Имаш дупка, а не можеш да ја заборавиш? ________________________________________ Ми се има случено, еднаш-два пати. Не за цела вечер, туку за делови од неа. Како го надминав? -Wow, па и не е некоја голема проблематика. Се случило, што ако? Alcohol blackout. Има на нет нешто повеќе, ако некој го интересира.
Имам една јама од алкохол, а не дупка. Знам дека бевме на гости со дечко ми и имаше убаво варено винце. Следно што знам е дека имам изгребани колена и лакти и солзи од смеа во очите на тогашниот ми дечко кога се подразбудив утредента. Тоа што паметеше тој ми го раскажа, другото е до ден денес мистерија.
Сум била пијана, ама не до толку за да не се сеќавам што сум правела вечерта. ( зборувам за цела вечер). Една вечер, кога беше моето најголемо пијанство, имам дупки во сеќавањето за делови од вечерта, и иако помина подолго време никако не можам да се сетам на тие моменти. Среќа што не сум направила некоја глупост.
Не ми се случува такво нешто, обично се сеќавам низ магла. Но пред 1 недела, кога бев апла, на некои работи воопшто не се сеќавав. На пример, кај нас на маса дошла една другарка и јас и таа сме играле. Не паметам ни дека воопшто дошла
Имам некоја теорија дека никој, апсолутно никој не може да е толку пијан за да има такви дупки на меморија и да не се сеќава ама баш на ништо. Ми се случило да не се сеќавам, но кога ќе почне некој да ме потсетува потоа излегуваат спомените на површина - додуше ко низ магла ама излегуваат ако се потрудам. Последната? Пааа јас и другарка, со уште дотични дечки излезени, јас во форма, открив дека Long Island Iced Tea не е само iced tea, и немам појма дали е од Long Island, ама многу од нив не е на арно да испие човек. Некако, како да ви кажам, удира - наеднаш На последните половина час не се сеќавам. Односно се присетив отпосле и тоа навистина низ магла, благодарение на другарка ми - која за среќа не испи толку па можеше да ми ја репродуцира целата прикаска. Не се сеќавам, дека сум отишла у ВеЦе на искачање од диското, не се сеќавам дека сум киснела (надвор истураше), не се сеќавам дека сум си направила муабетче со теткицата у парк која продава скара - „ние тука ќе си се сокриеме под стреичето, ако?“ и дека тука сме чекале такси, ниту дека на дотичниве момци сум им вртела едно 53269 пати да ги прашам дали се во ред. Се сеќавам дека едниов ми рече за другиов дека повраќа, или така нешто, а јас грижлива се јавив во рок од 10 минути уште милионпееспет пати. За крај не се сеќавам дека после симнување од такси, сум и се јавила на другарка ми, во речиси 5 часот сабајле, надвор врне, јас у кратко хаљинче или што и да беше - Еј, јас само да прашам дали стигна во ред? - Пирамидо, а ти кај си сега? - Еве бе пред влез, си седам, пушам! Мислиш надвор е 30 степени и сонце грее. Искрено немам поим кај сум седела, ама ми рекоа дека сум многу грижлива кога сум пивната Видов де - по бројот на повици на мојот телефон кои наредното утро не ми беа баш јасни. Грижлива, да, отров здодевна и грижлива
Многу пати ми се има случувано да не ми текнува некој дел од вечерта ... почетокот го помнам,ама средината и крајот никако...некогаш не ни знам како сум стигнала дома ..
Сум била поднапиена. Ама пијана пијана за да не се сеќавам на некои работи Не Јас не сакам да си го дозволам тоа и знам до каде ми е граница
Да, сум имала дупки во сеќавањето поради многу алкохол (дефинирајте многу) , значи ми фалат одредени сегменти од вечерта, ама кога зборуваме за истата, полека се присетувам на резилот. Понекогаш верувајте и нема кој да ве присети што и како се случило, зашто и они не се сеќаваат па таа дупка засекогаш останува црна. Узото и џинот ми се први на црната листа. Засега ми се банирани за дружба. За понатаму, ќе видиме . . .
Не се имам никад здрвено премногу, ама памтам една вечер во парк, премногу пиво ли беше, што ли беше незнам... Битно само запамтив дека цената на таксиметарот беше енормна и ја запамтив такси компанијата. (FTW!) И некои епик моменти како играње драм енд бејс и еден од другарите: ќе падне, ќе падне. Е нема бе! (Идиотска работа, шта ќеш), зборење мрсни муабети и кога го изгубив телефонот во стар парк, кога мочавме со другарките. Толку само. Отвори глава, да видиш мозок.
