Појдете во најблиската црква и прашајте/договорете се со попот кога да се исповедате и како да се припремите за таа света тајна. Ако знаете кој Ви е парохиски свештеник, јавете му се нему и договорете се со него. Господ ќе говори преку него исто како и најголемиот и најсветиот старец од Света Гора.
Појдете во најблиската црква и прашајте/договорете се со попот кога да се исповедате и како да се припремите за таа света тајна. Ако знаете кој Ви е парохиски свештеник, јавете му се нему и договорете се со него. Господ ќе говори преку него исто како и најголемиот и најсветиот старец од Света Гора.
Здраво луѓе да ве замолам за совет. Имам духовник веќе 2ра година, ама некако изгледа не сме си погодени. Покрај Светата Тајна Исповед, благослови за пост и за Причест, јас имам еден куп прашања што ме интересираат, пред се едвај се наоѓаме за Исповед а му имам кажано дека не сакам да биде формално, сакам да сме во комуникација, нормално дека кафе нема да пиеме заедно ама совет, разговор, мудрост да сподели. Разбирам дека е ограничен со време ама не можам да трчам по него секој пат кога ќе го видам, и со еден збор да ме откачи. Или на вибер да си пишуваме, ми имаат кажано дека е грев да менуваш духовник и сопствен грев а и негов уште поголем е. Ај некој што е поупатен нека ме насочи..
Можеш со било кој духовник да разговараш за совет и разговор.. А за правилата на црквата околу тоа дали можеш да смениш духовник @Burevesnik може знае подетално, иако мислам дека не е грев..
Здраво Феминки. Може ли да ми дадете совет доколку сте се нашле во слична ситуација. Мојот Духовен Отец не ми враќа на пораки во кои барам да ми даде благослов за пост,не сум во можност да отидам кај што е зашто не е од мојот град.На други чеда им пишал.Навистина сум вознемирана не сум доследна ли за пост? Ако не ми враќа на пораки како ќе добиам и благослов за нов духовник.Навистина имам потреба од духовно водство пред се од здравсвени причини.
Прво од што мака имате духовен отец од друг град/место? Духовен отец нам во светот ни е парохискиот свештеник. Благослов за пост не ви е потребен, благослов имате од светите апостоли кои го востановиле Постов. Ако не Ви враќа на пораки, ќе си појдите кај Вашиот парохиски свештеник, ќе му кажите што се случило и тој, ако е паметен, ќе Ве прими без никаков проблем. Ако тој не Ве прими, барајте друг поп од братството на кое припаѓате.
Немам мака од мојот духовник но духовникот не е од мојот град и не сум во можност да отидам а на пораки не ми враќа. За останатите совети од се срце ви благодарам.Фала ви.
Не се вознемирувај,можеби ја пропуштил твојата порака,се случува....еднаш му пиша или повеќе пати? Како што ти пиша членот подолу,Духовниот Отец е најубаво да ти е во близина,не мора во твојата Парохија ама барем од ист град. Дали освен ова со пораките си задоволна од него?
Фала ти,но баш сум вознемирана.Му пишав повеќе пораки не ми враќа, на друг брат што истовремено пишавме одма му врати,грев е да кажам дека не сум задоволна колку можел и имал време ми посветувал.
Избирам да верувам дека не е намерно и дека ќе ти врати за скоро. Лично имав еден духовник што ме игнорираше и на служби (од нигде-негде). Грев нека ми се пише слободно од прва, ама така ме избегнуваше и минував низ страшна духовна голгота (како унаказена внатрешно се осеќав). Кога мина доста време кренав и јас раце, си побарав друг духовник. Ако ти значи нешто, јас немав благослов при премин од еден до друг духовник (како кога не стигав до него??). Свесно си побарав благослов од Господ (па си кажав Господе кој е над тебе, нема човек што е над тебе), ај да не кажам како се „очистив“. Абе тешки гревови човечки, зашто не се свесни како туркаат во бездна христијани. пс. не сум најидеален верник, ама вистина се трудам да запазувам и ден денешен не сфаќам на што се должеше тоа.
Сама си кажа,што е Господ никој не е,пости си,тоа што сакаш и можеш тоа,дај му време и шанса,ако не смени го. Јас мојот Духовен Отец го сакам како татко,само да го видам и ме облива среќа и смирение,а ти смири се,секогаш Бог ни го дава она што ни е потребно и полезно колку и да ни изгледа нас трагично во моментот.
Ако ти треба пример благослов за ублажување на постот поради здравствени причини, тогаш ти треба секако пред се комуникација со духовник. Јас исто имав духовник од друг град, но поради тоа што не бев во можност да одам на исповед таму, си се исповедав во градот кај што сум сега. Така да тука овој поп ќе ми биде духовник. Најважно е пред Бога да ги исповедаме гревовите, свештеникот е тука да ни помогне во тоа. Се надевам ќе се среди сѐ.
Духовник не се препорачува, духовник по правило е оној свештеник кој е задолжен за регионот/парохијата каде што живеете. Она што имаш да го кажеш не го кажуваш нему туку пред Господ. Ниту еден свештеник не смее да споделува буквално ништо од исповедот/разговорот, не е исповедот доверливост да не прекаже отецот некому туку вашето искрено покајание.
Па не мора баш да е од својата Парохија,во принцип го бираш да ти биде блиску од причина во итност да ти е полесно достапен лично не по телефони. Знам многу што бираат монаси за духовници баш заради таа доверба при исповед бидејќи се подалеку од световниот живот. Не сите Отци се спремни и можат да имаат духовни чеда,тие се буквално како лекари со многу пациенти,чедата ги бараат за се и сешто не само за исповед. При исповед да преку Духовникот разговараш со Бога НО мн е битно како ќе те советува и насочува истиот и верувајте има многу разлика меѓу нив.
Блиску би ти бил ако е во парохијата во која живееш и тоа е твојот духовник односно парохиски свештеник, така е најправилно. Доверба и исповед не одат заедно. Ако бараш доверба веќе имаш сомнеж во духовникот. Кажав како е правилно, а не за пример еве дали Партениј е духовник на пола Скопје. Монах баш и не може да се бара за се и сешто, имаат обврски преку ден, не можат сигурно да примаат исповедници кога нивната функција е сосема друга или да се со телефон 24/7. Дали отците се спремни одлучува владика, наше не е да судиме за нивната спремност и верата ни е веќе површна така. И тотално е погрешно да се менуваат 5 или 10 духовници па ајде од кого најмногу ми се допаѓа што има да ми даде како совет продолжувам со него.