1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовна ризница - полезно и потребно

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 6 септември 2017.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Постои теми за Поуки и Житија на Светите Отци.
    Ваква тема нема, а се надевам дека на секого ќе му биде повеќе од добредојдена.
    Тука може да се објавуваат текстови кои на Православните Христијани ќе им бидат полезни и потребни во секојдневниот живот.

    Симболика на црковната свеќа

    -Свештеник Љупче Миланов

    Свеќата е еден дар со длабока симболика што му го принесуваме на Бога.

    Свеќата е симбол на Христа и Неговата светлина со која се растерува темнината во душата на човекот и во светот. Самиот Христос рекол: „Јас сум Светлина на светот, кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8,12). Оттука свеќата е симбол на мирот и љубовта, особини што треба да ги поседуваат христијаните.

    Свеќата ја симболизира чистотата на душата и девственоста, затоа што и пчелата и восокот имаат на себе посебни знаци на чистота и убавина и поради тоа одговараат како симбол за свети работи. Пчелите – работнички, кои прават восок, не се оплодуваат, живеат девствен живот, жртвувајќи се за заедницата.

    Свеќата е симбол на Божјата благодат, затоа што восокот доаѓа од разни мирисни цветови.

    Свеќата е симбол на Обожувањето што треба да го достигнеме, затоа што таа се пали со оган и постепено целата станува обземена од огнот.

    Палејќи ја свеќата, христијанинот треба да си спомнува за духовната светлина што ја добил при крштевањето и да се труди таа светлина целиот свој живот да ја сочува во својата душа. Како што свеќата запалена со својот оган осветлува сè околу себе, така и христијанинот, запален со љубовта кон Бога треба да ги просветлува сите и сè околу него.

    Палењето на свеќата секогаш треба да биде проследено со молитва. Кога палиме свеќа за живите, треба да ја просиме Божјата милост за нивно духовно и телесно здравје и спасение. Кога палиме свеќа за покојните, треба да ја просиме Божјата милост за населување на душата на покојниот во место светло, место блажено, во место мирно.

    Вака запалената свеќа, проследена со молитвите можеме да ја запалиме било каде, во храмот, во домот, на гробно место... таа го има истото значење.

    ЗОШТО СВЕЌИТЕ ШТО ГИ ПАЛИМЕ ТРЕБА ДА БИДАТ КУПЕНИ ОД ЦРКВА, А НЕ ОД ПРИВАТНИ ПРЕПРОДАВАЧИ?


    Црковната свеќа е направена со молитва и благослов (таа е осветена)!

    Приватната свеќа не е осветена!

    Каква е симболиката на приватната свеќа? Наместо да Му принесеме чист и светол дар на Бога, ние веднаш Го растажуваме. Кога посетуваме некој што ни е драг и мил и кога му носиме дар, се трудиме нашиот дар да биде убав, пријатен, свеж, веднаш да биде со радост прифатен од лицето на кое го даруваме. Колку ќе бидеме тажни и ние и саканата личност, доколку дарот ги нема овие карактеристики и не биде прифатен?

    Да, Бог е Милостив, но зарем ние треба да ја злоупотребуваме Неговата милост?

    Со секоја купена свеќа од црква, христијанинот директно учествува во возобновувањето и украсувањето на храмот од каде што ја купил свеќата.

    Со секоја купена приватна свеќа, христијанинот директно учествува во возобновувањето и украсувањето на приватниот дом на оној што ги продава таквите свеќи.

    Со купување на црковна свеќа, ние даруваме принос од материјалните богатства со кои Бог нас нè дарувал. Тие наши, макар и навидум,мали приноси, сепак се многу значајни за успешната хуманитарно-мисионерска дејност на Црквата. Треба да имаме на ум, дека секој топол оброк поделен во црковно-народните кујни е помогнат од нашиот принос, преку купената црковна свеќа; секоја облека дарувана на бездомниците и сираците, сме ја овозможиле и ние преку нашиот принос со купувањето на црковната свеќа; секоја испечатена книга за наша духовна поука и спасение, испечатена е благодарение на нашиот принос со купување на црковна свеќа; секое каменче соѕидано во храмот,секоја икона,секоја фреска,секое зрно темјан во кадилницата на свештеникот е благодарение на нашиот принос со купувањето на црковната свеќа.

    Не посакуваме продавачите на приватни свеќи да ги оставиме боси, гладни и жедни, но постојат други начини преку кои можеме да им помогнеме, доколку им е потребна нашата помош.
     
    На Presque vu, GirlLove, душленце и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Дали смее да се верува во бајачки и хороскоп

    [​IMG]

    Една жена го прашала свештеникот дали смее да верува во бајачки и хороскоп.

    - Не смеете - одговорил свештеникот - бидејќи и двете работи се сметаат за голем грев.

    - Како така, отец? - се изненадила жената. -

    Неодамна прочитав во хороскоп кој ден ќе ми биде лош. Како беше напишано така и се случи: во продавница ме покрадоа, на работата доживеав непријатности, а јас и момчето се скаравме.

    - А ти не верувај - одговорил свештеникот - и тоа нема да има никаква власт над тебе! Целиот живот на православниот човек зависи од Божјата промисла, неговите молитви кажани со жар и праведните дела.

    Должна си својата доверба да ја посветиш на Божјата милост, а не верата да ја посветуваш на тоа дали црна мачка ти го пресекла патот.

    Сепак, жената си правела по нејзино. Почнала да купува книги за баења, читала хороскопи и предвидувања низ дневниот печат. И оттогаш почнале да и се случуваат неубави работи. Гледала кој ден според хороскопот е добар за купување накит, па купила златни обетки кај некој циган. Се покажало дека златото е лажно.
    Друг пат наишла на календарот дека одреден ден не е добар за лекување, па одбила да оди во болница и сериозно се разболела.

    Тогаш се присетила на она што и зборувал отецот, но веќе било доцна.

    Бог допушта да се остварат прогнозите кога е човек слаб во верата или живее во безбожништво, не предавајќи се милоста Божја туку водејќи се по линијата на дланката, талогот од кафе или астрологијата. Тоа е праведна Божја казна за такво маловерие!

    Извор:Духовен семафор

    Еве еден пример од светиот старец Пајсиј: „Еден млад човек се заплеткал со некој бајач и се занимавал со магија. Потоа претрпел штета, се разболел и стигнал до болница. Неколку месеци потроши татко му, бидејќи тогаш немаа здравствено осигурување, за да видат што му е. Лекарите не можеа да му најдат нешто. Настана хаос. Што направи тогаш ѓаволот! Му се појави како Чесниот Претеча Јован, кого што го имаа како семеен закрилник, и му вели: ,Ќе те оздравам, ако изгради татко ти црква‘. Детето му го кажа тоа на татка си и тој кутриот рече: ,Дете ми е, колку имам ќе дадам, само да оздрави‘, и вети дека ќе му изгради црква на Чесниот Претеча.

    Ѓаволот си замина и детето оздраве. Направи… чудо! Еден ден таткото рече: ,Ветив дека ќе изградам црква. Треба да го исполнам таксаното‘. Не беа моќни финансиски, и, за да го изгради храмот, па ги продаде сите ниви што ги имаше. Го даде сиот свој имот. Неговите деца останаа на улица. Се разгневија,пусто да остане Православието‘ рекоа, и станаа Јеховини секташи. Гледаш што прави ѓаволот? Се чини, таму немаше Јеховини, па ѓаволот најде начин и таму да се појават!…“
     
    На Presque vu, душленце, Chica.Loca и 6 други им се допаѓа ова.
  3. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Старец Клеопа-Каде се душите на абортираните деца?

    [​IMG]

    -Душите на абортираните деца престојуваат на некое место каде што ниту е мрак, ниту е светлина. Ниту се радуваат, ниту се измачуваат. И тие повикуваат кон Бога: " Господи, зошто сме лишени од радоста на Твоето лице, оти ние не ја видовме сончевата светлина, не ја видовме убавината на земниот свет, ниту пак направивме грев?" И тогаш нивниот глас се крева до Бога, а Бог ќе ја бара душата од рацете на мајката убиец. Родителите пак, кои ги убивале своите чеда во утробата, ако ја извршат епитимијата, ги ослободуваат своите деца од таа состојба.
    - Една три години болна жена, која го изгубила своето дете и покрај својата волја, ве прашува што да прави?
    - Нека отиде на исповед кај својот свештеник и нека изврши епитимија која ќе и ја одреди, бидејќи ако не ја изврши на овој свет, ќе ја стигне оностраната епитимија.
    - Ако отецот не и наложи епитимија ?
    - Не, нека и наложи епитимија. Оној што го изгубил своето дете и покрај својата волја е отстранет од Светите Тајни за две години.

    Го прашуваме старец Порфириј како да се избориме со лошите и мрачни мисли

    [​IMG]

    Кога ќе се најдеш во некоја темна соба, не ја удираш темнината за да ја избркаш. Не исчезнува така. Отвори го прозорецот и пушти ја светлината внатре; со други зборови, потчини ѝ се љубовта Христова, и тогаш темнината ќе исчезне без да се трудиш.

    Кога ќе ти наиде лоша или мрачна мисла, или ти се заканува страв или искушение, не бори се со неа за да ја изгониш. Отвори си ги рацете за Христовата љубов и тој ќе те прегрне, а тогаш сѐ друго ќе исчезне само по себе.

    Кога твојата душевна градина е полна со трње (т.е. страсти), не труди се да ги искорнеш, зашто сѐ додека го правиш тоа, ќе се повредуваш и ќе се инфицираш од бактерии. Сета твоја сила насочи ја кон цвеќињата во твојата душа, нив полевај ги, и тогаш трњето само ќе исчезне. А најдобро меѓу цвеќињата е твојата љубов кон Христа. Ако ова цвеќе го полеваш и тоа порасне, сето трње ќе изумре.

    Извор: http://pravoslavie.mk.
     
    На Presque vu, душленце, Chica.Loca и 7 други им се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Бива ли да се работи во недела, оче? (26.08.2016)

    [​IMG]

    Секој наш свештеник знае колку често парохијаните му поставуваат навидум банални и непотребни прашања. Колку и да ни се чини дека одговорите се добро познати, честопати се случува ниту оној што прашува, ниту свештеникот кој одговара, да размислат за суштината на проблемот.

    Напросто, човек доаѓа за да му се каже „како треба“; свештеникот не објаснува, туку кажува „вака треба“. На овој начин, верата останува во темнина, непросветлена, на ниво на суеверие, обичај и фолклор. Бидејќи нашите луѓе просто сакаат да им се каже дека „така треба“, свештениците им ја задоволуваат оваа потреба за едноставност. Неретко и самиот свештеник како да не може да размислува за сопствената вера, туку и тој самиот ја прифаќа како збир на неразбирливи правила, чија единствена функција е да се смислостиви Насрденото Божество.

    Меѓутоа, таквиот пристап е во потполна спротивност со самата суштина на христијанската вера. На Светата Литургија, човековиот однос кон Бога и светот го нарекуваме разумна или словесна служба. Од една страна, тоа значи дека севкупната Тајна на верата, Тајна на Бога Кој на човекот му говори не може да се предочи со зборови, но од друга страна, и дека Тајната не е празноверие. Постои нешто неискажливо, но тоа не е просто командирско-војничко „тоа е така затоа што Јас така велам“, ниту магиско-вештерско „абракадабра“.

    – – –

    Можеби едно од најчестите прашања што верниците го поставуваат е поврзано со тоа дали, што и како може да се работи во недела. Не еднаш сум посведочил како нашите верници се расправаат за тоа дали во недела смее да се вклучи машина за перење или да се меси леб. И најчесто, и двете страни во спорот се повикуваат на својата баба која „така правела“ – аргументите се сведуваат на авторитетот на бабата.

    На нашите баби им должиме многу љубов и поклон доземи, но аргументот „мојата баба ме научи така“ тешко дека може да биде одлучувачки. Нашите баби на сите нас ни посакувале да имаме подобар живот, да учиме многу повеќе, па дури и да знаеме за нашата вера повеќе отколку што самите тие, во нивно време, можеле да знаат. Се восхитуваме на силата на нивната вера, но повикани сме да знаеме многу повеќе за нашата вера од нив.

    Но, зошто е потребно да знаеме за нашата вера повеќе од тоа „така треба“? Затоа што ХРИСТОС секогаш ги наведувал луѓето да размислуваат за суштината на Божјиот Закон (Тората), што Евреите го примиле од Бога. Кога Бог на Мојсеја му го дал Законот, Тој не го сторил тоа за самоволно да му наредува и да му „фаќа кусур“, туку за да му помогне и да го подготви за доаѓањето на Спасителот. За жал, со текот на времето, луѓето започнале формалистички да го сфаќаат Законот, како збир на обврски за кои не знаеме зошто постојат, но се детални и важни. Токму против таквото сфаќање на верата се борел и Самиот Христос, па оттука е апсурдно и тажно кога денешните христијани започнуваат да личат токму на книжниците и фарисеите од Негово време, кога прашуваат дали нешто смее или не да се работи во недела, а не го забележуваме човекот покрај себе.

    Не е човекот создаден за саботата, туку саботата за човекот.

    Се чини дека оваа често споменувана реченица била особено важна во раната Црква, зашто во Евангелието по Матеј е ставена речиси на самиот почеток од Христовото дело и проповед (втора глава, 17. стих). Всушност, суштината на овој и на многу други извадоци од Новиот Завет е иста: Законот не е даден за да биде формално почитуван, туку човекољубивиот Бог го дал Законот на човекот како помош. Саботата е еден од најубавите примери. Никој здраворазумен нема да прифати дека Бог буквално физички „работел“ шест дена, а потоа се „изморил“ (меѓу другото, тоа е спротивно со Неговата семоќ). Бог не „одмара“ затоа што Му е потребен одмор, туку за на човекот кој живеел во старовековната земјоделска култура да му сугерира дека треба и да одмори, дека во неговото постојано брзање да посее, ископа, искоси, врши, смести… треба да најде време за Бога и за самиот себе. Со саботата човекот се сеќава на својот однос со Бога, но и со самиот себеси. Затоа Бог му вели да не работи: но не само да не работи, туку и тој ден да Му го посвети на Бога. Да се собере во заедница, и тоа не само верска заедница, туку и семејството, друштвото.

    – – –

    Значи, неделата [како новозаветна сабота] Му е посветена на Бога и на нашите ближни. Тоа е суштински клуч за одговор на многу прашања. Како тогаш да знаеме „дали може да се работи во недела“?

    [​IMG]

    Најпрво, треба да се потсетиме дека во недела сме насочени кон Бога и кон другите. Тоа е денот кога треба да заборавиме на својот егоизам. Што може, а што не, да се работи во недела – е тешко да се каже надвор од контекстот на една ситуација.

    Меѓутоа, мора да предупредам на неколку широко распространети појави. Најпрво, тука веќе наведеното правење на списоци „ова може, а ова не“. Бог не е робот, и Христос не пострадал, ниту воскреснал за машината за перење, туку за човекот, за секој човек. Оттука, не треба да размислуваме дали Бог ќе ја расипе машината за прење која сме ја вклучиле во недела, туку што ние правиме, па не можеме да успееме еден ден во неделата да се оттргнеме од домашните задачи да Му се посветиме Нему. Ако знаеме дека порано имало луѓе кои буквално се бореле со глад, па сепак успевале да најдат малку време и волја неделата да им ја посветат на Бога и на другите – тогаш и денешниот човек го може тоа. За жал, кај нас е вообичаено човек од понеделник до петок да оди на работа, а сите домаќински работи да ги остави за в недела.

    Бог не е психопат, ниту садист. Тој знае дека неделата ни е потребна. Можеби некои, читајќи го ова, ќе одмавнат со раката, велејќи лесно му е нему, но јас морам да работам в недела. Точно, понекогаш мора. Но, зарем не работиме за да можеме да ги љубиме ближните? Зарем не можеме барем малку време и внимание да им посветиме на ближните и на Бога, па дури и на себеси? Оти, и Христос тоа ни го рекол: денот за одмор е создаден заради човекот.

    Игнет, Огнена Марија, Свети Илија Громовник, Руса Среда…

    Меѓутоа, она што особено го привлекува нашето внимание, и каде што лесно се воочува суеверниот однос кон неделата е следниот муабет: „Подобро ми е да работам во недела, отколку за Огнена Марија“. Неточно. Неделата е „мало Воскресение“, и тоа не во некакво преносно значење, туку буквално: во недела служиме најсвечена, воскресна литургија, која секогаш потсетува на Велигденската служба. Кога веќе треба да зборуваме за „тежината“ на празниците, тогаш неделата би ја сместиле во категоријата на Господови празници, како Велигден, Божик, Духовден…

    Во денешно време, вообичаено е медиумите од таблоидски карактер да шират суеверие, пишувајќи текстови од типот: „Денес е Преображение: еве што не смеете, и што мора да направите“. Можеби за другите е очигледно, но бидејќи никој не го кажува тоа, еве јас ќе кажам: ваквите текстови немаат никаква врска со православната вера. Напротив, тие се спротивни на нејзиниот карактер, зашто Христос не дојде за да им служиме на идолите, ниту да се држиме до некакви бесмислени суеверија. Патем, дури и да станува збор за информативни текстови поврзани со обичајната традиција, најчесто истите се многу лошо и непрофесионално напишани. Преку нив, Божјите светители се прикажуваат како опасни, злобни божества кои ете, маваат со громови или ги „закопуваат турските деца“. Тоа не се нашите светители. Тие не се пагански божества, и секој кој верува во ваквите претстави – несвесно богохули. Нашите светители живееле за Царството Небесно, за Христа, а не за да маваат од небото со громови.

    Молејќи Му се на Бога…

    Тогаш, како да се однесуваме кон празниците, особено кон неделата, како голем, а чест празник? Така што во недела ќе размислуваме за нашите пропусти и гревови, но и што ќе Му се радуваме на Богочовекот Христос Кого Го среќаваме на Светата Литургија, во Телото и Крва, но и во ликот на секој човек што ќе го сретнеме. Така што овој ден ќе настојуваме да размислуваме за нашите приоритети во животот: ќе одмориме од секојдневната трка за егзистенција или подобар живот; ќе се сетиме на оние за кои се бориме. А ако треба нешто да изработиме – ќе го изработиме. Не постои список на дозволени и недозволени работи. Она што постои е разделеноста меѓу Бога и човекот, растојание кое Бог е секогаш спремен да го помине, ако и само ако и човекот тргне во Негов правец. Неделата е повик да појдеме кон Бога. Ако натаму појдеме, тогаш сме се упатиле кон својата татковина…



    Отец Дарко Ѓого, свештеник, професор и декан на ПБФ во Фоча, Р. Српска, БиХ
     
    На Presque vu, душленце, macush1 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.055
    Допаѓања:
    76.056
    Пол:
    Женски
    - Непрестајното Божјо промислување за секого од нас -

    Често пати Бог, мудро промислувајќи за нас, нè води по макотрпни, едвај проодни, животни патишта, но Он добро знае по кои патишта нè води во Своите рајски градини.

    Тоа е едно од основните Божји својства – да гледа сè што постои, што постоело и што ќе постои во иднина и поседува семоќна грижа за зачувување на созданието и разумно управување со настаните кои таа ги остварува.

    Свети Јован Дамаскин за ова го вели следново: Промислата е Божја волја, која содржи сè и со сè разумно управува.

    Она што нам ни се чини случајно, всушност се случува по Божја волја

    Доколку разгледуваме било какви настани и појави, не проникнувајќи до нивните причини и последици, тогаш многу нешта ни се чинат случајни.

    Доколку гледаме на нив од витинската гледна точка, односно доколку судиме за појавите по Божја Промисла, ќе видиме дека во светот нема ништо случајно, што се случува без Божја волја и Промисла.

    Божјата Промисла (Божјата грижа) е безгранична и опфаќа се што можеме да замислиме. Семоќниот Бог во еден миг продира и ги гледа сите места: висината на небото и ширината на земјата, длабочината на морето и незнајните места во подземјето.

    Во сите дела на Божјото управување прекрасно свети Неговата Промисла и грижа, која не само што се остварува на својата творба, туку ì е својствена нејзе и пребива во неа.

    Ние слепите, мислиме дека многу работи се случуваат по слепа случајност, тогаш кога сè без исклучок се случува според предвечната Божја Промисла и Неговата добра волја.

    Августин точно рекол:

    Сè она што несфаќајќи сметаме дека се случува случајно, неразумно и без било каква Божја Промисла, всушност се случува по Божјо уредување.

    Да го објасниме тоа преку следниот пример: Сопственикот ги праќа двајцата слуги на едно исто место, ама по различни патишта, не кажувајќи му за тоа ни на едниот ни на другиот.

    Нивната средба на тоа место е СЛУЧАЈНА во однос на нив самите, тие не знаеле дека ќе се сретнат, но не е случајна во однос на нивниот сопственик.

    Така сиромавиот пронаоѓа закопано богатство случајно, но за Бог, кој сакал богатството да биде таму закопано, за да може сиромавиот да го пронајде и да се збогати – тоа веќе не е случајност, туку Божја, татковска Промисла, со која се збогатува сиромавиот.

    Кај Бог нема случајност. Често се залажуваме нарекувајќи го случајно она, во кое се открива највозвишената Божја Премудрост и Промисла....

    Зошто да насочуваме тажни пискоти против најмудриот и многу сигурен Патеводител во нашиот живот?

