Духовен свет

Дискусија во 'Религија' започната од sonuvana, 6 август 2018.

  1. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Јасно е дека верниците од било која вероисповест,веруваат дека покрај физичкиот,постои и некој друг невидлив свет,со свои закони и правила.
    Верата во Бога,почитувањето на Божјите правила,отвара простор да го насетиме,спознаеме,макар мал негов дел.

    Поголемиот дел од луѓето,во некои периоди од животот,бараат контакт со овој невидлив свет,за жал се почесто на погрешен начин.
    Поради тоа толку многу окултни вештини насекаде,во сите времиња и на сите простори.
    Толку многу "современи луѓе ",кои веруваат исклучително во наука и единствено во ова физичко постоење,а истовремено се забавуваат со толкување на сонови,ѕвезди,пророшва и сл.
    Од каде доаѓа таа човечка потреба да бара утеха и зошто се има потреба од истата,ако животот е толку многу краток и секако завршува како прав?

    И што значи кога духовно неопределен човек ќе рече " верувам во нешто,во некоја сила "
    Дали тоа значи дека верува во постоење на невидлив свет кој егзистира паралелно со физичкиот?
     
    На SeaMermaid, BlackNight, La.loca и 7 други им се допаѓа ова.
  2. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    7.207
    Пол:
    Женски
    Затоа што не знаат кај да бараат. Просветлението не наоѓа нас.
    Буда барал 16 години и нашол кога престанал да бара.

    Зошто никој свесно не бира дал ќе биде верник или атеист?
    Инаку во поглед на физичкото, мене покрај физика ме интересира и секоја друга друга наука каде математиката наоѓа имплементација. За професија од тој тип и се одлучив. Верник сум и сметам дека човек може да негува поглед кон науката и поглед кон религијата без да биде во конфликт со самиот себе.

    Еднаш кукав за се што ми се случува низ животот за сите страдања што ме снашле, за никој што не ме разбира и еден пријател муслиман ми рече "Господ не ти дава задача што не знаеш да ја решиш". Точно.
    Треба да бараме баш таму кај што ни е сервирано на тацна. Ама пуста душа не знае за прифаќање на болка.
     
    На BlackNight, La.loca, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.771
    Допаѓања:
    36.215
    Пол:
    Женски
    Скроз утешително за на пример едно детенце болно од рак.
     
    На Purelove92, Briar Rose, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.057
    Допаѓања:
    160.581
    Пол:
    Женски
    Нема правилен/погрешен начин на поврзување со некој си друг свет, сето тоа спаѓа во натприродното, апстракција, концепт што се потпира само на верување - не и на докази.
    И окултизмот, па и сатанизмот се видови религии, и гатачите и нивните пророштва спаѓаат во натприродно и недокажано, луѓе кои веруваат исклучиво во наука ги отфрлаат и сите овие „мрачни“ сфери исто како што ги отфрлаат и традиционалните најпознати цркви кои се сметаат за темели на моралот. Е сега, околу ѕвездите и хороскопот - сè уште за некои е дискутабилно дека астрологијата е вид сериозна наука. Со тоа лично не се согласувам, ама не би да навлегувам.
    Има разлика меѓу религиозност и спиритуалност, па тука е и агностицизмот како понеутрална зона што остава сомнежи. Нијанси се, кои сè повеќе се продлабочуваат и потенцираат од страна на луѓе кои повеќе навлегуваат и истражуваат.
     
    Последна измена: 7 август 2018
    На Читател и sonuvana им се допаѓа ова.
  5. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    7.207
    Пол:
    Женски
    Дали гледаш себичност во тоа што некој е верник и покрај толку лоши работи што може да се случат во животот?

    Инаку во контекст на пораката погрешно ме разбра. На иницирање на духовна свест се однесуваше мислата.
    Еве јас искрено тоа не би му го кажала ни на здраво мало детенце, ни на возрасен болен од рак. Лошото што може да го снајде човека го гледам како составен дел од животот.
    Имав близок во семејството кој почина од рак, но не навлегувам со оглед што и за мене е чувствителна таа тема, па моето искуство не би го коментирала.

