Дума - Давање на збор

Дискусија во 'Свадба' започната од blond, 10 октомври 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    Во врска со давањето збор, знам дека не би требало да се прави некоја голема помпа, значи само идните младоженци и нивните семејства.
    Опуштено, во домот на девојката.
    Се' си е тоа в ред, ама мене лично многу смеа ме фаќа од тој делот:
    Зошто сте дојдени?
    :D
    Е зошто де?
    Знам дека е адет и обичај, ама јас мислам дека ако го доживеам тој момент, прва ќе прснам да се смеам, како недорасната. :rofl:
    Гледаш , се премислат после. :rofl:
     
    На K.Karanfillova, L-enna и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Мене толку ми идеше да се смеам тогаш, мислев дека ќе пукнам. И толку го стискав и штипев што мислам дека цел со модрици се врати дома :lol:
    Ама зошто сте дојдени? :rofl:
     
    На Dust и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.611
    :whew:
    Добро е, не сум била само јас. :D
    Ама нели е смешно?
    Како се воздржа Виножитко, алал нека ти е.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.236
    Допаѓања:
    67.744
    Пол:
    Женски
    Беше и смешно и awkward. Имаше моменти на тишина што мене ми се чинеа бесконечни, ама откако се запознаа малце, напнатоста попушти. Уф среќа помина се тоа :whew:
    Немај глајле Трендафилке, поминува, па вака како мене ќе се смееш после :rofl:
     
  5. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Значи колку што јас ги разбирам адетите и како ние правевме давањето на збор е едно а веридба е друго-така и ние направивме. Маж ми, мајка ми и татко му дојдоа кај нас (треба да е непарен број за да се оди парен) и масата беше поставена( прв пат слушам за да не биде поставена масата). Свекрвами дојде со буќет, вино и бомбоњера, кажаа за што се дојдени :lol: и така помина малото запознавање. Се договоривме другата сабота да биде веридбата каде што се беа поканети најблиските , дојдоа 7 души од негова страна си разменивме прстени и колаци и пред 12 отидовме кај мажот ми.
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Мене ептен ми е, нека ајде тој дел ,,За што се дојдени?,, Што ептен ми е смешен :D , туку нели родителите не се познаваат, и што се случува тогаш? Вие младоженците си ќутите , а они се запознаваат? :D
    Лелеее ептен напната ситуација, ај у пм :D
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    А затоа зошто се дојдени, не ни ги прашавме :rofl: , свекор ми кога ги праша татко ми што ќе се напиете рече
    Чекај прво да кажеме за што сме дојдени :D , и татко ми му вели знаеме :rofl: , леле колку сме се смееле , а мажот ми кога почна да црвенее :$ ( баш ваков беше ) и вика ако де ние да си кажеме . Свекор ми децата се сакаат, они решиле да се земаат нас и не не прашаа :D . Ќе ја дадете ли ? И тато како Але Риза вика чекај да ја прашам, и јас леле тато немој сега да ме страмиш и се така помина многу смешно и весело :rofl:
     
    На Stories, MIA-SK, MarchelineAmaru и 4 други им се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Лелелеее, јас знам ќе си потонам во земја од срам :$ :D :D
     
  9. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    639
    Ја замислив ситуацијата,неговите дојдени кај нас дома, и се запознаваат со моите родители! :lol: Уффф... сигурна сум дека ќе биде напнето! И покрај тоа што важам за несрамежлива личност,сепак претставувајки си ја таа ситауција мислам дека ќе се чувствувам малце засрамено! Ајјјј, што ме чекаа :$
     
    На K.Karanfillova му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    И јас си ја замислив ситуацијата и мислам дека моите со неговите ќе се вклопат одлично, уште од самиот старт си мислам така.

    Туку имам едно прашање за вас искусните.Зошто да си одат пред 12 часот луѓето ако јас сакам да почнам да живеам со него после свадбата???Јас би сакала да седиме до раните утрински часови и да славиме :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.852
    Допаѓања:
    202.953
    Пол:
    Женски
    Искрено Бланка, не знам зошто е така... ама од стари останало, па као мора да се почитува. Ај ние двајца ќе си останевме, ама нашиве нејќеа. Требаше додуша и јас да си одам со нив, според традицијата, ама си останав дома :lol: Инаку, и мене ми беше многу смешно на почетокот, ама пред тоа каква трема имав... ужас!
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    како демек во кој ден се дојдени во тој треба да си одат. меѓутоа тоа е се договор меѓу младите како ќе си кажат. мислам дека и јас кога правев негде може 10-15 мин. само после 12 останаа додекасе разделат додека ме испратат. јас отидов кај нив и знам едно саат два седевме на тераса кај него по пижами со неговите и трачаревме како сме си поминале. хм мене ми е глупо тоа е доаѓаат ајде ок идеш кај нив и другиот ден ајде пак јас се вратив. хехехе и сега си правам така 2-3 дена таму 2-3 дена дома :lol:
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    И јас ко карак, си користам ситуација и сум таму и тука :) до дека си можам да си бидам под закрилата на мама и тато :lol: ахххх татино галениче :rofl:
     