    Зошто, доколку одиме по патот што Бог ни го одредил, да велиме: „Каде нè водиш?

    Изгледа одамна сме застраниле од вистинскиот пат“.

    – „Не тагувај, пријателе мој! – таинствено ни говори Бог: Само верувај Ми. Ќе те однесам среќно и нема да зажалиш кога ќе го завршиш патувањето“.

    Така секој од нас го следи Божјата Промисла на животниот пат од денот на раѓање до денот на влегување во вечен живот, само доколку останеме верни на Божјото раководство, на кое нам нашиот Спасител ни укажа во Своето Свето Евангелие....“

    Свети Јован Тобољски
     
    На Presque vu, душленце, Chica.Loca и 6 други им се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Три приказни за женската храброст: Абортус-тоа е незамисливо
    [​IMG]

    Се стернавме со организаторката на здружението на граѓани «Жени за животот», Наталија Москвитина и ја замоливме да нѝ раскаже за мајките, кои одлучиле да не појдат на чедоморство, наспроти сите замисливи и незамисливи аргументи и околности.
    «Жените, со кои јас се сретнувам, имаат сосема различни судбини и се наоѓаат во различни околности. Но, сите ги спојува едно, ним им е насушно потребна љубовта-емотивно раскажува Наталија. -Доволное просто да им се стави до знаење дека не се сами, за да се одречат од чедоморство... Ова се приказни на изгубени жени, како ги нарекувам јас, кои се нашле во услови на борба.»

    Прва приказна
    Лекарска грешка или чудо

    Денес Наталија Москвитина е прекрасна жена и мајка на четири деца, која секојдневно наоѓа
    вистински зборовии влијае на жените да не извршат страшен грев.
    А некогаш и неа самата три пати се обиделе да ја уверат дека мора да направи чедоморство.
    Наталија имала такво чувство дека во нејзиниот живот сè се случува наспроти сите медицински дијагнози.
    На пример, таа забременила веднаш после конечната пресуда за неплодност. Лекарите прво долго се чуделе и дури и веројатно се радувале заради Наташа, но, потоа ја посоветувале во шестата недела да ја «прекине» својата, со чудо, дарувана бременост. Главната прчина за тоа било што кај плодот не се слушало чукањето на срцето, додека мајката чувствувала силни болови во долниот дел на стомакот.
    «Најверојатно плодот не се развива и нема смисла да се бориме за таа бременост»-рамнодушно рекла лекарката на женското советување и седнала да напише упат за «чистење».
    Но, Наташа одбила да верува во лошото: срцето и говорело дека детето е уште живо. Цел ден седела пред ординацијата на гинекологот, барајќи да ја примат во болница под надзор на лекар. Лекарката се согласила со нејзините барања и дури пред да падне ноќ, Наташа била сместена во болничка соба.
    Ја пробдеала целата ноќ, молејки се за своето дете.
    Осамнало утрото и во нејзината соба дошол на преглед друг доктор. Со добродушна насмевка, забележувајќи ги темните подочници и молитвеникот кој го држела во прегратка, и ја стегнал раката и ѝ го кажал она што најмногу посакувала да го чуе: «Немој да се грижиш! Сигурно ќе го спасиме твоето дете.»
    Наташа ја однеле на ултразвук и таа со олаеснување дознала дека нејзиното малецко е живо и дека на неговиот живот ништо не се заканува.
    «Никогаш нема да заборавам што чувствував во тие моменти. Таа ноќ во болницата, исполнета со ставови и очекувања, личеше на пекол,- се сеќава Наташа, -но, затоа пак, кога дојде новиот ден и новиот лекар, во мојот живот блесна рајот.»
    Така на светот се појавила апсолитно здравата Полина.

    [​IMG]

    За време на втората бременост, лекарите повторно се обиделе да ја наговорат на абортус. Овој пат причината била хипотетичка дијагноза-синдромот на Даун.
    Како резултат на борбата се родил апсолутно здравиот Петар.
    По пет месеци откако тој се родил, Наталија повторно затруднела.
    Повоторно и тука, лекарите, како јастреби, се устремиле на неа и се обиделе да ја принудат да изврши чедоморство. Заради тоа наведувале многу различни аргументи. Прво и советувале да се «одмори после второто породување», потоа ја плашеле со беспарица и сиромаштво, интересирајќи се за заработката на сопругот. Но, последниот и одлучувачкиот повод бил тој што Наташа пиела антибиотици во првиот месец на бременоста: «Абортусот е единствен излез за вас! Без никаков сомнеж, ако воопшто се роди, детето ќе биде со аномалии. Можеби без рака или нога... Зошто ви е тоа потребно?»
    Навистина после породувањето таа силно настинала и и препишале многи јаки препарати.
    «Плачев и се молев, клечејќи цело време. Најтешко беше да се сфати дека сама сум му наштетила на своето дете... Но, морав да ја продолжам борбата, без обѕир на сè,-се присетува наташа.-Мојот маж во тој момент се оддалечи од мене, што не е ниту чудно, и заради тоа ми беше двапати пострашно. Веројатно баш поради тоа највеќе од сè спознав што чувствува изгубената жена, која ја изгубила надежта и поддршката на ближните.»
    Меѓутоа, наспроти сите прогнози, контролниот ултразвик во дванаесетата недела на бременоста не покажал никакви аномалии на плодот.
    Така на свет дошло уште едно здраво дете.
    Од тогаш, Наталија се грижи да оди кај лекар што поретко. Во четвртата бременост намерно го избегнала скринингот: «Само давав крв и урина на анализа. Тоа е сè што ми беше потребно, за да ја пратам состојбата на своето дете, а во сè друго се потслонив на Господ.»
    За време на нашиот разговор околу нас трчкаа и скокаа убаво облечени деца. Полина, најстарата, со внимание ја слушаше приказната на нејзината мајка.
    Им предложивме да се сликаме заедно.
    «Децата ги дарува Господ, Он и одлучува, какво ќе биде моето дете»-се смее Наташа, радосно гушкајќи ги своите четири деца.
    Којзнае што би се случило, да не се сретнеше Наташа на својот животен пат со толку компликации. Можно е тогаш и да не постоеше здружението «За животот»....А без него не би биле ни спасените животи, новите победи над гревот.

    [​IMG]

    Втора приказна
    «Ако осудуваш друг, тоа и тебе ќе ти се случи

    Ксенија и Роман се венчаа веднаш после факултетот. Нивната љубов и хармонија беа несокриен предмет на зависта на сите колеги од генерацијата.
    Кога Ксјуша забременила, Рома на раце ја носел својата љубена, купувајќи ѝ го сето овошје од тезгите во зимско доба. Без обѕир што бременоста течела среќно и идилично, породувањето било тешко. Нивниот првенец Олег се родил слаб и првите два дена го држеле во специјален инкубатор за новородени.
    Ксенија доаѓала и го гледала своето мало синче, покриено со цевчиња и горко плачела. А од собата преку патот излегувале задоволни и како што тогаш ѝ изгледало, подотерани жени од неа. Медицинската сестра и раскажала дека во таа соба се наоѓаат жени, кои се подготвуваат да извршат абортус.
    Таа новост ја потресе осетливата душа на Ксјуша до длабината на душата: «Што се случува овде, додека јас се молам за здравјето на својот син, тие доброволно ги убиваат своите деца?!»
    -Како можат?-вознемирено му говорела на својот маж преку телефон.-Како тие можат тоа да го прават?!
    -Па,-воздивнал Рома,-ти си така добра. А тие веројатно се поинакви...А, воопшто Ксјуша, кој знае во каква ситуација се тие!
    -Ситуација?! Во каква и да си ситуација, тоа не е причина да го убиеш своето дете! Јас просто знам сто отсто, дека такво нешто никогаш не би направила!-викала таа во слушалката.
    Од таа изговорена фраза поминале многу години.
    Олег, нивниот првенец, завршувал шесто одделение, Дарја-второ, а најмладото само што тргнало во градинка.
    Ксенија не стигнала да се вработи, нејзината диплома на одличница собирала прашина заедно со крштениците на децата. Затоа пак Роман, се печел на работа од рано утро до доцна навечер.
    И тука во нивното семејство кое било за пример, како на многумина им изгледало, дошла несреќа.
    За време на новогодишната работна забава, колешката на Роман, која малку повеќе испила, ѝ раскажала на Ксенија дека нејзиниот маж има љубовница, веќе долга низа години. Настапил долг период на скандали и меѓусебно обвинување. Конечно, спознавајќи дека не е спремна да ја прости прељубата, Ксенија покренала бракоразводна парница.
    Рома не се противел нешто ососбено и барал поделба на имотот, што било потполно неочекувано за Ксјуша: «И јас морам некаде да живеам, а тој стан го заработив ринтајќи во потта на лицето свое, додека ти седеше дома. Ти ни скршена пара не вложи во нашиот буџет!»-викал тој, нервозно пакувајќи ги своите работи во кутија.
    Токму во тој неприкладен момент, ксенија дознала дека повторно е трудна.
    «Што, уште едно дете? Сега кога се разведувам? Кога сум принудена да барам работа, за да издржувам три деца?»-мислела таа. Тука се јавила и одлуката за абортус.
    На тој начин, и таа, мајка со повеќе деца и пристојна жена, се нашла во собите за абортус, потполно уверена во исправноста на совјата постапка. Сепак, Ксенија во душата чувствувала беспокојство и неможела да престојува во таа соба и да разговара со другите жени.
    Излегла во ходникот за да биде сама и ненедејно забележала млада жена, коај ридала. Таа стоела покрај прозорот и разговарала по телеофон. Ксенија неволно го чула нејзиниот разговор.
    -Го закачиле на разни цевчиња, сиот жолтеникав, мал, но така убав. Ох, само да можеш да го видиш...Да, јас исто така се надевам дека сè ќе биде добро... Се молам над него,-жената се расплакала па се смирила. -А тука блиску извршуваат абортуси, дали тоа можеш себеси да си го претставиш?! Да: од една страна раѓаат,а од друга -убиваат. Тоа е ужасно! Не ги разбирам тие жени: какви околности можат да натераат некого да го убие сопственото дете?! Јас тоа никогаш не би го направила. НИ-КО-ГАШ!
    Ксенија се скаменила, пред очите и пролетал целиот живот. Таа се вратила назад во собата, за да ги собере своите работи, никогаш таму да не се врати.
    Треба да се каже, дека четвртото малецко ја разбудило љубовта помеѓу сопрузите. Кривецот Роман дошол во породилиштето да го земе својот најмал син, се покајал и молеле за прошка. Ксенија пак, одамна се смешкала и простила. Зар таа има право своеволно да ги лиши своите четеири деца од татковата љубов?

    [​IMG]


    Трета приказна
    «Ве повикуваме на свадба»

    Олга пораснала во сиропитлаиште и секогаш мечтаела да живее во семејство. Уште додека била сосема мала, ги пружала рачињата кон можните усвоители со надеж дека ќе ја изберат токму неа. Но, времето минувало, а неа никој не ја избрал.
    Кога Оља наполнила 12 години, надежта дека ќе стане дел од некое семејство исчезнала. Сепак за некое време се појавил нов сон:
    -Ќе излезам одовде и ќе запознаам добро момче. Ќе се венчаме и ќе направиме многу-многу дечиња.... Ќе имам голема куќа, ќе ме опкружуваат драги и блиски луѓе, моето семејство.
    Никој не ја научил да изгради врска. Сите нејзини познанства се ограничувале на филмови, кои успеала да ги гледа во сиропиталиштето и на вулгарните дофрлувања на Миша од нејзината група. Во Миша таа тогаш скоро и да се заљубила, додека тој не прешол на Ирина. Другите момчиња Олга не ги интересирала особено.
    Така настапил тој одлучувачки момент, кога Олга престанала да биде под контрола на воспитувачите и зачекорила во животот на возрасните. Лесно се запишала во вишата школа и се преселила во мала соба, која државата и ја овозможила.
    Набрзо потоа дошло до познанство, кое таа долго го чекала. Тоа познанство не било со таму некое момче, туку со странецот Мајкл, кој по некое чудо дошол на една нивна студенстска забава. Мајкл зборувал со убав акцент, модерно се облекувал и бил сосема поинаков од момчињата од домот. Но, главно е тоа што то ј бил првиот кој сакал сериозна врска со Оља.
    Веќе замислувала како ќе го зачуди своето друштво и воспитувачите, кога ќе добијат покана за нејзината свадба: «Олга и Мајкл ве повикуваат на својата веселба!»
    Меѓутоа, странскиот младоженец исчезнал исто така неочекувано како што и се појавил. Не се јавувал на телефон, никој од нивните зеднички познаници не знеле каде се наоѓа нејзиниот сакан. По месец дена Оља приметила дека чека дете.
    Потполно изгубена, се обратила на своите бивши воспитувачи, кои едногласно и рекле да изврши абортус:
    -Тебе те издржава државата, како тогаш ќе можеш да го издржуваш детето?-мафтала со рацете, стоејќи пред неа, нејзината омилена тетка Зоја. -Ако не абортираш, можеш веднаш да се простиш со својот сон да се омажиш. Никому и вака не си потербна, а со туѓо дете никој нема ни да те погледне.
    Последниот аргмент звучел најубедливо.
    -Можеби тие се во право, треба да абортирам-безнадежно воздивнала. Но, за среќа баш во то ј момент дознала за фондот «Жени за животот».
    Членките на ова движење успеале да ги најдат вистинските зборови и да ја убедат Оља дека бременоста, под какви било и околности да настанала, скоро секогаш води кон среќа. Притоа ја увериле дека таа не е сосема сама на овој свет.
    По некое време идната мајка пратила на своите спасители покана: «Олга и Иван ве повикуваат на својата веселба.»
    Нејзиниот сон се остварил. Наспроти сите прогнози, таа успеала да најде љубов и се подготвувала за свадба.
    Бившиот штитеник на домот за незгрижени деца Вања, ја запознал трудната Олга во вишото училиште и веднаш почувствувал дека сретнал сродна душа. Се испоставило дека и тој секогаш мечтаел за големо семејство и бил задоволен што негвата сакана ќе роди дете.
     
    На Presque vu, душленце, macush1 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    АНГЕЛИ И ЛОШИ ДУХОВИ ИЛИ ДЕМОНИ

    Ангелите се небесни суштества што ги создал Бог пред постоењето на нашата Земја и луѓето. Зборот ангел значи пратеник (Мал.3,1) Добрите ангели се службени духови „Определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението (Евреите 1,14).

    ДОБРИТЕ АНГЕЛИ И НИВНИОТ БРОЈ
    1. Дали ангелите постоеле при создавањето на човекот?

    „Откако, пак, го изгони Адама, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото и животот„ (1.Мој.3,24).

    2. На кого му се потчинети небесните ангели?

    „ Кој, откако се вознесе на небото, е одесно на Бога, а кому му се покоруваат ангелите, властите и силите„ (1. Петрово 3,22).

    Христос е војсководител на небесната војска (Ис. Навин 5,13-15).

    3.Што кажува апостол Павле за нивниот број?

    „Вие пак, пристапивте кон планината Сион и кон градот на живиот Бог, небесниот Ерусалим, и кон десетина илјади ангели„ (Евреите 12,22; види Данило 7,10).

    4.Што кажува Божјата реч за силата и карактерот на ангелите?

    „Славете го Господа, ангели Негови, вие со сила моќни, кои ги извршувате Неговите наредби и го слушате гласот на Неговите зборови„ (Пс. 103,20).

    СЛУЖБАТА НА АНГЕЛИТЕ
    1. Каква работа им е доверена на ангелите?

    „Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението (Евр. 1,14; види Пс. 37,4).

    Ангелите не упатуваат на добро и ни донесуваат од Бога благослов и помош што ни се потребни.

    2. Како бил спасен Данило од смрт во лавовска јама?

    „Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, оти јас излегов пред него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап„ (Данило 6,22).

    3.Како биле ослободени апостолите од затвор?

    „Но, преку ноќта ангел Господов ја отвори вратата од затворот, и, откако ги изведе, им рече… „ (Дела 5,19; 12,7-10).

    Физичките закони не можат да бидат пречка за ангелите во нивната служба. Нема место каде што ангелите не можат да дојдат да му помогнат на Божјото дете.

    4. Секој човек има свој ангел придружник или чувар.

    „ Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мјот Отец небесен„ (Матеј 18,10;Проп. 5,6).

    На пророкот Езекил во видение му бил покажан еден ангел придружник како „Човек облечен во ленена облека со писарска опрема во појасот„ (Езекил 9,2). На небото постојат книги во кои се чуваат извештаи за земните жители (Малахија 3,16). Тие извештаи се непогрешни. Ангелите придружници бележат секое наше дело, добро или лошо, секој изговорен збор, па дури и нашите тајни мисли и побуди се запишани во небесните книги.

    5. Каква фунција вршат ангелите на небесниот суд?

    „Видов најпосле дека се поставија престоли и седнат старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; Престолот Негов личеше на огнен пламен, а тркалата му беа како оган што пламти. Река огнена излегуваше и минуваше пред Него;Илјада илјади му служеа, и десетина илјади по десет илјади стоеа пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија„ (Данило 7,9.10).

    Бидејќи ангелите се службени духови и водат извештај за нашиот живот, јасно е дека тие ќе бидат присутни на небесниот суд како сведоци.

    ЛОШИТЕ ДУХОВИ ИЛИ ДЕМОНИ
    Сатаната и демоните се паднати ангели. Сатаната е причина за сето зло на овој свет, но тој е толку лукав во своите измами, што малку има такви кои веруваат дека тој постои. Тој ги вдахнува со свои мисли оние што ги прифаќаат неговите искушенија. Секоја себичност, секое лакомство, сомневање, страв, завист, кавга, омраза и војна; секое лошо и ниско дело – сето тоа е резултат на неговото влијание.

    1. Кој е сатаната?

    „Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажец и татко на лагата„ (Јован 8,44).

    2. Како се нарекува?

    Сатаната се нарекува „бог на овој свет„ (2.Кор.4,4); кнез на овој свет (Јован 14,30); кнез кој владее во ветерот (Ефес. 2,2).

    3. Каде се фрлени сатаната и неговите ангели откако биле победени на небото? (2.Петрово 2,4; Отк. 12,9-12).

    4. Што прави сатаната со своите демони на земјата?

    „Бидете трезвени, бидете будни, зашто вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика и бара некого да го проголта„ (1.Петрово 5,8).

    5. Против кого христијанинот мора да се бори на оваа Земја?

    „Облечете се во сето оружје Божјо, за да се одржите против ѓаволското лукавство; оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните Духови на злобата„ (Ефес.6,11.12)

    Сатаната го искушувал дури и Исуса и сакал да го победи, но Исус никогаш не му подлегнал на влијанието на сатаната. Исус го победил сатаната како со својот живот, така и со смртта на крстот. Сатаната е победен непријател. Тој не може да не наговори на зло без наша согласност. Божјата реч не советува: Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете ми се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас„ (Јаков 4,7).

    СПИРИТИЗМОТ – ГОЛЕМА САТАНСКА ИЗМАМА
    1. Што е тоа спиритизам?

    Спиритизмот е верување дека живите можат да одржуваат врска со мртвите; со други зборови, спиритизмот тврди дека смрт не постои, дека духовите на умрените можат да им се јавуваат на живите. Според учењето на спиритистите, духовите на умрените имаат можност и на другиот свет да се усовршуваат и дека на крај сите луѓе ќе бидат спасени без оглед како живееле на оваа Земја.

    2. Од кога постои спиритизмот?

    Спиритизмот потекнува уште од најстари времиња. Тој во минатото само ги менувал своите облици. Уште во рајот сатаната тврдел дека првите луѓе нема и не можат да умрат, зашто се бесмртни како боговите (1.Мој.3,4). Сатаната и понатаму ги заведувал луѓето во овој правец, учејќи ги дека смрт не постои, туку дека таа е само премин во друга состојба. Речиси сета незнабожечка служба се состои од принесување на жртви на мртвите, мислејќи дека тие сеуште живеат и дека се занимаваат со настаните на земјата меѓу живите. Спиритизмот е познат кај Индијанците, Египќаните, Асирците, Вавилонците, Грците, Римјаните, секогаш во друг облик, но суштината му е иста.

    3. Каква опомена му дал Бог на својот народ во врска со спиритизмот? – 5.Мој. 18,9-13.

    4. Како се појавил модерниот спиритизам?

    Модерниот спиритизам се појавил во САД во 1848 година. Во местото Хајдсвил, недалеку од Њујорк, во куќата на семејството Фокс, на 31 март во 1848 година се слушнало таинствено тропање. Мајката и нејзините две ќерки биле будни. На прашањето кој тропа, тропањето престанало. На прашањето дали тропа живо суштество, не дожол никаков одговор. А на прашањето дали тропа мртовец, се слушнал жесток удар, што наводно требало да значи потврден одговор. При тоа се развил опширен„ разговор„ меѓу мајката Фокс и непознатиот дух. Мајката поставила прашање: колку години има мојата ќерка Маргарета? Тогаш се слушнале дванаесет удари, што значело дека таа има дванаесет години. На прашањето колку години има помладата ќерка Катарина, се слушнале девет удари. На прашањето дали оној што тропа е човек, не дошол одговор. А на прашањето дали е дух, даден е позитивен одговор во вид на еден удар. На тој дух му се поставени многу прашања на кои тој одговорил со отчукувања. Духот објаснил дека тој е духот на трговецот патувач Чарлс р. Розме, кој пред извесно време е убиен во оваа куќа. Духот исто така кажал кој е убиецот и каде треба да се копа за да се најде телото на убиениот. На означеното место во подрумот навистина се најдени коски.

