1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовна ризница - полезно и потребно

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 6 септември 2017.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Конечно, некаква дискусија на темава - макар и да е оф-топик - пошто ја до сега стварно не сфаќав што е „полезно и корисно“ во тема на форум која ќе служи само за копи-пејст на линкчиња и текстови од портали, без никаква пропратна дискусија за истите.

    Значи, работата дојде до таму некој да ги негира Осми март и Први мај ради религиозни причини? Комунистички празници биле. Леле мори мајко. :D

    Токму тука лежи и проблемот со „полезниве и корисни“ текстови - кога тие се сфаќаат како да се буквално Божја реч и практично се ставаат на исто рамниште со Библијата.

    Секој може да направи верски портал или блог и да постира на него сопствени ставови или пак, текстови од различни свештеници и монаси. Текстовите можат да бидат навистина полезни и корисни, ама можат да бидат и бладања на авторот. Дури и најавторитативното духовно лице да напише нешто, тој текст е одраз на неговите лични ставови и размислувања, а не христијанска догма - а на тебе е, како верник запознаен со сопствената вера и пред се', рационален човек, обдарен од Бога со ум и разум, да го анализираш и да одлучиш да се сложиш или да не се сложиш со него.

    Слепото прифаќање на се' напишано и кажано од некаков (божемен) авторитет - како порталиве, на пример, во ниту еден случај не те прави подобар верник - иако некои би сакале тоа да го прикажат како да е така. :)
     
    На Nausicaa, CameliaMiller, +++ и 6 други им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Дооброо. Од погрешен сајт сум копирала. Не е проблем толкав, се извинувам уште еднаш ако ова не е точно, но сепак ќе побарам одговор од свештено лице и ќе напишам пак.
    Меѓутоа активни православни портали како Бигорски, Премин Портал, Светосавље, Православие, Благовести секогаш пишуваат точни работи.
     
    На Presque vu, orevokrsacka и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.442
    Допаѓања:
    8.460
    Доброоо е, еве ја гаснеме кладата! :):P
     
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Па јас колку што гледам еднаквост има. Мене ми се нема случено дискриминација во однос на полот. Ти кажав и пак ќе ти кажам. И жените можат да бидат инженери, комерцијалисти, научници и др. Е сега кој како ќе се покаже на интервју. Можда стварно некое машко го бива повеќе за инженер одколку некое женско. Што ако тоа женско не знае да се изјасни и да ги искаже своите способнисти(ако ги има)? Зарем треба да биде премена на работа само заради тоа што е женско? Еве ќе се земам за пример себе си. Мене никогаш не ме влечело да бидам научник, инженер, но доколку би било обратно да имам преголема желба за тоа и да сум стварно способна и квалитетна во работата верувај дека и те како ќе ја добијам работата.
     
    На Presque vu и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Значи, ако нешто никогаш не си го видела ти лично, автоматски значи дека не постои?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не тоа точно. Господ не сум го видела меѓутоа толку сигурно верувам дека постои, што можем да кажам дури и дека го осеќам Неговото присуство. Океј ете тргни го тоа настрана. Мене можеби не ми се десило, но сепак постои да речеме.
    Одговорот на тоа што го бараш е тука, еве пак цитирам:
     
    На Presque vu му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Како ќе ја добиеш, ако не те ни повикаат на интервју затоа што си женско?
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @LegallyBlonde13, а на вести, статистика и бројки веруваш ли барем приближно колку во Бог?

    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=acf5c17e-cafe-46d9-b299-b02f43900d2f
    https://kariera.mk/article/215/germ...t-mazhite-i-zhenite-kje-bidat-plateni-ednakvo

    Вториот линк се однесува на лани, значи една Германија во 2017 допрва донела закон мажите и жените да земаат еднакви плати за иста работа. А ние овде читаме жена како на женски форум проповеда против 8-ми Март како непотребна измишљотина, згора на тоа и сатанистичка. Надреализам! (facepalm)
    Премин Портал си го спомнала - тоа е такво перење мозок ако се сфати буквално, што треба да иде со предупредување. На твитер имам сретнато невидени средновековни догми од извадоци од таму. За другиве списанија не знам, ама претпоставувам дека имаат слични поенти.

    Воопшто не си во право и на женски форум не може да ти помине да плукаш по 8-ми Март дури ни во тема за цитати, извини. Има тука многу вернички со феминистички ставови, и не треба ни да помислат на момент да се посомневаат во истите поради својата вера. Срамота е вакво толкување на религијата во 21 век.

    [​IMG]
     
    На Nausicaa, Lella и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Зошто постои адот?

