Не сум искусен ама знам малко .кога одат сватовите кај женското(снаата) на самата веридба,мора да се вратат дома со неа истиот ден,истата дата,а после 12 е веќе нов ден,за тоа си одат пред 12,а после 12 доаѓаат нејзините кај машкото(зетот).знам кај нас има и адет као 3 пати главата ја удира во врата кај машкото(али нежно,немој да мислите ја трескаат од врата) што значело кај и одиш дома да се вратиш,така да ваљда и тоа за пред 12 е нешто као кај и да оди до 12 дома да е(само ако е трета смена на раб е оправдано)
И ние сега ке даваме збор ,,дума,, ама се изначудив све какви адети има... Ние планираме само неговите да дојдат кај нас со цвеке пијалок,благо да се запознаат со моите да си дадеме збор и тоа е тоа. А незнаевме за: * непарен број да дошле парен да си одат...(еве неговото семејство се непарен број,сега треба некој да не дојде или да земат со нив било кој??? Ние сакавме баш само семејствата. * пред 12 да си одат * прстени да се разменат (нели тоа на веридбата???) И сега како е правилно?
инфото што ти го дале за кое не сте знаеле се однесува на веридбата,не на давањето збор. давањето збор е баш како што си пишала,си давате збор дека ќе си се земите.додуша и давањето збор у последно време и не се практикува баш,а и потсетува на пред стотици години коа уште на 2 годинки ги таксале ќерките за некој,т.е давале збор дека коа ке порасне ке се омажи за него баш и сеа на некој начин тоа е тоа,даваш збор дека ќе се земате и после недела-две е веридбата,па за свадба зависи. за веридбата важи она непарен број да дојдат,те земаат тебе и си одат парен број,исто и тоа за пред 12 да си одат.
Кога ние правевме веридба дојдоа непарен број, донесоа цвеќе, пијалок и торта. Кога се сместија татко ми ги праша што ќе се напијат, а свекор ми прво рече да кажеме за што сме дојдени па потоа ќе се напиеме..и си кажа човекот, одржа цел говор пофални зборови за идната снашка...не се чувствував непријатно и не ми беше срам, напротив се разнежнив и многу бев среќна што има такви зборови за мене..Е сега што се однесува до бовчи, само злато си разменивме, претходно се договоривме бовчите да ги оставиме за свадбата..Си отидоа пред 12 ч, а денот на веридбата беше среда, така наводно требало, да биде среќен ден, јас си останав дома кај моите се до свадбата, значи официјално се преселив после 5 месеци.
Ние со давањето на збор сакавме само да официјализираме, бидејќи живееме заедно 1 година и родителите ајде па јаде кога ќе биде...па за они да се радуваат. Но...синоќа со дечко ми бевме излезени да прославиме 4 годишнина од врска,и бевме што бевме...излеговме надвор и гледаме снегче...лелеее многу сакаме и двајцата...и кога се сликаме играме, се зезаме и он наеднаш под месецева светлина,клекна наеднаш...во раката држеше прстен и ме праша дали Ке се омажам за него Јеееее..ДАААаа многу бев среќна ...воопшто не очекував и многу бев изненадена, затоа што утре сакавме само да ги запознаеме родителите( за да не ни досагаат) а кога ќе се вериме едно друго, требаше да биде понатака...кога ке си доде време...но ете синоќа беше ВОЛШЕБНА ноќ!