    Не се декларирам како верник затоа што чекам убајни да ми паѓаат од небо, ниту дека Господ ќе ме тапша по рамо и ќе ми рече There you go, good girl. Верник сум затоа што мојата внатрешна природа го побарала тоа од мене, а се што можам да направам е да ја следам.

    Инаку разликата помеѓу спритуалност и религиозност е тоа што спиритуалноста е индивидуална, а религијата колективна ствар.
     
    Последна измена: 7 август 2018
    На worrieddd, BlackNight, doubleg и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Што сакаш да кажеш со ова?
    Дека духовниот свет сам се наметнува,отвара?
    Дека само треба да прифатиме тоа што ни се нуди?

    И ако не е премногу индискретно,што за тебе значи да бидеш верник?
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.677
    Допаѓања:
    144.420
    Не. Физичкиот свет е и 'духовен' свет.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да истакнеш дека човекот е и духовно битие,а не само физичко,се сложувам.
    Истото треба да се храни и негува,впрочем како и физичкото.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.677
    Допаѓања:
    144.420
    Не само човекот, туку целиот универзум. Бидејќи се' во универзумот се води по исти физички правила.
    Природните закони се 'вишата сила'.
     
  10. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    7.207
    Пол:
    Женски
    Не се наметнува самото. Го имаме во себе. Кај некои е поизразено духовното, некои не се воопшто духовни. Кај некои духовното се развива преку криза и страдање. Ама во никој случај не се бара духовниот свет под дрво и под камен, туку во сопствената душа. После може да се виде и во светот. Тоа што го поседуваме способни сме и да го препознаеме. Тоа е она што не води во животот.

    Инаку, подеднакво ми се исти се верници што хејтаат атеисти и атеисти што хејтаат верници. Треба да им се даде една метла, "дома" да си подрасчистат некои работи, зошто се далеку од смисла и суштина и едните и другите. Верувам дека светов може да опстои и со верници и со атеисти без да си ги вадат очите едни со други. Се додека човек знае на што е со себеси, не може да го вознемири дали е некој верник, атеист, духовен, недуховен или како и да ја формулираме терминологијата.
    Ако некој се прифатил себеси како атеист/верник и е ок со тоа, зошто би му сметале поинакви форми на верување кај некој друг? Значи е во ко конфликт со себе, не со другите.
    Не може како што спомнав т.е. и прашав зошто, верникот свесно да стане атеист, и обратно. Да си кажам јас од утре станувам атеист и фала, пријатно.

    Може ли човек кога му иди да плаче од тага, свесно да избере да биде среќен? Не. Треба да ги проживее емоциите што душата ги бара од него. Не е маркет животов, ајде среќа сакам да си купам. Исто и со духовното. Треба да го живееме ако го откриеме во себе.

    Инаку за мене верник значи барањето на љубов во себе, кон самата јас и кон светот. Препознавањето на Бог во секаква форма на природно, во човек кој твори, живее и умира, во растение кое и цвета и скапува.

    Знам, смешно звучат овие работи пренесени преку збор. Можеби и несфатливо. Затоа и толку небулози на оваа тема. Луѓето го толкуваат духовното на ниво на ум, а не со срце. Способни сме повеќе да мислиме, отколку да почувствуваме.
    Не сакам да звучам како семе синапово, ова се мои лични сфаќања и верувања и не треба и не сакам никого лично да засегаат.

    Малку Карл Јунг на темава. На англиски е, ама успеал да ја долови смислата за Бог во неколку кратки реченици.