    Едно од самите природни прашања на оние кои се сомневаат – е зошто постои адот? Ако Бог е Љубов, тогаш зошто Он ги осудува грешниците на вечни маки?

    Одговорот на ова навидум „неразрешливо прашање“, всушност и не е многу сложен. Тука е најважно да разбереме, дека христијанството не дошло во светот со веста за тоа, дека постои ад. Не! Адот – темното царство на мртвите – е познат скоро во сите дохристијански култури. Со своето Воскресение Христос им ја откри на луѓето тајната на животот и Рајот, а не на смртта.

    За жал, нашите поими за адот и рајот се далеку од христијанските. Зборот „ад“ кај многу современици предизвикува сеќавања од сликите во списанието „Крокодил“ од советското време: котли, кои се загреваат со јазиците на адскиот пламен; грешници кои страдаат во врело масло вo тие котли, и демони кои немилосрдно ги казнуваат грешниците. Ќе си дозволам да кажам, дека тие слики, при сета своја јасност, имаат многу малку заедничко со вистинското разбирање на вечните маки.

    Но сепак ако говориме на сликовит начин, тогаш би ви предложил да се обратиме кон современото кино! Во една од последните слики од филмот „Земја на глувите“, на Валериј Тодоровски , постои сцена, која прекрасно го пренесува христијанскиот поим за адот.

    За оние кои не го гледале филмот, ќе појаснам: главниот херој – е млада девојка. Нејзиното момче – е страсен коцкар, кој должи огромна сума на пари. Ризикувајќи го животот, девојката ја собира неопходната сума на пари за својот возљубен, но тој (како страсен коцкар) пред да го врати долгот, се обидува уште еднаш да си ја проба среќата. И … повторно ги губи сите пари.

    Понатаму следува потресна и длабока сцена: ниту еден укор, ниту било какво обвинување искажува девојката, сè што таа прави се обидите – да го успокои својот возљубен. Таа му говори, дека тој не треба да се вознемирува, дека парите не се – најглавното во животот, дека таа повторно ќе заработи. Најглавно е, тие да се сакаат еден со друг, а сè останато потоа ќе се среди.

    Како одговор на ова, момчето „експлодира во себе“ и ја прогонува од себе својата девојка. Тој вика, се лути, и не може да се наоѓа во нејзина близина, бидејќи се чувствува болно од сознанието, дека тој – е последниот подлец – кој ги прокоцкал нејзините заработени пари, а како одговор од нејзе – не добил ни еден укор, туку само ветување, дека и понатаму ќе го сака, без разлика што и да направи. Но таквата љубов е посилна од неговите сили, и бидејќи не може да биде со неа, ја чувствува својата подлост! Се чувствува болно од нејзината добрина, и ја прогонува.

    Се разбира, понатаму нему ќе му стане уште потешко. Изгонувајќи ја саканата, тој целиот живот ќе се мачи, бидејќи таквата љубов – е една за секогаш. Согласете се, дека е тешко во оваа ситуација да ја обвинуваме девојката, да ја укоруваме дека таа го осуди момчето на страдање…

    Овој пример, на мој поглед, целосно христијански го опишува чувството на душите на грешниците, кои се среќаваат со Бога , – Тој, Кој е Љубов. Љубовта, која гори, и без која нема живот. Така и човекот, кој долго време престојувал во темна соба и не сакал да излези надвор на сончева светлина, неизбежно ќе ослепи, кога сончевите зраци ќе го допрат неговото лице. И кој е виновен, што тој при секојдневните повици, се откажувал да излезе на улица? А очите, за тоа време, ја изгубиле способноста да ја апсорбираат светлината, односно животот. Токму затоа, човекот самиот се осудува себеси на вечна темнина и вечна мака.

    И така, – ќе повторам уште еднаш, дека – христијанството – е Блага вест (гр. Евангелие), за Животот, а не за смртта. И сè што се бара од нас, е да ги отвориме вратите на срцето кон светлината, додека не е сеуште доцна. Сеуште имаме време!

    Извор: https://azbyka.ru
     
    На Таа Сум, Presque vu и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Како што реков така и направив. Прашав уште утредента свештено лице, меѓутоа не бев во можност да напишам.
    Одговорот што го добив е ваков..Колку и да не одговара некому сепак тој е.
    Не треба да му се дава значење на празникот 8ми март.
    Прашав и за давањето поклони и одговорот е:
    бидејќи поклони може да се даваат секој ден може да се даде поклон меѓутоа да не се дава значење на денот бидејќи не е православен.

