1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовен свет

Дискусија во 'Религија' започната од sonuvana, 6 август 2018.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Скоро секој човек од забава или желба да исмее или обезвреди нешто што не познава,понекогаш се поигрува со духовните нешта.
    Нека тоа биде и обично " гледање " во талог од кафе.
    Сепак се остварува некаков контакт со духовниот свет,во зависност од отвореноста на учесниците.
    Но,добро...секако дека веројатноста е мала,да не испадне дека е таа граница неверојатно тенка.
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Верувам дека постои Духовен свет,самата верба во Бог ме тера да верувам дека постои тој свет,точно е дека со голо око не можеме да го видиме ние обичните смртници,ама како верници самата вера и интуиција не тера да веруваме во постоењето на тој свет...
    Точно е дека од овој физички свет ќе заминеме како прав,т.е тоа ќе остане од нас,ама на крајот од се смислата на нашето постоење е токму во духовниот свет...
     
    На La.loca и sonuvana им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Оваа констатација (која патем ми се чини и како премногу генерализирана) воопшто не е прецизна, ниту пак веродостојна.

    Нема никаква потреба да се верува во наука, бидејќи таа останува како вистина, дури и кога никој не верува во неа, за разлика од религијата каде случајот е сосема обратен;

    Освен тоа, сметам дека on the contrary, луѓето кои не сакаат да ја прифатат науката, се занимаваат токму со вакви "духовни способности" кои немаат апсолутно никаква поврзаност со науката.

    Бидејќи реалноста и природата се мошне сурови кон човекот, до оној степен каде се создаваат две различни и сосема спротивни аспекти кои го манифестираат човековото постоење.

    Имено, од една страна, поради високото ниво на интелигенција, постигнувањата во скоро сите области на планетавата, моралот, свесноста, како и самата комплексност и сложеност која се појавува кај човекот довело до фактот тој да биде доволно свесен дека претставува нешто уникатно и истовремено се издвојува од останатите живи суштества.

    Ама од друга страна, пак, човекот е исто така свесен дека откако ќе умре, оди неколку метри под земјата за неговиот труп да скапува како некое животно додека само костурот не остане од него.

    Тоа е таа драстична разлика, односно ужасноста на самата природа во која човекот живее - таа едноставно не може да биде прифатена и признаена бидејќи укажува на болниот факт дека човекот сепак е само мало и слабо животно кое еден ден ќе умре и ќе се распадне.

    Културата и религијата сака сето ова да го ублажи, па дури и да го промени - создавајќи илузија дека човекот е важен, витален дел од универзумот, па дури и бесмртен на некој начин.

    Негирањето на смртта може да доведе до одреваждени верувања за кои ако доволно силно се верува, тоа кај големата маса станува вистина, односно се создава илузија дека тоа е вистина бидејќи е поубаво залажувањето со лажна надеж отколку прифаќањето на суровата реалност.

    Човековото постоење е еднакво и со постоењето на останатите други организми и суштества на оваа планета.

    Така, како што за другите животни не важат никакви натприродни закони и концепти, зошто за човекот да важат?

    Развојот на свеста, моралот, когнациите и интелигенцијата кај homo sapiens не би требало (според мене) да претставува причина за човекот да верува дека само за неговиот посебен вид се применуваат поинакви закони по неговата биолошка смрт.

    Се е само смешен плод на човековиот патетичен стремеж и тенденција да одбива да поверува дека не е бесмртен и дека еден ден едноставно ќе престане да постои, а се околу него ќе продолжи да функционира како пред, така и по неговото постоење.

    Само затоа што homo sapiens успеал да развие свест, когнации, морал и повисок степен на интелигенција од останатите живи суштества на оваа планета, тоа сепак не му дава право да се величи до комичен степен каде што мисли дека претставува нешто толку посебно, што за него важат други закони на физика и биологија.

    Многу полесно да се верува во лажна надеж проткајана преку бајки отколку во суровата реалност...

