Дума - Давање на збор

Дискусија во 'Свадба' започната од blond, 10 октомври 2010.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    А чекајте, сеуште постои тоа просење жена по куќи? Ох леле мори мајко...
    И што? ќе дојдат дома ќе седнат ќе дремат и ќе почнат муабетите...
    Ние свате сме дојдени да ја земеме Салвета (која патем дома не знае прашина избрише а не пак туѓо семејство да одгледува) |( И следи главниот муабет: Млади вие се сакате ли?

    Има ли молам лепо кажете попросто Македонско прашање од ова?

    Абе ако не се сакаме сигурно нема овој токмак да седи и да црвенеее до мене!

    Ај се изнервирав...
     
    На Angie.sec му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    14.969
    Пол:
    Женски
    Ова ние ќе го прескокнеме. :D
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.833
    Пол:
    Женски
    На давањето збор ние си дарувавме злато, само тоа, а бовчи давав на свадбата. Веренички прстен добив кога мм ме запроси и веќе си го носев.
    Претходно беа дојдени мм и неговите кај нас на вечера за да се договориме како ќе одвива баш ова т.н. давање збор.
    Давањето збор беше во среда, по желба на свеки, т.е таа ни кажа дека збор се давало или во среда или во сабота, демек тоа биле среќни денови.
    И си седнаа, татко ми ги праша што ќе се напијат, а свеки се истрча-чекај свате, ние сме дојдени да прашаме дали ќе ни ја дадете Лолитка за жена...знаете еве децава се заедно повеќе од една година, се сакаат и дојде редот да ве прашаме дали ќе ни ја дадете.

    Јас едвај се воздржував да не прснам да се изнасмеам :D ....моментот беше-ќе ни ја дадете ли, демек татко ми ќе речеше Не, а пустиот со мајка ми се спремаа цела недела за вечерта. Башка што сите присутни беа информирани дека веќе бев и 5-6-та недела бремена. :D ....И ај да каже сега татко ми- не може, бе не ја давам. :D
    Ај, ме дадоа :D , се сликавме и скршив јазик додека им реков мама и тате на свекор ми и свекрва ми, со пола уста и едвај се слушаше, ама битно реков. :P
    Пред полноќ си отидоа, а јас до денот на свадбата си останав кај моите. Така сакав лично јас зашто бременоста ми беше патолошка и знаев дека поубава нега од таа кај мајка ми дома нема да ја добијам.

    Поинтересно беше давањето збор на золва ми.
    Дојдоа сватовите, си седнаа и свекор ми ги праша што ќе се напијат.
    Свекрва ми го пресече-чекај малку, не брзај прво треба да ги прашаме луѓево зошто се дојдени. И му се сврте на свекорот на золва ми-ајде свате, кажи за што сте дојдени.
    И тука се избацува зетко, мојот золвеник-онака бе, да се видиме, да си поседиме, да лапнеме, да пивнеме, ете така да се запознаеме подобро. :D
    Он си е таков, во моменти кога треба да биде озбилен, врти на смеа.
    А свекрвата на золва ми потоа рече- а да не се викаме ние свате, сваќо...мислам што знам некако овие зборчиња, да си се викаме по име, а може.......а свеки моја-нема проблем, сваќе, по име ќе се викаме. :tmi: :D
    И они пред полноќ си отидоа, ама золва ми си отиде со нив заедно.
     
    На mal.ecka и BellaS им се допаѓа ова.
  4. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Леле мајко и мене ова ме чека неделава... :o :sweat: :lol:
     
    На macedonia.timeless му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.775
    Допаѓања:
    25.303
    Пол:
    Женски
    Дента на веридбата му реков на татко ми да не се осмели да праша - кажете по кого сте дојдени. Тоа на мене ич не ми се допаѓа. Вечерта дојдоа тетка ми (на татко ми сестра), братучетките, зетовците и внуците. После некое време дојде и маж ми со мајка му, татко му и едниот брат. Само што седнавме на маса, едниот зет како од пушка - Ајде сега кажете по кого сте дојдени! Сите не фати смеа. Ми дојде да станам и да го задавам. :rofl:
     
    На Biljarkata и marija305 им се допаѓа ова.
  6. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Женски итно ми треба одговор. Дали треба на думата, пред 12часот со фамилијата на младоженецот освен невестата да отидат во куќата на младоженецот и фамилијата на невестата или само невестата таа вечер па друг ден и фамилијата?
     