    На K.Karanfillova му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lacrymosa

    Lacrymosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    90
    абе има разлика давање збор и веридба... барем кај нас полошко
    давање збор е запознавање меѓу родителите и така нешто, не се даваат прстени, не се дава ништо, чисто ручек ( нормално на рачун на девојката) и не се дава кафе

    е сега веридбата е мењавање прстени, редење злата, бовчалоци и глупости и тоа на ручек ( пак на рачун на дејката) и дејката мора да ја земат пред да зајде сонцето ( барем кај нас е така)..


    баш сеа се спремам за веридба за отприлике месец дена и кај нас ќе дојдат неговите домашни плус еден некој од страна за да бидат непарен број. е сега има морало да ги послужам со бел локум и од тоа што е ставено на маса да не се дотура пример снемало салата да не се дотура во чинијата салата или да не се носи нова чинија со салата.
    бовчалоците се глупост невидена што одзема најмногу пари, време и нерви али првата снајка донела па се јас да не се делам ( глупост од мајка ми) и исто глупост е купувањето алишта и злато од свекрвата (демек нејзе така му донеле таа сакала така и за снаите).

    тие треба да донесат торта и вино ( букет ако сакаат), а ние да им вратиме торта и блага вода ( после од тоа треба да направат нешто рецимо шербет за баклава или да ја испијат)

    и нејќам да знам уште какви се не глупости изнаслушав како требало а како не

    и да ние сакавме веридбата да ја правиме во демекмври на годишницата али свекрвата ко пијана за плот се фати дека не чинело во пости и сл.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Тоа дека не чини во пости прв пат го слушам, како и повеќето работи што си ги напишала.
    Али нема врска тоа, туку знам дека ние веридбата си ја одлагавме со недели и недели само поради тоа што не било убаво да се прави кога заоѓа месечината. Чекавме да биде период кога месечината се полни, значи откако ќе биде скроз празна и почнува да се полни тие две недели се правело веридба само.
    Али ајде, сите запнаа за тоа, и ајде и јас се приклучив кон таквото суеверие.
    Инаку кај мене на веридбата од машката страна дојдоа непарен број, и парен си отидовме (ако се рачуна бебенцето тогаш непарен хахахаххахаха). Донесоа шише со ракија, украсено со црвен каранфил кој беше заврзан со црвен конец за шишето. Донесоа и погачка од која ги почастивме сите. Немаше редења злато зашто ние така си сакавме, но имаше бовчи (си купивме ние што ни требаше и тоа го ставивме во бовчата), а јас на другите им дадов онака како да не е со празни раце.
    Букет секако добив од мужето ми :)
    Најинтересно и кај мене беше кога дојде на вратата вереникот и ми вели: Може да влеземе ? Чекате гости ? Му велам ајде да да чекаме. И си испоседнаа на масата која не беше поставена, а она што беше спремено го чувавме во друга соба. И така седнаа и татко ми вика добро за што сте дојдени и свекор ми му кажува: Сте имале убава мома, нашиот син ја сака, па дојдовме да прашаме дали ќе ја дадете :lol:
    А татко му му враќа: И вашиот син е убав, најубави ни се двајцата, затоа мислам дека треба да бидат заедно, ама ај да ги прашаме нив. И другите почнаа да потврдуваат :D
    Ме прашаа мене реков,нормално, да. А мужето ми ќути. И го буцнав јас и реков: Ма ајде сите кажаа за што сте дојдени, само он не кажа, ајде да слушнам од него. И си кажа и тој и така ајде сменивме прстени, си честитавме, потоа бацував рака на свекор и свекрва, ги почастив со ракија сите, им собрав парите.
    Ах да, и на моите бацив рака, да им правам на свекорот и свекрвата чест, а на моите не-не иде така :D

