1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дума - Давање на збор

Дискусија во 'Свадба' започната од blond, 10 октомври 2010.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека тој ден ке се онесвестам од возбуда жими се!
    Aбе ајде македонска работа морало да се дојде дома и да се прават смртоносно срамни обиЧаи :$
    па дури се прашувало ``се сакате ли?```-абе ајде ебате ако не се сакаме сигурно нема тој да е овде!
    кога ке дојде тој ден ке се наклукам лексилиум, ама озбилно! :!:
     
    На mecence.moe му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    во секој град различни обичаи...кога беше веридбата на сестра ми се одвиваше така: во среда дојдоа зетот мајка му и татко му кај нас да се запознат и да се договорат за веридбата во сабота (а во вторникот зетот ја запросил сестра ми во ресторант) и си поседоа и си отидоа...во сабота кај нас беа сите блиски роднини другарки на сестра ми...околу 10 дојдоа зет ми непарен број и музика,камерман :clap: ..кога влегоа (масата беше поставена)донесоа торта чурек и цвеке, прво свекорот нејзин рече зошто се дојдени имаше толку убав говор што ме расплака ;( ,откако тато рече дека ја дава сестра ми,зет ми повторно клекна пред сестра ми (пред вкупно 73 луге затоа раците му се тресеа :rofl: ) си ја побара она рече да...си разменија нишани па кој попрво ке ја одврзал бурмата си разменија прстени им честитавме шампанско и одеднаш музиката почна прва песна зете мили зете :rock: кај нас си седеа до 11:40 и потоа со сестра ми си отидоа,после полнок поточно околу 1 отидовме ние женска страна (срека знаев каде живее зеткото) ние отидовме 18 луге (сите сестра ми си ги одбра) однесовме торта чурек и ракија,таму веке музиката беше распалила до максимум жива музика абе шта да ти причам (ама не тапани зурли него хармоники виолини базуки гитари ) откако отидовме сестра ми не послужи прво со чурек (така и дома направи за машката страна) па ајде удри бриге на весење :dance: околу 3 еден другар на зетот донесе и гупска музика и така до 7 утрово ние славивме, ептен убаво поминавме...



    Е сеа мене тоа ме чека но нема да има веридба бидејки далеко е Мк...па мојот ме запроси пред неколку дена ама си се договоривме бес обичаи (мада тука и нема такви работи) ми купил прстен додека бев во Мк јас бев превозбудена кога ми клекна и ме запроси,во четрвток бевме да си закажеме во општина за регистрација ке треба и во црквата да одиме и така,планот ни е за нова година да дојдеме во Мк и да ги збереме најблиските на еден ручек,сепак неможеме свадба да правиме и да ги малтретираме неговите роднини од сло сите да дојдат па и смештај и се тие работи...
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ние со мм воопшто не пратевме ни традиција ни бутур :D Моите толку го мразат шо ден денеска не си признаваат дека ќерка им е мажена, се оградија од секакви одговорности околу тоа нешо у стил ако не се врати кај нас више не ни е ќерка и тн. така што, едноставно ме изненади со вереничкиот прстен и тоа на 8ми март и ме побара за жена, само ние двајца бевме тогаш, после на неговите им кажавме и тие (пошто ме знаат дека живеевме претходно заедно) само рекоа ај со среќа и тоа беше думата, веридбата и се и не се каам воопшто. Други работи во животот се поважни иако и јас сакав малце да имаше ангажман од моите, друго е сепак Сепак родителите убаво е да ви покажат дека ве поддржуваат, дека го почитуваат вашиот избор (со тоа и ве третираат како зрела личност достојна за почит) и се радуваат со вашиот избор. Можеби и преувеличувам, ама ете, јас не го почувствував тоа и читајќи ги мислењата видов дека сепак е нешто убаво и весело. А за стресот, дај Боже за сите што сте во брак тие да ви останат најголемите стресови. :)
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Планираме со вереникот да направиме една мала веридба со најблиските од фамилијата од прв ред. :$ Сега ни кажаа дека веридба се правело само кога било новина(месечината). Дали знае некој како се гледа кога е новина или ако знае да ми каже за август и септември кога баш се пага таа новина..Фала
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    е жива глупост стварно не верувај на такви бабини деветини. Веридба и јас правев и знам дека се прави среда и сабота а каква е месечината не е битно. Поздрав и со среќа
     
