Bi sakala da prasam dali nekoj ja ima procitano knigata "Pastirska pomos za dusevno bolnite" od Igumen Evmenij i kakvo vi e mislenjeto za nea? dosega ne sum citala vakva literatura i neznam dali da ja procitam. bidejki patam od anksioznost mi preporacaa da ja procitam knigata no seuste se dvoumam. Ima li nekoj slicno iskustvo? Pozdrav [mod-kirilica:10o9igoe][/mod-kirilica:10o9igoe]
Секако да ја прочиташ. Има тука многу што да се научи. Христијанска психологија и светоотечка психотерапија. Инаку, читам само православна литература, Прологот и Светото Писмо секој ден, а моментално ја зедов Старо и ново во Христијанството од Владета Јеротиќ. Преподобни Оптински старци- книга 1 Поздрав и Слава на Бога за се!
Многу добро напишано. ЗА СВЕШТЕНИЦИТЕ - Св. Јован Златоуст Големо е свештеничкото достоинство. Речено е: на кои ќе им ги простите гревовите ќе им бидат простени. Павле говори: Покорувајте им се на наставниците ваши и бидете послушни (Евр. 13,17). За секое нешто ти се грижиш само за твоите потреби, па дури и да не биде добро уреден твојот живот нема да одговораш за другите луѓе. А свештеникот и да му е добро уреден неговиот живот, а не се грижи за животот на другите луѓе кои му се доверени, тој заедно со порочните ќе оди во пеколот; и невин поради нговите дела ќе биде осуден на пропаст заради вашите не дела. Знаејќи каква голема опасност ги следи свештениците, вие морате да им укажете голема љубов. На тоа не поучува и апостолот Павле кога вели: тие, бидејќи се задолжени даодговараат, бдеат за вашите души (Евр. 13,17).Поради тоа треба многу да ги цениме и уважуваме. Ако и вие, како и другите, почнете да ги навредувате, тогаш ни вашата работа нема да биде успешна. Доколку кормиларот е добро расположен, дотогаш и патниците се во безопасност; но штом кормиларот стане нажалостен од навредите од страна на патниците нема да се однесува како порано, нема да делува со целата своја вештина, па дури и несакајќи може да ги изложи на многу неволји. Така е и со свештениците. Ако ја уживаат честа што им припаѓа тие можат да се посветат на вас и да ги уредат вашите дела, но ако би ги жалостиле тоа ќе ја ослабе нивната рака и ќе направите и тие заедно со вас да бидат однесени од брановите без разлика на тоа колку и да се храбри. Сетете се што им рекол Христос на Јудеите: На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите. Затоа, се што ви кажат да правите, пазете и извршувајте (Мат. 23, 2-3). А сега не можеме да речеме дека свештениците седеле на Мојсеевото седиште; тие седела на Христовото седиште, па затоа и го примиле Христовото учење. Павле во врска со ова вели: Ние сме пратеници место Христа, како Бога да зборува преку нас. (2 Кор. 5, 20). Зарем не гледате како сите им се потчинуваат на светските власти? Иако потчинетите честопати ги надминуваат овластените во мудроста и знаењето, сепак поради уважување се покоруваат на заповедта. Таков е нашиот однос кон оние кои се ракоположени од светската власт. А кога ракополага Бог - ние го презираме ракоположениот, го вреѓаме, го понижуваме, му се обраќаме со остар тон, го осудуваме иако тоа ни е забрането. Какво оправдание ќе дадеме за себе кога не ја гледаме гредата во нашето око, а со злобен напор ја бараме реската во окото на свештеникот? Или пак не знаеш дека осудувајќи на тој начин си подготвуваш најтешка осуда на самиот себе. Ова не го говорам за да ги оправдам оние кои недостојно ја вршат свештеничката служба; тоа никако - јас многу тагувам и плачам за нив. Но тврдам дека луѓето во тој случај немаат право да ги осудуваат. Нека животот на свештеникот е најнепримерен и најгрешен, ти кон самиот себе биди внимателен и нема да претрпеш никакви штети. Кога Бог ја натерал магарицата да зборува и низ уста на врач дал благослов - кога Он преку несловесна уста и низ нечистиот јазик Валаамов делувал на неблагодарните Јудеи, ќе делува и на вас кои сте благодарни. Он ќе направи се што е потребно и ќе го прати Светиот Дух без разлика на тоа колку свештениците се грешни. Гледај и чистиот и праведниот (свештеник) не го привлекува Светиот Дух, туку се се врши преку Благодатта. Се што е дадено на свештеникот е дар од Бога; колку е да е силна човечката философија, таа секогаш ќе биде послаба од Благодатта. Ова не го зборувам за ние безгрижна да го поминеме остатокот од животот, туку вие кога ќе забележите немарност кај свештениците да не се соблазните и да го умножувате злото во себе. Но, што зборувам за свештениците? Ниту Ангел, ниту Архангел не може ништо против тоа што е дарувано од Бога: овде се устројуваат Отецот, Синот и Светиот Дух. Би било неправедно поради порочноста на некој друг да трпи штета оние кои со вера пристапуваат на спасение. Знаејќи го ова, најпрвин треба да се плашиме од Бога, да ги почитуваме свештениците укажувајќи им чест, како за нашите добри дела би добиле почутување и голема награда од Бога.