    Како и да беше, супер си поминавме.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас сум тазе верена од средата па да кажам кај мене како беше. Си купивме прстени со маж ми , а јас купив мали бовчички за сите што дојдоа, да не било дека со празни раце ги пречекувам, така ми кажа свекрвата. Таа ми беше купила обетки, букет и бонбониера. И мајка ми им даде исто на нив бонбониера. Јас во целата збрка заборавив да им бацам рака, додуша никој не спомна ни на шала, па викам ај на свадба ќе се корегирам :lol: На сите ни беше смешно дека маж ми си прозборе прв зошто дошле, другите дали за сеир си ќутеа не знам, јас очекував татко му да збори, така беше за сестра ми кога се вереше. Ама мужето мое херој,убаво си кажа и се сврши работата за 5 минути :) После свекрвата ми даде нови алишта да се облечам ( претходно јас си ги одбрав), јадевме и правец на веселба во кафеана во градот на маж ми. Тоа е тоа не беше некоја филозофија како јас што си мислев :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    И јас како тазе верена да кажам како беше :)
    Прво планиравме само да дадеме збор без прстени, но потоа решивме да размениме и прстени во присуство на домашните, да речам мала веридба, а бочви и други дарови не правевме, се договоривме тоа да го направиме за свадбата. Секој прави различно, секаде има различни адети и обичаи. Обично ако со веридбата си одиш да живееш кај мажот, значи те земаат тогаш се правеле сите такви церемонии :lol:
    Вереникот дојде кај мене со родителите пред 12 часот, негде кај 11и 15 , донесоа бомбониера, виски и букет цвеќе. Влегоа внатре, седнаа, масата беше поставена, јас ги послужив со чоколатчиња ( благи бомбони, кој како сака, така чинело),потоа татко му кажа зошто се дојдени и цело време гледаше во саатот за да ги размениме прстените, велеше ајде побрзо пред 12 треба :lol:
    И така си ги разменивме прстените, јадевме, пиевме, потоа јас со нив заминав кај вереникот дома. Таму имаа гости, блиската фамилија кои дошле на честитање, исто и кај мене дома идеа гости.
    Ми имаа купено пижами и влечки за по дома така требало да ги облечам пижамите кога ќе останам на спиење.
    Накратко тоа беше тоа ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    ме интересира што со повратните гости ??? дали морало после во набргу време да се врати посетата и што би однеле ??? јас сакав таа повратна посета да биде понатака али поминаа еве 3 месеци и гледам дека на татко ми не му е сеисто да гледа дека идам спијам кај него и се е ок а незнае каде сум... сега се договоривме на после нова година да вратиме со посета. ме интересира дали да бидам таму или да дојдам со моите од дома ? и сакам да отидеме со вино торта и цвеќе дали е тоа во ред ??
     
  19. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Карак, ти си веќе дел од семејството на твојот вереник. Можеби и тебе да те боли, или твоите што не сте заедно за празнициве и слично, но сепак овој е тој дел од животот каде што се одделуваш и си формираш свое семејство.

    Моите родители дојдоа една недела по веридбата на гости, не за друго туку да им го претставам мојот дом, да знаат каде живее нивната ќерка :)
    Јас си ги пречекав, они дојдоа со торта (само тоа знам дека било како задолжително), а татко ми плус донесе и ракија.
    Од овде ги пречекавме со месо (свинско и мисиркино), салатички, благо... И да ти кажам бааги време си поседоа, околу 7-8 часа (дојдоа после пладне некаде). Дека се од подалеку малце и затоа решивме веќе кога дошле, да си поседат како што треба кај ќерка им.

    На крајот си ги испративме, јас си останав пак тука.


    Знам дека малку боли вака кога си го гледаш семејството далеку од себе, но тоа е дел од одвојувањето и создавање на свој живот и свое семејство !
     
    На HelloGirlssss, MarchelineAmaru и karak им се допаѓа ова.
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема правило кога да се врати посетата, моите ќе одат дури после Божиќ. Може мене не ми е чудно дека јас не живеам во градот од кај што ми е мажот, ние и онака си живеевме сами одвоено. Сепак кога ќе помине веридбата, ти си член да тоа ново семејство и воопшто не треба да се чувствуваш неудобно што спиеш таму. те разбирам како е , јас уште не можам да се привикнам дека имам нов дом, и да престанам на маж ми да му викам, кај тебе дома :lol: И да ти биди си дома, нема зошто со твоите да одиш, та нели дојдоа еднаш да те земат :)