    Претпоставувам дека под духовно неопределен човек спаѓа т.н. агностик меѓутоа, јас лично не го сметам агностицизмот како посебно, вистинско религиозно гледиште, а еве и зошто:

    Простата но и основна дефиниција за тоа што претставува Агностицизам гласи:

    "Agnosticism is the view that the existence of God, of the divine or the supernatural is unknown or unknowable"
    Во поглед на оваа дефиниција, би сакала да се задржам само на посебниот збор "unknowable" кој всушност ја означува неизвесноста, односно несигурноста;

    Цврсто сум убедена дека, како ситуација со несигурност или непознати информации, несигурноста по самата природа не е одржлива и не е трајна психолошка состојба бидејќи на крајот нашите когнации или се или не се...


    Мислам дека и претходно сум објаснила за ова во некоја тема, но ќе повторам повторно зошто според мое убедување постои само физичкиот свет;

    Законите на физиката што се присутни во секојдневниот живот се целосно разбрани бидејќи го објаснуваат нашето функционирање на оваа планета, и поради тоа, се што се случува е во рамките на можностите.

    За да може да постои задгробен живот, односно живот после смртаа, нашата свесност мора да биде нешто која ќе биде целосно одвоена од нашето физичко тело - а тоа не е така.

    Всушност свесноста на човекот можам да ја дефинирам, на основно ниво, како серија на атоми и електрони кои есенцијално ни ги даваат нашиот ум.
    Законите на универзумот не дозволуваат овие честички да оперираат после нашето физичко непостоење.

    Тврдењата дека некоја форма на свест продолжува да остои откако нашите тела умираат и се распаѓаат во нивните конститутивни атоми се соочуваат со една голема пречка, а тоа е дека законите на физиката кои се присутни во основата на секојденвниот живот се комплетно разбрани и во тие закони нема никаков начин со кој ќе се дозволи информациите складирани во нашите мозоци да истраат откако ќе умреме.

    Како доказ за ова посочува кон теоријата за квантно поле.
    Во едноставни термини, оваа теорија го прикажува верувањето дека постои едно поле за секој тип на честичка.

    На пример, сите фотони во универзумот се на едно ниво, и сите електрони исто така имаат свое поле, и за секој друг тип на честичка исто така.

    По религиозните верувања, доколку задгробниот живот би продолжел во некој капацитет по смртта, тестовите на квантното поле би испуштале ,, духовни честички ,, и ,,духовни сили ,,

    Ако навистина не постои ништо друго освен атомите и познатите сили, тогаш е многу јасно дека не постои никаква шанса душата да постои по смртта на нашето физичко тело.
     
    На MarigoldA, sonuvana, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Духовниот свет не го гледам само како она во што верниците веруваат, односно дека по смртта ќе продолжат да живеат покрај Бог, туку духовниот свет го сфаќам веќе како дел од овој, испреплетен со физичкиот. Она што е невидливо, она што може само да се почувствува и искуси. Притоа, духовното не го поврзувам само со религијата, и човек кој не е верник го доживува духовниот свет и е дел од него, само што тој потешко го разбира. Оној кој е блиску до Бог, тој може подобро да ги разбере законите на духовниот свет. Заради тоа верниците и неверниците не се разбираат баш едни со други и си имаат различни филозофии, но и едните и другите припаѓаат на тој свет.
     
    На SeaMermaid, La.loca, Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Женски
    Можеби погрешно се изразив во погледот дека има луѓе кои не се воопшто духовни. Тука апсолутно имаш право. Верникот и атеистот генерално водат ист начин на живот, освен во поглед на религија, едниот верува, а другиот не. Инаку и атеистот доживува и убави и лоши работи низ животот, има амбиции и цели, способен е да љуби, знае и да се радува и да плаче низ животот. Само што тоа што го доживува и искусува, атеистот не го толкува како Божја волја.
    Знам луѓе што се доказ дека меѓу верник и атеист може да опстои паметна дискусија ако егото на обете страни го дозволи тоа.

    Инаку, секоја ти чест и многу ми е мило што постојат луѓе што без разлика на своите сфаќања се обидуваат во себе да најдат и да жртвуваат трошка разбирање на секое разумно мислење, што не навредува ничии лични чувства, погледи и сфаќања, макар и да е различно од нивното.
    Покрај тоа што си верник во поглед на концептот на филозофијата на религијата, сметам дека си и духовна личност.
    Покажувањето на разбирање е показател на зрел дух.