охооо не да иам дупки летово знаевме често пати да седнеме у трева и да пиеме..ииии се заборвавме од пиење..мене и не ми ни треба многу за да ем фати..али се има дешавано да не се сеќавам на некои моменти..и тоа шесто ми се дешаваше..особено на одмор
Не, и кога сум била пијана сум памтела се отпосле, ова кај мене не се случува. И баш сум среќна поради тоа што иако немам физичка сила нели нормално, пак се држам психички и свесна сум што правам ИАКО тешко дека се контролирам
Кога се меша алкохол со енергетски пијалок, голема е веројатноста за појава на црни дупки the day after. Освен што е бомба и има разурнувачко дејство во црниот дроб, очигледно има и во мозокот. Верувајте ми, испробано е. Многу пати, кога преферирав да мешам, следниот ден се будев со благи тахикардии и фалинки во меморијата. И тогаш помага или рифреш од другарките, или два-три удара со глава во ѕид Во секој случај, лошо е да не памтиш поголем дел од работите, има шанси јако да се избрукаш во блиска иднина. Сега ретко ми се случува, веројатно затоа што пијам само чисти пијалоци, евентуално коктели.
У моите 17 години два пУти сум имала вакви дупки во сеќавање, ама рачунајте дека се премалку во однос со тоа дека живеам у боемски крај. И двете беа од ракија. Едната за последниот роденден, не памтев ништо, отпосле ми раскажаа, ама ништо страшно не се десило,дека дома бев, па само муабетите ми биле малце чудни. (Ко си пијан ти отекува јазикот и одма се вежеш и све повежеш (ова мачорот мој успеа да ми го долови) ) А, втората пред да завршат двете цимерки, дека матурантки, и почнавме со вино, ама не ми беше од виното, него од ракијата после тоа шо ја испив. Од виното се поотрезнив, веќе се осеќав, па и си вечерав кифличе ама цимер ми донесе една ракија Љута, ама немојш да и одолејш И така цврц, цврц, со цимеркава дупки, то последно се сеќавам. А замислете сама сум отишла до WC, шо ми е бааѓи далеку од собата (читај цел ходник сум го шетала) Тој шо ме видел не знам што помислил, битно јас вечерта за поголема беља, успана, и си бара душичкава вода, едно станување у темното наместо водата,јас ракијата, и си викам пак ли мУри А утрето цимер ми уште рано скува каВе да ми раскажи шо се сум праела до детали, е нејќум да се присеќам шо ми кажа, ќе се прам ко и то да паднало в дупка.
Ова на мене не ми се случило, ама на другарка ми да. Пошто јас не пијам многу, зашто мене уште од една чашка коктел ме фаќа и тоа многу, а за понатака да не збориме. Е сега за другарка ми. Бевме до Њу Ејџ, и немаа абсинт и оваа рече да ви измешам некое коктелче и ние ај. Кога ни донесе една огромна чаша, ама луѓе верувајте коктелов беше толку одвратен што одвај до пола го испив. Ама ај, земав една мастика да ми го неутрализира вкусот, и ми имаше вкус на Кока Кола, сега дал имало ставено стварно, дал мене ми се причинувало. И веќе при крајот, ме фати една вртоглавица, една неконтролирана смеа, а другарка ми изгледаше така посмирена. Искачаме од кафичот и нели има една мала уличка право. И ме носи таму, а таму темно, прст пред око не се гледа. И, и викам зашто одиме од овдека? Ми вика,па да се муваме де. Ај да се муваме што, многу те сакам,ова-она. Леле, боже. Ама по пола саат ни помина дејството, и смирени си бевме. Следниот ден, и викам леле вчера што ти стана што ми збореше.. а оваа ваква ме гледа ,леле како бе, па мене ништо не ми текнува. Абе смешки.
Кај ја најдов темава. Јас обично се присеќавам на доста, може да ми фалат некои моменти ама имаше една вечер лани кога бев на роденден, пред тоа испив кај другарка мноогу вино и имам само 3-4 флешови од цела вечер, дека замарав еден на фб (на целиот муабет не ми текнува и ден денес) дека ме тераа да играм а не можев од штиклите и после си ги соблеков во сред трговски (ми ги собираше другар) и кога отидов во Миднајт, тоа е се што памтам среќа само еднаш ми се деси вакво нешто.
Еднаш ми се случи. Виното беше стварно убаво и не можев да престанам да пијам. Арно не сум направила некоја голема глупост но и ќотек не сум добила за однесувањето.
Имам ехееее... Јас и општо вака немам јака меморија, па кога ќе се напијамммм... Дупки дупки колку да сакаш. Ама добро не се тоа некои битни работи. Пример што сме зборувале, дека сме се сликале, дека сум се сретнала со некој познат итн. Битните моменти ги памтам и тоа како. Ама битно е што не носам непромислени одлуки и тогаш кога сум најпијана. Свесна сум за себеси и за утре и затоа и си дозволувам понекогаш да се напијам повеќе.