
     
  20. Ferfelina

    Ferfelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    И читајме убаво пред да пишиш нешто... Кажав дека може од 3 месеци а не значи дека сум го ставила ... Деца родени со 4 + кг ги ставаат :)