Секако дека читам и друга православна литература покрај Библијата. Нешто читам од сајтови на Нет, има цели книги во електронска форма, а почнав и да купувам книгички од Црква.
Покрај Библијата? Не очекував дека уште ја читаш Библијата Браво, ме радува што се уште ја читаш. До каде си?
Не ја читам уште. Во воведов на темава стои И јас фино лепо си пишав дека читам и друго. Сум читала и сеуште читам. Што не е јасно?
Biblijata e obemno delo, na tie shto se religiozni, ako sakaat dobro da ja poznavaat, kje im treba povekje od edno chitanje.
Ретко читам но последно читав од старецот Пајсиј книга, многу феминки знаат зошто направив тема овде на форумот. Книгата многу ми се допадна и ја засили мојата верба. Единствено нешто што не ми се допадна, но нормално човекот бил аскет, е дека се бара сосема да се посвети човек на верата а не сакам крајности ниту фанатици. Друго е да се препуштиш на виша сила од тоа всушност да се посветиш. Бара самооткажување. Од друга страна проповедаше за смиреноумие, имаше убави поуки и корисни за луѓето кои често фантазираат, се болни од психофизички болести, сиромашни, буквално имаше за сите човечки состојби. Ретко велам но добредојдено е, но не сите. Би сакала уште нешто да прочитам од Пајсиј.
Не знам што си читала, но има доста од него, една е Поуки за спасението во современиот свет. Таа е книга од лесновски манастир издадена. Има и други од дебарско-кичевска епархија. Во црквите градските да прашаш ќе ти понудат од старец Пајсиј. Има и едно дете преку него можеш да порачаш. И јас многу ги сакам поуките на старец Пајсиј. Разбирливо е за сите. Сум била и на гробот негов.
Oваа е едноставно насловена Старец Пајсиј, и се раскажуваат неговите поуки, напред има глава за неговиот живот и понатаму во книгата се оние убави, применливи поуки, вистини и патокази. Книгата има зелена корица и тој е насликан. Незнам од кој е, но суштински ми го промени ставот кон религијата. На позитивен начин инаку бев забегала читајќи многу докази и мислења од атеисти на фејс. Колку убаво што си го посетила неговиот гроб, баш би сакала за да му оддадам почит.
Покрај Светото Писмо, сакам да читам и друга литература со духовна содржина. Книги што ги имам дома и ги имам читано и ги читам Голем е Бог од Старец Клеопа, трите тома од Старец Пајсиј во издание на Дебарско-кичевска епархија: Со болка и љубов кон современиот човек, Духовно будење и Духовна борба. Нешто најново што го имам е Несвети а свети од епископот Тихон, моментално ја читам и не се исушта од раце, многу убава книга со вистински настани и случки и искуства на епископот од животот во манастир, до тоа како стигнал таму итн. За почетници покрај Новиот Завет, би ги препорачала Заборавеното лекарство од Архимандрит Серафим и Покајте се, неопходност од исповед од Весна Анчева. Од сајтови на кои можат да се најдат убави духовни содржини ги следам Премин портал, Православие мк, сајтот на Бигорскиот манастир, фејсбук страната на манастирот Св. Гаврил Лесновски. Исто така редовно го купувам и читам списанието Премин, во кое навистина има квлитетни духовни содржини и колумни.
дали некој знае каде може да се најде книгата Касијана од Св. Николај Велимирович? ја има онлајн ама би сакала да ја најдам во книжна верзија за подарок. https://svetosavlje.org/kasijana/2/