    5. Кои се тие таинствени духови?

    Според Светото писмо, сите мртви спијат и не можат да одржуваат врска со живите (Проп. 9,5.6; Пс. 146,4). Па тогаш кој се јавува наместо умрените? Има само два вида на духовни суштества: ангели кои никогаш не згрешиле и демони, чијшто татко е ѓаволот (Јован 8,44), кои бараат некого да го прелажат, да заведат и да упропастат (1.Петрово 5,8). Значи/ тие духови можат да бидат само демоните кои се фрлени на Земјата (Отк. 12,9.12) и тука ги лажат луѓето очекувајќи ја и својата сопствена пропаст.

    6. Според Христовите Зборови, што е модерен спиритизам?

    Спиритистите тврдат дека Христос се јавува на нивните сеанси што ги одржуваат во разни соби, но Исус ни кажува: Не верувајте! Тоа се само чуда за да ги прелажат избраните (Матеј 24,24). Христос однапред не предупредува.

    7. Какви се последиците на поврзувањето со духовите во спиритизмот?

    Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачи (1.Днев. 10,13).

    8. Каква е судбината на сите вражари?

    „А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт„ (Отк. 21,8).

    9. Како можеме да се заштитиме од сатаната и од неговата лажна наука?

    „ Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас„ Јаков 4,7).

    Исус го победил сатаната со Божјата реч. Со истото оружје треба да се вооружиме и ние против сатаната и против неговите измами. Ако знаеме што учи Светото писмо и ако го држиме тоа, сатаната не ќе може да не прелаже. Околу оние што го сакаат Бога, Бог поставува ограда од свети ангели (Пс. 37,7; За Јов 1,9.10) и сатаната не ќе може да им се приближи. Моќта на сатаната е голема, но Божјата сила да не заштити е уште поголема!
     
    На душленце, macush1, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    ТЕТОВИРАЊЕТО И ПРАВОСЛАВИЕТО

    Кој од нашите читатели не искусил нешто од следново? Влегувате во продавница да купите векна леб. Пред вас, до касата стои средовечен човек облечен во маица без ракави. Неговите раце, а изгледа и останатиот горен дел од телото, се покриени со разнобојни и најразновидни тетоважи. Се обидувате да не гледате, но од глетката на оваа „уметност“, во најмала рака, ви се гади. Човекот купува и си заминува. Вие сте на ред на касата, каде што ве пречекува пријатна млада дама. Погледнувате во неа и забелажувате дека е „украсена“ со различни „piarsi“ во нејзиниот нос, уши па дури и очни капаци. Болно е да се гледа во неа. Плаќате за вашата векна леб, без да гледате во неа, и си заминувате најбрзо што можете, правејќи си ментална забелешка следниот пат да купите леб од друго место.

    Живееме во слободно општество . Секој има право да прави што сака со своето тело, да го обезличува на каков начин што сака. Но дали е тоа во ред? Дали е дозволиво за православниот христијанин да става „piars“ на своето тело, или да го шара со тетоважи? Нашето првично чувство, она што го имавме на касата во продавницата, е дека тоа не е дозволиво. Но зошто е така? Дали можеме да го поткрепиме нашето внатрешно, вродено чувство на одбивност кон такво физичко огрдување, со некои рационални објаснувања и аргументи? Изгледа можеме.

    Прво, за ова има директна и јасна забрана во Светото Писмо. Во третата книга на Библијата – Левитска, можеме да го прочитаме следново: „Заради умрен не правете рецки по снагата своја и не цртајте букви по телото свое. Јас сум Господ, вашиот Бог“ (19: 28).

    Понатаму, ако погледнеме во историјата на тетоважите и пирсингот, можеме да видиме дека има директна корелација со паганизмот. Еве што Тери Воткинс (Terry Watkins) и истражувањата на интернет имаат да кажат за тоа, во неговата статија насловена „Тетовирање… ти, обожуваш, ти, не знаеш што“: „Низ историјата, тетовирањето го носи белегот на паганизам, демонизам, обожување на Баал (бог кај угаридските Семити – заб. на. прев.), шаманизам, мистицизам, безбожноштво, канибализам и скоро секое друго познато паганско верување. Тетовирањето НИКОГАШ не било поврзано со христијаните кои веруваат во Библијата. И било кога и било каде да се појави христијанството во историјата – тетовирањето исчезнува. Единствен исклучок, ХХ век, рамнодушни, световни, непослушни христијани. Раѓањето на тетовирањето секогаш било плод на паганската религија и мистицизам. Без исклучок, истражување по истражување, студија по студија, книга по книга, корените на тетовирањето никогаш не се менуваат“ (www.biblebeleivers.com/watkinstattoos).

    Тетовирањето и пирсингот не се без медицински ризици. Високиот ризик од пренесување на болести, како што се хепатитис Б и Ц, тетанус и ХИВ вирусот, за време на овие процедури јасно е дефиниран и опширно документиран од CDC. Добар пример за ова е проширувањето на хепатитис Б во 1961 година во Њујорк, после кое тетовирањето беше забрането со закон, сè до 1997 година, кога повторно беше легализирано. Сè до денес, Црвениот Крст нема да ви дозволи да донирате крв 12 месеци откако сте направиле пирс или тетоважа. Вие претставувате висок ризик за пренесување на хепатитис или ХИВ вирус на примателот на вашата крв.

    Ако ова не е доволно, да го разгледаме и следново. Црквата нè учи дека во животот што доаѓа, нашите тела ќе воскреснат и повторно ќе се соединат со нашите души. Што знаеме за овие тела, кои праведните ќе ги имаат по воскреснувањето? Како прво, во суштина, овие тела ќе бидат истите што ги поседуваме сега. Свети апостол Павле ни кажува: „Зашто распадливото (тело) треба да се облече во нераспадливо, а смртното (месо) – да се облече во бесмртно“ (1. Кор. 15: 53-54). Понатаму, светите Отци на Црквата ни кажуваат дека телата на праведните ќе бидат како Телото на нашиот Бог и Спасител Исус Христос, по Неговото славно Воскресение. Тие ќе бидат трансформирани, повеќе духовни тела, но тие ќе ги задржат карактеристиките кои ги имале во претходниот живот.

    Кога по Неговото Воскресение, нашиот Господар им се покажува на Неговите следбеници, тие се престрашени и исплашени, зашто претпоставуваат дека Он е дух. Сепак, Он ги разуверува, велејќи им: „Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам“ (Лука 24: 39). Он е во состојба да помине низ заклучени врати (Јован 20: 19), сепак, следбениците Го препознаваат дека Он е без сомнение нивниот Учител, Кој стои пред нив. Нашиот Господар јаде парче риба и саќе во присуство на Неговите ученици (Лука 24: 42); кога на апостол Тома му било кажано дека Бог воскресна, тој реагирал со неговите познати зборови на сомнеж: „Дури не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и на ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“ (Јован 20: 25). По осум дена Бог повторно им се прикажува на учениците и го отстранува сиот сомнеж од срцето на Тома говорејќи: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ (Јован 20: 27). Господовото воскреснато Тело беше трансформирано, повеќе духовно тело, но сепак ги задржа лузните од Неговото страдање на крстот. Белезите од клинците на Неговите раце и стапала од приковувањето на крстот и лузната од раната нанесена од римскиот војник, од која протекла крв и вода, јасно се видливи.

    Зарем не држи место причината дека, секој белег, со кој што ги обележуваме нашите тела, било какви дупки да правиме на нашето тело со игли и клинци, тие ќе бидат видливи на нашите воскреснати тела? Тие ќе бидат остатоци, лузни од грешно и скверно однесување. А, ние знаеме дека ништо скверно не може никогаш да влезе во Царството Небесно.

    Јас знам дека оваа забелешка ќе биде прочитана од некој верник, кој во одреден период од својот живот набрзина одлучил да се истетовира или да стави пирс. Бог е милостив. Нема грев од кој, доколку искрено се покаеме, Бог нема да нè ослободи. Ако некој има тетоважа која може да биде отстранета без ризик за здравјето, тогаш таа треба да се отстрани. Ако некој ги има тие обетки и игли на некој дел од своето тело, тие треба веднаш да се отстранат. Потоа истиот треба да појде кај својот духовен отец (обично неговиот парохиски свештеник) и да го моли Бог за прошка на неговиот грев преку светата Исповед и Бог ќе му прости, зашто Бог е милостив. И тие од нас, кои размислувале да го истетовираат името на својата девојка или момче на својот зглоб, или да го пробушат носот, еднаш-засекогаш би требало да сфатат дека тоа не Му е угодно на Бога.

    Објавено во: „The Voice“, публикација на Австралиската епархија на Руската Православна Задгранична Црква, бр. 7 од 2007 година.

    Автор: архиепископ Григориј (Науменко)


    Противотров за депресијата

    Нашето време е окарактеризирано како време на раскош и конзумеризам.

    Сета технологија, напредокот на науката, многуте уживања и материјалните наслади заедно со економската криза создадоа многу проблеми кај луѓето и наезда на психолошки проблеми: мрачни лица, разни неврози, страв, смут, стрес тага и притосок.

    Дури и младите се раздрмани од интензивни проблеми, внатрешни конфликти, душевни болести и неподносливи изолации. Убави, млади, образовани и богати луѓе се без насмевка – депресивни и песимистични. Ова е епоха на освојувања, откритија, профит и успех, но луѓето се чувствуваат осамени, без душевно здравје и без утеха и радост. Во мода се меланхоличните лица. Однесувањето на младите, разните ноќни забави, навлекувањето на наркотици, прекумерната конзумација на алкохол, болната зависност од многучасовното седење на интернет и многу други слични нешта само го заоструваат проблемот и не нудат никакво решение. Некои луѓе по секоја цена сакаат да го уништат своето здравје, да го скратат својот живот, без никаков интерес за иднината. Статистиките се многу тажни. Денес, во целиот свет страдаат 340 милиони луѓе од сериозни проблеми со душевното здравје. Светската здравстена организација известува дека повеќе од половина од населението во Европа и Америка страда од депресија, меланхолија, лесна форма на депресија.

    Современиот човек искрено и со болка сфати дека, ниту младоста, ниту убавината, ниту славата и успехот, ниту многуте пари и прекрасните облеки не ја даваат толку очекуваната радост и хармонија.

    Но, зарем оваа мрачна состојба не им одговара на големите корпорации да се збогатат, произведувајќи антидепресиви? Светите отци на нашата Црква велат дека прекумерната депресија е од лукавиот дух на тагата, кој води до депресија и меланхолија. Прецизно е кажано дека состојбата на тага, понекогаш може да стане болно-пријатна, односно, форма на умерен садомазохизам. Навиките на нашето современо општество изразуваат и покажуваат огромно разочарување, кое доаѓа од недостиг на вредности и од само-изолираност.

    Секој човек, ако се подвизува и реално сака, може директно од животот да отфрли сè што не му дава вистински оптимизам, радост и задоволство.

    Така човекот ќе има спокој, тишина и утеха.Совеста ќе му биде спокојна, животот – мирен и сонот – сладок. Поетот Т.С. Елиот, вели: „правејќи нешто полезно, зборувајќи нешто добро, гледајќи во нешто вистинско убаво, самото по себе е доволно за да го разубави твојот живот“. Достоевски, пак, вели: „Убавината ќе го спаси светот“. Факт е дека злото, лукавото и бесрамното провоцираат и соблазнуваат, но доброто, благото, свештеното и убавото се тие што секогаш вистински привлекуваат и најдлабоко трогнуваат. Православното предание има сила, истрајност, смисла, вера, утеха и надеж. Единствено нешто, што може да го оттргне искуството на одредени луѓе да го искоренат од срцата тоа богато и живо предание, е да се зголеми тагата. А денес настапи време на реално барање и повтрорно поврзување со историјата и преданието. И тоа е противотров за големата душевна болка на нашите времиња.

    Останува само брзо да реагираме, да бараме и да се исцелиме. Не се издржува бессмислен и црн живот. Јас мислам дека не преувеличувам и не сум старомоден.

    Архимандрит Мојсеј Светогорец
     
    На Presque vu, душленце, macush1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Кои луѓе може да претрпат демонско влијание преку разни магии?

    Тоа се најчесто луѓето кои се сметаат за православни христијани, кои се крстени во Светата Православна Црква, но не ја знаат и не ја живеат православната вера, или луѓе во чии семејства имало традиција да се оди кај бајачи и гатачи, или оние, кај кои има многу гревови, односно, кои со својот грешен небогоугоден живот, му ја отвораат вратата на ѓаволот. Во житијата на светителите има многу поучни примери за оваа тема, но тука ќе наведеме неколку симптоматични, кои ќе ни го дадат одговорот на ова прашање.

    „Учениците на преподобниот Макариј Египетски во една прилика виделе некој човек како оди по патот водејќи со себе кобила. Одел по патот кој водел до ќелијата на нивниот старец. Чувајќи го спокојот на светителот, монасите застанале пред вратата и се обиделе да го наговорат патникот да не ја нарушува молитвата на преподобниот. Но, услишувајќи ги молбите на тој човек, наскоро му дозволиле да влезе во ќелијата. Патникот се израдувал и тргнал, но не сам, туку заедно со коњот. Учениците на преподобниот Макариј се збуниле и го прашале зошто со себе ја носи и кобилата. Човекот им одговорил дека и животните имаат потреба од молитвите на праведниците. Монасите се зачудиле на неговата љубов кон кобилата бидејќи заради неа долго патувал по жешката и сурова пустина! Зошто му е толку мило тоа животинче и што му се случило?

    Кобилата која ја гледате, – рекол човекот, – е мојата несреќна жена и не знам како се претворила во животно. Еве веќе три дена откако нема ништо јадено.

    Овие зборови на патникот монасите не ги сметале за измислени. Без разлика на тоа што Христовото учење веќе триста години се проповедало низ земјата, во Египет сè уште големо влијание имало незнабоштвото и таа древна колевка на магијата сè уште била полна со разни маѓепсници кои им нанесувале штета на христијаните. Затоа монасите, откако ја слушнале приказната на патникот, побрзале кај авва Макариј да му соопштат што се случило. Меѓутоа кога го виделе преподобниот не морале ништо да му објаснуваат: Бог на светителот му ја открил причината за тоа што се случило. А причината била следнава:

    Некој развратен Египтјанин, ја посакал жената на патникот и се обидел да ја заведе. Но залудни биле сите негови обиди. Тогаш тој прибегнал кон услугите на некој маѓепсник, за да предизвика развратна страст во срцето на жената. Добивајќи многу пари, маѓепсникот ги употребил сите свои магии за да ја соблазни христијанката, но целта не можел да ја постигне. Гневен поради неуспехот, сепак направил магија: секој што ќе ја погледне жената, наместо жена да гледа кобила. Нејзиниот несреќен маж побрзал да бара помош кај секој што го знаел, но никој не можел да му помогне, па дури ни локалните свештеници. Жената во очите на сите била налик на животно и никој не знаел како да ì го врати нејзиниот лик. Затоа очајниот маж и ја донел кај големиот подвижник, слушајќи за чудата што ги правел. Здогледувајќи ја жената, свети Макариј на своите ученици им рекол:

    - Не гледам во неа ништо животинско за што говорите, тоа не е во нејзиното тело, туку во очите на оние кои ја гледаат. Тоа е демонска измама, не е вистинска состојба.

    Потоа светителот осветил вода, ја измил со неа жената и се помолил. Магијата исчезнала и сите пред себе виделе жена наместо кобила. Преподобниот заповедал да ì дадат да јаде и отпуштајќи ја дома ì дал совет:

    - Никогаш не го одложувај одењето во Црква и никогаш не избегнувај да се причестиш со Христовите Тајни. Несреќата ти се случила затоа што повеќе од пет недели не си ги примила Пречистите Спасителни Тајни (Светата Причест).

    Овој чудесен случај учениците на преподобниот Макариј го запамтиле за полза на христијаните, а свештеникот Руфин и епископот Паладиј Еленополски го запишале во својата книга за историјата на египетското монаштво. Секако откровението што го добил старецот од Бога достојно е да го знае секој христијанин. Цели пет недели без причест – и крстен човек може да се покаже незаштитен пред магиите и нападите на демоните!

    Некој од читателите може да запраша: многу современи христијани се причестуваат ретко, па дали се преправаат во коњи? Можеби демоните ја изгубиле својата некогашна моќ? Светот се приближува кон својот крај: беззаконијата во него се умножуваат, а духовниот живот на човештвото се гаси. И кога сега Господ би допуштил, слугите на ѓаволот не само што би ги претворале невнимателните христијани во коњи, туку би ги избришале од лицето на земјата. Сепак, во световното царство на гревот и порокот Господ поради Својата неизмерна милост ги чува лекомислените луѓе од демонските напади, очекувајќи го нивното вразумување. Но, колку подолго човекот не се причестува со Светите Тајни толку повеќе се оддалечува од спасоносниот Божји покров. И иако со него не се случуваат страшни и таинствени искушенија, тој нема да ги избегне обичните, но непријатни последици од своето невнимание. Бидејќи и во минатото ретко се забележани случаи на претворање на луѓе во животни, но имало многу вообичаени несреќи.

    Во почетокот на ΙV век, кога преподобниот Макариј Египетски бил уште дете, во една источна римска провинција живеел свештеникот Епиктет. Поради чистотата на својот живот тој од Бога добил дар да прави чуда: на слепите им го враќал видот, лечел лепрозни и истерувал нечисти духови од бесомачни. Еднаш кај него донеле петнаесетгодишно тешко болно девојче. Нејзиниот татко, почитуван државен великодостојник, паднал пред нозете на светителот со молба:

    - Човеку Божји, сожали се над мене и не ме отфрлај. Мојата единствена ќерка е болна веќе три години и не може да помрдне ниту еден дел од своето тело. Помоли се за нас, сожали се за нас, бидејќи и ние сме чеда на Црквата Христова и просветени сме со Свето Крштение.

    Преподобниот Епиктет понесен од сострадалност кон несреќниот татко усрдно се помолил на Бога за неговата ќерка. Потоа ја помазал болната со свет елеј и таа веднаш добила исцеление и самата застанала на нозе. А на нејзиниот татко, кој ликувал од радост и му благодарел на Бога за чудото, свети Епиктет му рекол:

    - Ако сакаш во твојот дом никој да не биде болен, тогаш ти и твоите домашни секоја недела да се причестувате со Божествените Тајни, Телото и Крвта на Нашиот Господ, откако претходно ќе го очистите своето срце како што треба (со покајничка исповед, пост и молитва).

    Каков заклучок можеме да извлечеме од наведениве примери? Светителите, честото и редовно причестување го сметале како неопходен услов за нормален живот на христијаните. Со своите духовни очи праведниците виделе дека оддалечувањето од Светата Причест неодминливо ги привлекува врз човекот демонските напади, разните искушенија и телесните слабости“.

    Од наведениве примери се гледа дека, нашата оддалеченост од Бога, неодење во црква на Литургија, тоа што не постиме, не се молиме, не се исповедаме, не се причестуваме, тоа што имаме многу и непокајани гревови – сите овие нешта нè прават подложни на демонско влијание. Одењето кај бајачи и гатачи всушност уште повеќе ќе го зголеми демонското влијание во нашите животи, и нема да ги реши трајно нашите маки и проблеми.

    Во житието на светиот Андреј, јуродивиот заради Христа, се раскажува следново: „Блажениот свети Андреј, Јуродивиот заради Христа, го прашал демонот: ,Од каде знаеш ти да претскажеш нешто?‘ Одговарајќи, демонот му рече: ,Нашиот татко е од оган, и седејќи во пеколот и вражејќи, сите нас нè поучува, бидејќи ние по својата природа не знаеме ама баш ништо‘. Блажениот му рече: ,Со кои гревови најмногу се насладува вашата природа?‘ Демонот на тоа одговори: „Со идолослужење и маѓепсништво, баење и подготвување на отровни напитоци, а особено со убиства, злопамтење, содомија и прељуба. Преподобниот рече: ,Ако некој се одрече од вашите страсти и со покајание Му пристапи на Господа, како постапувате вие?‘ На ова демонот му одговори: ,Зарем ти не знаеш? Огорчени сме и се гневиме на него; сепак се надеваме дека повторно ќе се потчини на нашата волја. Многумина нè отфрлиле преку покајанието, но повторно се вратиле и ние сме ги придобиле‘. Кога го слушна ова преподобниот, дувна на него и веќе не му се појави“.

    Повеќе од јасно е дека нашиот грешен живот нè прави достапни и подложни на демонското влијание. Врз побожните луѓе и со кофи да им истураш магии, ништо нема да им наштети, бидејќи го имаат Христос во себе.