  6. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Мене ми е малце глупаво да даваш збор, па потоа веридба, па свадба ехеее......
    Инаку јас како што знам на давање збор не се давата прстени туку на веридба.
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мене ми се многу глупи тие обичаи и знам со сигурност дека ништо од тоа нема да правам, нормално кога ќе дојде ден. И за сестра ми ништо обичаи не правевме, едноставно дома масата беше наместена и дома беа само најблиските роднини. Дојдоа зетот со родителите и сестра му донесоа торта, бовча и буќет. Прстен и беше купил и и го даде, разменија бовчи и толку нити зошто си дојден, нити дали ја даваш, дали се сакате ништо од тие глупости. Потоа си седевме ние младите во една соба, а ‘‘старите‘‘ во друга и си направивме една убава седенка. Потоа пред дванаесет сите заедно отидовме кај зетот. И ептен убаво си поминавме.
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    И кај нас беше скромно, само со најблиските но прашањата за жал не ги избегнавме. Па баба ми (нејзе и ја препуштија таа чест :) ) цела недела се спремаше како да праша, па што да возврати доколку и одговорат вака или онака, местеше соодветен израз пред огледало...немаше смисла да и го скратам тоа задоволство...
    И би...ти момче зошто си дојден тука? По невеста бе бабче...Ами дали ја сакаш, дали ќе ја чуваш...Ја сакам бабо како никој досега, ја сакам за навек и ветувам дека ќе ја чувам...Штом е така ние со драго срце ти ја даваме, но треба неа да ја прашаме...дали ти го сакаш него? :$ :$ :$ Да!
    Ајде честитоооо!
     
    На MarchelineAmaru, karak, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.347
    Пол:
    Женски
    Се одлучивме да правиме веридба со најбликсите негде околку по 10тина души од двете страни. Кај нас ред било младата невеста да ги дарува со по нешто сите гости и досега старите велат дека доволно е по една крпа или долен веш. Но јас не би сакала тоа да ги дарувам сакам нешто подруго на пример на женските новчаник или некоја бижутерија а на машките каиш или новчаник. Сметате ли дек асе ок овие подароци или ако има некој друг некоја идеја нека ми даде. фала ви..
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    важен е гестот а не што ќе подариш доколку се одлучите да дарувате. Јас лично никој ништо не дарував ок таков ни беше договорот со мажулето :lol: инаку и новчаник, ташна, кошула, каиш подобро да им земеш отколку пешкири, гаќи, маици....
     
    На MarchelineAmaru и delvi им се допаѓа ова.
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Добро девојки,а може ли да се помине без давањето збор?
    Јас се верив со дечко ми пред 2,3 недели,значи тој само ме запроси отидовме кажавме по дома ,се собравме една вечер ама чисто онака,на кафе шо се вика,зашто сестра ми е во Америка па без неа не сакавме да правиме ништо.Мислам од негова страна сите,а од моја само мајка ми требаше да биде,а и не сакав без сестра ми,и затоа одлучивме да ја почекаме.
    Но,сега се премислувам,пошто идната свекрва неможам да ја смислам,не сакаше ни да ми честита, а камоли да ја викам на таков убав момент :devil: Знам дека е таква традицијата,но може ли без тоа?Мајка ми вели формално да било,ама морало да биде.А јас знам дека на таквата вечер ужасно тешко ќе биде,незнам што како се дешава ,ама ваљда ќе се бара раката на девојката или така нешто :lol: а тато ќе го нема со нас ;( ,знам дека е среќен момент но јас ќе си плачам ;(
    И друга работа-дали на давањето збор се даваат бовчи некои такви работи...Мајка ми вели не,само на идниот зет рече ќе му дадам пари да си купел нешто убаво...ајде некоја нека ми објасни шо,како,оти гледам с екаде разични обичаи,и читајќи ве се збунив :lol:
     
    На MarcheB му/ѝ се допаѓа ова.
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    може и 100 пати сум пишала на темава ама ќе ти кажам како праевме ние. Пред се мора да знаеш дека се е договор помеѓу тебе и дечко ти што и како ќе правите и колку ќе дозвволиш другите да ти се мешаат. Така да ние го решивме тој проблем мешање никако што ни е кеиф тоа ке прајме за веридбата излезе така а така се договоривме и за свадбава.
    значи нашиот договор беше без поклони и дарувања ни беа непотребни трошоци, а на гости нели кога дојдоа да ме бараат се договоривме да дојдат со вино, цвеќе и торта. После одреден период нели родителите одат да видат демек каде ќе живееш и се прави повратно така да и ние истото го однесовме. Не се преокупирај нема пишано правило вака или онака се е ствар на договор што сакате вие да правите. и главата горе животот е таков да мора да го живееме колку и да не болат одредени работи ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Еве да го поделам и нашето искуство... Ние не правевме класичен збор или веридба, сакавме тоа да биде опуштено и без обврски за бовчи или слично. Единствено што имаа мерак моите и неговите беше да си купиме подароци од нив, ни дадоа пари а ние си купивме облека што си ја носевме тој ден. Прво дојдоа кај нас со торта, цвеќе и пијалок, ние имавме сервирано вечера, се запознаа родителите и тоа беше тоа. Една недела подоцна ние отидовме кај нив дома, исто однесовме торта, цвеќе и пијалок. Се помина нормално и опуштено баш како шти си сакавме, без адети, бовчи или незнам какви глупости. Некои одат само во ресторан на вечера и таму се запознаваат родителите, јас сакав така ама сепак нашите одлучија да биде домашна атмосфера. И еден совет, немој да спремате многу храна затоа што ништо нема да се изеде, нас ни остана скоро се и само за џабе се потрошивме и изморивме спремајки.
     
