Дума - Давање на збор

Дискусија во 'Свадба' започната од blond, 10 октомври 2010.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.979
    Ете наскоро и ние со мојот дечко ќе си дадеме збор,па читајќи ве сите како што гледам сегде различно се прави и има разни обичаи и имам неколку прашања.Се договоривме со мојот иден сопруг,лелее колку чудно ми звучи кога ќе го кажам ова :D да не правиме веридба туку од кога ќе си дадеме збор кој што сака нека дојди на честитка и тој да ми даде само прстен,а тој не сака бидејќи не е по носењето накит,па прашањето ми е дали е морално помеѓу себе да си размениме прстени или пак можам јас него да му подарам нешто друго,пример некој часовник или нешо друго :?: Второ прашање,бидејќи и двајцата мои родители се починати,живеам со стрина ми и чичко ми јас мислам дека е убаво да ме побараат од чичко ми и така е договорот иако ми е тешко и би сакала да е татко ми овде,но тоа е,не можам ништо да променам. Што мислите вие ,дали е тоа правилно?Јас мислам дека е и дека овде нема ништо лошо бидејќи тој ми е како втор татко од и мала сум со нив.Трето прашање -бидејќи ние сме од различни градови дали е морално и нешто ошо ако јас не одам уште првата вечер кај мојот иден сопруг дома,туку по 2,3 дена? Инаку околу бовчите и тие работи се договоривме јас на неговите и тој на моите да си дадеме нешто минимално колку да се обележи ,ај дип така требало запна стрина ми страмота било без ништо :D И знам дека ќе се смеам многу кога ќе прашаат е зошто сте дојдени? :rofl: Во секој случај ме фаќа голема трема,онаа позитивната уште од сега,а тогаш можам само да се замислам какава ќе сум :tmi: :D
     
    На i-v-a-n-4-e и MacenceEna им се допаѓа ова.
  2. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.379
    Илипили браво, многу ми е мило што сте се одлучиле на таков чекор со твојот дечко :inlove: Ви посакувам многу среќа во понатамошниот заеднички живот и безброј убави моменти.

    Точно, во право си секаде е различно, различни адети, но и денес секој си прави како си сака. Според мене не е морално на денот на думата да си размените бурми. Еве на пример ние кога си дававме дума, сопругот мене ми даде веренички прстен, а јас нему часовник. Значи не е морално, правете си како си сакате. :)

    Второ, штом твоите родители се починати нема ништо лошо и не е ништо погрешно твојот иден сопруг да те побара од твојот чичко. Како што кажа од мала си со нив, и тој ти е како втор татко, нема ништо лошо, баш спротивно и треба токму од твојот чичко да те побара.

    На третото прашање би ти одговорила дека не е морално да одиш веднаш истата вечер. Можеш да одиш после 2-3 дена. Порано било демек на денот на давањето на думата, или на веридбата, да се оди во домот на сопругот пред 00:00 часот, а поима немам што било значењето на тој таканаречен адет.

    Ви посакувам многу среќа уште еднаш, и не се заморувај со ништо, правете си како си сакате ти и твојот иден сопруг (инаку и мене порано на почетокот ми беше чудно кога ќе го наречев така :D )