    Продолжува ------------》
     
    На душленце, macush1, Таа Сум и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Покајанието – враќање во прегратките Божји

    Нема грев што не може да биде простен, освен непокајанието и самоубиството. Наше е да се покаеме за сторените гревови, да се откажеме од нив и да не ги повторуваме, а Бог е милостив и човекољубив и ќе ни прости. И овој грев, баењето и сите слични подвидови, како и гревот на оние кои одат кај таквите да бараат помош, може да биде простен, само доколку сторителите се покајат. Секој грев нè одвојува од Бога, но овој грев т.е. баењето нè прави и противници Божји, богоборци, и затоа се смета за еден од најголемите и најтешки гревови. А оние, пак, кои се занимаваат со вакви дејности, тешко можат да се откажат од тоа, но и кога ќе се откажат ќе имаат тешки и долготрајни последици од нивната соработка со демоните. Во Новиот Завет е забележан настан кога маѓепсниците, поттикнати од апостолската проповед, се покајале: „А мнозина од оние, кои правеа магии, собирајќи ги книгите свои, ги гореа пред сите; дури ја пресметаа и нивната цена и најдоа дека чинат до педесет илјади сребреници. Така моќно растеше и се засилуваше словото Господово“ (Дела 19, 19). Во поново време и во Македонија имавме случај на обраќање на една позната јасновидка, која долги години се занимавала со такви окултни феномени, но ете, по Божја промисла, од позната бајачка, денес станала позната проповедничка на Евангелието. Се покајала за сè што сторила, се откажала од тој стар живот, и сега е дел од нашата Света Православна Црква како ревносна и посветена христијанка. Во својата автобиографска книга „Од умот до срцето“, која е всушност нејзина јавна исповед но и сведоштво за ужасот на окултните феномени, опишани се повеќе „чуда“ и нивните страшни последици:

    Прво „чудо“: На еден брачен пар им бил украден автомобилот, и јасновитката им кажала каде и во колку часот ќе го најдат. И навистина тие го нашле автомобилот на тоа место и време, но набрзо се покајале што воопшто го нашле автомобилот, затоа што нивниот син загинал во сообраќајна несреќа токму со тој автомобил, четири дена по наоѓањето.

    Второ „чудо“: Дошла некоја жена, чијшто сопруг живеел распуштен живот, ги малтретирал нејзе и децата, а имал и врска со некоја девојка. По сугестија од јасновитката таа го следела својот сопруг, го открила на дело дека ја изневерува и го напуштила од педагошки причини – со цел да го вразуми и да го натера да ì се врати. Но за жал тој ја напуштил засекогаш и се преженил, а жената разочарана и очајна се самоубила, оставајќи ги сами своите две деца!

    Трето „чудо“: Една девојка која момчето ја изневерувало, по совет од јасновитката, му се налутила, и тој навистина ја молел да му прости, по што тие се смириле и подоцна и се венчале, како што им било предвидено. По неколку години тој почнал да се дрогира, а таа, не можејќи да го поднесе тоа страдање, заедно со детето, си заминала од него.

    Четврто „чудо“: Еден млад човек, не можејќи да се ожени, отишол кај јасновитката за таа да му каже кога и за која ќе се ожени. А таа, му предвидела дека во странство има некоја жена која многу го сака, и дека тој нејзе треба да ја чека. Но притоа, без да знае, всушност ја предвидела љубовта која ја има неговата сестра кон него, а која живее во странство. И тој, несреќникот, сè уште, иако веќе е над четириесет години, ја чека „девојката од странство“ што му била „предвидена“ за брак.

    Петто „чудо“: Една девојка, која отишла на советување кај јасновитката, била советувана дека постои некој дечко на буквата „М“ што ќе ì биде маж. И таа упорно ги избегнувала сите оние додворувачи, чиишто имиња почнувале на друга буква. Подоцна јасновитката открила дека буквата „М“ е всушност почетна буква од името Михајло – нејзиниот поранешен дечко. А таа девојка веројатно сè уште го чека избраникот на буквата „М“.

    Вакви и слични „чуда“ има многу, но и од овие е доволно јасно дека сè што се случува во светот е по Божја промисла и допуштање, за наше добро, и дека треба да се молиме кога имаме искушенија. Но и секогаш да бидеме подготвени за прифаќање на волјата Божја, како што впрочем и се молиме во молитвата „Отче наш“: „Да биде волјата Твоја“, а не да се трудиме по секоја цена, со помош на бајачите, да се мешаме во Божјата промисла, затоа што носи страшни последици.



    Поради што, кои и какви категории на луѓе одат кај бајачите?

    Ѓакон Јани Мулев



    Најчеста причина за одење кај богоборните бајачи и гатачи е незнаењето на православната вера, а особено болестите, маките, животниот неуспех и разните лични проблеми. Луѓето имаат прифатено една теорија, според која не треба да имаме никаков проблем, никаква болест, несреќа, туку сè треба да ни врви подмачкано, како во холивудски филм. Во Божествениот Домострој на спасението Христос беше затворен, плукан, тепан, плукан, распнат, страдаше и умре на крст, заради нас и нашето спасение, но и воскресна по сите тие страдања кои ги претпе. Со тоа ни остави пример дека до воскресенска радост се стигнува само преку страдање, преку доброволно носење на крстот т.е. страдањата и болестите во животот, а не преку уживање и комфорен живот. Трнлив е патот и тесни се вратите кои водат кон рајот, а широки се оние кои водат кон пеколот и вечната погибел. Бегајќи од телесните страдања самите паѓаме во прегратките на пеколот. Многу светители страдале од разни болести, или биле навредувани, измачувани, но сето тоа го претрпеле со благодарност кон Бога, и затоа Бог ги наградил со светителски и маченички венци.

    Некои луѓе одат кај бајачите затоа што нивните деца или самите тие имаат проблеми со стапување во брак, или пак имаат лоши бракови. И самите тие инсистираат нивните деца да стапат во брак со личноста, за која родителите сметаат дека треба да им биде идна снаа/зет. Но од каде таква сигурност, дека баш таа личност ќе биде од Бога благословена за брак со нивното чедо? Што ако Бог промислил и благословил поинаку? Што ако таквиот брак заврши трагично по некоку години? Кој ќе ја сноси одговорноста?

    Некои одат поради болести на нивните деца. Имено, често пати од незнаење и некористење на стручна литература, младите парови не знаат како да се справат со своите бебиња. Па така, единствени советници им се нивните баби и сосетки, кои од нивно време знаат да ги решаваат сите проблеми само со баење, гатање и разни амајлии. Па така, обично по две недели од раѓањето, бебињата кои цицаат добиваат грчеви во стомакот, поради насобраните гасови, и почнуваат силно и често да плачат, стискајќи ги нозете кон стомакот. Младите родители, не знаејќи што да прават одат кај разни „баби“ – бајачки, кои ги лажат дека децата имаат шилци, и им даваат да посеат некое семе во некоја земја, и кога ќе никнело семето, ќе поминеле и болките на детето. Нормално, грчевите поминуваат за неколку месеци, во исто време ќе никне и семето, а родителите ќе се ослободат од една мака, но несвесно ќе станат вечни робови на бајачите. Потоа за секоја болест, плачење, немир, повраќање за кои има стручно медицинско објаснување и лек, тие ќе се обраќаат кај бабите-бајачки.

    Децата може да плачат кога им е жешко, или ладно, или им се јаде, или им се спие, или имаат грчеви во стомакот (во првите месеци), или кога има кавги помеѓу родителите, немир во куќата, и нивните нежни души така реагираат на сите овие ситуации. А родителите, наместо да се преиспитаат, да прашаат педијатар, или детски психолог, веднаш итаат кај бајачките.

    Има случаи кога навистина децата може да бидат урочени од злобни и завидливи луѓе, но затоа постојат молитви кои се читаат во црква против уроци, и таму треба да се оди, а не кај бајачи и гатачи. Оние кои одат по бајачи и гатачи, и земаат од нив разни амајлии и заштитници, самите си го внесуваат ѓаволот во својот дом. Најбитно за децата е да бидат крстени и да се носат во црква на света Причест. За децата не треба никој да пости, туку може да се причестуваат секогаш, на секоја Литургија, но најдобро е кога и родителите ќе се научат да живеат побожен живот со пост, молитва, исповед и причест, и во таквите семејства никакви уроци или зли влијанија немаат никаков ефект.

    Исто така, кај бајачите одат и родителите кои имаат веќе големи деца, и кои се плашат за своите деца, да не им останат немажени/неженети. Грижата на родителите е разбирлива, секој родител посакува добро за своето чедо, но начинот на кој тоа го прават не е благословен и нормален. Бог нè љуби и се грижи за сите нас, како за свои деца, и промислува за секого од нас. Некогаш, според Неговата промисла и волја ни дава и искушенија и болести и страдања, но сето тоа е за наше добро, иако тоа во тој момент не можеме да го увидиме. Некогаш може да се случи распад на бракот на нашето дете, но тоа не значи дека дошол крајот на неговата среќа. Вториот брак може да биде дури и далеку подобар од првиот.

    Некогаш се случува многу брачни парови да немаат деца, и сето тоа ги погодува и самите сопружници, но и нивните родители. Бездетноста може да биде од многу причини, но може и Бог намерно да им даде на некои парови бездетност, за тие да посвојат некое од многуте напуштени деца од детските домови. Исто така може тоа да им биде како поука да почнаат да Го бараат Господ, да се молат, да се воцрковат, да го насочат правилно својот живот, и тогаш Бог ќе им подари дете. Некогаш поради грешен живот, пред бракот, или пак во бракот (заради изневерување), Бог не им дава на сопружниците деца, или пак се случува дури и смрт на некое од децата, сè со цел да се покајат, да се вразумат, и да се откажат од страшниот грев на прељубата. Постојат многу други причини за бездетност, но не треба да заборавиме дека бракот се склопува не само заради раѓање деца, туку заради спасение на сопружниците. А тоа е можно и без деца.

    Речиси секоја болест, мака и страдање Бог ни ги дава за наша полза, за да се покаеме и да се откажеме од гревовите, или за да си ја засилиме нашата вера, за да научиме нешто во животот, и не треба по секоја цена да се обидуваме да ги избегнеме овие страдања од нашиот живот, особено не преку одење кај разни бајачи и гатачи.

    Најчести клиенти кај бајачите се обично просечно образованите луѓе, но често има и луѓе со високо образование, угледни, со високи општествени функции, прељубници и прељубнички, неморални, алкохоличари, луѓе со двоен морал, кои не сакаат да се покајат, да го променат на подобро својот живот, туку сакаат ем да им врви сè на добро, ем да си грешат колку и како што сакаат. Заедничко кај сите овие е – незнаењето и неживеењето според нашата Света Православна вера, и желбата за инстант, магиско решавање на сите проблеми.

    Општи методи на работа на бајачите
    Ѓакон Јани Мулев

    Најчесто бајачите, за да покажат дека работат нешто добро, окупираат селски цркви и манастири, и знаат дека на тој начин полесно ќе привлечат жртви. Потоа собите каде што ги вршат нивните демонски активности ги редат со многу икони и крстови, разни амајлии и заштитници од зло и секој наивен и неинформиран верник, кога ќе дојде таму и ќе види дека има икони, лесно ќе им поверува дека тие работат со Божја помош. Но дали присуството на икони и крстови е гаранција за нечија исправност? Не, ни најмалку. Како што сè во животот има своја правилна употреба и злоупотреба, така и иконите и крстовите може да бидат крајно злоупотребени. Со ножот можеме да сечеме леб, но можеме и човек да убиеме. Исто така, ако земеме една дрвена икона, и да удриме некого по глава со неа, зарем нема да го повредиме или можеби дури и да го убиеме? Така што, во случајов со бајачите, се работи за злоупотреба на иконите и крстовите, со цел да се залажат што повеќе луѓе.

    Потоа, се служат со кажување на настани од минатото, или пак погодуваат идни настани, со демонска помош, или пак преку своите соработници, како што објаснивме и погоре.

    Зборуваат со демонски сили, кои самите тие ги сметаат за души на починати луѓе, или за светители, и велат дека „светци ги мачат“, а голем дел од нив и глумат дека комуницираат со духови, за да ги излажат луѓето.

    Го злоупотребуваат името на света Петка – Параскева, и велат дека таа ги мачи и ги тера да се занимаваат со баење и гатање. Тие го поврзуваат името на света Петка со денот петок, и мислат дека во петок се пости заради света Петка, а всушност постот во среда е заради предавството на Јуда кое се случило во среда, а постот во петок е заради распнувањето на Господ на Велики Петок. Светителката Петка (Параскева) била родена на тој ден, и според денот го добила своето име, а не денот од неа. Постојат три светителки со истото име, кои живееле во различни периоди и на различни места, но бајачите од незнаење сметаат дека само една е света Петка. За жал, под нивно влијание, света Петка е почитувана од бајачите и од нивните следбеници, дури повеќе и од Самиот Господ Исус Христос, Комушто таа Му служела и Кој всушност нејзе ì дал чудотворна моќ.

    Речиси сите бајачи работат со некакви свети води, на кои им даваат имиња според деновите, „света Руса Среда“ (таква светителка воопшто не постои), света Петка (заради петокот) и света Недела (заради неделата), и ги учат луѓето во соодветните денови да одат кај соодветните свети води за да се лечат. Факт е дека многу води имаат навистина исцелителна моќ, како што бил изворот Балаклија, кој бил пронајден на чудесен начин, по застапништвото на Пресвета Богородица. Но во случаите со бајачите се работи за чиста измама. Многумина од нив истураат обична вода во од нив ископаните дупки, и ги лажат луѓето дека се појавила света вода, и ги советуваат да се мијат со таа вода за здравје, а ниту еднаш нема да ги подучат да почнат да се молат, или да постат, да се исповедаат, да се причестат, да простуваат, да ги љубат ближните, да прават милосрдни дела итн.

    Како најсилно средство за работа го користат стравот кај луѓето. Им се закануваат дека, доколку не го сторат она што го бара од нив бајачот, ќе ги снајде некоја голема несреќа. И кутрите луѓе трчаат, прават неверојатни, измачувачки и крајно понижувачки работи, сето тоа од страв да не ги стаса клетвата од бајачот како казна за нивната непослушност. Таквите и кога ќе дојдат во црква, свештеникот може и цел час да им зборува, и пак тие да не го послушаат, бидејќи кај нив бајачот се наметнал како авторитет, а свештеникот или епископот, кој од Бога е поставен да богослужи, е некоја споредна фигура, која има помало значење од бајачот!!! Но свештениците и епископите не го градат својот авторитет врз страв и закани, туку врз љубовта и слободата во Бога.

    Извор: Ортодоксија ортопраксија
     
    На Presque vu, душленце, macush1 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Алексеј Јанг- Телесни односи, деца, контрола на раѓање, развод

    Свештеник Алексеј Јанг

    Стигнавме до една чувствителна тема: телесните односи (сексот). На почетокот мора да се каже дека заповедите и забраните во врска со незаконските телесни односи во Стариот Завет не значат дека има нешто грешно во самите телесни односи. Овие заповеди се како ограда која Бог ја поставил околу телесни односи за да ги заштити, зашто тие се нешто свето, нешто што Бог го резервирал за посебни односи – за брачните односи – во коишто Он му го дава дарот на живот на нашиот род. Има и уште нешто: од откровението знаеме дека нашите првородители во Едемската градина немале телесни односи. Телесните односи помеѓу маж и жена се појавија кога паднаа Адам и Ева; зашто кога тие паднаа, нивните тела го примија проклетството на страдање, болест и крајна смрт, па затоа беше неопходно да го умножат нивниот род, та да може нивниот род да продолжи сè до времето кога Бог ќе го испрати Месијата. Оттука, телесните односи се функција на нашата падната природа, исто како што гладот е функција на нашата падната човечка природа. Ни апетитот за телесни односи, ниту пак апетитот за храна самите по себе се грешни, но и обата можат да бидат злоупотребени, дури и первертирани, па затоа Бог ни ги даде овие закони за да ги користиме за управување на овие апетити (и други), та да не го нарушат поредокот и да причинат штета. Сексуалната функција на нашата природа, тогаш, е нешто што умира со умирањето на нашите тела – ете зошто Новиот Завет вели дека нема да има женење и мажење во Небесното Царство. Нашата сексуална природа не е вечна, и престанува кога ќе умреме. На истиот начин, во Едем, Адам и Ева не гладуваа за храна, ниту пак сексуално се привлекуваа еден со друг.

    Ова е важно да се запамти, зашто сите ние сме пораснале во општество кое го издигнува сексот и сексуалната страна на нашата природа на многу висок степен, правејќи го сексуалното задоволување показател на „добриот живот“, и презирајќи ја безбрачноста или контролираниот сексуален апетит како да е нешто Викторијанско, пуританско или дури ментално и емоционално неизбалансирано и нездраво. Освен тоа, знаеме дека во времето кога беше создавана жената, Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ (1. Мој. 2, 18). Овој „помошник сличен на него“, жената, се разбира, е многу повеќе од помошник; таа е исто така коска од коските на мажот, и плот од неговата плот, и кога мажот и жената ќе стапат во телесни односи, тогаш настанува соединување – исполнување и дополнување – на двете половини на човечката личност, две, коишто стануваат едно; како што вели Светото Писмо, ‘и обата ќе бидат една плот’. Ова е мистичната страна на нашата сексуална природа. И еве зошто прељубата е толку сериозен грев.

    Исто како што не можеме да го разуздаме нашиот апетит за храна без при тоа да си наштетиме на себеси, поткопувајќи си го здравјето, па и на крај убивајќи се себеси, така и сексуалниот апетит мора да се контролира. Па така, дури и во Стариот Завет дознаваме дека брачните парови поминуваа моменти на воздржување еден од друг – обично во текот на постите, или пред одење во Ерусалимскиот Храм. Оваа пракса беше потврдена и во Новиот Завет. Свети Павле зборува за ова во првото Послание до Коринтјаните (7, 5), кога тој препорачува мажот и жената да се воздржуваат еден од друг во одредени периоди заради молитва и пост. Затоа, до ден денес во Православната Црква, посните денови и посните периоди – како што е Великиот Пост – се периоди не само за воздржување од одредени јадења, туку за воздржување еден од друг, како маж и жена. За несреќа, овој древен обичај на нашата Вера е запоставен од многу луѓе денес, кои изгледа мислат дека правилата за сексуалната активност се само чудни обичаи на стариот свет кои немаат ништо со духовните закони. Освен тоа, има постојано учење на Црквата од апостолско време, за мажот и жената да се воздржуваат еден од друг во вечерта пред примање на Светата Причест и вечерта потоа. Зошто? За да може секоја личност да се предаде себеси на молитва и подготовка една ноќ претходно, и на молитва и благодарност во вечерта по причестувањето. Ова е норма која треба да ја оствариме; оние од вас кои не се во брак треба да бидат свесни за ова сега, и да сфатат зошто Црквата ги има овие правила – не за да биде досадна и пуританска, туку за да ни покаже како да ги контролираме и соодветно да ги користиме нашите апетити и да ја одржуваме хармонијата помеѓу телото и душата во брачните односи.

    Значи, гледаме дека, исто како што Црквата пропишува правила за постење, заради контрола на нашиот апетит за храна, исто така воведува ограничувања на нашите сексуални апетити, за да не ја нарушиме чувствителната рамнотежа помеѓу душата и телото.

    Ова ме доведува до најтешкото и најконтроверзно прашање од сите – она за што сите сакаат да знаат и за коешто никој не сака да праша: контролата на раѓање.

    Искрено, тешко е да знаеш од каде да почнеш, зашто темата има многу разгранувања. Можеби би можел да почнам со наведување како другите цркви се обидуваат да го објаснат ова прашање. Во Римокатоличката црква, на пример, вештачката контрола на раѓање е забранета во било кои околности. Причината е зашто Римокатоличката црква официјално учи дека примарната цел и функција на бракот е да се имаат деца; па така, раѓањето е примарната причина за полово општење. Ова учење има корени во августиновата традиција, којашто ја третира сексуалноста, дури и во брак, како во основа грешна, па затоа раѓањето се смета дека е неопходно оправдување за брачниот акт, којшто служи за исполнување на Божјата заповед за оплодување и размножување. Во Старозаветните времиња имаше законска грижа за овековечување на човечкиот род. Меѓутоа денес, тој аргумент е неубедлив, и мнозина римокатолици чувствуваат право да го игнорираат.

    Протестантите, пак, од друга страна, никогаш не развиле јасно учење за бракот и телесни односи. Никаде во Библијата не се спомнува јасно контрола на раѓање, па така, кога се појавија таблетите во раните шеесетти, тие ги прифатија нив и други репродуктивни технологии како патоказ во човечкиот напредок. Набрзо по ова се умножија сексуалните прирачници, сите изградени врз мислењето дека Бог му ја дал сексуалноста на човекот за уживање. Примарната цел на брачниот чин стана не размножувањето – туку уживањето, став којшто едноставно го зацврсти протестантското учење дека Бог сака човекот да биде лично исполнет и среќен, па оттука и сексуално задоволен.

    Дури и абортусот беше прифатен. Тоа се случи во средината на седумдесеттите, кога дебатата Рои – Веид[1] се загреа, и стана премногу очигледно дека абортусот беше убиство, така што евангелските протестанти почнаа да се премислуваат за нивниот став. Во доцните седумдесетти тие стигнаа до каузата против абортусот, каде што останаа и до денес во прв план. Токму темата за абортусот ги натера да сфатат дека човечкиот живот мора да се заштитува уште од моментот на зачнувањето, и дека контрацепцијата преку абортиви[2] е недопустлива. Во меѓувреме, либералните протестантски цркви останаа верни на ставот за абортус, и немаат ограничувања на контролата за раѓање.

