И едно од подобрите нешта што можеш да ги прочиташ на форум, во недела наспроти понеделник , пред спање. ....Да тргне неделата. А?
Единствена дупка имам од пред 2год. Со друштво на одмор и стандард, секоја вечер дрва. Дечишта. Арно ама сум претерала. Се сеќавам на се освен на моментот како сум отишла до соба. А клуч во мене немав, којзнае кој ми отворил. И дури пижами сум облекла, и шминка сум избришала и сум ги здиплила алиштата(што во живот ми се нема десено на трезно). Бре бре.
Некој вечери може да се дефенираат како провалија затоа што не ми фалат моменти туку целата вечер ...
Сум пиела ..и пиела...и се сеќавам. И ако сте толку мераклии на пиење, мислам дека треба да пиете се додека сте способни да се сетите следниот ден на целата вечер без дупки..А колку е тоа? Тренинг е, се учи. Иако, идеално е да пиете умерено
јаки коментари прочитав Точно е дека се е тренинг,треба да си го познаваш организмот да знаеш колку ти е дозата или умереноста. Мене највеќе ми оди алкохолот кога седам со добро друштво тогаш не знам колку е умерено додека не станам од маса за во ВЦ тогаш се ми е јасно,во дискотека на техно,поп музика никогаш не сум се запила,а може да ме докрајчи некој шот или такви измешани кратки А тие дупките во меморијата се јавуваат зависно колку имаш измешано видови алкохол,и дали си гладен дали организмот ти е прегладнет и дехидриран и мозокот се храни само од алкохолот што го внесуваш, и не треба да се пие кога си изморен оти тоа само ке те докрајчи,мене ми помага водата,со секоја пијачка да има чаша вода
Имам дупки ехее незнам јас ништо други ми кажувале... Знам една вечер на враќање од дискотека дома пред куќа со штиклите во рака сум си седнала во истоварениот куп песок да одморам ...А комшиите тоа време минат на работа
Еднаш ми се има случено и тоа одамна, пред 4-5 год. Обично си ја знам мерката и пијам додека не ме потфати и не се расположам онака фино. Но таа вечер бевме собрани друштво во парк и пиевме. Додека бевме заедно се беше ок. После тоа требаше да одиме кај мене со тогашниот дечко бидејќи сама бев дома. Дури кога тргнавме од паркот ми стана јасно дека сум претерала. Стигнавме некако до кај мене, знам дека повратив и потоа настана една дупка за одприлика еден час, знам оти го видов часовникот пред тоа и после тоа кога се повратив. Дечкото велеше дека сум седела само онака, не сум правела ништо посебно. Како и да е, чуството не е ни најмалку пријатно.
Imam takvi dupki eheee... Edna vecer so maz mi pred godina dena mesto taksi sum soprela policisko KOMBE i lugeto videle ne videle ne prefrlile mene i nego pa posle drugar mu. Jas ne pametam nisto.
Ми се има случено два пати само,обично се сеќавам на се, но тие два пати моментите пред да повратам не ги паметам ништо.
Ехе..на колку вечери или делови од вечери не се сеќавам. Ни кај сум била, ни со кој ни што сум правела..ништо ништо. Не ми постои тој период во главата