1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дуолинго

Дискусија во 'Образование' започната од Beast-_-woman, 7 јули 2024.

?

Дали сте успеале да научите јазик преку дуолинго?

  1. Да

    17 глас(а)
    41,5%
  2. Не

    13 глас(а)
    31,7%
  3. Немам пробано

    11 глас(а)
    26,8%
  1. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Имам учено француски, бев скоро до половина на курсот и ми беше топ. После сменив работно место, повеќе стрес, помалку време и несакајќи го занемарив. :(

    Забавна апликација е, но како што кажа една членка, мораш и на други начини да учиш и активно да го користиш јазикот.
     
    На Beast-_-woman му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    55.265
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно имаме ние предност бидејќи знаеме кирилица, има многу слични зборови и двата јазици се словенски.. ама има некои работи што само со Дуолинго нема да се сфатат. Прво се падежите. Ние како еден од двата словенски јазици без падежи можиме многу да се буниме. И едноставно треба да ги вежбаш многу додека не почниш инстинктивно да ги сфаќаш. Јас со онлајн лекциите ги сфатив, со Дуолинго многу ги мешав. А и глаголите на движење да не почнувам, посебни глаголи за ако одиш пешки, со превозно средство, тргнување, пристигнување, заминување, преминување, итд... :D Па и како еден падеж е за насока на движење некаде а друг ко ќе си веќе на местото.
    Исто многу се потценува изговорот, од аспект на тоа што немаат фиксиран акцент и некои гласови поинаку се изговараат кога не се акцентирани, стојат до други гласови или имаат мек или тврд знак.

    Мислам дека општо Дуолинго кај јазиците не само што има пропуст кај граматика, но и не ти кажува воопшто како правилно да изговараш, и те доведува до заблуда. Затоа и пишав погоре кој е сериозен да научи јазик не треба само на Дуолинго да се потпира.
     
    На Beast-_-woman и marchi-cool им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    За зборчиња учење арен е, али за пишување и граматика нема корист, особено ако имаш auto correct.

    И ако го платиш, наравно. А не ќе се стресирам да не згрешам, па ќе решавам задачи за поени, па да отварам ковчези, па да глеам реклами, глупости у боја.
    За тоа време изгледај видео на ЈуТуб, барем ќе научиш нешто.

    А и да ја биваше до толку, немаше таков јак маркетинг да маваат...
     
    Последна измена: 9 јули 2024
    На marchi-cool, eliesaab, FreeToGo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    Да, точно. Земи гледај серија или филм без превод, најдобро се учи јазик вака, според мене, ептен имало позитивен ефект кај мене.:D
     
    На marchi-cool и Gosh им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Да, точно. И комуникација со луѓе, најбитно.

    Јас англиски научив од филмови и серии, ЈуТуб и подкасти, српски ок преку музика и ТВ, али хрватски и тоа литературниот од книги... И што е најтрагично коа зеам книга, одма знам дали е на српски или хрватски, и не можам на српски да читам. :tmi:

    Ова шпанско - мексички разбирам скоро све исто од серии и музика што слушам секој ден, а златен германски мме дури од коа почнав да работам со германци, и од што почнав со сила да гледам крими документарци и ЈуТуб, а за филмови и серии уште не можам без германски титлови доле... Нишо не ги разбирам, и добар ден коа викаат.
    Мех.
     
    На Rozevata, eliesaab, Selena01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа принципот на работа на апликацијата.
    Целта треба да ми е да научам јазик, а не секојдневното отварање на апликацијата.
     
    На marchi-cool, eliesaab, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.585
    Допаѓања:
    38.885
    Пол:
    Женски
    На апликацијава ѝ имам дадено милион шанси, баш поради маркетингот ама не иде. :D
    Најрандом јазици почнував и сите ги баталив. Руски, германски, шведски. Принципот е привлечен, да научиш јазик со апликација, ама дефинитивно за мене не функционира. Прво ми е многу конфузно структурирана а второ непродуктивна. Така што - не.
     
    На eliesaab и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    До некаде добар е концепт на учење на јазик преку апликација.Тој концепт паѓа во вода кога наученото не го применуваш во пракса, да изговораш и кажеш зборови, составуваш реченици.
     