  7. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.011
    Ова што го збориш, во нашиот крај се прави на веридбата. Пред 24ч момчето со фамилијата ја зема и невестата и си оди дома, а по 24ч не мора баш веднаш, од страна на фамилијата на невестата (не мора сите, зависи како ќе се договорат) одат кај момчето.

    Дума - давање на збор не е исто со веридба. Никој никого не зема. Доаѓа момчето со семејството, официјално (од родителите на девојката) да ја побара „раката“ на девојката. Всушност родителите на едниот и на другиот да се запознаат.
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  8. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    603
    кога ке дојде ред здравје јас некој пат да се мажам :rofl: ,несакам веридби глупости сакам само дума неговите кај моите дома и толку,неколку недели пред свадбата ке разнесам поканите за свадба и толку инаку на сета немаштија до свадбата уште една свадба ке напраам :!: несакам ззлато да ме ќитат ако имат вишок пари за злато поарно нека ми ги дадат мене парите со тие пари ке си купам спална,кујна или било што друго за дома :lol: а без дума никако :rofl: ке има смеи татко ми е по маабетите :D
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.
  9. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Благодарам на одговорот. Јас навистина сум збунета, од сите страни различни адети слушам :?: И ние не правиме веридба, сакаме со думава (само најблиските негови, мајка, татко брат и мои ќе сме) да завршиме и здравје после свадба ќе следува. Според мене моите може и друг ден да појдат кај момчето дома, не мор таа вечер (а мене ќе ме земат секако, така требало демек ми кажа мајка му на маж ми, уствари свекрва ми :lol: )
     
  10. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    603
    девојки што ги дарувавте вашите свекрва,свекор за думата,мојата золва се изјасни веќе дека сакала тренерки ,но а свекорот и свекрвата некако ми е неугодно да ги прашам
     
  11. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    526
    А што е тоа всушност дума? :?: Јас како што сум запознаена дума е мисла,барем еднаш уште како млада невеста ме однесоа моите на гости во Кочани и една девојка ми вика "што се думаш толку"?Кога ја прашав што е тоа ми рече во превод значи "што се мислиш". :lol:

    А од ова што прочитав на последната страна на оваа тема,мислам дека веридба и дума е едно исто,ако не се лажам,бидејќи исто значење има спрема мене,одење кај невестата со родителите и најблиските,разменување прстени и давање збор,нели или не?(ова барем во Ск се вика веридба) |( :lol:
     
  12. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    603
    думата е за најблиските т.е неговите сестра,маж,дете,мајка,татко ке дојдат кај мене дома да се запознаат со моите и официјално да ја побара мојата рака :$,думата ми е некако по интимен дел ,но и сакам да ги дарувам за на свадбата да ми останат само ,,најглавните ",а веридба одкако ке дојде тој со неговите и пред 24 часот заминеме кај него дома ,па после 24 часот моите треба да дојдат кај него со уште неколку гости зависи како ке се договорат
     
    На butterfly4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.881
    Во Скопје воглавно се сведува на исто со веридбата, а и многу малку од невестите после веридбата одат кај зетот. Мене и самиот тој чин ми е чуден - ако после веридбата девојката се сели, која е логиката на земање на невестата на денот на свадбата?
     
    На BunnyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.194
    Допаѓања:
    20.894
    Пол:
    Женски
    Ај да се пофалам и овде. И официјално што се вели си дадовме збор со либето. Ги викнавме само родителите за да им соопштиме, убаво да се запознаат. Ние веќе некој период живееме заедно па не дека нешто ќе треба да се менува, туку ете така сега е официјално.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Дали давањето на збор мора да биде дома кај невестата или може и во ресторан да се направи?
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.744
    Допаѓања:
    32.424
    Пол:
    Женски
    Според традиционалните обичаи давање на збор се прави во домот на невестата.
    Се е работа на договор и нема пишано правило.Ако двете страни се договорат тоа да биде во ресторант,не е никаква грешка.
     
