1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дуканова диета

Дискусија во 'Канта' започната од Polis, 12 април 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Polis

    Polis Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    86
    За оваа диета имам слушано дека е мнг ефикасна и дека помага за 'полесно' губење на килограми.
    Дали некој има искуство со оваа диета , какви се резултатите и слично .??
    Би сакала тука да ги споделиме сите искуства кои ги имаме со оваа диета...



    1. фаза: Напад

    Протеини, протеини, протеини... тоа е она што Дукан го предлага како задолжителен дел од првата фаза. Препорачливо е да консумирате пилешко и мисиркино месо, а да избегнувате јагнешко и свинско. Најдобро е да ги отфрлите месото со кожа и крилцата. Исто така, дозволено е во вашата исхрана да влезат јајцата, рибата и морските плодови, сојата и немасните млечни производи (со исклучок на кашкавал).

    Во текот на оваа фаза треба секој ден да консумирате минимум 1,5 литри вода, да внесувате една и пол супена лажица овесни снегулки и да пешачите барем 20 минути.

    Времетраење: 1-10 дена.

    Резултати: Според Дукан, повеќето луѓе остануваат во оваа фаза пет дена и губат 2-3 килограми.


    2. фаза: Крстосување

    Се вели дека оваа фаза е фаза на вистинската тежина, односно оној дел од диетата со кој треба да стигнете до посакуваниот изглед на телото. Во текот на фазата Крстосување потребно е еден ден да консумирате само протеини (како во првата фаза), потоа еден ден протеини + зеленчуци, па повторно само протеини, па повторно протеини + зеленчуци итн.

    Дозволени се зеленчуци како домати, брокули, модар патлиџан, спанаќ, цвекло, краставица, кромид, тиква, печурки, ротквици, праз. Забранети се зеленчуците кои содржат скроб, како компири, пченка, леќа, грав, грашок.

    Се препорачува пиење на многу вода, консумирање на 2 супени лажици овесни снегулки и 20-минутно пешачење секој ден.

    Времетраење: Додека не ја постигнете посакуваната тежина.

    Резултати: На секои 3 дена се слабее по половина килограм.


    3. фаза: Консолидација

    Откако со помош на првите две фази ќе ја постигнете посакуваната тежина, целта треба да ви биде да ја одржите и да не дозволите никогаш да ви се вратат изгубените килограми, па затоа следуваат фазите на Консолидација и Стабилизација.

    Третата фаза треба да ве одврати од помислата да им се вратите на старите навики за хранење и да ве донесе до балансирана исхрана. За време на оваа фаза постепено започнете да ги внесувате во исхраната производите кои ви беа забранети претходно.

    Секој ден можете да јадете неограничено количество протеини (вклучително и јагнешко и свинско месо) и зеленчуци, како и мал овошен плод, 2 парчиња интегрален леб и 1 парче сирење. И тука задолжително е пиењето на многу вода и 20-минутното пешачење.

    Дукан дава можност во оваа фаза да се консумираат два свечени оброка неделно, односно двапати неделно можете да јадете апсолутно сè што ќе посакате.

    Во текот на оваа фаза треба да започнете со практикувањето на протеинскиот ден, т.е. еден ден во неделата да јадете само протеини.

    Времетраење: 10 дена за секој изгубен килограм во претходната фаза.



    4. фаза: Стабилизација

    Фазата на Стабилизација има за цел да ја одржи тежината. Авторот на диетата ветува дека иако можете да јадете сè што сакате, нема да си ги вратите килограмите ако и само ако еднаш неделно имате протеински ден (со мени како во првата фаза; на пример, во четврток), ако консумирате 3 лажици овесни снегулки дневно и ако секој ден пешачите 20 минути.

    Времетраење: Цел живот.


    Дукановата диета препорачува исхрана богата со протеини и внесување на многу мали количини на масти и јаглехидрати. Таа е многу слична со диетата на д-р Аткинс и често се нарекува француската Аткинсова диета.


    Од утре почнувам да ја држам па нека ни е со среќа на сите :)
    Поздравчиња
    :hai:
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.