    За нас е важно да бидеме свесни за учењата на овие цркви за темата сексуалност, зашто тие можат несвесно да влијаат на нашите ставови. Мораме да бидеме свесни, значи, за продорното влијание врз нашето општество од сексуалната револуција, ослободена од постоењето на пилулите. Промискуитетниот став што беше негуван сè уште преовладува. Поради опседнатоста на нашата култура од сексот и сексуалното задоволување, од суштинско значење е да имаме јасно разбирање за учењето на Црквата во врска со сексуалноста. Ова учење се наоѓа во Светото Писмо, во Каноните од разните Вселенски и Помесни Собори, во пишувањата и коментарите на разните Свети Отци на Црквата, коишто без избегнување или заобиколување на овој предмет, пишуваат за ова многу отворено и опширно; и конечно, ова учење се отсликува во житијата на многу светители (родителите на свети Сергиј Радоњешки ми паднаа на памет).

    Специфичната тема за контролата за раѓање е помалку достапна; не може некој едноставно да ја најде во речник или библиографија. Меѓутоа може да се разбере од јасните учења на Црквата за абортусот, бракот и за подвижништвото. Пред да се зафатиме со дискусија на оваа тема, треба да нагласиме дека Православната црква овде не е догматична како Римокатоличката црква, и тоа е многу повеќе пастирски проблем каде што може да има многу размислувања. Сепак, слободата не треба да се користи за распуштеност, и ние сè ќе направиме за да ги зачуваме пред нас вековните норми, нам предадени преку Црквата.

    Продолжува --------》
     
    На Presque vu, душленце, macush1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Откако го кажавме сето ова, какво е точно учењето на Црквата во врска со контролата на раѓање?

    Праксата на вештачка контрола на раѓање – а под ова се подразбира „пилули“, презервативи, или било каков начин или средство – е всушност осудена од Православната Црква. Црквата во Грција, на пример, во 1937 година издаде посебно послание само заради ова, за да ја осуди контролата на раѓање.

    Слично, Романската и Руската Црква, да спомнеме само две помеѓу многуте – повеќе од еднаш, многу порано проговорија отворено против оваа пракса. Тоа е од неодамна, само во генерацијата по Втората светска војна, некои помесни Цркви (Грчката архидијацеза во оваа земја[3], на пример) почна да учи дека би „можело“ да биде во ред да се практикува контрола на раѓање во одредени околности, само ако за ова претходно се разговарало со свештеникот и се има негова согласност.

    Ова учење на нашата Црква, не треба да се толкува како исто со учењето што го има во Римокатоличката црква. Постојаното учење на Црквата од Рим беше и е, дека раѓањето деца е примарна функција на бракот. Ова не е учењето на Православната црква. Православието, напротив, ì дава прво место на духовната цел на бракот – којашто е заедничкото спасение на мажот и жената. Едниот треба да му помага и да го охрабрува другиот за да се спаси неговата или нејзината душа. Секоја единка постои за другиот, како пријател, помошник, другар.

    Но секундарно, децата се природна последица на бракот, и, до неодамна, тие беа очекувана и многупосакувана последица на бракот. Децата беа сметани како плод на брачната заедница, доказ дека мажот и жената станале една плот, и ова секогаш се гледало како голем благослов на бракот. За голема трагедија, за голема тага се сметало, ако бракот бил бездетен; па така, иако Црквата секогаш дозволувала безбрачните парови да продолжат да живеат заедно како маж и жена, сепак, ако жената е неплодна или мажот е импотентен, од Црквата е прифатено како основа за развод, па така секој од нив е слободен да стапи во брачни односи со друг, со надеж дека ќе имаат деца.

    Во денешно време, се разбира, нашето општество ги смета децата повеќе како незгода, отколку како благослов, и многу парови чекаат по една, две, три или повеќе години пред да имаат дете. Навистина, некои одлучуваат никогаш да немаат деца. И така, иако во Православната црква првата цел на бракот не е само да се имаат деца, желбата на мноштво млади парови денес, да чекаат пред да имаат деца, се смета за грешна. Како свештеник, јас морам да му кажам на било кој пар што доаѓа кај мене за венчавање дека, ако не се подготвени и ако немаат волја да зачнат и да раѓаат деца, без спречување на волјата Божја со вештачки средства за контрола на раѓање, тогаш тие не се спремни за брак. Ако не се подготвени да го прифатат природниот и благословен плод на нивното соединување – а тоа е детето – тогаш е јасно дека нивната примарна цел на бракот е да си го легализираат блудот. Ова е многу сериозен проблем денес, можеби најсериозниот и најтешкиот со којшто свештеникот треба да се занимава кога ги советува младите парови.

    Јас го употребив терминот „вештачка“ контрола на раѓање, зашто сакав да нагласам дека Црквата допушта користење на некои природни методи за избегнување на зачнувањето, но овие методи не треба да се користат без знаење и благослов на свештеникот, и само ако физичката и морална благосостојба го изискува тоа. Овие методи се прифатливи за Црквата под вистински околности и може да бидат искористени од парот без оптеретување на совеста, зашто тоа се „подвижнички“ методи; односно, добро би им годело самоодрекување, самоконтрола. Има три такви методи:

    1. Потполно воздржување. Во длабоко-побожните семејства ова воопшто не е невообичаено, било денес или вчера, како што некој може да си помисли. Честопати се случува, откако православните маж и жена ќе донесат на свет неколку деца, тие да се договорат да се воздржуваат еден од друг, и од духовни и од световни причини, живеејќи го остатокот на нивните животи во мир и хармонија како брат и сестра. Ова се има случено во житијата на светиите – најзабележително кај свети Јован Кронштатски. Како Црква којашто многу го цени и заштитува монашкиот живот, ние православните немаме страв од безбрачноста (целибатот), и немаме смешни сфаќања дека нема да бидеме исполнети или среќни ако престанеме со сексуалната активност со нашиот сопружник.

    2. Ограничување на сексуалните односи. Се разбира, ова веќе се случува со православните парови кои искрено се трудат целосно да ги запазат сите посни денови и посни периоди во годината.

    3. Ритам. Конечно, Црквата допушта употреба на таканаречениот „ритам“ или од неодамна развиениот метод за природно планирање на семејството, за којшто денес има доволно информации.

    Во старите времиња, кога сиромашните родители не знаеја ништо за контрацепција, тие се потпираа исклучиво на Божјата волја – и всушност ова треба нам денес да ни биде пример. Им се раѓаа деца и го прифаќаа последното исто како и првото, велејќи: „Бог ни го даде детето; Он исто така ќе ни го даде она што ни е потребно за детето“. Таква беше нивната вера, и честопати се случуваше последното да се покаже како најголем благослов за сите.

    А сега, што со големината на семејството? Е па, една работа која има огромно влијание на тоа, како ние го гледаме ова, е фактот што во последниве сто години сме се измениле од, главно аграрно или агрикултурно општество, во најголем дел урбано и индустриско општество. Ова значи дека додека во постарите времиња имаше потреба од големи семејства токму затоа, за да работат на фармата или имотот – и секогаш имаше доволно храна и работа за сите – денес имаме спротивен проблем, и понекогаш е многу тешко да се издржува многу големо семејство, иако има луѓе кои успеваат во тоа. Од строго духовен аспект, треба да се обидуваме да имаме големи семејства, па така, семејството да биде силно и долготрајно и полно со љубов, во коешто сите членови ќе ги поднесуваат заедно тежините на животот. Големото семејство ги навикнува децата да се грижат за другите, ги прави поосетливи итн. И додека малото семејство може да биде способно да обезбеди повеќе од овосветските добра за секое дете, малото семејство воопшто не гарантира добро воспитување. Самите деца честопати се многу тешки (личности), зашто честопати тие стануваат разгалени и егоцентрични. За ова не може да се даде општо правило, но ние мораме да бидеме подготвени и да очекуваме да имаме онолку деца, колку што Бог ќе благоволи да ни даде, и колку што ќе допушти моралното и физичкото здравје на мајката и целото семејство како целина, секогаш останувајќи во блиски контакти со еден свештеник (духовник) за овие работи.

    Меѓутоа мораме да бидеме внимателни да не ја пренагласуваме сета оваа работа околу имањето деца, да имаме одреден број итн. Свети Јован Златоуст вели: „Раѓањето деца е природна работа. Далеку позначајна е задачата на родителите за образованието на срцата на нивните деца во добродетелност и побожност“. Навистина, ова го става нагласокот назад, каде што и припаѓа, подобро отколку да биде на негативни работи во врска со контролата на раѓање и големината на семејството. Зашто она што Црквата сака да го сфатиме и запаметиме е тоа дека, децата кои ги носиме на свет не ни припаѓаат нам; тие му припаѓаат на Бога. Ние не сме им го дале животот; туку попрво, Бог, користејќи нè нас како инструменти, ги повикал кон битие. На одреден начин, ние родителите навистина сме само бебиситери на децата Божји. Па така, наша најголема одговорност како родители е да ги одгледаме нашите деца „во Господа“, та да можат тие да Го познаат, сакаат и да Му служат на нивниот Небесен Отец.

    Вечното спасение е сета цел на нашиот земски живот. Тоа е цел која бара постојано тежнеење, зашто не е лесно да се биде христијанин. Влијанието на нашето општество крајно го отежнува ова. Парохиската црква и домот се единствените бастиони каде што може да Го славиме Бога во дух и вистина. Нашите животи, нашите бракови, нашите домови ќе останат како невредно, сиромашно вино, меѓутоа, како виното коешто прво беше послужено на свадбата во Кана, ако ние не бараме активно да бидеме зрели мажи и жени, зрели сопрузи и сопруги, и зрели православни христијани, кои благоволат да ги прифатат одговорностите на позициите од животот на кои сме призвани. И само ако работиме – силно – во подготвување на себе, како личности, и на нашите семејства и домови за да Го примиме Христос, тогаш нашите животи, нашите бракови, и нашите домови ќе станат како доброто вино коешто Христос чудесно го направи од водата за време на радосната свадба. Амин.

    Извор: Отродоксија ортопраксија
     
    На macush1, Таа Сум, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Жешко време

    Не се трпи, жешко е. До вчера не се трпеше, ладно камен беше. Па не се излегуваше, врнеше. Па дуваше. Темно е, светло е. Имав една стара баба комшивка, на прашањето дали ја сакаат дома и дали ја почитуваат останатите (живееше во заедница со синот и внукот со фамилиите), велеше: „Тие сонцето не го сакаат дома да влезе, не пак мене да ме сакаат“, алудирајки на тоа дека живееме само со спуштени завеси и ролетни. Како и да е, денес само тоа се слуша, тоа се гледа, за тоа се зборува. Како и во зимата за студот. Во пролетта за дождот, во есента за ветерот… Ништо или нешто не ни оди како што сакаме. А што сакаме? Не знаеме. А незнаењето му штети на тој што не знае. Не можeме да разбереме, да сфатиме, да осознаеме, да поверуваме, да завршиме еднаш за секогаш, да заклучиме, да ставиме точка, дека сѐ доаѓа од Створителот, од Оној Кој дава и вдахнува душа на сите нас и на сѐ околу нас. Оној Кој си игра со сонцето и со месечината како со џамлии, Кој ги храни и напојува океаните и морињата, Кој ги крепи горите и планините, Кој ги носи ветровите и дождовите, Кој ги оживотворува милионите околу нас, неброени живи суштества… Кој нѐ држи на тлото кога одиме, во сонот кога спиеме, градите кога дишиме, со солзите кога плачеме, со ведрината кога се смееме. Дали малку познати и непознати чудеса се случиле, дали малку знајни и незнајни Светители се обзнаниле и пројавиле, дали малку се знае вистината од почетокот на времето до денес та ние да не ја гледаме и слушаме? Што сѐ не треба да се случи за конечно ние да согледаме и да поверуваме, да застанеме во линијата каде што се верува и ништо друго освен да се верува. Како што велел еден Светител: „јас не верувам дека Бог постои, јас знам дека Тој постои!“ Кога незнаењето ќе го замениме со знаење? Кога ќе поверуваме? Кога ќе ја потврдиме и утврдиме верата? Кога ќе се потврдиме самите и нашето постоење, нашето битие со тоа самото… Кога ќе престанеме да не веруваме, да сме сомничави, да се плашиме и да стравуваме, да се трудиме да испитаме и да дознаеме, да негираме нешто, да сме саркастични и недоверливи, кога ќе престанеме да мрмориме, да се жалиме, да невелиме, да кукаме, да плачеме. Кога ќе почнеме вистински и правилно да се молиме, да ги наполниме нашите храмови секоја недела, секоја вечерна, секој празник и делник. Вистински православно да веруваме, да ја живееме живата вера, да дишиме и да славословуваме во секој дел од нашиот живот. Да прифатиме сѐ од Троичниот Бог, сѐ она што ни распослал за нас, за да можеме да ги храниме нашите срца и души, но и нашиот разум со вистината на животот и на векот која е со нас насекаде и секогаш. Да оставиме сѐ зад себе, сѐ кое не е од Него, кое произлегува од нашите маленкости, нашата суета, унинието на слабоумниот, од гордоста наша, од самоволието наше, непослушноста наша. Да ги растргнеме и подигнеме завесите, нека влезат сонцето, светлината и топлината директно во нашите вистински центри на нашите животи, каде што нема ништо друго освен волјата Божја, содвижителот и бескрајната сила. Па тогаш нека врне, нека грми, каменот нека се топи, мразот нека пука, поплава нека фати… Ништо не може да нѐ победи, ништо нема да може да нѐ скрши, да нѐ обесхрабри, сѐ ќе сториме, сѐ ќе сработиме, со песна и со насмевка, со добро… рајат. Со молитва да легнуваме, со молитва да стануваме, со молитва да почнуваме. Нема да има посилни од нас, нема да има посреќни од нас. Оставете сѐ, смирете се, расположете се, радувајте се, веселете се, работете, трудете се, насмевнете се, молете се и верувајте. Кај што е местото на Господа е местото на целата вселена. На сѐ што дише, на сѐ што постои. Не прашувајте и не прогнозирајте. Во молитва утре да нѐ осамне. По Волјата и за името Господово. Амин

    Кочовски Ѓорги

    Извор: http://pravoslavie.mk.
     
    На душленце и Rama им се допаѓа ова.
  14. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    30 февруари

    Во секој роковник, дневник, календар што некогаш ми паднал в раце и сум го користел, во табелата за месец февруари го допишувам датумот 30 февруари со црвен фломастер.
    Ако се прашувате дали го допишувам 29-ти, одговорот е потврден во три четвртини од случаите, кога годината не е престапна.
    И овој чин нема никаква врска со кошмарот што барем стотина пати го сонував како дете, како стојам во една колиба и еден старец ми подава календар, а јас најпрво со љубопитност ги вртам страниците, за подоцна таа љубопитност да прејде во страв, а да заврши со ужас, ладна пот и срцебиење во моментот кога гледам дека годината забележана во тој календар има 36, наместо 12 месеци.
    Или можеби има, не знам. Им оставам на психотерапевтите да ја разгледаат оваа моја епизода на паничен напад. Како и да е.
    Зошто ми е толку важен 30 февруари? Дали можеби дека на тој начин, макар привидно, ја исправам неправдата што му е сторена на вториот месец во однос на останатите единаесет, или внесувам рамнотежа онаму каде што таа е жртвувана во име на некаква окована математичка прецизност? Не би рекол. Или, можеби си замислувам дека сум мало боженце, и имам влијание врз времето и вечноста?
    Да не даде Господ ниту да помислам на тоа! Тогаш, чуму ми е овој излет од онаа страна на рационалноста?
    30 февруари за мене е симбол на Судот Христов. Како тоа, нешто непостоечко да е симбол на крајната стварност што нѐ очекува сите нас? Па лесно, така. Размислувањето на човекот за сопствениот крај го доживувам како 29 февруари: некогаш е тука, некогаш не. Почесто недостига, отколку што е присутен во календарот, слично како и во нашите животи. А, 30 февруари – па тоа е веќе лудост! Ретко кој се сеќава, а уште помалку верува во тоа. „Такво нешто не постои, не треси глупости и не ми го троши времето!“ – довикува дамата со напудрена перика и исцртана дамка на десниот образ. Времето сама си го трошиш решавајќи квизови на фејсбук – луто ѝ одговарам. И зошто да не постои 30 февруари, кога постои 1 март? Не гледаш ли дека тоа што за тебе е, да речеме, 2 август, може за мене да е 33 јули? „Да, но 2 август постои, а 33 јули не – прашај кого сакаш!“. О, драга моја измислена дамо со бисерна насмевка, ако нешто со сигурност не постои, или барем постои додека јас го дозволувам тоа, си токму ти, затоа што те измислив за расказов да не ми биде досаден. Што се однесува до проблемот со 33 јули и 2 август, не си во право. Времето што тие го бројат и означуваат, постои (но, повторно, не само по себе), а самиот датум – е обичен договор меѓу луѓето.
    Така е и со смртта, и Судот, и Царството: тие си постојат, но не ни се обележани во календарот. Не е практично. Не се договорени. Нема време за нив.

    МЈ

    Извор: http://pravoslavie.mk.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (I)

    [​IMG]
    Анализа на нејзините активности од гледна точка на Светото Писмо и Светото Предание

    Светото Писмо и светите Отци спомнуваат само за два извори на нашето знаење за невидливиот духовен свет: божествен и демонски. За трет извор не се спомнува. Всушност, како што веќе рековме погоре, современите истражувања за присуство на сопствени парапсихички способности кај човекот, исто така го потврдуваат тоа христијанско учење: „Десетици милиони долари биле потрошени за истражувања во оваа област и никогаш немало веродостојна демонстрација на парапсихичка сила што потекнува од самиот човек”.

    Ванѓа, исто така, никогаш не тврдела дека таа самата е причината или изворот на нејзините претскажувања; напротив, таа често и отворено зборувала за општењето со „силите“, така што после сличните „општувања“ таа не се сеќавала на ништо од тоа што се случило и се чувствувала отпадната и уморна. Од неа речиси ништо не зависело, „силите“ ја „посетувале“ кога ќе посакаат и целосно ја контролирале. Условно кажано, Ванѓа била еден човечки радиоприемник на туѓа радиостаница.

    Последователна потврда за горенаведеното се зборовите на нејзината внука Красимира Стојанова:

    „Бев 16-годишна кога еднаш во нашата куќа во Петрич, Ванѓа ми проговори. Само тоа не беше нејзиниот глас, не беше дури ни таа, а некој „друг” човек кој зборуваше преку нејзината уста. Зборовите кои ги чув, немаа ништо заедничко со разговорот, кој го водеше пред тоа, сеедно како некакво друго лице да интервенира меѓу нас. Слушнав: „Еве, ние те гледаме…”, и после ми беше раскажано со детали сѐ што сум правела во текот на денот до тој момент. Се скаменив од страв. Малку потоа Ванѓа воздивна и рече: „Уф, ме пуштија силите” …Ја прашав зошто така ми го опишува она што сум го правела во текот на денот, а таа ми рече дека ништо не ми е опишано. Ѝ раскажав што сум слушнала, а таа повтори: „О, тоа се силите, малите сили. Но, има и големи, тие се нивните претпоставени. Кога ќе се одлучат да зборуваат преку мојата уста, ми станува лошо и потоа сум омалаксана преку целиот ден. Впрочем сакаш ли да ги видиш? Тие сакаат да ти се покажат.” Јас бев бескрајно потресена и буквално извикав дека не сакам”.

    Според учењето на светите отци, чувствата на угнетеност, униние, психичка слабост (а и состојбите на опседнатост), кои што ги доживувала Ванѓа, несомнено покажуваат дека овие „мали и големи сили” се нечистите духови на злобата. Свети Атанасиј Велики (+373) во биографското „Житие на свети Антониј Велики” обрнува посебно внимание на зборовите на свети Антониј, кој ги опишува сосема истите (како кај Ванѓа) чувства: униние, тага, страв, замор, психичко растројство, секогаш својствени за појавата на паднатите духови.

    Истите овие демони, извор на феноменалната свест на Ванѓа во однос на бројните нејзини посетители, се јавуваат и под вид на луѓе на починати. Ванѓа вели:

    „Штом пред мене застане човек, неговите најмили што умреле се редат околу него, ми поставуваат прашања и одговараат на прашања, а јас го предавам слушнатото од нив на живите”.

    Ванѓа контактирала со „мртвите” на специфичен начин, обично тоа се случувало во состојба на транс (демоно-опседнатост), при што често зборувала со туѓ глас, божем од името на „мртвите”. Емилија Данова, моден дизајнер, вели:

    „Еднаш, кога отидовме со брат ми, Ванѓа направи таков силен контакт со нашата почината мајка, така што ги користеше нејзините зборови и нејзиниот глас скоро еден час. Уште повеќе изненадувачки беше тоа што зборуваше за сосема тајни работи за нашето семејство, кои немаше од каде да ги разбере, та уште повеќе и ние самите не знаевме многу од работите што ни ги кажа”.

    Да, навистина. Но со „мало” појаснување дека самата Ванѓа немало од каде да го знае минатото на непознати луѓе, и токму бесовите, кои имаат цело познание за таквото минато, го користеле нејзиниот глас. И токму поради оваа причина се јавува овој ефект на туѓиот глас, бидејќи демоните не можат целосно да ги контролираат сите функциии на мозокот и гласните жици, а ги совладуваат само делумно. Што се однесува, пак, до јавувањето на бесови под вид на мртви, тоа не се случило за прв пат кај Ванѓа, а е познато од најстарите библиски времиња. Словото Божјо категорично забранува такво општење: „Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.” (Лев. 19: 31). И наскоро ќе се убедиме дека, кога Бог забранува нешто, тоа навистина е опасно.

