Дупки во сеќавање од многу алкохол...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од onegirl, 13 јуни 2010.

  1. onegirl

    onegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Ви се случило? Како го надминавте...? ја имам една дупка во сеќавање од пред 2години, и никако неможам да ја заборавам вечерта, ни да си простам за таквото однесување....
     
  2. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    никогапш сум немала дупки во сеќавање па колку и да сум била пијана ни на другите ни на мене не ми е јасно како е ова можно,ама баш на секоја ситница од таа вечер се сеќавам
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Воопшто не пијам алкохол,незнам какво е тоа чуство да имаш дупки во сеќавањето,но можам да кажам дека целата работа со алкохолот е да се избегне на некој начин реалноста,поточно бегање од проблемите во животот,неможејки истите да се поднесат поради нивната тежина,па затоа најчесто се конзумира алкохол,кое преминува во навика.Меѓутоа нормално алкохолот дека не се користи и само за тоа,туку нели да наздравиш за нешто,да прославиш( што има разлика од минимално пиење до максимално),но би требало да е во рамките на нормалата,не да се претера со пиење.Сепак и не само одбегнување на проблемите,туку и со самото пиење значи неприсутност,несвесност,па затоа доаѓа до појава на дупки во сеќавањето,па и да сакаш на нешто да се сетиш,едноставно нема да можеш,затоа што за време на пијанството си несвесен,затоа ти станува сеедно за било какви работи во животот.Додека кога веќе ќе се отрезниш,пак те мачат проблемите,одеднаш стануваш свесен за нив.Алкохолот го мати умот,го става во фаза во која не ќе може да реагира на надворешниот свет,на состојбата во која се наоѓа човекот,па нема контрола над себе си.Алкохолот постои,па на нас останува колку и дали ќе го конзумираме.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    36.367
    Па како да ја заборавиш ако воопшто не ја памтиш? :D
    Јас скоро секогаш имам не дупки, туку цели вечери заборавано. Секогаш кога ќе се поднапијам се збогувам со сеќавањето, а и со разумот :lol:
     
    На Anacid, Dimaja и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    кога бев средно 2ра трета,кога најинтезнивно работеа бубачките имаже такви дупки,ама веќе не си дозволувам,срамота е :worried:
     
    На Anacid му/ѝ се допаѓа ова.
  6. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Јас досега никогаш не сум била пијана. :$
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.162
    Сум имала еднаш - два пати (не можам сега да се сетам точно колку, одамна беше), ама не ми било однесувањето страшно. До душа таа најголемата дупка кај што не ја памтам пола вечер сите беа мнооогу пијани, па и да не сум се однесувала ок не би имало кој да примети :lol:
    Мислам дека никој не му забележува на пијан човек. И ако се случува ретко не е страшно. Не е убаво секоја вечер да те гледаат клен пијана. И на жените некако стварно не им личи пијанство, мислам ептен да се ѓубриња.

    Како и да е, на секој може да му се случи да се напие повеќе и неконтролирано да се однесува, и ако имало глупости - тоа е, забораваш и продолжуваш понатаму ;)

    Инаку сега пијам по 2-3 чашки, и мноогу ми е убаво. Доволно да те опушти малку, а не ти се лоши и не се забележува промена во однесувањето.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Ми се има неколку пати случено. Не да не ја памтам цела вечер, туку само сегменти... Најмногу кога го славев шеснаесеттиот роденден: е тогаш само на сегменти СЕ СЕЌАВАМ... не дека бев многу пијана, ама на почеток на кариера бев :lol: :$
     
  9. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    22
    Не дека не пијам алкохол ама секогаш тоа е во границите на нормалата.Ми се случува понекогаш и да ме потфане ама никој не приметува затоа што моето однесување е исто само малку зачинето со плус смеа :lol: Досега не сум била до толку дрмната за да имам дупки во сеќавањето :rofl:
     
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    еееее на времето кога бев млада :P кога пиев секој ден бајаааги, се случуваше да не се сеќавам на ништо, па после други ме информираат што сум правела, ама џабе кога не се сеќавам :$ , и така еден ден испив премногу ( да не ви кажам каде завршив) :$ :$ :$ :$ ми кажаа дека сум алергична на алкохол.
    и од тогаш не пијам, па пројде веќе година и пол.
     
  11. Bibko

    Bibko Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    37
    Ми се има случено неколку пати онака да не се сеќавам на некои делови меѓутоа еднаш ми се деси да не се сеќавам воопшто на цела вечер ама буквално на ништо само една блиц слика како се олеснувам во вц. Другарките и ден денес ме зезаат за таа вечер.Среќа ништо страшно не се случило.
    Ми се чини дека од тогаш веќе станав поодговорна и почнав да пијам алкохол и дури и помалце од умерено
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    311
    незнам дали сум феномен.......ама кога сум била пијана, се сеќавам на СВЕ...... 8)
    Повеќе заборавам кога не сум пијана :lol: , како на пример....некој да ме праша што сум правела вчера...незнам да одговорам......
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Па не сум била до толку пијана да не се сеќавам на ништо. Никогаш не пиев премногу. И сега исто, две три чашки и доста ми е. Ако ме фати - се смеам многу, се зезам, потпевнувам (а ич не ме бива за пеење :$ ). Исто како Скарлет88, и јас заборавам некои работи повеќе кога сум трезна, отколку кога сум пијана :lol:
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    ми се има случено еднаш да имам дупки, и тоа онакви дупки што не памтев ништо следниот ден и морав да се јавам на другарка ми се да ми раскаже. Поука за другпат, не мешајте пијалоци. :)
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.302
    Пол:
    Женски
    Добро е ако имам дупки во сеќавањето, лошо е што се памтам па следниот ден си викам: Краво една како можеше, кај ти е паметот...засрами се ...ц ц ц...
    Па уште ќе се јави дечко ми да ми фаќа сеир.
    Затоа сега алкохолот го конзумирам умерено и одговорно ;) со мали исклучоци :D
     
  16. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски

    Ахаха, и јас :D
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Не,никогаш не сум доживеала вакво нешто :worried:
     
  18. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    23
    Не паметам што сум правела но другите мнооооогу добро паметат и еден месец после ми кажуваат што сум правела :rofl:
    Нема дупки јееј :$
     
  19. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    Ооо сум имала..И тоа не еднаш..Два пати!.Голема белја ќе направев тогаш. Добро е што колку-толку се држев :lol: :rofl: :D
     
  20. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    83
    А јас не дупки.... мртва сум била со денови :rofl: :rofl: :rofl:
    памтам едно пијанство од коњак.... од тогаш не пијам коњак никако, одвратен ми е само мирисот...
    иначе поретко се дешава да не памтам цела вечер.. обично само делчиња не памтам, или само делчиња памтам, зависи тоа :D :D
    Последно пијаснтво ми беше за мојот роденден и мислам дека колосеум беше мој :rock: :rock: :D