Дали преферирате да носите дуксерки, во кои прилики? Колку често ги носите? Во кое време од годината ви се најомилени? Дали носите скапи брендирани дуксерки? Ајде да видиме... Спојлер Мислам дека нема ваква тема, ако има клуч
Преферирам да носам.Ги носам за на школо, по гости, по дома. Во есен и зима највеќе ги носам. Брендирани немам како и сета друга моја облека. Него..да прашам ја кое го сметате за дуксерка, она со капа и врвки или тие со патент на средина? Оти гледам негде и тие со патент ги нарекуваат дуксерки
Носам дуксерки редовно. Си имам повеќе пара и си ги менувам Обожавам да ги носам особено во зима а на фармерки и патики колку јако стојат уф уф Спојлер ја имам последната
Плакарот ми е преполн со најразновидни дуксерки ,од тенки до зимски. Најкомотни ми се за носење и нема ден да не облечам некоја ,без разлика за каде.
Порано повеќе дуксери имав и најубаво ми беше во нив.И сеа се наоѓа некој дуксер,ама по дома најчесто носам,може да се случи и некогаш за на факултет.
Многу сакам машко да носи дукреси, не јас. Некако домаќински ми делува, а и привлечно во исто време. Топло некако..
Сакам дуксери бидејќи сум спортски тип и оваа облека баш ми прилега и супер се чувствувам. Исто така дечко ми многу си сака дуксерчиња. Многу ми се допаѓаат и машки и женски кога ги носат. Не знам зошто некои мислат дека срамота е да се излезе со дуксер. Па не си го купувам за по дома. Ете моите другарки патат од некој таков комплекс
уфф,дуксерки,секогаш пристуни кај мене. имам и тенки и дебели,и сегде ги носам-за искачање,надвор,дома,школо,гости...освен за свечени пригоди.