    Освен духовите кои ѝ се јавуваат на Ванѓа под вид на „мали сили”, „големи сили”, а исто така и под вид на починати сродници, во последните години таа почна да комуницира и со уште еден вид жители на невидливиот свет. Ги нарекувала „Жители на планетата Вамфим”.

    Еве го и нејзиниот расказ:

    „1987: Ги гледам од околу една година време. Тие се проѕирни. Облечени се во облека како браници кои блескаат како лушпи на риба. …Ми велат дека доаѓаат од земјата Вамфим, или барем јас го слушам така, и дека таа е трета од Земјата. Не ми кажуваат со каква цел доаѓаат тука. Овие суштества или странци, не знам како да ги наречам, се многу строги. Кога зборуваат, нивниот глас одекнува како ехо. Таму, кај нив, на нивната земја сѐ е многу добро организирано и се работи мно1у. Овие суштества ми велат дека јас сум најмала директна нивна врска со Земјата. Тие комуницираат со поедини луѓе од нашата планета. Тие нè контролираат”.

    Тука повторно станува збор за невидливиот свет на паднатите духови, а не за феномени од видливиот материјален свет. Лесно се доаѓа до овој заклучок, ако помислиме над следниве прашања: ако оние „космонаути” беа физички суштества, зошто тогаш тие не беа видливи за роднините на Ванѓа, кои постојано живеат со неа (а и за сите нејзини посетители)? Каде го оставиле „дојденците” својот вселенски брод, кој исто така би требало да е видлив физички објект? Ако, пак, веруваме на постојано зголемување на бројот на „контактори”, тогаш околу Земјата веќе директно врие од секакви видови вонземјани, но тие, непознато е зошто, си играат детска криенка со луѓето, па ту оставаат да бидат забележани, ту ненадејно пак се сокриваат. Ова прашање наскоро ќе биде анализирано подетално, но и сега сметаме за очигледно дека Ванѓините „вонземјани од Вамфим” се невидливи духовни суштества, а не реални физички феномени.

    Во следните статии подетално ќе го разгледаме сведоштвото на Божјото Слово во однос на вражачките и на оние што говорат со „мртви”. Освен Стариот и Новиот Завет, ќе разгледаме и некои списи на светите отци, а исто така и одделни канони на Православната Црква запишани на Вселенските Собори. Ќе го разгледаме и прашањето за природата на „НЛО”.

    Нашата понизна желба е луѓето да веруваат повеќе на Троичниот Бог и Неговото вечно учење, отколку на отсекаде доаѓачките нови совети и методи за самореализација предложени од велики (вселенски) „Учители”.



    Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (II)

    [​IMG]

    Сведоштва од Стариот Завет во врска со оние што говорат со „мртовци”

    Кога Евреите се приближуваат до границите на земјата Хананска (по бегството од Египет, околу 1200-1300 година пред Христа), Бог преку пророкот Мојсеј го предупредува народот на следниов начин:

    „Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или ќерката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. Биди непорочен пред Господа, твојот Бог; зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. (Второзак. 18: 9-14).

    Овој текст е доволно јасен и нема потреба од дополнителни толкувања. Да повториме уште еднаш дека, Бог е толку категоричен во однос на овие „феномени”, бидејќи комуникацијата со бесови (под вид на мртовци) е погубна за човечката душа. Феномени како горенаведените пророкот не ги нарекува поинаку освен гадотии пред Господа, и на нив тој го оддава распадот на хананските држави.

    Но, знаејќи дека горното предупредување само по себе не ќе биде во сила да ги одврати оние што се предале на секакви пагански „феномени”, еврејскиот народ, кој при тоа бил веќе запознат со овие феномени уште од Египет, Бог преку Мојсеј издал строги закони, кои предвидуваат дури и смртна казна (убиство со камења) на оние кои сезанимаваат со спиритизам, јасновидност, повикување на душите на починатите и др.

    Во книга Левит, на пример, е запишано:

    „Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.”(Лев. 19: 31).

    „И ако некоја душа се сврти кон оние, кои извикуваат мртовци, и кон волшебници, за да ги следат во нивното блудство, Јас ќе го свртам лицето Мое против таа душа и ќе ја истребам од народот нејзин.” (Лев. 20: 6).

    Пророкот Исаиј пишува: „Ако ви речат: „Прашајте ги духовите и оние кои пророкуваат за иднината, што шепотат и мрморат” – одговорете: „Зар народот не треба да Го праша својот Бог? Зар мртвите се прашуваат за живите?” (Иса. 8: 19).

    Но несомнено најстрогите заповеди се:

    „Вражачка да не се остава жива” (Изх. 22: 18), и „Маж или жена кои, меѓу вас, ќе станат повикувачи на духови на мртви или ќе вражаат, нека бидат казнети со смрт; нека бидат каменувани, а нивната крв нека падне на нив (Лев. 20: 27).

    И покрај сета оваа строгост, во времето на еврејските судии и цареви верата во повикување на душите на починатите и предвидувањата на разни јасновидци зела толку широки размери, така што достигнала и до царскиот двор. Цар Саул, во почетокот на своето владеење (околу 1040 -1020 пр. Хр.), додека ги пазел Божјите заповеди, „ги избркал маѓионичарите и врачарите низ земјата” (1 Цар. 28: 3), но потоа во една војна со Филистејците сам станал жртва на беззаконие, така што лично отишол кај Аендорската волшебница, за да му го извика духот на пророк Самуил, за да се советува со него (1 Цар., 28 гл.). Колку оваа постапка на еврејскиот цар била спротивна на волјата Божја се гледа од тоа дека Саул во најскоро време бил казнет од Бога со губење на престолот и својот живот: „Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите, а не Го побара Господа. Затоа Он и го погуби и царството негово и го предаде наДавида, Јесеевиот син.“ (1 Парал. 10: 13-14).

    И така, треба ли да се однесуваме кон Ванѓа како кон „светица”, ако сакаме да веруваме во Живиот Бог и Неговото Слово? Одговорот е повеќе од очигледен: Ванѓа секојдневно вршела душепогубни дела, строго забранети од Светото Писмо. Таа не само што не е светица, но била и душепогубен проводник на ѓаволските дела меѓу луѓето.

    Постојат некои фотографии на кои се гледа соба со иконите на Ванѓа и нејзината лична Библија, поставена на нејзиното шкафче. Очигледно оваа Библија била само некаква религиозна декорација за „пророчицата”, која покрај својатанадинформираност не знаела важни библиски текстови, и покрај тоа што таа самата ги советувала луѓето да веруваат во Бога и да ја читаат Библијата. Или уште полошо, ако таа го знаела сето ова, значи свесно се противела.

    Ванѓа дефинитивно не е светица. А дали не била и волшебница?

    Досега веќе неколку пати кажавме зборови како „вражачка” и „волшебник”, и затоа треба да објасниме што значат и содржат во себе овие дефиниции. Она што најкомплетно ја карактеризира суштината на маѓепсништвото и вражањето есознателното општење на човекот со темни сили.Токму затоа, ние би рекле, дури и во оваа рана фаза, дека Ванѓа навистина била волшебница, макар и несвесно. Субјективно гледајќи се себеси како христијанка, практично таа била во видливо, сознателно и постојано општење со демонските сили. Само што при сознателно маѓепсништво (неправилно нарекувано уште и „црно”), маѓепсникот е целосно свесен со кого и зошто се поврзал; Ванѓа била несвесна волшебница, бидејќи таа никогаш не осознала докрај на кого точно служи. За овој факт сведочи и најверодостојниот нејзин биограф, внуката Красимира Стојанова, која што ги опишала молитвите од Ванѓа на следниов начин: „ А друг пат нејзините молитви завршуваат со прашање, дојдено директно од нејзиното срцето: „Која е мојата судба, Господи, и на кого му служам?”84

    Ванѓа имала сосема доволно основа не само за овие свои сомнежи, но дури можеше да биде сосема сигурна дека не служи на благиот Бог. Во еден одреден момент од нејзиниот живот, демоните стануваат речиси полновластни господари на сите нејзини постапки и Ванѓа едноставно се чувствувала немоќна да се бори со „силите”. А дека овие „сили” дури и ја казнувале за некои нејзини срамежливи обиди за спротивставување, за тоа има бројни веродостојни факти.

    Продолжува -------》
     
    Последна измена: 19 септември 2017
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  16. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (III)

    [​IMG]
    Сведоштва од Новиот Завет за нечистите духови и нивните лукави манифестации во видливиот свет


    Во Новиот Завет има многу текстови, кои ги опишуваат активностите на сатаната и паднатите духови или пак се опишуваат случаи на изгонување на бесови од страна на Господа Исуса Христа и од страна на светите апостоли. Но, ние ќе се запреме само на оние места од Светото Писмо, кои директно или индиректно може да ни помогнат подобро да се разбере дејноста на Ванѓа. Ајде повторно да се потсетиме на зборовите на свети апостол Павле: „И не е за чудење: бидејќи самиот сатана се преобразува во ангел на светлината;” (2 Кор. 11: 14), за да го заведе човекот. Тоа е недвосмислено предупредување лека во духовниот свет не е се толку јасно и едноставно како што изгледа. Исто така, би требало веќе да разбереме дека демоните не се некаква „метафора” за човечките страсти, како што некои наши современици мислат, туку реално постоечки суштества, со кои водиме (или ни претстои да водиме) вистинска духовна битка. Драгоцено предупредување за сериозноста на оваа битка се и зборовите на свети апостол Павле: „Оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата.” (Ефес. 6: 12).

    Во врска со предвидувањата на Ванѓа и кој е нивниот извор, особено познат е случајот со свети апостол Павле, кој со Божјата сила еднаш избркал „дух на предвидување” од една слугинка, иако во овој случај, духот ја кажал самата вистина: „Овие луѓе се слуги на Севиитиот Бог, што ви го соопштуваат патот на спасението.” (Дела 16: 16-18). Оваа слугинка носела голем профит на своите господари со врачањето, и непосредно, поради протерувањето на овој нечист дух, апостолите Павле и Сила претрпеле жесток бој, па дури и прогонство. Но, како што наведуваат светите отци, свети апостол Павле не сакал да се користат услугите на бесовите, зашто такви услуги последователно се плаќаат премногу скапо во духовен план. Нека се обрне внимание и на фактот дека слугинката успешно вражала и предвидувала и на тој начин привлекувала голем број луѓе кон себе, односно во очите на луѓето таа била „пророчица”.

    Несомнено оваа слугинка и нејзиниот „дух на предвидување” многу личат на „пророчицата” Ванѓа и нејзините „сили”.

    Да одбележиме уште дека и покрај мноштвото луѓе кои ја опкружувале слугинката, единствено апостол Павле (бидејќи бил навистина духовен и свет човек) забележал дека таа предвидувала не со Божја помош, а со демонска. Во денешниот бездуховенсвет потешко да се најдат такви луѓе како апостол Павле, кои толку јасно и категорично ќе ја откријат вистината. Затоа и не треба да се потпираме на современото „јавно мислење” (или пак на еуфоричните статии во весниците) по духовни прашања, а внимателно да се раководиме од примерот и учењето на Божјите угодници како апостол Павле и останатите апостоли (и светии на Црквата). Ова учење и овие примери се детално опишани во Светото Писмо и Светото Предание.

    Ајде повторно да истакнеме дека темните сили понекогаш ја кажуваат и вистината, но само за да можат подоцна уште полошо да ги заведат оние кои им веруваат. Токму затоа не треба да се прашуваат вражачки, гледачки, волшебници, екстрасенси итн. Дури и да кажат нешто точно, душата на човекот невидливо ќе биде поврзана и осквернета од нечисто бесовско влијание.

    Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (IV)

    [​IMG]
    Сведоштва од Светото Предание: Што советуваат светите отци за усвојување на слики и што препишуваат каноните на Црквата во однос на луѓе кои комуницираат со нечисти сили.


    Во суштина нема разлика помеѓу зборовите на Светото Писмо и учењето на светите отци, бидејќи изворот им е ист – Бог. Благодатта на Светиот Дух дејствувала врз светите Отци и Апостолите и им ги разјаснила сите вечни вистини, неопходни за нашето спасение. Затоа, токму со помош на светоотечкото учење можеме спасително и непречено да се приближуваме кон вистинска смисла на некои потешки места за разбирање од Светото Писмо.

    Ќе се сопреме главно на оние светоотечки текстови, кои јасно сведочат дека сознателното гледање на суштества од невидливиот свет е духовно опасно и често води до манифестација на болна мистика и прелест. Така, не само што ќе се разбере подобро „феноменот Ванѓа”, но ќе си помогнеме и себеси, стекнувајќи поцелосно разбирање за некои опасности од духовна природа.

    Свети Григориј Синаит кажува: „Ти, надевајќи се да бидеш со Бога, никогаш не прифаќај ако видиш нешто сетилно или духовно, надвор или внатре, та дури тоа да биде и образот на Христа, или на Ангел, или на некој светец. Но, пази го умот подалеку од секакви слики, виденија или образи. …Бог нема да се налути на оној, кој целосно внимава над себеси, ако тој, поради страв да не западне во прелест, не го прифати она што е од Него, без потребното тестирање, но повеќе го пофалува како мудар…”

    Свети Симеон Нов Богослов исто предупредува за опасноста од прифаќање на образи и слушање на гласови: „…Се опрелестуваат и оние кои гледаат светлина со телесните очи, чувствуваат мириси со мирисот, слушаат гласови со своите уши и друго слично. Некои од нив полудуваат и во безумие одат од место до место. Други се опрелестени, така што го примиле ѓаволот, кој се преобразил и им се јавил како ангел на светлината, а тие не го препознале тоа и не се поправиле до крај и не сакаат да слушнат совет од никој…”

    Свети Исак Сирин зборува за долгиот пат на христијанско очистување и аскеза: „И ако човек смело се вознесе во соништата, предвреме дигне очи кон духовното и се обиде да го постигне со разумот, видот наскоро му слабее и наместо реалноста, гледа духови и слики. Ако видот на умот не биде очистен преку исполнувањето на заповедите и делата на тихователниот живот, додека умот не се здобие со целосната светлина на љубовта, нема да може да стане вистински зерцател на Божественото созерцување. …И кога умот гледа едно наместо друго, тоа е затоа што не се очистил”.

    Свети Макариј Египетски советува за постојана духовна будност, бидејќи активностите на ѓаволот се многу различни: „Треба да внимаваме со голема проникливост дали нема однекаде непријателска измама, итрина или беззаконие. Како што Духот Свети преку Павле служи на сите, за да ги придобие сите (1 Кор. 9: 22 ), така и лукавиот се обидува да биде сè за сите, за да нè турни во пропаст. Со оние, кои се молат, тој се преправа дека се моли заедно со нив, со цел да ги прелаже; …Пред оние, што се удостоени со светлината на откровенијата и сам се претставува како таков; …со еден збор прифаќа секаков вид за сите, та откако ги потчини со тоа поистоветување, под благовиден изговор да приготви погибел… Затоа треба да го чуваме срцето и да измолиме од Бога мно1у разум, за да ни овозможи да ја најдеме замката на злобата”.

    Свети Варсануфиј Велики исто така зборува за опасноста од духовна прелест: „Она за што прашуваш ти, се однесува на луѓето што достигнале висока мера на духовниот раст. Ако внатрешното око не биде очистено со многу исцелување, тоа не може да се избави од трње и плевел и да собере грозје што го укрепува и весели срцето. Ако човек не ја достигне оваа мера, не може да ги разликува (овие помисли), но ќе биде исмеван од демоните и ќе западне во заведување откако ќе им поверува:бидејќи тие ги променуваат работите онака како што сакаат, особено за оние кои не ги познаваат нивните стапици”.

    Светителот Игнатиј Брјанчанинов детално појаснува: „Да не си вообразуваат за себе што и да е оние кои со сетила виделе духови, дури и свети ангели: овој став сам по себе воопшто не служи како сведоштво за достоинството на оние што ги гледаат: на него се способни не само порочните луѓе, но и бессловесните животни“ (види: Броеви. 22:23).

    „Оној што гледа духови, лесно може да биде измамен за свое ранување и погибел. Ако ли тој, кога гледа духови, покаже доверба или лековерност кон нив, тој сигурно ќе биде измамен, сигурно ќе биде заведен, сигурно ќе биде запечатен со неразбирлив за неискусните печат на опрелестување, печат на страшното повредување на духот, при што често се губи можноста тоа да се поправи и да се достигне спасение.

    Со мнозина, со доста луѓе се случило тоа. Се случувало не само со незнабошците, чии жреци во повеќето случаи отворено комуницирале со демоните; се случувало и со многу христијани кои не ги познавале тајните на христијанството и поради некоја околност стапиле во општење со духовите; се случувало дури и со многу подвижници и монаси кои не постигнале духовен поглед на духовите и ги виделе сетилно.

    Само преку христијанското подвижништво се одвива точен н легитимен влез во светот на духовите. Сите други средства се незаконски и треба да бидат отфрлени како непотребни и штетни .

    „Светите наставници …им заповедале на благочестивите подвижници да не веруваат на никаков лик или видение, ако тие се појават ненадејно, да не влегуваат во разговор со нив и да не им обрнуваат никакво внимание. Тие заповедаат при такви случаи да се оградиме со крсниот знак, да затвориме очи и со решителна свест за своето недостоинство и неспособност да гледаме свети духови, да Го молиме Бога да нè зачува од сите стапици и прелести, итро расфрлани пред луѓето од духовите на злобата”.

    Се поучила ли Ванѓа од сите овие боговдахновени совети? Очигледно, не! Не само што не се заштитила од општењето со „силите”, но била и горда дека е избрана од нив. Која погубна духовна прелест!

    Верата во „силите“ – главен белег на активноста на Ванѓа како вражачка и гледачка (V)

    [​IMG]
    Што препишуваат светите канони на Црквата во однос на луѓето кои што комуницираат со нечисти сили


    Истражувајќи ги правилата на Христовата Црква, да обрнеме внимание дека епитимии се налагаат не само на самите вражачки, гледачки, волшебници и на останатите директни служители на демоните (како Ванѓа), но и на оние обични луѓе кои „само” се обратиле кон нив за информации или друг вид на „духовна” помош. Човек кој се обратил кон услугите на волшебник, е еднаков со убиец (види: 72 правило на свети Василиј Велики). Тоа е така, зашто светите отци ја гледаат најголемата опасност од духовно заведување и решително сакаат да ги заштитат христијаните од бесовско сквернавење. Еве и некои од правилата:

    61 правило на Четвртиот Вселенски Собор: „Оние, кои се обраќаат кон волшебници за да дознаат од нив, дали ќе им откријат нешто што сакаат, по силата на претходните дефиниции на отците за нив, нека подлежат на 6-годишно покајание. На истата казна треба да се подложат и т.н. гледачи и бајачи. Оние, пак, кои опстојуваат во тоа и не сакаат да се одвратат и отстапат од слични штетни и пагански измислици, пропишуваме да се изгонуваат од Црквата, како што и светите правила заповедуваат, бидејќи ‘што општо има светлината со темнината?’, вели апостолот. Или ‘Каква сличност има храмот Божји со идолите?’. Или ‘Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар?’“(2 Кор. 6: 14-16).

    72 правило од свети Василиј Велики: „Кој се предал на „волхователи” или слични на нив, нека биде под казна онолку време колку и убиец”.

    3 правило од свети Григориј Ниски: „А оние кои одат кај маѓепсници или бајачи, или кај оние кои ветуваат дека преку демоните… ќе ги заштитат од штета, треба грижливо да бидат испитани и тестирани, дали, останувајќи во верата во Христа, биле вклучени во таков грев како последица на некаква несреќа или сериозна загуба, или пак прибегнале кон помош на демоните целосно презирајќи го исповедањето на верата што сме им го довериле.” Ова правило ги осудува последните како вистински отстапници од Христа (вероотстапници), а кон првите, кои се опрелестиле како последица на голема мака или тешка несреќа, повикува да се покаже човекољубие.

    Според некои информации, за периодот од 1942 до 1996 година, во домот на Ванѓа поминале повеќе од 500.000 луѓе. Некои од нив, всушност, биле со тешки животни проблеми и незнаејќи кон кого да се обратат, во својот очај прибегнале кон петричката гледачка. Други се обраќале кон Ванѓа едноставно само од чисга љубопитност , без никаква реална потреба. „Комбинација” од двете претставуваат луѓе како Људмила Живкова, кои имале живи духовни пребарувања и интереси, но овие пребарувања последователно биле искривени и дури добиле јасен окултен карактер.

    Но какви и да биле причините што ги терале сите овие луѓе да го пречекорат прагот на Вангината куќа, тие несомнено треба да ја осознаат најголемата грешка, имено дека не побарале ломош од Бога и Неговата Црква, а се обрнале кон петричката вражачка, несреќниот слуга на бесовите. Иако понекогаш и да кажувала нешто точно, тоа било само една мамка за неупатените луѓе.

    А за тоа дека е потешко да се најде патот кон Црквата (што налага духовни подвизи и постојани напори), отколку широкиот пат кон Ванѓа (и сличните на неа) зборува и самиот Господ Иисус Христос во Евангелието: „Влезете низ тесната врата; оти широки се вратите и широк е патот што води кон пропаст, и мнозина минуваат низ нив; а тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малцина го наоѓаат.” (Матеј 7: 13-14).
     