    Од аспект на субјективноста на темава, баш тоа е она што поттикнува дискусија.
    И во секој друг поглед на животот сме субјективни. На пример, попрост случај, образование. Двајца студенти на ист факултет, едниот смета дека е тежок, на другиов му оди од рака. Е сега тука зависи нивната перцепција за струката, нивниот капацитет и волја да студираат, нивната спремност. Тоа дали факултетот му е лесен или тежок е апсолутно субјективно, но тоа не ги спречува да дискутираат на тема образование. Малку забегав, но чисто паралела да направам.
     
    На sonuvana и Briar Rose им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose јасен и опширен одговор.Секако за почитување :)
    Не веруваш во постоење на духовен свет,атеиста си,никакви натприродни појави не ти се блиски,вљубена си во науката,која ти ги дава сите одговори,јасно си дефинирана,иако тоа не значи дека така ќе биде и конечно.
    Вистинските верници,како и вистинските атеисти се ретки.И едните и другите се некако "заштитени ".
    Темава е наменета за оние,кои го насетиле постоењето на духовниот свет,кои добиле некаков вид информации,кои биле воодушевени или исплашени од истите.
    Многу ги има,не можеме за сите да речеме дека измислуваат,халуцинираат или се тешат.
     
    На Briar Rose, Someonespecial и Independent Girl им се допаѓа ова.
  7. Independent Girl

    Independent Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да слушнам искуства доколку некој ги има.
     
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @sonuvana

    Ти благодарам што го искажа твојот став за моето мислење во оваа тема.

    Во поглед на намената на оваа тема, мислам дека е и повеќе од јасно дека немам такво искуство,а со тоа и одговор, но сепак добро е и да се слушне и различна перспектива :)

    Вистинските верници и вистинските атеисти се оние луѓе кои можат да дискутираат без притоа постојано да омаловажуваат и да го наметнуваат своето убедување на останатите.
     
    На Natural91 и sonuvana им се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Во контакт со духовниот свет стапуваме понекогаш и спонтано или преку сонови,но најчесто преку луѓе кои пророкуваат,толкуваат ѕвезди,броеви,карти и сл. или ако самите тоа го чиниме. Биоенергија,астрална проекција,
    медитацијата,молитвата,литургијата итн.
    Намерно ги ставам сите овие контакти на купче,иако е јасно дека некои се добри,а некои не,исто како и контактите во физичкиот свет.
    Па како што и во реалноста често грешиме во проценка,така може да ни се случи и преку информациите духовни.
    Треба претпазлив да се биде,да се отфрли се,што ја буди гордоста и чувството на самодоволност и моќ.
    Треба да се биде внимателен и со претераното негирање и исмевање на овој свет.

    А,најдобро,како и во реалноста,да се побара совет од авторитет.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Оваа тема е премногу комплицирана за коментирање и секој си кажува според своите верувања..
    Јас сметам дека физичкото е нешто со кое можеме целосно да управуваме. Но тоа што нас не управува е духовното т.е емоции, чувства, тага, среќа итн.
    Кој научил да се вклопува и да се усогласува со своето духовно јас, мислам дека е среќен човек.
    А тој кој не сака да биде свесен за духовното во себе и е без чувства, сака НЕСВЕСНО да соработува само со физичкото мислам дека е замрзнат човек и не знае што се чувства и др. Е тој си пати зошто му се случуваат одредени работи во животот.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Јас би сакала да кажам дека духовниот свет не мора да е само Христијански. Постои Бог и Ѓавол(Луцифер/паднат херувим) нели? Духовноста се дели на добра и лоша.(мое мислење) Лошите луѓе кои прават зли дела се исто духовни но, во нив владее зол дух за кои не се ни свесни бидејќи сатаната не делува како Бог да ти дава слободна воља. Тој употребува сила и упорност кај некои луѓе и ги искористува нивните слабости додека не го добие она што го сака, до таа мера што некои се сатанисти и не може така едноставно да се излезе од тој круг. Како што ние христијаните сме духовно поврзани со нашиот Бог и се стремиме да правиме добри дела, сатаната на многу подмолен начин делува. Мислиш дека нешто е добро а всушност е лошо... толку се прикриени некои работи кои понекогаш може да не доведат до пропаст доколку не сме внимателни. Но Бог нуди спасение, секој човек може да се спаси доколку се вложи доволно труд во него и секако љубов.
     
