Вака, кај мене е проблемот - анксиозност, депресија, гушење, лоши сонови. Терапија пијам и психолог посетувам..
Каде ја најде книгата? Сакам да си ја купам повторно зашто ја имав но ја давав да ја читаат и замина не се врати мојата беше со црвено кафеави корици така некако, да не знаеш каде ја има да ја купам?
Здраво девојки. Сакам да ве прашам дали некоја од вас има порачано книги онлајн од библиотеката ,,Св. Гаврил Лесновски" и дали ви имаат стигнато? Им пишав мејл (порачав) пред скоро месец дена и уште не се стигнати ниту пак имам добиено повратна информација. Исто во врска со книгите од страницата на Кумановската Епархија. Дали имате порачано и дали ви стигнале за да не им пишувам за џабе.
Свети Гаврил Лесновски библиотеката е на пауза. А, библиотеката на Кумановско-осоговската епархија во раст. Од кај вторите слободно нарачајте.
Јас само сакам да ви препорачам на вас што читате духовна литература: Мислам дека од Матица ја порачав. Може да ја има и на други сајтови за книги. Ја препорачувам затоа што ми е посебно инспиративна и од сите книги досега што сум ги читала, најмногу влијае (позитивно) на мене и моите мисли, на духовната состојба. Вреди да се прочита. И не само да се прочита еднаш, туку да се чита одвреме навреме по некое делче, да се потсетиме на нашата секојдневна борба со злото околу нас.
Здраво, сакам да прашам каде може да најдам онлајн книги за симнување? Ако може некој да ми остави линк ќе Ви бидам благодарна.
Јас ги симнувам од тука (на српски јазик се ако не ти пречи ): https://hramsvgeorgija.rs/duhovne-knjige/
Нон стоп земам книги дирекно од библиотеката на Св.Гаврил Лесновски он лајн не сум порачувал и незнам дали праќат Како мислеш на пауза е?
Сакав онлајн да порачам бидејќи не живеам ни близу околината на градовите од Брегалничката Епархија. Сепак ти благодарам за оваа информација, не знаев дека имаат седиште и дека може директно да се отиде и да се купи.
Здраво да ве прашам каде можам да купам не онлаjн црковни книги на македонски утре или во понеделник? Ми треба Библија, Молитвослов и некои книги лесни за читање како Отец Арсениј или Несвети а свети Има ли во Марков манастир, или во некоја црква во Скопје? Или книжарница? Фала ви!
Несвети, а свети, би требало да има во Куманово. Молитвеници и Свето Писмо во повеќето цркви и манастири.
Да,освен Библијата читам и други книги поврзани со православната вера. Најчесто од Бигорски Манастир си ги купувам.