Сакам да почнам да носам пак обетки. Последен пат носев пред 10 години. Треба пак да се дупнат ушите?
Ако мислиш на дупчињата на мекото од раѓање што се дупнуваат ќе успееш, ама погоре ако си имала дупчиња нема шанса, многу брзо зараснуваат
Во ГТЦ во подрумот во златарите. Со 2 пиштолчиња во исто време на двете страни, и за 1 секунда е готово.
Детето има дупчиња, ама сепак се зараснати. Дали ако се бушат пак, мора на истите дупчиња или може малку погоре/подолу? За мекото делче зборувам.
На ќерка ми прв пат ѝ ги дупнавме ушите пред 12 дена. Во златара ми кажаа медицинските да ги поноси 1 недела и после да си ставиме какви сакаме. Денес ѝ ставив златни, ама после нз што ми текна да го прашам чат гпт колку време треба да се носат медицинските, ми вика 4-6 недели дали згрешив што ѝ ги сменав?