    Последна измена: 19 септември 2017
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  17. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Требаше да почнам со биографијата, ама нема врска.
    [​IMG]
    БИОГРАФИЈА НА ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА (1911-1996)


    „Не одете по оние што повикуваат духови на мртви, и до маѓесници не доближувајте се, и не дозволувајте да ве осквернат. Јас сум Господ, Бог ваш.” (Лев. 19:31)

    Вангелија (Ванѓа) е родена на 31 јануари 1911 година во градот Струмица во Македонија. Нејзините родители, Панде Сурчев и Параскева, биле ситни земјоделци. Ванѓа имала само три години, кога нејзината мајка починала при раѓањето на второто дете, во 1914 година. Поради тешките години и таквите околности Ванѓа уште од раното детство била научена на трудољубие, што го сочувала и до самата смрт.

    Малку по завршувањето на Првата светска војна, околу 1919 година, нејзиниот татко Панде се оженил по втор пат, за Танка Георгиева, од која имал уште три деца (Васил, Томе и Љубка). При раѓањето на четвртото дете, и Танка, втората сопруга, починала, во 1928 година.

    Кога Ванѓа била на 12 години, во текот на 1923 година преживеала настан, кој целосно го изменил нејзин понатамошен живот. Еднаш, додека одела кон селото, заедно со двете свои братучетки, страшен ураган ја кренал во воздухот и ја однел далеку во полето. 1) Ја пронашле во една нива, покриена со прав, камења и гранки. Била како полудена од страв, но најстрашното било тоа што почувствувала силна болка во очите, така што воопшто не можела да ги отвори. Се обратиле кон „бајачки и гледачки, та ѝ давале баена и осветенавода”, и правеле компресии, ја мачкале со мелеми, но и тие не донеле олеснување. Наскоро Ванѓа целосно ослепела.

    Кога имала 14 години, Ванѓа била примена во Домот за слепи лица во градот Земун (Србија), 1925 година. Таму таа научила да шие и да плете, да чита на Брајова азбука, да чисти, да готви и да свири на пијано. Овие години биле среќни, но кратки. Во 1928 година, кога Ванѓа имала 17 години, додека се подготвувала за мажење, ненадејната смрт на втората нејзина мајка Танка ја принудила да се врати во Струмица. Таму таа почнала да се грижи за двајца браќа и малата сестра, при многу голема беда и тешки животни околности.

    Така ги затекнал и почетокот на Втората светска војна, а во 1940 година, на 8-ми ноември, таткото Панде Сурчев, на 54 годишна возраст, ненадејно починал.

    Појава на „дарбата”.

    Необичните способности на Ванѓа започнале значително да се манифестираат кон почетокот на 1941 година, кога таа имала 30 години. На 6 април 1941 година по втор пат ја посетил „висок, рус, таинствен, божествено убав коњаник”, кој ѝ рекол дека тој ќе биде до неа и ќе и помага да претскажува за живите и мртвите. Набргу потоа „од нејзината уста почнал да се истура друг глас, кој со голема точност посочил места и настани, и имиња на мобилизирани мажи кои ќе се вратат живи или ќе им се случи несреќа…“. Од тоа време Ванѓа почнала често да запаѓа во транс, да прифаќа повеќе посетители, да наоѓа изгубени лица и предмети и да зборува со „мртвите”.

    На 10 мај 1942 година Ванѓа се омажила за Димитар Гуштеров по категорична порачка на „силите”, иако тој дотогаш бил свршен за друга жена (Марија од село Крнцилица), за што и самиот тој за тоа и соопштил на Ванѓа. По свадбата, двајцата се преселиле во Петрич, каде нејзината слава како гледачка се разнесе насекаде. Иако „силите” и претскажале на Ванѓа дека заштитата од нејзиниот сопруг ќе биде голема „колку што е голема сенката на орелот кој ги раширил своите крилја”, Ванѓа немала среќен семеен живот, немала ни деца; само 5 години по свадбата (во 1947 година), сопругот Димитар се разболел тешко. Тогаш силно се пристрастил кон алкохолот и починал во 1962 година, едвај на 42-годишна возраст.

    На 3 октомври 1967 година, пристапот на посетители кај Ванѓа бил официјално легитимиран. Таа станала државен служител и почнала да добива месечна плата, а и назначиле и личен шофер.

    Во 1973 година Ванѓа се зближила со Људмила Живкова, која останала верна нејзина пријателка и обожавателка до самата смрт (во 1981 година). Нивното пријателство започнало по тешката сообраќајна несреќа што Људмила Живкова ја претрпела во 1973 година. Тогаш нејзиниот сопруг, Иван Славков, се јавува кај Ванѓа дека ќе дојдат кај неа, за да побараат помош. Ванѓа посакала да ѝ донесат некој предмет од Људмила. Ја донесле нејзината торба, а Ванѓа го одобрила нејзиниот третман, и правилно кажала дека Људмила ќе ја поврати меморијата. За време на опоравувачкиот период, посетите на Људмила Живкова кај Ванѓа се зголемуваат, а меѓу двете се раѓа вистинско пријателство. Подоцна Људмила Живкова (која во меѓувреме почнала активно да се занимава со окултизам и станала вистинска следбеничка на Агни јогата, лажеучење, што официјално го осуди Православната Црква), почнала кај Ванѓа да води и некои важни гости со окултен светоглед.2 Токму така Ванѓа се среќава со луѓе како Светослав Рорих, Саи Баба,3 Валентин Сидоров4 и други. Тука само ќе го посочиме фактот дека Ванѓа, божем православна христијанка та дури и „пророчица”, не само што никогаш не ги разобличувала Људмила Живкова (и останатите окултни соговорници) за нивните јавни нехристијански ставови, но дури напротив, во текот на годините самата Ванѓа станала извор на многу заблуди и лажепророштва, кои детално ќе ги разгледаме.

    Во 1982 година, на 71 годишна возраст, Ванѓа се преселува во Рупите, опколена со почит и признание од многу луѓе. Прифаќа политичари како Ал. Лилов, А. Луканов, Петар Стојанов, Петко Симеонов, К. Илјумжинов, интелектуалци и уметници како Н. Ѓузелев, Минчо Минчев, Лили Иванова, Нешка Робева, Дамјан Дамјанов, Љубомир Левчев, Павле Писарев и др.

    Ванѓа прима посетители речиси до самата смрт, на 85 годишна возраст (умира на 11 август 1996 година). Интересни се некои од нејзините предсмртни зборови, документирани во филмот „Така рече Ванѓа”од новинарот Тома Томов (емитуван во 2003). Ванѓа во болницата во многу тешка состојба, насетувајќи ја нејзината смрт, му кажува на Томов: „кога ќе отидам долу…”. Овие зборови се индикативни, бидејќи сите вистински светии пред смртта мислат и зборуваат само за душата, за Бога, „за горе”.

    Пред и за време на нејзиниот погреб се собираат повеќе од 15 000 луѓе. Последна почит сведочат и тогашниот претседател Жељу Желев, кандидатот за претседател Петар Стојанов, тогашниот руски амбасадор Александар Авдеев, целиот министерски кабинет, претседателот на Народното собрание, главниот обвинител на републиката, пратеници, странски дипломати, новинари од светски агенции – Ројтерс, Франс прес, ББС и многу други27. Иако многу од бугарските политичари дошле од корист, (бидејќи се приближувале избори, а погребот се пренесувал директно на електронските медиуми), присуството на толку многу луѓе зборува само за едно: авторитетот на Ванѓа е огромен. Некои луѓе и досега ја нарекуваат „светица“, што всушност претставува вистинско исмејување на вистинската светост.

    Улицата до нејзиниот дом во Петрич е преименувана во „Ванѓа”, а нејзината куќа е претворена во музеј (од 2008 година). Една градинка во село Рупите исто така го носи името на гледачката. Неодамна во медиумите се појавија извештаи дека од почетокот на 2011 година во Благоевград се подготвува издавање на марка со ликот на Ванѓа, а фондацијата „Ванѓа” засилено се подготвува за свечено прославување на 100-годишнината од раѓањето на врачката. Во февруари 2011 година од медиумите со изненадување научивме дека Архиерејскиот намесник на Петрич, свештеник Ангел Кочев, го покренал прашањето за канонизација на петричката врачка.

    Ние, пак, со болка се прашуваме до каде ли ќе дојде духовното паѓање на „православните” браќа и сестри?

    1) Според новинарската истрата на Светослава Тадаркова, во 1923 година во тој регион не било регистрирано слично торнадо, а имало само силен ветер. Ете зошто Тадаркова признава дека може да се случило некое чудо. Само, како што детално ќе разјасниме подоцна, дури и да имало чудо, тоа било со целосно окултен карактер. При многу феномени со демонски ка- рактер можно е да се влијае врз природните закони и можно е човек (без разлика на неговата волја) да биде пренесен на голема далечина.

    2) Ова го потврдува и сестрата на Ванѓа, Љубка, која веди: „Лзудмила пристапила кон некакво духовно учење, кое проповедаше развој на човекот преку кудтурата. Многу подоцна прочитав дека ова учење се нарекувало Агни – јога. Лзудмида ја викаше Ванѓа во Софија кога ја посетувале некои видни гости, што го исповедале ова учење”.

    3) Познат индиски „гуру”, кој исто така бил во контакт со демонски сили.

    4) Автор на окултни книги.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Ванѓа и Државната сигурност

    Признавање и заштита од атеистичката власт

    При толку многу луѓе кои секојдневно ја посетувале Ванѓа, било само прашање на време кога Комитетот за Државна сигурност сериозно ќе се заинтересира за „феноменот” Ванѓа.

    Овие контакти не биле еднозначни. На почетокот од Државна сигурност се однесуваат со сомнеж и недоверба кон Ванѓините дарби, но потоа, разбирајќи за многубројните можности кои би им се откриле од меѓусебната „соработка”, ја земаат под своја закрила.

    „Ванѓа била третирана како човек кој шири суеверија, кој верува во Бога, гледа… Сето тоа не им се допаѓа на комунистите, бидејќи противоречи на нивниот атеизам… Во подоцнежните години во 1966/67 година, на локалната радиостаница постојано ја исмеајуваа, емитуваа материјали против неа, по весниците ја цртаат како баба Рога – со метла, со цигаре, со црна мачка… Независно од сето тоа сепак нејзината слава растеше… Луѓето ја посетуваа – од цела Бугарија, од соседните држави, дури и од Америка, Канада, Франција Англија… Комунистите разбираат дека тоа не може да се запре… И ставија влезници… Секој кој одеше кај Ванѓа, плаќаше влез 10 лева, а странците – двојно и повеќе… Таа примаше во просек 80 до 100 лица на ден… Замислете какви приходи Ванѓа носеше наРепубличкиот буџет – тоа се милиони левови…”

    И така, на 3 октомври 1967 година Ванѓинотојасновидско претпријатие бива официјално легализирано како државна единица: назначуваат државен службеник (кој ја исполнувал должноста на нејзин личен чувар и возач), такса од 10 лева за Бугари, 50 лева за странци, назначена е и нејзината месечна плата. Во почетокот милиционерите околу нејзиниот дом носеле службени униформи, но потоа се облекувале како цивили.

    „Ванѓа сигурно била агент на Државна сигурност и соработувала со службите од 1971 до 1984 година”, вели новинарката Светослава Тадаркова, која прави темелна истрага на целиот живот на петричката врачка, и сликала луѓе од Државна сигурност, директно поврзани со Ванѓа. Но, како што веќе рековме, оваа интервенција на Државна сигурност во нејзиниот живот не се случила по волјата на Ванѓа. Сведоштво за тоа е дека во септември 1974 година тие прават претрес во нејзиниот дом. Единствено непосредната лична интервенција на Људмила Живкова ја смирува ситуацијата.

    Оваа тесна (и донекаде присилна) поврзаност на Ванѓа со Државната сигурност е логичен предуслов и добро ја објаснува содржината на еден нотарски акт за публичен тестамент од Ванѓа, токму од крајот на овој период, 6 септември 1984 годи- на, кој подоцна ги предизвикува бурните протести на Ванѓините наследници и е неуспешно оспорен од нив пред судот. Во овој чин се вели дека „во знак на благодарност и почит кон БКП и народната власт, за грижата и вниманието, пројавени кон мене, целиот имот (недвижен, подвижен, штедни влогови и скапоцености) што поседувам, сакам да го оставам на бугарската држава. Во врска со тестаментот желбата ми е – по про- ценка на релевантните државни органи – моето живеалиште, кое се наоѓа во градот Петрич, ул. „Ополченска” 10, заедно со предметите кои се наоѓаат во него, да прерасне во музеј, а со средствата од штедните влогови и други скапоцености да се изгради детска установа, што ќе го носеи моето име”.

    Тука треба да појасниме дека се појавиле спорови единствено само за имотот на Ванѓа. А во врска со нејзината желба за основање на куќа-музеј и градинка со нејзиното име – за тоа нема спор, тоа го потврдуваат и нејзините роднини. Ова, пак, од духовна точка јасно покажува дека Ванѓа воопшто не е скромна. За разлика од вистинските светии, таа уште додека беше жива имаше високо мислење за себе, уште додека беше жива мислеше и копнееше за човечка слава. Нејзината блиска пријателка Витка Петреска, кој речиси деноноќно се грижеше за Ванѓа, вели дека во последните годинипророчицата сонувала да се сними филм за неа, во кој нејзините најблиски луѓе ќе раскажуваат за животот и нејзините дела. За споредба со себељубивите желби на гледачката Ванѓа, ќе ја посочиме последната желба на свети Нил Сорски (+1508), кој писмено оставил на своите ученици, по неговата смрт тие „да го фрлат неговото тело во пустината, за да го изедат ѕверовите и птиците, бидејќи самиот тој е недостоен за погреб”. Друг светител, Нил Мироточив, исто не сакал луѓето да се сеќаваат на него. Но, сам Бог на чудесен начин ги прославува тие светии, така што на нивните свети мошти им дарува дар на чудотворство и мироточение.

    Контрастот помеѓу смирението на Божјите угодници и „смирението” на Ванѓа е огромен. И, како што наскоро ќе видиме, тоа не е единствената голема разлика.

    Научни истражувања за Ванѓа

    За официјално признавање на Ванѓа (околу средината на 60-те години) значајна улога одигрува Институтот за сугестологија1 при БАН со тогашниот шеф професор д-р Георги Лозанов. Што, всушност, покажуваат истражувањата на неговиот тим, кој анкетирал илјадници посетители, опишал над 7000 случаи, снимил стотици Ванѓини сеанси на магнетофон?

    Вистината е дека истражувањата не стигнуваат до никаков категоричен заклучок. Всушност, како што ќе видиме од сопствените зборови на професор Лозанов, тој и досега останува во неизвесност каква е вистинската природа на Ванѓините предвидувања. Од една стран,а Лозанов цврсто беше против некритичкото прифаќање на предвидувањата на Ванѓа, а од друга страна, не негираше дека процентот на познавање кај гледачката значително е над границата на случајноста. Но, професорот не дава никакви објаснувања зошто и како се случува сето тоа.

    Еве ги и неговите зборови, на места доста контроверзни и противоречни:

    „…Ванѓа беше предмет на истражување од мојот институт. …Сум ги проверувал некои од нејзините предвидувања. Со леснотија сум го оспорувал усвојувањето на нејзините предвидувања и нивното бескритичко прифаќање. Заклучив дека треба да биде испитана, како и други природно надарени луѓе во светот. Испратив мои луѓе од персоналот да го евидентираат тоа. Со текот на времето направивме многу записи, кои при претресите подоцна останаа во милицијата. Никогаш не сум ја оспорувал личноста на Ванѓа, не сум велел дека таа е измамник. Таа беше човек од народот, кој веруваше на нејзините предвидувања. Дури имаше многу случаи во кои погодуваше. Ако сум одбил нешто, тоа е, за да ја смири бурата, која беше надвисната врз неа. Тогаш од мене посакаа заклучоци дали таа навистина знае; пишав документи, ги има во државните архиви. Тогаш му реков на Тодор Живков дека Ванѓа не знае. Но, сепак му реков дека ако тој погоди 5 работи, јас – 8, таа ќе погоди 12. Нејзините познавања нема да бидат фатално сигурни, но ќе познае повеќе од нас”.

    Сепак според негови искази пред странски новинари, процентот на точни предвидувања на Ванѓа е околу 80%, што е значително над границите на случајноста. Како што веќе рековме, професорот и неговиот тим воопшто не даваат јасен одговор на прашањето, зошто сепак Ванѓа погодува толку многу.

    Но, човекот верник, православниот христијанин, си поставува и едно важно, логично и конкретно прашање. Ако Ванѓа навистина беше во врска со Сезнајниот Бог, зошто таа не погодила сè?

    Тука има два основни моменти кои треба да ги нагласиме.

    Прво, Ванѓа не е шарлатан (што и тимот на д-р Лозанов го заклучува), односно таа навистина е во врска со натприроден извор на информации. И второ, овој извор не е Бог, зашто Он, бидејќи Сезнаен, не допушта дури и минимална грешка. Свети Јован Златоуст исто потврдува дека вистинските пророци не грешат, тие не кажуваат едно нешто точно, а друго – неточно; кај нив се е вистина.

    Од горе спомнатото можеме да заклучиме дека објаснувањето на „феноменот” Ванѓа не може да биде поверено на професорот Лозанов и официјалната (атеистичка) наука. Науката е беспомошна во случајот, бидејќи таа не може да го покрие духовниот свет, а пред сè се занимава со материјалниот и видлив свет. Корените на „феноменот” Ванѓа се духовни, и затоа ќе бидат анализирани со духовни методи, врз основа на Христовото учење на Црквата.

    1 Предмет на сугестологијата се сугестиите и начинот на нивното влијание врз човекот. Главната цел на професор Лозанов е да ги открие резервите на човечкиот мозок, а на практично ниво, да ги искористи акумулираните сознанија за успешно совладување на знаења (пример: изучување на странски јазици), што е наречено сугестопедија. Од духовна гледна точка, сите слични навлегувања во областа на потсознанието како хипнозата, сугестиите и слично; било да е тоа и со многу добри намери, се крајно опасни и можат да бидат дури душепогубни. Бог му дал на човекот некои природни психички механизми за заштита од сугестиите на темните сили, но, бидејќи атеистичката наука воопшто не работи со такви поими како темни сили (и последично не е запозната со бројните опасности од нивната активност), тогаш луѓето, кои безусловно прифаќаат секакви психотерапевтски препораки стануваат крајно беспомошни.

     
    На Таа Сум, Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (I)

    [​IMG]
    Особено важно е да добиеме точен одговор на прашањето, кој е изворот на необичните способности кај Ванѓа?

    Ќе започнеме со разгледување на информациите добиени од човекот кој поминал (можеби) најмногу време со неа – Красимира Стојанова, внука на Ванѓа и искрена нејзина поклоничка, а потоа ќе разгледаме и други важни сведоштва. Прво, ќе цитираме текст од книгата „Ванѓа“, што претставува детален опис на суштествата, со кои комуницира „пророчицата” и од кои Ванѓа ја црпи целата необична информација (интересно е и тоа како г-ѓа Стојанова неубедливо се обидува да прикрие некои незгодни вистини, кои самата Ванѓа јасно ги соопштува):

    „Какви се овие суштества кои комуницираат со Ванѓа и често го населуваат нејзиниот дом? Според неа, меѓу нив постои некаква хиерархија, бидејќи има „претпоставени” кои доаѓаат поретко и обично кога треба да известуваат за ексклузивни настани или претстојат големи катаклизми.

    Тогаш Ванѓа пребледува, паѓа во несвест и од устата нејзина почнува да излегува глас, кој нема никаква врска со нејзиниот. Тој е многу силен и со сосема поинаква боја. Зборовите и речениците кои изле1уваат од нејзината уста немаат ништо заедничко со зборовите кои Ванѓа ги употребува во секојдневниот речник. Речиси како да е некој туѓ разум, некаква туѓа совест да се вселува во неа, за да соопшти преку нејзината уста судбоносни настани за луѓето.

    За овие суштества, со кои комуницира, таа најчесто ги користи термините „голема сила” или „голем дух”, но тоа не треба да ги предизвикува нашите скептични насмевки; овие називи треба да се прифаќаат сосема условно. Всушност, ние сеуште немаме дури термини за нив.1 Само таа си одбрала зборови, кои се најблиски до нејзините концепти и сфаќања.

    Овој „глас” кој ѝ пренесува, исто така треба да се прифати условно. Тој звучи во неа самата, „во мојата глава”, како што вели Ванѓа, а таа го разбира и му одговара мисловно. Како се случува тоа, таа самата не може да објасни, но тоа општење станува лесно и природно; таа не го предизвикува, не може да го прекине или избегне.

    Ванѓа објаснува дека овие ‘точки’ или ‘сили’ обично се носат во воздухот, бидејќи ‘земјата е нечиста. Веројатно има сосема друго објаснување, но според нејзините сфаќања, тоа е сосема оправдана причина”.