    На AloneM му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Зошто да не може, тоа зависи само од вас двајца. Инаку, кај нас давањето збор беше фактички запознавање на родителите, а да се знаеја, не верувам дека ќе правевме нешто посебно.
     
  15. MarcheB

    MarcheB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Не се окупирај и нервирај со работи кои не ти се по мерак. Ако сакаш прави ако не сакаш, немораш и никој неможе да ти замери за тоа. Во мојот случај, дечкоми ме побара за жена, им кажавме на моите и на неговите и толку. Се знаат, значи немаше потреба од веридба за да се запознаат, а ние никако не сакавме да правиме беспотребни веселби и трошоци - и не направивме. ;)
     
  16. sneska80

    sneska80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    4
    Секој како сака како му одговара си прави нема правила.Ние на пример со моето момце се договоривме да им каземе дека ке се зимаме и неговите да родители да дојдат да се запознаат со моите оти не се знаеја.После решивме да бараме термин за свадба оти повекето е зафатено па вецерна да биде па сабота да биде сакавме и најдовме и заказавме за по цетири месеци.Скоро месец дена пред свадбата направивме голема сврсавацка така сакавме со роднини и другари со сите адети.Таа ден си разменивме бурми злато сто си купивме и бовци си разменивме со алиста до се внатре пизами летни зимски тренерки стварнио убави алистата заедно си ги биравме мозе да е тросок ама бар си ги изнаносив и дури усте ги носам.Исто така вецерта бев облеценa во едно алисте таков адет теравме и од кога разменивме злато се облеков во фустанце они сто ми го донесоа тогаш ама се разбира јас си го одбрав.Поседоа кај мене се заврсија церемониите знаес ора играње некој саат и после па невестата си оди кај момцето па кај нив прецекував гости и они имаа многу гости.Па од кај мене некоја другарка и братуцетка па дојдоа кај момцето нели на повраток викаат да видат кај ја дале невестата. :D И толку после па подготовки за свадба.
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Oф бре девојки се дојде наеднаш и сега незнам како што :worried:
    Прво фала ви на честитките ,овие денови утре или задутре ќе дојдат неговите кај нас,ќе имаме спремано вечера,ама се нервирам зошто свекрва ми :lol: отишла и изнакукувала бовча за мене :^) без да се консултира со никој.Сабајлето му реков на дечко ми да се јави и да им каже да не прават дополнителни трошоци а она рекла ееее јас уште од рано изнапазарив за бовча....А тоа не ни беше во никаков план,абе глупости......
    Инаку бев сабајлево да си испазарувам чаршавчиња,свекички такви некои украси за салфетки,да ја декорирам убаво масата и ете сега си поаѓам накај дома,ве сакам сите и од понеделник ќе ви ги пренесам деталите :*
     
  18. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Јас ги викнав неговите кај мене дома,седнавме на вечера што се вика,си поседовме а потоа заминав кај него дома вечерта.Они дојдоа со цвеќе,бонбоњера и поклон за мене и мајка ми му даде поклон и на него и на мене.Ништо не сме се договарале ,како што да биде,си дојдоа луѓето си поседовме тоа со подароците испадна спонтано,мајка ми сакала нешто -инаку скромно беше и на него и на мене,а истото го мислеле и они.
    Потоа наредната недела они ги викнаа нивните роднини да ги почастат ја викнаа и мајка ми и она донесе вино и бонбоњера.
    Такви веридби со жива музика и сл.се изненадив кога слушнав дека сеуште ги има :lol: ,ете минатата недела колешка моја правеше таква веридба ,целодневна,со бовчи -си даруваа скапи саати |( |( ,имаа жива музика,како свадба беше :rofl:
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    И мене ме побараа од мајка ми, и беше многу убаво, ич не направија да биде ко за со плачки, мајками си е карпа жена, така да се си беше ОК. Исто ќе биде и за свадбата, што мајка ми, што брат ми, никој друг од фамилија не мешам. Човекот и така ќе ми фали, немора тоа да ја расипе свадбата за сите! :|
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ретко каде во денешно време посебно се прави Дума а посебно веридба. Во денешно време Думата се изедначува со веридбата.
    Дефинитивно "утре" кога ќе се мажам ќе има само веридба.Кога неговите ќе дојдат кај мене и толку.