    This most shocking defectuosity of the God-image ought to be explained or understood. The nearest analogy to it is our experience of the unconscious: it is a psyche whose nature can only be described by paradoxes: is is personal as well as impersonal, moral and amoral, just and unjust, ethical and unethical, of cunning intelligence and at the same time blind, immensely strong and extremely weak, etc. This is the psychic foundation which produces the raw material for our conceptual structures. The unconscious piece of Nature our mind cannot comprehend. It can only sketch models of a possible and partial understanding.
     
    Последна измена: 7 август 2018
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Машки
    Не бе, ние сеа живееме у духовен свет а се поврзуваме со некој физички :)




    RUUUUUUUUUUUUUUUUUN
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    1.146
    Пол:
    Женски
    Мене нешто што ме иритира на ваков тип на теми е што секој си дава за право да "аргументира" а реално комплексни теми се за да се контраш треба да имаш познавања од неколку области и тоа слоевити познавања како теологија, филозофија и наука. Јас кога не сум сигурна у некои сфери боље ми е да премолчам отколку да се бламирам со површни познавања.
     
    На jacqueline.s, Rama, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.677
    Допаѓања:
    144.420
    Не е во прашање само знаење од некоја област, туку и лични убедувања, поради нивото и верзијата на спиритуалност која ни е блиска.
    Секој верува во различни работи, а за верување не се дебатира лесно, бидејќи е сосема субјектвна работа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    1.146
    Пол:
    Женски
    Мислам на тоа кога подлабоко се навлегува во тематиката зошто реално треба да се поткрепи (не)верувањето.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.677
    Допаѓања:
    144.420
    Не можеш со ништо да 'поткрепиш' верување, бидејќи не е прашање на докази, туку на лично чувство.
     
    На MarigoldA, daylight и Independent Girl им се допаѓа ова.
  16. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    1.146
    Пол:
    Женски
    Во таа смисла да.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.003
    Допаѓања:
    16.834
    Луѓе кои исклучително веруваат во наука не се занимаваат со релиски или духовни пракси. Астралната проекција, remote viewing-oт, хиромантијата, астрологијата (денес), и другите духовни "вештини" не спаѓаат во научен домен.

    Oд неможноста за помирување дека е биолошки предетирминиран да умре како и секој друг жив организам на планетата. Поседувањето интелигенција, како и можноста за свесно контролирање на емоциите го отежнуваат процесот, па затоа се јавува желбата за креирање надреален свет во кој наводно се преминува по физичката смрт.
     
    На Briar Rose и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    18.753
    Пол:
    Женски
    Духовниот свет јас го подразбирам како свет што не можеме да го видиме/осетиме со нашите сетила.Духовниот свет е во нашата верба и не е физички овде.Пример еве јас како христијанка духовно сум поврзана со Бог бидејќи имам верба во него, не можам да бидам физички поврзана бидејќи Бог не е овде на Земјата присутен.Така и другите верници секој со својот Бог.
    Можда сум грешка ама ова е мое гледиште и мислење.
     
    На worrieddd, Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Се сложувам дека патиштата до Бога,најразлични можат да бидат.
    Но,не и со тоа дека некои луѓе не се духовни.Сите сме,само некои го знаат тоа,а некои не.
    И потполно си во право дека на никого,ништо не треба да му се наметнува.

    Со делот каде што говориш за верата како индивидуален чин,не можам да се сложам,бидејќи најсилно го чувствувам Бога преку молитва во заедништво.
    Иако тоа не е битно за оваа тема.

    Што се однесува до Јунг,само би истакнала дека тој секако имал контакти со духовниот свет.
    Неспорно голем ум,заводлив,интересен до некоја граница,која сами мораме да си ја одредиме.

    И да научиме да препознаваме со кого имаме контакт,кога ни се отвара светот на духовното.

    Ти благодарам на одговорот.
     
    На Rama и MarigoldA им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    На оваа тема може да говори секој кој е вистински верник.
    Нема тука голема филозофија.
    Образованието не е битно.
     
    На daylight и Independent Girl им се допаѓа ова.