    Овој опис на суштествата, со кои Ванѓа комуницира, многу јасно ни го претставува светот на поднебесните духови на злобата, точно како што е опишано во Светото Писмо и од светите отци. Го гледаме и присуството на хиерархија меѓу темните сили; гледаме и опис на типичен демонски прилог, при што човек не може да ја контролира мозочната и телесната активност; гледаме дека „силите” влегуваат доброволно во општење со Ванѓа, без воопшто да се усогласат со нејзините желби, како и признанието дека „овие сили се носат низ воздухот, зашто земјата е нечиста”, точно според учењето на светите отци, дека воздухот и целото поднебесие се сферата на дејствие на нечистите духови.

    Еве и друго слично опишување за заедничарењето на Ванѓа со „духовите”:

    Прашање: Зборуваш ли со духови?

    Ванѓа: Доаѓаат многу и најразлични. Некои од нив не можам да ги разберам. Но, оние кои доаѓаат и се околу мене, ги разбирам. Еден доаѓа, чука на вратата и ми вели: „Оваа врата не е добра, смени ја!”

    Прашање: Се сеќаваш ли како си паднала во транс?

    Ванѓа: Не. Не се сеќавам речиси на ништо. После трансот јас се чувствувам многу лошо преку целиот ден.

    Тоа дека Ванѓа не се сеќава на ништо од случувањата за време на овие трансови се гледа и од раскажувањата на В. Ангелова, искрена поклоничка на гледачката:

    „Ванѓа повторно седна на каучот, облиена со пот иодвај проговори: „Уф, многу голем транс беше, се изморив; што се рече?”

    И раскажавме што слушнавме, а јас се осмелив да ја прашам:

    – Калимано, зошто не се сеќаваш што велат за време на транс?

    – Кога сакаат да зборуваат преку мене, јас излегувам како дух од своето тело и стојам настрана, а тие влегуваат во мене и зборуваат, а јас не слушам ништо – ми одговори таа”.

    Огромна е разликата помеѓу окултната екстатика (испаѓање во транс) и вистинското богоопштение. Еве што зборува свети Јован Златоуст за ова прашање: „Во идолските храмови, кога некој човек бивал опседнат од нечист дух и пророкувал, тој бил, чиниш, поврзан и воден од духот, без воопшто да сознава за тоа што зборува. За таков гледач било својствено да биде во занес, да трпи принуда и насилство и да запаѓа во хистерија, како бесоопседнат. А, вистинскиот пророк не е таков, тој говори се со трезвена душа и здрав разум, знаејќи што зборува… Послушај го Платон, кој во апологијата на Сократ вели вака: ‘Претскажувачот и вражачката зборуваат многу и добро, но самите тие не знаат што кажуваат…’ Сето ова ја покажува принудата со која се служат демоните, и насилството што го трпат луѓето, предавајќи се себеси на демоните и лишувајќи се од здрав разум. Но, кај нас (служителите на вистинскиот Бог) не е така. Пророците пророкувале расудувачки и сосема слободно. Тие имале моќ да зборуваат или да молчат, не биле принудувани за ништо, но заедно со честа (да пророкуваат) ја зачувале и својата волја. Затоа и Јона избегал, и Езекиј се отклонувал, а Еремиј се откажал. Бог не ги принудувал насила, а ги советувал, без да го помрачува нивниот разум.”

    Овие зборови на Светителот исклучително точно ја опишуваат причината за демонските трансови на Ванѓа. Се надеваме дека нејзините почитувачи ќе ги прочитаат и разберат овие од Бога вдахновени зборови.

    Богословот Димитар поп Маринов исто така доаѓа до слични заклучоци, кои и ние потоа ќе ги поддржиме со нови и нови податоци:

    – Ванѓа е обична, необразована селска жена.

    – Таа е медиум (посредник). Во моментот кога Ванѓа има видение или паѓа во транс, таа е (т.е. постанува) орудие, посредник меѓу дух од задгробниот свет и луѓето околу неа. На црковен јазик овој феномен се нарекува демоноопседнатост. По овие трансови (т.е. ѓаволски привлекувања), Ванѓа се чувствува лошо.

    – Токму кога е во врска со овој или овие духови, таа ги манифестира своите „ексклузивни” способности да „претскажува”, „познава”, „лекува” и тн.

    – Во време на транс, нејзината волја е потчинета на волјата на друг и таа не зборува од себе. Се менуваат дури и нејзините физиолошки карактеристики, таа зборува со туѓ глас, а потоа не се сеќава што кажала.

    Повторно да нагласиме дека вистинската православна светост има сосема различен карактер, во споредба со она што го гледаме кај Ванѓа. При христијанската светост има целосна и јасна свест за духовните искуства и нема насилство над човековата волја. Бог не го злоупотребува човекот, а со трпение и љубов бара од неговото срце: „Еве, стојам пред вратата и чукам: ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене” (Откр. 3: 20);„Синко, дај ми го своето срце“ (Изрек. 23: 26). Во вистинското Богоопштение постои единство на човековата личност со Личносниот Бог, но при тоа општење, личноста на човекот не се губи и уништува, а дури напротив, човекот се очистува од сѐ безличностно и обезличувачко (како страсти, гревовни навики, суетна пристрасност и сл.).

    Божјата благодат го преобразува човекот не по природна катастрофа и урагани, или по јавување на коњаници, а по сознателна христијанска аскеза и смирено исполнување на Божјите заповеди. Обично се потребни долги години за очистување на срцето, пред духовните плодови да започнат видливо да се манифестираат. Друг важен услов е припадноста на човекот кон Црквата Христова и (активното) учество во црковните таинства. Наскоро ќе видиме колку далеку е Ванѓа од овие услови и колку многубројни се нејзините заблуди во однос на христијанската вера.

    Што се однесува до извршувањето на чуда, чудата можат да бидат израз на светост, но може и да не бидат. Како што знаеме од житијата на светиите, не сите светии вршеле чуда. И обратно, има многу случаи на вршење на чуда при очигледен недостаток на светост (волшебници, вражачки, современи екстрасенси со јавен неморален живот, некои следбеници на источните религии2 и слично), што е светло сведоштво дека овие натприродни „чуда” се дело на паднатите духови. Потоа ќе опишеме како некои од овие „чудотворци” одеднаш ги добиле нивните „дарови” (неочекувано и за самите себе), и како тоа се случило сосема независно од нивната вера или целосно безверие.

    За љубопитство се и зборовите на самата Ванѓа, за тоа кој така одеднаш дава дарови: „Така ‘одеднаш’ дава само сатаната. Неговите ‘дарови’ се привремени, само додека душата на човекот се заведе, додека се возгордее дека е нешто посебно од другите, потоа натаму е веќе лесно… Таков човек сам се осудува на вечно страдање. Лошото е дека ‘заразува’ и други луѓе, та некогаш и за нив ќе биде одговорен.”

    Зошто Ванѓа не ги свртела овие зборови кон самата себе? Можеби затоа што би биле премногу изобличителни за неа.

    За невидливиот свет на темни сили

    Веќе неколку пати разговаравме за постоењето на сатаната, паднатите духови, демони, бесови. Словото Божјо (како и светите отци) постојано сведочи дека навистина постојат темни сили и дека тие се мешаат во човечкиот живот со цел да ги погубат луѓето (спореди Зах. 3: 1; Марк. 3: 11; 1 Петр. 5: 8; 1 Сол. 2: 18; 2 Сол. 2: 9). Всушност, тоа по несомнен начин веќе се документира и од современи објективни истражувања на окултните феномени.

    Најчесто демоните дејствуваат преку нечисти, гревовни помисли, кои луѓето ги примаат како свои чувства, мисли и желби. И кога луѓето не се заплашени од својата совест или од стравот Божји, тие често го прават и следниот чекор: нечистите помисли ги претвораат во гревовни дела. Во поретки случаи демоните се јавуваат и видливо, по чуствен начин, така што лажно примаат образи на ангели, светци, лица на мртви (а во нашето технолошко време – на вонземјани, или големи космички учители). Во минатото имало случаи кога земале дури образ на самиот Господ Исус Христос. Како што вели свети апостол Павле: „Самиот сатана се преобразува во ангел на светлината, та затоа не е голема работа, ако и неговите слуги се преобразуваат како слуги на правдата“ (2 Кор. 11: 14-15).

    Свети Игнатиј (Брјанчанинов), размислувајќи за паднати те духови, вели дека луѓето поради нивниот гревовен живот се многу сродни и блиски до нив, отколку до Божјите ангели. И затоа, кога човек е духовно неподготвен, наместо ангели му се јавуваат демони, што пак води кон голема духовна прелест. Истото се случува и со луѓето кои се занимаваат со различни окултни практики (фундаментално спротивни на православната христијанска аскеза); кај нив ги има перцептивните општења со паднатите духови, независно од тоа што луѓето можат да им даваат најразлични неправилни имиња: „духови чувари”, „ангели”, „небесни сили” и др. Треба да нагласиме

    дека натприродните окултни „дарби” прииаѓаат на демоните, а не се некакви скриени способности кај човекот. До истиот заклучок стигнуваат и Д. Акенберг и Д. Велдан во книгата „Факти за окултизмот”, откако цитираат бројни истражувачи на психички феномени, како и практичари волшебници, шамани, екстрасенси и други окултисти. Во книгата „Авантурите во психата”, Џес Стерн вели дека „речиси сите медиуми… чувствуваат дека се инструменти на една повисока сила, која истекува преку нив и не си дозволуваат да тврдат дека таа потекнува од самите нив”. Мајкл Харнер, директор на секција во Њујоршката академија на науките, кој практикува шаманизам, вели: „Без дух чувар е апсолутно невозможно да бидеш шаман, бидејќи шаманот треба да го поседува овој силен главен извор на моќ”. Поранешната маѓесница Дорин Ирвин го потврдува истото: „Јас бев ја познала и почувствувала оваа окултна сила, која делуваше преку мене доволно често и разбирав дека таа не е природна, а поскоро натприродна. Не бев родена со неа.”

    1) Тука г-ѓа Стојанова воопшто не е во право. Вистината е дека и во Стариот и во Новиот Завет, Бог ни дава доволно „термини” и описи на овие нечисти духови. Но се разбира, такви “термини” се премиогу изобличителни за поклониците на Ванѓа. Вистината е вистина, без разлика дали ни се допаѓа или не. Не помагаат и обидите на г-ѓа Стојанова да бара некакво прикритие зад превезот на науката, бидејќи, како што веќе рековме, науката се занимава пред се со материјалниот, а не со духовниот свет. Но таму каде што науката молчи, Бог зборува. А кој има уши да слуша, нека чуе.

    2) Кај источните религии има стремеж кон свет живот, но преку самоосветување и човечки напори, недостасува преобразувачката Божја благодат. Го има човекот, но го нема Бога. Зашто Христос рекол: „Јас сум Патот, и Вистината, и Животот, никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене” (Јв. 14:6).


    Друг пат Ванѓа се обидела да им се спротивстави за нешто, но „силите” ја фрлиле надолу по скалите иѝги искршиле нозете. Слични случаи многу јасно покажуваат дека Ванѓа не била во благодатно Богоопштение, полно со љубов, а се наоѓала под тиранска контрола на демоните кои не секогаш успевале да ја скријат својата жестока човеконенависна природа.

    По повод на тоа како човек постепено доаѓа до оваа загуба на човековата слободна волја, богословот Д. Митев пишува: „Тоа е еден посебен процес на постојано губење на сопствената волја и можност за трезна проценка на се што станува околу личноста, и нејзино претворање во послушен извршител на туѓата зла волја. Според Брукс Александар, нема јасна граница, која може да обележи каде завршува љубопитноста кон окултните феномени и каде започнува демонизација на личноста. ‘Опседнувањето од демонот е многу, многу реално нешто и сѐ повеќе расте до алармирачки димензии во овој век’, пишува поранешната волшебница Доријан Ирвин.”

    Постојат стотици и илјадници примери на современа окултна активност и невозможно е да се опишат сите. Само ќе кажеме дека дејството на злите духови врз луѓето е очигледно за оние кои имаат правилни духовни критериуми и набљуду ваат што се случува во светот (а и во сопствените помисли), а не е толку очигледно за оние кои обрнуваат внимание само на материјалното, без да се задлабочуваат во духовното.
     
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Кој е изворот на „дарба” кај лажната пророчица Ванѓа? (II)

    [​IMG]КОЈ Е ИЗВОРОТ НА „ДАРБА“ КАЈ ЛАЖНАТА ПРОРОЧИЦА ВАНЃА? (II)

    Во последните децении насекаде во светот се зголемуваат случаите на окултни феномени и тоа е загрижувачки знак за духовното здравје на човештвото, кое се испоставува сѐ поранливо на демонско влијание. Според статистиката, само за 5 години во Русија (од 1990-1995 година) се појавиле 300 000 екстрасенси, исцелители и волшебници. И не станува така само во Русија, ами и во целиот свет. Можеби повеќето наши современици ги слушнале имињата на Едгар Кејси, В. Гелер, Џуна Давиташвили, А. Кашпировски, Џ. Диксон, А. Чумак, Ју. Лонг, Д. Коперфилд итн. Некои од нив се „специјализирани” во исцелување, други „пророкуваат”, трети контактираат со „вонземјани”, а има и такви кои „скромно” ја преферираат сферата на масовните забави. А, за да покажеме дека случаи на ненадејна појава на „феноменални” способности како Ванѓините не се единствени, ќе приведеме неколку примери кои многу личат на бугарскиот „феномен”.

    Во книгата „Од што сакаат да нѐ ‘спасат’ НЛО, екстрасен сите, окултистите и волшебниците” (2001), издадена со благослов на претходниот руски патријарх Алексеј II, има опис на интересен разговор одржан во текот на летото на 1990 година меѓу руски свештеник и 34-годишен екстрасенс, кој ненадејно видел НЛО, а потоа почувствувал дека може да лекува луѓе, ако само ја стави раката над болното место. Еве и дел од разговорот:

    „Во почетокот забележав дека само да помислам нешто и тоа веднаш станува реалност. На пример, додека нѐ води придружбата на работа, одеднаш во мене се појавува мисла: „Еј, сега овој ќе се сопне”. И навистина, придружникот, кого го гледам, се попречува и паѓа. Во друг случај: „Началникот ќе се разболи.” И всушност, тој заболува. Сето ова продолжуваше ден по ден, па блиските почнаа да ме сметаат едвај не за пророк. Потоа, непознато од каде и од каква причина, кај мене се појави чувство дека, ако ја ставам раката над болното место, на човек ќе му стане подобро. Така и се случи.

    Сега имам свој кабинет во поликлиника и немам време за одмор од пациенти. Парите сами се расфрлуваат и едноставно нема каде да ги соберам. Чекорам низ ходникот, а луѓето ми пикаат пари во џебовите, само и само да ги примам.

    – Имаш ли некакво медицинско образование?

    – Целото мое образование е осум класа во средно училиште. Првите четири години учев добро, а потоа почнав да не учам и едвај завршив осми клас.

    – А знаеш ли каде точно се наоѓаат бубрезите, жолчката, ти роидната жлезда?

    – Не, се разбира. Не сум учел анатомија.

    – Тогаш на каков начин ти се придава да поставиш правилна дијагноза?

    – Сам во себе слушам глас кој ми кажува што точно го боли човекот, а понекогаш дури и ми го кажува неговото име, возраст, итн. Можете ли да си замислите, какво воодушевување се јавува кај човекот, кога одеднаш го викнам по име, а потоа му ги кажувам сите болести од кои тој боледувал, иако само неколку минути до неговото доаѓање воопшто не сум знаел ништо за него.

    – Како лекуваш?

    – Се сметам за билкар и главно лечам со билки.

    – Добро ли ги познаваш билките?

    – Претходно ништо не знаев за нив, но гласот ме научи какви билки да собирам, како да ги давам и др. …Јас правам сѐ што ми вели гласот, и неверојатно нешто, луѓето оздравуваат.”

    Само што овој човек почнал да доживува големи сомнежи, кој е вистинскиот извор на овие исцеленија, искрено се обратил кон Христос и православната вера и целосно го отфрлил окултното исцелување, иако тоа му носело огромни приходи. Детално го опишавме овој разговор, бидејќи има несомнена сличност меѓу „гласовите” на екстрасенсот и „силите” на необразованата Ванѓа, кои на многу идентичен начин и укажуваат точни дијагнози на комплексни болести, а исто така и за тоа како треба да се користат билките. Иако во некои книги се споменува за негативниот однос на Ванѓа кон екстрасенсите (еднаш таа дури ги нарекува „лажни ѓаволски духови”), но фактите јасно покажуваат дека самата Ванѓа била токму тоа – окултен медиум, на кого „сили”, „духови”, „вонземјани” и „гласови” постојано му кажуваат што да прави. Неслучајно психијатарот Лоренс Лешан, кој истражувал повеќе исцеленија извршени од екстрасенси, го прави следново резиме (кон кое треба да ги однесеме и активностите на Ванѓа): „Сите тие чувствуваат дека не го вршат исцелувањето сами; некаков ‘дух’ дејствува преку нив. Тие чувствуваат дека се само пасивни интрументи… Сите исцелители кои сум ги истражувал, запаѓаат во променета состојба на свеста, за да лекуваат.” Џорџ Мијк резимирајќи голем број истражувања на натприродни исцеленија, наведува дека „паметни духовни суштества (различно определени како возачи, контролори, закрилници) дејствуваат врз умовите на исцелителите, за да им достават информација за која самиот исцелител нема никакво свесно знаење”.

    Еве и потврда на горенаведеното, овој пат лично од самите окултни исцелители (а исто така и од Ванѓа):

    Во интервју за весникот „Московскал правда” (од 13 август 1989 година) познатиот екстрасенс – исцелител Алан Чумак детално појаснува како слуша некој глас внатре во себе, а понекогаш му се јавуваат и слики.

    На прашањето на В. Ангелова, на каков начин Ванѓа добива информации за луѓето, петричката гледачка одговара: „Понекогаш ми зборува глас, а друг пат како на филмска лента поминува напишано, но многу брзо.”

    Холандската екстрасенс – лечителка Јоманда од градот Тир (во близина на Амстердам) пред новинарите споделува: „Јас не земам никакво учество во она што се случува за време на моите сеанси. Сѐ е направено од рацете на ангели. Никогаш не сум си мислела дека ќе станам целителка и пророчица. Единственото што го сакав од најраното детство, беше да танцувам.”

    Исто и црнокожниот исцелител од централна Африка, дедо Зи, кој бил многу болен, блиску до смртта, одеднаш оздравел и почуствувал дека некаква „сила” му помага да лекува болести, за кои тој претходно ништо не знаел.62 Тука, сепак, ќе обрнеме внимание на следниов коментар од еден искусен православен духовник (игумен Ефрем од Русија): „Карактеристична особина е дека многу често демоните влегуваат во отворен контакт со идниот екстрасенс во момент на несреќен случај, болест, сообраќајна несреќа, силен емотивен потрес или дури и клиничка смрт со последователна реанимација. Разгледувањето на слични несреќни случаи не наведнува на мислата дека поголемиот дел од нив (ако не и сите) се инспирирани од самите демони”.

    Овие зборови веднаш нѐ тераат да се потсетиме и за чудната бура, при која Ванѓа ослепува и по која таа постепено почнува да ги манифестира нејзините окултни „дарби”, а додека пак, по разговорот со „коњаникот” конечно паѓа под тотална демонска власт. Не случајно новинарската истрага на С. Тадаркова го доведува во прашање природното потекло на бурата. Но, на ова прашање подетално ќе запреме во делот за суштината на НЛО.

    А за тоа дека Ванѓа навистина се наоѓала под тотална демонска власт, постојат бројни описи. Понекогаш бесовите буквално се изживувале над неа:

    „Духовите ја контролирале за сѐ. …Еднаш ѝ наредиле; ‘Стани, земи четка за пајажина и исчисти ја пајажината. ‘Јас станав – раскажуваше Ванѓа, – ја зедов четката, и како што си бев по пижами, тргнав да собирам по аглите, но гласот ми вели: ‘Соблечи ги пижамите, облечи ја дневната облека и исчисти.” Таа ги соблекла пижамите, ставила скутник и цела ноќ чистела пајажини”.

    Друг пат Ванѓа се обидела да им се спротивстави за нешто, но „силите” ја фрлиле надолу по скалите иѝги искршиле нозете. Слични случаи многу јасно покажуваат дека Ванѓа не била во благодатно Богоопштение, полно со љубов, а се наоѓала под тиранска контрола на демоните кои не секогаш успевале да ја скријат својата жестока човеконенависна природа.

    По повод на тоа како човек постепено доаѓа до оваа загуба на човековата слободна волја, богословот Д. Митев пишува: „Тоа е еден посебен процес на постојано губење на сопствената волја и можност за трезна проценка на се што станува околу личноста, и нејзино претворање во послушен извршител на туѓата зла волја. Според Брукс Александар, нема јасна граница, која може да обележи каде завршува љубопитноста кон окултните феномени и каде започнува демонизација на личноста. ‘Опседнувањето од демонот е многу, многу реално нешто и сѐ повеќе расте до алармирачки димензии во овој век’, пишува поранешната волшебница Доријан Ирвин.”

    Постојат стотици и илјадници примери на современа окултна активност и невозможно е да се опишат сите. Само ќе кажеме дека дејството на злите духови врз луѓето е очигледно за оние кои имаат правилни духовни критериуми и набљуду ваат што се случува во светот (а и во сопствените помисли), а не е толку очигледно за оние кои обрнуваат внимание само на материјалното, без да се задлабочуваат во духовното.
     
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.