    На eliesaab и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Јас ја користам кратко време и тоа јазици кои веќе ги имам учено англиски и германски. Значи на двата јазици горе-долу им ја знам граматиката. Англискиот го користам во секојдневна комуникација, а германскиот го немав одамна користено, така што многу работи имав заборавено. Ми се допаѓа за потсетување.
    Пробав и јазици кои ги немам учено (шпански, свахили), ама не оди. :)
    Ми се допаѓа концептот на игра и баш поради таа причина веројатно ќе продолжам да ја користам. Место да играм некои други поглупави игри, ќе си играм Дуолинго.
     
    На marchi-cool, theowndemon, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. GasimGirl

    GasimGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2024
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Женски
    Имам пробано, но не сум успеала.
     
    На miandrija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.690
    Допаѓања:
    2.824
    Мене ова скроз не ми делува како курс, како начин јазик да научиш. Мислам, некое зборче-да, ама баш да научиш-тешко.
     
    На Космонаут и eliesaab им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    Поефективен начин ми е од еден научен јазик да се учи друг (бидејќи паралелно се вежбаат), но не конкретно на Дуолинго како апликација.

    Мене ми е интересно на Дуолинго само заради една помала група што сме си, па знам да седам таму само заради нив.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ne znam koj

    Ne znam koj Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2023
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Учам.Шпански.Моја многу добра другарка грчкиот го научи супер преку апликацијата.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.249
    Допаѓања:
    12.156
    Пол:
    Машки
    Дуолинго е еден вид на игра, ништо повеќе од тоа. Ни курс можи да замени, ни јазик ќе научиш како шо треба.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.171
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ми се допаѓа Дуолинго. Едно време висев на апликацијата за да вежбам германски, но ме нервира репетитивноста, самиот тој концепт на учење што си го имаат таму ми е одбивен и едноставно баталив.
    Ми се чини дека е повеќе за збогатување на вокабулар со некои базични фрази, за нешто подетално секако подобар избор е некој друг тип на курс, било онлајн, на Јутјуб и слично.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    3.299
    Пол:
    Машки
    Ме молеше апликацијата да се вратам може 5/6 пати ми даде шанса ама ја ништо и изгубив 55 дена. Планирам сега од први пак да почнам ама да не се откажувам, да терам до крај.
     
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Од неодамна ја пробувам апликацијава. Бидејќи одбрав јазик за кој имам предзнаење, не почнувам од нула, помага да се потсетам и да збогатам вокабулар.
    Не знам како би било да немав предзнаење.

    Многу споро се напредува.
    Со вакво темпо цел живот нема да научиш јазик.

    Недостига малку подобро да се објаснат граматичките правила. Нивното објаснување е делумно и не е задолжително - само ако те интересира па сам да отвориш во белешките.
    На пр. глаголите кога се менуваат по лице ги брои како нов научен збор, а тоа е уствари истиот збор но менуван по лице и род. Ама не објаснува како се менуваат глаголите во сите лица еднина и множина, туку те тера да ги учиш по примери и со обиди и грешки.
    За нешто е ок да учиш со пример, ама некогаш ти треба и малку теорија за да го сфатиш принципот.

    Добро е смислено со вежби за зборување, како за една апликација тоа им е добро изведено. Ако не изговориш правилно, не го препознава како добро изговорен зборот.
    Добро е и што е прилагодена за возраста, на пример јас имам повеќе ситуации со професија, децата имаат како ученици. Ама пак истото може и да е недостаток, претпоставувам?

    Недостига и можност за поголема слобода на корисникот. Т.е. не ти дава можност да си кажеш нешто со свои зборови и да пробаш своја мисла да ја кажеш или напишеш на јазикот, макар и да е во контекст на темата што ја следиш, па да ти провери точност.
    Не можеш да прашаш нешто што сакаш да знаеш како се прашува, мораш да ја следиш нивната шема. Дури и за зборови нема опција, што би било може полесно да се стави во една апликација. Нема речник на непознати зборови...
    Има можност да мамиш кога преведуваш: ако стиснеш на зборовите можеш да го видиш преводот и да го препишеш.