    :hug: :hug: :hug:
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.389
    Воопшто да не грижиш баш супер сте одлучиле и мојата веридба беше таква онаква класична свадба немавме туку кај матичар па што ми фали супер слога си имаме дај боже така и да продолжи,а она што те фаќа трема тоа е нормално и тоа е слатка трема само не заборавај една работа,секогаш биди своја гледај си го сопругот ,а остатокот е небитен,секогаш весела, насмеана многу ќеив ми направи кога ова го слушнам за тебе многу многу среќа ти посакувам :*
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.756
    Илипили со среќа и се најубаво ти посакувам понатаму во заедничкиот живот.
    Е сега, најубаво според мене така што сте одлучиле кежуал и интимна средба кај вас.Најубаво. Може да го прашаш него од околу што му треба, часовник заради суеверија не се поклонува, па одбери нешто што знаеш дека му треба и ќе го користи. Чинот да те побара од чичко ти верувај е најсоодветно и се надевам и него премногу ќе му значи.
    Следно , не е морално да одиш веднаш кај нив, кога ќе можеш и како ќе се договориш со либето тогаш. Само полека и релаксирано. За бовчи, нека биде малку симболично, дека секој денар е потребен, особено за младенци и најдобро ќе е според мене нешто симболично,што ќе се искористи.
    И само храбро де, ехее колку знае да е непријатно и чудно тоа си знам, ама па поминува после првите 2 жолти :lol:
    Ајде со среќа и со убаво да си поминаете. И блесни девојко во полн сјај, оти заслужуваш :clap:
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.979
    Пред се на сите ви благодарам на честитките и на одговорите,на вас сите ви посакувам само убавини бидејќи заслужувате :* :hug:. Како што кажав ние се договоривме да е само давање збор и да се собериме само најблиските односно неговите и моите,а главната веселба да ни биде свадбата.Да,тој мене ќе ми подари веренички прстен како што ви кажав и ќе ме запроси на некој си романтичен начин,така кажа :lol: :$ .Јас се мислев да му дадам часовник,но ете не се давало поради суеверие,а јас не верувам во нив баш многу многу :?:.За потврдниот одговор дека е убаво да ме побара од чичко ми ми олесна и иако знаев дека тоа е најправилно сепак ми требаше мислење и од вас девојки,како и за тоа дека може да одам и по 2,3 дена кај него дома.Нема да правиме и подаруваме куј знај какви бовчи туку пример на мајка му и сестра му би му дала по една шарпа и парфем или рамка за слика,едно од овие работи или трите бидејќи по некое пак суеверие,ах тие пусти не се дават две а на татко му и зет му бидејќи сестра му е мажена исто по еден парфем или нешто слично колку да се одбележи.Лелее знам дека отеков со прашањава ама морам се да си прашам,што мислите пример трењерки или нешто облека би било убаво него да му дадам,кажете предлози некои :?:.Уште еднаш ви благодарам од срце на сите и да Ноел во право си,по 2,3 жолти ќе се распеам дури,а нема само да се опуштам,па од сега кажвајте која песна да ви ја посветам вам :rofl:
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.969
    Пол:
    Женски
    ^лелеее тие суевериа ме убиваат. Со дечко ми баш пред 4/5 дена,правиме муабет на skype и ми кажува како видел убав саат на попуст,ама се мислел дали да го купи,зошто он не носи ни злато ни сребро,и "утре" од моите за веридбата ќе барал саат,па незнаел дали да го купува или не,зошто после ќе имал два.
    Прво ме збуни со неговото такво размислување зошто јас колку што знам нема ни в од веридба-освен он ако не планира нешто а јас да незнам.
    А второ,одма ми текна токму на тоа суеверие,дека не се давало саат. Ама па од друга страна си велам тоа е подарок од моите за него,а не од мене.....дефинитивно "утре" ќе бидам на голема мисла токму за оваа работа.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.389
    Нема врска саат ако се подари јас на мажотми му го купив такаречено најскапиот саат до ден денес го носи,па што ни фали,и кога бевме во врска имаше саат подарок од мене нема врска останавме толку години заедно и се земавме нема врска тоа е суеверие сепак ilipili како ќе си одлучиш само душичке биди среќна :*
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.091
    Пол:
    Женски
    Чудни сте што верувате во вакви глупости.
    Јас на момчево му подарив саат пред 2-3 години. Едно време саатот престана да работи (батериите му се потрошија), па од немарност му стоеше во фиока едно добри 4-5 месеци. И што? Врската ни продолжи, не дојдовме до, или пред раскин, заљубени сме уште.
    Сестра му кога се мажеше, не знам точно дали на веридбата, или на свадбата, му подари на маж и саат. Па еве ги во брак со детенце.
    Бре глупости |(

    Инаку, Илипили ти честитам. Да си бидете најсреќни и да си се љубите до крајот.
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.379
    И јас не верувам во такви суеверија, дека часовник не се поклонувало.
    Сопругот ми подари часовник за роденден пред четири години, додека бевме во врска, а јас нему на веридбата (или дума сеедно).
    Па еве и двајцата си ги носиме здрави и живи и заедно :)
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.300
    Допаѓања:
    4.979
    Епа тогаш и тоа решено, јас кажав не верувам во суевериа и му имам подарено часовник предходно,а и тој мене па еве не заедно ја планираме нашата иднина во заедница.Сепак тоа е најпогоден подарок поради тоа што не сака и не носи никаков друг накит,па часовникот би бил совршен за таа пригода.
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.072
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    11.440
    Јас му купив саат на вереникот, па еве не си ги извадивме очите сеуште, хахахаха! :rofl: Не верувај во тие работи, само ќе те боли глава... Нема смисла со тие глупи суеверија! :^)
     
  13. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    115
    Мене мојот дешко :!: сега вереник ми купи прстен си кажавме се земеме и готово неговите сакаа вакви за мене глупости :puke: думи армаси со ти знам што :^) ама јас не сакам наше е да си одлучиме и здравје сега ќе си закажиме регистрација се друго претоа обичаи и адети ми е безвезе а и така се ми се лоши од бременоста не сакам толку гужви и креванје галами ! :devil:
     