    Се надевам дека сега разјаснивме некои работи, ова се однесува на православните христијани бидејќи видов мал отпор од нивна страна, ни во најмала црта не зборам за атеисти и нововерци.
     
    На Presque vu и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не е исто тоа ти што го напиша и тоа што ти го кажал свештеникот.
    Еве, се согласувам со тоа што ти го кажале, останува дека ја сметам твојата пропаганда за ширење на омраза и длабоко ја осудувам.
     
    На Nausicaa, Bender Rodriguez, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    На 11 Октомври и 8 Септември смее да им се дава значење? Прашај го.
     
    На Nausicaa, Lella, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.397
    Пол:
    Машки
    Во црквата во Капиштец, имаше еден протоѓакон, Бог да го прости и најубаво место да му даде во рајот, кој кога ќе кадеше на 8. Март или неделата по 8. Март, обавезно ги поздравуваше жените со: „Честит 8. Март!“, исто беше и за Нова Година (и тоа оваа “сатанскава“ од 1. Јануари), поздравуваше со: „Среќна Нова година!“
    Истиот овој протоѓакон е првиот (а можеби и единствениот) кој доброволно издаваше месечен парохиски билтен со поуки за верниците (што значи не беше ништознаен) во времето кога интернетот не беше толку популарен и в црква служеше само од љубов, зашто си беше вработен во МОБ.
    И пак ќе пишам, Христијанството не е сопственост на ниедна политичка идеологија и ниедна партија, а во себе ги вклучува и треба да ги вклучува сите политички идеологии. Да не заборавиме дека првите комунисти биле Христијаните, ама и нивниот комунизам пропаднал. :)
     
    На Nausicaa, crimson, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    8 март е денот на борбата на жените за еднакви права со мажите. Жените решиле да не бидат веќе третирани како нешто подолно и помалку вредно. Кај православните Христијани хиерархијата е следна: Христос, мажот, жената. Жените, борејќи се да се изедначат со мажите, одат против црквата. Од таму таквиот став на црквата кон празникот 8 март.
     
    На carangigia и Presque vu им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ако жената треба да е под мажот, зошто Бог не ја создал од коска од стапалото на Адам?
     
    На Nausicaa, crimson, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    "Зашто сите сте синови Божји преку верата во Исус Христос; сите, што сте крстени во Христа, во Христа се облековте. Нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен; нема машко - женско; зашто сите вие сте едно во Христос Исус." (од Галатјаните).

    Ти беше таа расистката во темата за врска со црнец?
    Уште сметаш дека еднаквоста е нехристијанска? Кој те учи така?
     
    На Nausicaa, Amellie13, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос; а на жена глава е мажот; на
    Христа, пак, глава е Бог. (Коринт.1;11;3)

    Имаше и друг, појасен и подобар дел, но сега не можам да го најдам.

    За расизмот, си ме читала ама не си ме дочитала.
     
    На Таа Сум и carangigia им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Сите луѓе се еднакви како пред Бог, така и пред законот.
    И сиромашни и богати и мажи и жени.
    Доколу вие си се чувствувате нееднакви и потчинети, не мора да им набивате комплекси и на останатите луѓе од женски род дека се под мажот.

    @Bitter-Sweet
    Јас многу убаво те прочитав за расизомот.
    Имаше пишано дека во Библјата пишувало како било забрането мешање на раси.
    Сите ти баравме доказ и цитат, а ти исчезна и одбегнуваше да одговориш.
    После не сакаше да признаеш дека ТИ лично си расист, туку пак се вадеше на религија.

    Значи според тебе само белец маж е вистински човек на Земјата.
    А жените, црнците, жолтите, и останатити луѓе, се нееднакви пред Бог.

    До каде со вакви размислувања?
     
    На Nausicaa, Amellie13, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не дочитала дека сметаш дека христијанството не дозволува брак со човек од друга раса?
    Со "не си дочитала" е најлесно да се вадиме.
    Знам дека нема да одговориш, ама ќе си прашам јас:
    Би останала чисто во брак со насилник кој те малтретира секој ден само затоа што тој е твојата "глава"? Би седела ли дома и без работа, да чуваш деца и да се надеваш дека нема да му текне на сопругот твој еден ден да те остави на улица без ништо? Или ќе трпиш брак во секакви услови само затоа што тој е над тебе и тој те издржава?
    Во која смисла мажот е глава на жената, а тоа да има некаква логика?
     
    На Nausicaa и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.420
    Пол:
    Женски
    А каде јас пишав дека има нееднаквост пред Бог? Мора ли секогаш некој да испревртува зборови? :drunk:
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.