Е ние одевме по обратен ред. Со оглед на тоа што имаме поприлично либерални родители( или успеавме такви да ги направиме ) прво почнавме да реновираме стан, па татковците сакале или не мораа да се запознаат , па дури и муабетот им тргна-водовод, електрика, молерисување. Цепки . Врската и онака 3-4 години траеше... па лесно беше да се претпостави следниот чекор ама ние си молчевме и ги оставивме да се препотуваат-по малку де. И така си се вселивме, по некое време ги викнавме на ручек ,заедно, и им кажавме кога ни е закажано за матично. И бидна Изгледа ме дале премолчно-уште пред да дадам збор Шала на страна-ама ич не сум по адети! Ке се смеам ко недоделкана
eve da cuete kako pomina i mojata duma))))))jas zavrsuvav fak.a deckoto dodje kako da bara rabota i da bide so mene i nie si otanavme zaedno dasi ziveeme vo stan 6mes a zaedno sme inaci 5 god,medutoa sea koga si dodjovme doma za praznicite ,zaebaa ne majkami razgovarase so nego deka ne bilo ubavo taka da ziveeme sto ke kazal narodot ee pust toj narod za narod li ziveam ama aj on da i go naprave kefot namajkami edn den kaza deka ke dodje so negovite dase zapoznaat i da kazeme deka nasata vrska e ozbilna ,koa dodjea tatkomi go prasuva zasto e dosol a toj vika pa za nea,tatkomi vika pa deka ke ja vodes a toj jadnicok izguben vika pa nema deka daja vodam zaedno kesi ziveeme,jas umiram od smea,i togas tatkomi vika epa aj koga ste resile neka vi e so sreca i stanaaa site ni cestitaa,a nie ne ni sakavme toa dase dese,on planirase dame iznenade i da me zaprose aa nasite ne uzbrzaa,sega site cestitaat ni a nie ko izgubeni cekame dadodje nasio prav trenutok i da si s evereme kako sto si nie sakame
Моето официјализирање на врската имаше сосема поразличен тек. Уште од летото ние се бевне договориле дека ќе се земеме кога ќе завршиме факултет, си се “ветивме еден на друг“ и се договоривме тоа да остане само помеѓу нас двајца. Скоро и да живеевме заедно, 6 дена во неделата бев кај него 1 дома, ниту моите ниту неговите не праеа проблеми. После нова година бевме на ручек кај моите и сите запознаа, потоа моите дојдоа кај него и јас и мојот вереник под дејство на алкохол им кажавме што сме се договориле. Не сакавме да излезе надвор од кругот на најблиското семејство, но нашите инсистираа тоа да се раскаже низ цела фамилија, и така бидна. Неколку ден после, во Среда тој со неговите дојде кај мене, пошто не сакавме обичаи ги избегнавме прашањата во стилот Зошто сте дојдени и сл. Туку вереникот стана, ми клекна и ме праша дали сакам да се вериме, се согласив ми даде прстен и тоа беше се. Поседовме уште малце и се вративме кај нив дома каде не чекаше изненадување. Неговите се јавиле кај сите наши најблиски пријатели и ги поканиле да дојдат, ние немавме појма мислевме сами дека ќе си останеме. Влегуваме и сите: Изненадувањееее !!! Па уште и жива музика, одлично си поминавме морам да кажам.
Еве како беше кај нас... Дечко ми ми приреди прекрасно изненадување во еден ресторан и ме побара за жена... Се договоривме да ги запознаеме нашите една недела подоцна и да си дадеме збор. Дојдоа неговите најблиски околу 17 часот, донесоа пијалок, цвеќе и торта а ние имавме сервирано вечера на масата (вкупно бевме 15 луѓе). Немаше зафрканции од типот зошто сте дошле затоа што дечко ми си побарал благослов од моите пред мене да ме праша, така што јас последна дознав Мајка ми на одење им даде торта за дома да ја носат (демек се враќало со благо) и пред тоа нашите ни рекоа да си одбереме што сакаме од нив и си одбравме комплет гардероба што си ја носевме тој ден. Се договоривме да не правиме класична веридба и само отидовме наредната недела кај неговите дома (исто така и ние носевме цвеќе, торта и виски). Мое лично мислење е дека тоа беше премногу (еден тон храна остана, цела недела се спремавме за нивното доаѓање и беше општ хаос ), ќе си поминевме поопуштено и повесело да отидевме во некој ресторан, ама така сакаа нашите... Како и да е, дефинитивно се убави спомени и со среќа на тие што се во очекување на вакви моменти..
епа ајде и јас да ве прашам нешто....значи правевме некој муабет со дечко ми и заклучив дека кај и да е тој ќе ме побара ама ми рече дека не сака да се договориме туку сакал тој самиот да ме изненади...мислам и дека веќе купил прстен зашто беше во белград па откако се врати ми го направи муабетот(иако мене ме фаќа паника ) Веридба со многу луѓе не би правеле,но кога ќе дојдат пример неговите-тој пак ли треба да ја побара раката од моите-или ова е само на филм (не ме карајте) Прашувам зашто татко ми е починат и тоа ќе биде тежок момент за мене,зашо раката нели се бара од таткото а не би сакала вујко ми или чичко ми да се на негово место.....