    Последна измена: 9 август 2018
    На monibejbi и sonuvana им се допаѓа ова.
  12. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Според мене,духовниот свет постои.И како дел од физичкиот,и како засебен свет.Најпрво емоциите,не се физички,ги чувствуваме.И интуицијата,и сите верувања.За мене е премногу апсурдно да се верува само во физички свет.Тоа е оној свет на материјално,опипливо,каде што по автоматизам правиме некои работи.Она што му дава смисла на сето ова,е духовниот свет.Верувам и во наука.Христијанка сум,и секогаш рака под рака ми се верата и науката.Едноставно во многу случаи верата се објаснила преку науката,и обратно.Не гледам причина да се косат.А и науката,колку и да изгледа голема,многу работи има пред себе да ги истражува.Од човечкиот мозок и планетата земја,до универзумот.Значи знаеме само мал дел,останатото до какво откритие ќе не доведе,не знаеме.Мојот субјективен став е ваков.Не мислам дека религиите се само бајки,сум осетила на своја кожа.Едноставно душата го побарала Бог,и тоа поврзување е чувство,нешто што можам да го почувствувам.Имам и едно искуство од кое ме лазат морници,ама нема да го раскажам сега.
    Ајнштајн рекол:Колку повеќе ја применувам науката,толку повеќе верувам во Бог.Е тука сум и јас некаде.Математички,докажувањето на некои бројки и нивното значење,музиката и нејзиното влијание,физичките закони,влијанието на небесните тела,натприродни искуства,внатрешен глас...Еурека.Тука се испреплетува духовното и науката.Значи заедничко поле кое што може да се најде.Науката е веројатно наш пат да се осознае физичкиот и духовниот свет.Верата е од Бог,олеснето инптерпретирана за нас преку бајки(ако можам така да ги наречам).Да се навратам на бројките,сметам дека тие се еден важен сегмент за откривање на духовниот свет,нешто како код.Кој читал за Питагора,знае на што мислам,10 бројот на совршенството.И Никола Тесла,апелирал на важноста на бројот 3.Пи-3,14...и неговата мелодија.Едноставно,тоа се тие вибрации.Повисоките кои кај нас предизвикуваат убави чувства(пробајте со музика,ќе го почувствувате влијанието),радост,светлина,веројатно бесконечни,па оттука и Бог е бесконечност и светлост.Затоа со некои луѓе ни е пријатно да се дружиме,имаат високи вибрации во себе.А тука се и ниските.Па колку пониски вибрации,толку потешко за нас.Обично звуци со ниски вибрации,се бучавите.Нешто сличен концепт е и музката.Нели основна скала c-dur,баланс,со весел призвук,ама сепак на граница помеѓу дурските и молските скали.Е тоа нешто е и физичкиот свет.Што доведува до заклучок,дека физичкиот свет е дел од духовниот,како негова манифестација.Можеби,духовниот свет е беспросторен,а физичкиот само негова просторна и материјална манифестација.Ние сме дизајнирани да веруваме во просторен свет,па беспросторното е многу тешко да се сфати.И животните,не ги исклучувам од духовниот свет.И тие чувствуваат,и тоа многу повеќе од нас.Обично пред некоја случка,тие го манифестираат тоа,пак преку тие вибрации.
    Агностиците,атеистите,сите ги почитувам.Кој како мисли,секој си има одредено право.И не дека нивното е погрешно,има вистина и во тоа.
    Се извинувам ако отидов оф топик,само сакав да кажам како ние го препознаваме духовниот свет.
     
    Последна измена: 10 август 2018
    На MarigoldA, sonuvana и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Верувам во други светови надвор од овој, но скептик сум за она што го проповедаат религиите. Мислам дека се тоа системски и намерно одржувани лаги кои можеби само произлегле понаивно.
     
    Последна измена: 18 август 2023