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.066
    Пол:
    Женски
    Си дадовме збор во Неделата. Беше закажан ручек кај мене, дојдоја најавени. Идниот сопруг ми подари букет ружи, а неговите донесоа бомбоњера и вино. Ме побара прво мажот ми од татко ми официјално, па и неговите. Договоривме веридба. Немаше нешто посебно. Ме изнервира што и дедо ми беше тука , ама таков бил редот |( Никакви церемонии , обичен ручек во добро расположение.
    Ве читам нагоре и прво мислев дека сум ги помешала поимите ама кај нас по традиција давање збор и веридба се два различни настани.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sbi

    sbi Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Vo vrska sme so decko mi skoro 4 godini. Sme zborele mnogupati deka sme eden za drug, deka ke se zememe i se drugo. Za Veligden decko mi me pobara za zena ( klekna, me prasa, bez prsten ) :) Bevme kaj nego doma, bidejki na nego mu bese imenden i odma pocnaa cestitki i se drugo. Se dogovorivme negovite da dojdat vo sreda da si dademe zbor. Mene me interesira, zatoa sto stvarno neznam i seuste sum vo sok ( pozitiven ) ako taka mozam da go narecam ova ubavo cuvstvo sto sega? Kako ponatamu? Sto se pravi vo sreda? Znam deka od toa malku sto prozborev so majka mu ke dojdat oni kaj mene, ke prasaat i kazat za sto kako se dojdeni i ke se zapoznaat. Nema da ima nikakov prsten, samo mi spomnaa deka jas treba da go daruvam nego i on mene ( dodeka majka mi mi kaza deka treba site da gi daruvam ). Dali ke moze nekako da mi pomognete i da mi kazete kako vie ste si pominale i sto kako odi? Mnogu sum srekna, no vo isto vreme i zbuneta :)
    [mod-kirilica:rn9fzfqx][/mod-kirilica:rn9fzfqx]
     
  16. sbi

    sbi Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Во врска сме со дечко ми скоро 4 години. Сме збореле многупати дека сме еден за друг, дека ќе се земеме и се друго. За Велигден ме побара за жена ( клекна, ме праша, без прстен ). Бевме кај него дома, бидејќи му беше именден и одма почнаа честитки и се друго. Се договоривме неговите да дојдат во среда да си дадеме збор. Мене ме интересира зашто стварно незнам и сеуште сум во шок ( позитивен ) што сега? Како понатаму? Што се прави во среда? Знам дека они ќе дојдат кај мене, ќе прашаат за што се дојдени и ќе се запознаат. Нема да има никаков прстен. Ми спомнаа дека јас треба да го дарувам него и он мене, додека мајка ми ми кажа дека треба сите да ги дарувам. Дали ќе може да ми помогнете и да ми кажете како вие сте си поминале и што како оди? Многу сум среќна, но во исто време и збунета :?:
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    5.256

    Со среќа нека Ви е !
    Нема никакво дарување на тн ,,давање збор,,. Едноставно се запознаваат старите и зетко си кажува зошто е дојден :) . Оваа ситуација колку е глупава :lol: :lol: шта да ти причам. Меѓувреме можеш да си одбереш прстен веренички ете за да таа вечер ти го даде ама може и потоа нема правила. Дарувањето доаѓа после кога е свадбата. Невестата ги дарува неговите, него, кумот и старосватот ама и тоа сега е се ствар на договор. Некој дарува некој не, зависи.
    На некои места се практикува да таа вечер појдеш ти кај него и кај него преспиеш и битен детал да не ги фати сватовите 00.00 час.
    Таа вечер откако ќе си честитате се крши јазикот на ,,свате,, ,, сваќо,, ,,дедо,, ,,бабо,,.... :D
    Интересно, помалку смешно, :!: збунето и излив емоции
     
  18. sbi

    sbi Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Фала slavica999 на честитките и на сите информации кои ќе ми помогнат доста :) И уште нешто, бидејќи ќе бидат свате, сваќо, дедо, бабо, логично е јас утре откако ќе се каже што како е да им се обраќам со мама,тато, така? Не е тоа никаков проблем, само да знам, бидејќи имам слушнато дека после веридба се обраќа со тие зборови. Логично и кога ќе се даде збор. :) Фала уште еднаш
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    5.256
    Ако тогаш скршиш јазик и ги наречеш ,,мамо и тато,, после ќе немаш гајле. Ма не се замарај со тоа денес веќе многу ретко кој така ги ословува мајката и таткото на младоженецот. Ако ти е мило и сакаш тогаш така вели ги ако не ги така чувствуваш :$ тогаш и не се замарај :!: очекувај шеги на твоја сметка. Најбитно е да има почит и разбирање меѓу вас а се друго само по себе ќе си дојде.
     
  20. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.527
    Допаѓања:
    34.949
    Пол:
    Женски
    Мене ме побара ханито на Цветници, клекна пред мене со најубавиот прстен во рака :inlove: ме праша, му кажав да , се гушнавме силнооо,и ми го стави прстенот :D Потоа одма кажавме на неговите и тука следеа гушкања , радувања , ептен се израдува мајка му :D Утредента пола маало знаеше веќе благодарение на моја свеки, на сите кажала, па се собраа , дојдоа на честитање ,ги почастивме и тоа, ништо друго не правевме, нема потреба од трошоци кога и така ќе правиме свадба. Кај мене не се дојдени сеуште, ќе дојдат деновиве, и јас стварно не знам што да правам , ептен ми е срам :$ а и мажево мое срамежливо , како ќе испадне кој знае :lol:
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.