маца јас ти предлагам да не правите така. чим татко ти е починат најубаво он нели да те побара со изненадување и ако не сакате да комплицирате многу, неговите и твоите нјблиски што сакаш да бидат присутни одете во ресторанче објавете таму и свршена работа. ние така планираме зошто барање рака ова она не ни се стои. како и да нема сеуште да ти посакам среќа ќе чекам да пишеш во темата како ве побара за жена и тогаш ќе ви ја упатам најголемата среќа
Јас да кажам за моето ,се разнежнив така кога читав.Откако ме побара ,немаше романтики,паѓање на колена Спојлер мада сакав,ама знаев па и со кој ќе се мажам и слично,им кажавме јас на моите ,мајка ми не реагираше многу,затоа што и претходно (тогаш дечко ми,сега маж ми),и викаше,ќе ти ја земам јас,ај ти.Мислеа моите дека не е озбилно,ама беше,сепак јас многу млада бев -21 год.И така дојде денот,дојдоа неговите со цвеќе,торта,злато,јас за него имав само алка златна,не е кицош,не се кинџури многу. И одевме по сите адети.Слушнавме дека масата кога ќе дојдат гостите,треба да биде празна,демек кога ќе кажат гостите зошто се дојдени,прво невестата да ги послужи со благо.Тогаш татко ми праша зошто доаѓаат , свекор ми навистина сите не изненади со говорот.Кажа дека пред 21 год.тука,во мојата куќа се родило цвеќе,пораснало и сега тие дошле да го земат,нив да им ја краси куќата.Јас и маж ми како ќутуци од страна гледаме и ќутиме. И претпоставувате,сите се расплакавме ,и тогаш сите си честитавме и се залеавме. Потоа извадивме со мајка ми јадење и пиење.Јас уште таа вечер си отидов кај него,многу сакавме да сме заедно,па затоа и се земавме така млади и зелени .
Збор кога се дава доаѓа дечкоти со неговите и си кажува дека те сака за жена Нема потреба од чичковци,вујковци мајка ти си го заменува татко ти,никаде не пишува дека мора да е машки член. Брат ми кога правеше свадба,бидејќи снаа ми и фамилијата нејзина си ги сакаа сите адети,некаде јас некаде татко ми ја заменувавме мајка ми која истотака е почината,баба ми и тетка ми сакаа ама ние не им дозволивме. Како и да е кога ќе изгубиш родител и највеселите моменти во животот ти се проткаени со тага,ама тоа е животот си продолжува.
леле колку убаво, едвај чекам да дојде и мојот ред шала на страна мала сум уште. да завршам факултет, да најдам убава работа, па после може..
Maca според мене, зошто да ја прескокнеш мајка ти во овој случај? Нека те побара од мајка ти, сигурно ке и биде многу драго. Ајде со среќа и едвај чекаме да раскажеш како било
Maca и јас мислам од мајка ти да те побара...нема врска,и потполно те сфаќам,зашто и иај сум без татко ми..и затоа со големо задоволство би сакала раката да ми ја побара од мама ,и таа да ми даде благослов,бидејќи ме издигна како човек ,и се направи за нас....во толку тешки моменти-верувам и мајка ти,таа не дозволи да падне,туку единствена цел и е беше да не изведе на еден пат и да не види среќни...... затоа нема потреба некој да го менува местото на татко ти,тој верувај ќе биде со тебе а ти нема да го гледаш,но ќе осетиш ...а сигурно дека чичко ти и вујко ти нема да бидат толку среќни како мајка ти,која со сето срце ќе ти даде благослов и ќе ти посака среќа-што не би било исто како чичко,вујко,тетин-мислиш дека би бло толку чисто како благословот од мајКА ти?
Здраво девојки, Кога дојде маж ми (сега бивши дечко ) со неговите родители донесоа бонбоњера, виски и цвеке. Масата ни беше поставена сметав отпосле да ја редиме ми беше глупо и затоа ја наместивме. Потоа они си отидоа а јас си останав дома. Имам едно прашање: Во сабота ке одиме кај девојката на брат ми (идната жена) да ја бараме од нејзините родители. Мајка ми исто ке носи бонбоњера, виски и цвеке. Па ме интересира што треба јас да однесам? Навистина не знам. Мислев цвеке, ама на кого да го дадам, или да купам две или .... навистина појма немам. Ве молам да ми кажете што треба да носам јас?
ако веќе си посебна куќа земи и ти цвеќе и една бонбоњера па и вино (значи ако веќе идеш со маж ти нема што тука учество со родители), но ако идеш само со нив без маж ти тогаш едно цвеќе и ќе и го дадеш на онаа особа која ќе остане без цвеќе (ако твојте и го дадат на мајка и ти дај и го на младата )