  17. M.Alan

    M.Alan Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    162
    Ајде сега и јас да си кажам и прашам..
    Мене дечко ми (сега вереник), ме побара на 1.01.15, ми даде прстен и јас кажав да. После тоа ги известивме родителите. Јас после тоа се вратив кај мајка ми. Сега се договоривме за две недели (во сабота) да си дадеме збор, да се запознаат семејствата. Јас сум од Прилеп, тој од Скопје, но јас живеам во Скопје пошто таму ми е работата. Прво, сакавме да биде интимно меѓу најблиските, да си дадеме збор и да си одиме сите, а јас ќе си живеам кај него веднаш. Мојот татко е починат, па договорот беше да дојдат тој со родителите, двете сестри и зетовите, што значи 7 мина, а ние дома тројца - јас, мајка ми, брат ми. Тој ме праша дали да носи музика, но реков не затоа што од Скопје нема смисла до ваму да носи свирачи.
    Е сега, мајка ми пријави желба да си ги викнеме вечерта и најблиските роднини, двајцата браќа на татко ми, тетка ми, вујко ми и баба и дедо. Пошто ние веридба нема да правиме, а ќеф ни е да си прославиме меѓу најблиските. И сега после тоа, дојде чичко ми и ми предложи да донесе тројца свирачи да се развеселиме еден саат барем, да не ме даваат така во тишина пошто едно девојче сум во фамилија, башка и најмало. (Ма да, 24 годинки) :D
    И сега јас си организирав кетеринг да ми ги среди масите за 25 гости, ќе му купиме на мажулето часовник (прстен не сака за жива глава, не му иде со професијата, лесно може да го загуби), па ај си рековме барем сега часовник нека има, па за свадба бурма ќе му купиме.
    Но, сепак некако не ми иде кога ќе го даваме зборот сите да се тука, па и предложив на мајка ми да бидеме сами тие 30тина минути додека се даде зборот (ќе ме побараат од мајка ми), па после да дојдат родниниве мои со музика и да си поиграме еден саат и да си одам со маж ми во Скопје.

    Е сега, што мислите? И имам прашања во врска со подароците за другиве што ќе дојдат со него, дали треба нешто да им се даде? Некои ми велат требало да си бидам во друга соба додека не кажела мајка ми дека ме дава, па после да дојдам да ги почестам со благо ама мене некако не ми иде тоа.. :?:
     
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.291
    So sreka neka e.
    Se pravi kako ti odgovara i kako sakas. Nema pravila.
    Jas koga se mazev(pred okilu 20god), tatko mi bese pocinat, jas i majka mi bevme sami doma. Moznostite ni bea mali i skromno si napravivme.Za svadbata isto od moja strana imase malku luge (okolu 50). Koj kolku moze, neli.Nema sega da gi stavas tvojte vo dolgovi za edan svadba.Ne e deka e posledniot den od zivotot. Fala bogu denes imam pa mozam da slavam i slavam.
    Bovci, gledaj ne se trosi i taka toa nikoj nema da go upotrebuva. Pr. najubav saat da kupis, mozda jas sakam druga marka. Taka da ne se trosete, ako imate poveke ulozete vo nekoe stance ili bilo kakva nekretnina, utre da imas.
     
    На M.Alan му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mini90

    Mini90 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    2.134
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба совет од вас на темава. Дечко ми ме побара пред 2 недели, на одмор, и јас прстенот си го носам уште од тој ден. Сега планираме запознавање на родителите, неговите да дојдат кај моите. Свеки гледам се спрема на голема, спрема бовчалуци за дарување нешто и ми кажа да си одберам нешто златно за тогаш. Е сеа, пошо не сум многу упатена во овие работи, ве молам за инфо што треба да купам јас, дали и кого да дарувам дента на запознавањето итн..?
     
  20. princess02

    princess02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2017
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Девојки,
    вака татко ми се разболе од рак и уште тогаш ни се отвори темата за брак со дечко ми (идеме 4 ипол години) но од тоа ништо не бидна бидејќи после кратко време почина татко ми... Сега поминаа 7 месеци од смртта и пак ја отворив јас таа тема бидејќи мајка ми е постара и откога почина татко ми во депресија е и има проблеми со здравјето...страв ми е да не останам и без неа... Дали е во ред сега откако поминаа 7 месеци да ме побара за жена но за свадба не се брзам не сакам да правам свадба пред да помине 1 година од смртта.