1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовна ризница - полезно и потребно

Дискусија во 'Религија' започната од LegallyBlonde13, 6 септември 2017.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.369
    Пол:
    Женски
    Еве каде пиша.
    Спомнуваш хиерархија...Пишуваш Христос, маж, жена...Значи жената е под мажот според ова што си го пишала.

    Тоа е еднакво пред Бог?

    После викаш жените во минатото се бореле за еднакви права во општеството, а со тоа оделе против црквата.
    Ако сме еднакви пред Бог, зошто би оделе против црквата?
    Зошто е грев и погрешно ако жената и мажот имаат исти права во општеството, доколу се еднакви и пред Бог?
     
    На Nausicaa, Lella, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.210
    Допаѓања:
    56.798
    Па изгледа според нејзе пред Бог сме еднакви, ама пред @Bitter-Sweet не сме :D
     
    На Nausicaa, crimson, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.118
    Допаѓања:
    56.782
    Пол:
    Женски
    Џоли...

    Протоереј Павел Гумеров:

    Секако, во Црквата нема никаква дискриминација, затоа што самиот збор дискриминација е понижување на едните и возвишување на другите. Постојат само извесни улоги и особености на секој пол, којшто во нас ги засадил самиот Господ. Тие улоги и особености постојат во нас независно од тоа каде живееме и во која култура сме воспитани. Токму затоа, во принцип никакво едначење меѓу мажите и жените нема и не може да има.

    Еве на ова мислев.
     
    На Таа Сум и Presque vu им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.210
    Допаѓања:
    56.798
    Значи св. Катерина никогаш не требало да биде светица затоа што била образована. И што мајка барала св. Елена да го бара Светиот крст, наместо да си седи дома како што доликува на една жена?
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    5.701
    Допаѓања:
    55.046
    Пол:
    Женски
    Не можело да има едначење меѓу мажите и жените...

    Абе поради тој 8ми март и поради таа еднаквост ти имаш право на образование еднакво на она на твоите врсници од машки пол. Имаш еднакво право на работа со нив, и заслужуваш иста плата каква што земаат мажи на таа позиција.
    Имаш право да го користиш твоето време како сакаш, во случајов да пишуваш на форум, наместо да запереш нешто на рака и да бидеш во кујна во моментов, да им правиш сендвичи на мажите во твојот дом.

    Образование доби, така? Работиш или планираш да работиш без да бидеш дискриминирана зашто си жена, така? Грешнице! :D
     
    На Nausicaa, Lella, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    32.759
    Пол:
    Машки
    Освен во самата црковна хиерархија.
     
    Последна измена: 15 март 2018
    На Nausicaa, Lella, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.369
    Пол:
    Женски
    Па нешто слично како и за расите што кажа.
    Во Библија (а претпоставувам и во Куранот) нема ништо спомнато за мешање на расите, ама според неа тоа е погрешно.

    Нема врска дека од сите раси има и православни и католици и муслимани, туку ете битна била бојата на кожа... И не, не сме расисти туку само пред Бог е погрешно зашто сепак не сме еднакви :| бело си е бело... Маж си е маж... Така Бог сака.

    Жена е за во кујната.

    Јас па се си мислев сите сме еднакви ама ете секој си толкува како сака.
     
    На Nausicaa, Someonespecial и DAngel им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.118
    Допаѓања:
    56.782
    Пол:
    Женски
    Но затоа има за племињата (оние кои веруваат во друг Бог
    Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината? (2 Коринтјани 6:14)
    3. и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој,
    4. зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови, тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господа и Он ќе те истреби. (Петта книга Мојсеева 7:3-4).
    Мислам дека се уште стои коментарот во таа тема каде што пишав дека погрешив што ги поистоветив племињата со расите. Луѓе сме, грешиме. :) Ако не стои, еве тука кажувам. Само, не ми извртувај зборови дека сум пишала оти луѓето не се еднакви само ако се различна раса. Тоа го немам напишано.
     
    На Таа Сум и Presque vu им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.927
    Допаѓања:
    162.167
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet и @LegallyBlonde13 (Presque vu не ја ни спомнувам, пошто освен копи-пејст женава ништо друго не знае), да ве прашам - зошто да се образувате? Зошто да работите и земате исти плати како мажите? Зошто да гласате? Ако сте толкави фанатици, ускратете си ги сами сите овие права, што друго да ви кажеме?
    Сфаќате ли дека ја газите борбата за секоја од вас лично денес да ги има овие права?!

    А честитате ли и прифаќате ли честитки, и давате/прифаќате ли поклони на/од најблиските женски особи околу вас за 8 Март, и зошто да?
    И колку или лицемерно, или игнорантно во врска со вистинската суштина на празников - се осеќате додека го правите ова?

    Ај ќе сфатам некако (иако и тоа ќе го осудам) да плукате по потребата во денешно време од феминизам, ама 8 Март и победата на сите основни женски еднакви права да ја негирате... :headbang:
    Се превртуваат во гроб Клара Цеткин и Роза Луксембург.
    Не мислев дека и во теми за цитати може да се брукате и да си ја прикажувате верата во најлошо можно светло, ама ете, тука од секое лошо има уште полошо...
     
    На Nausicaa, Srckata28, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  10. RoseRain

    RoseRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2018
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Јас сум жена. Исто така сум и студент, волонтер, љубител на животни, патувања, на пиво. Јас сум многу работи освен едно. Јас не сум само тело. Јас немам маж кој е моја глава. Си имам глава. Некогаш и си ја користам. Свесна сум дека не ми треба да бидам физички голема и да имам машки полов орган за да бидам сметана за силна или повеќе вредна. Ова што го имам јас го има и секоја жена независно од нејзината религија или бојата на кожа. Го нема само онаа која нема сопствена глава.
     
    На Nausicaa, crimson, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.955
    Како не е исто кога во одговорот на свештеното лице и моите постови јасно пишува дека не треба да се дава значење и да се обрнува внимание на празникот.
    Е сега претпоставувам дека можете да видите дека нема разлика меѓу одговорите.
    Тргнете го настрана мојот голем пост кој можеби е, а можеби и не е од погрешен портал. Ако е грешен тогаш се извинив, ако не е грешен никому ништо.
    Меѓутоа имам и други мислења после него, а тоа што го пишав е апсолутно компатибилно со одговорот од свештеното лице.
     
  12. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    51.748
    Мислам дека сте во право. Апсолутно не смее да се слави празникот на жената, штом свештено лице така рекло. Не смее да се погази постот. Претпоставувам е во ред постот да се погази во црквениот двор, кога претходниот викенд, претпоставувам со дозвола на црквата и свештеното лице, голема група на луѓе правеа скара. Ама тоа е во ред можеби зашто мажи го вртеа месото :^)
    Мене не ми е гајле, туку некои работи овде што си немаат врска со логика...
    И да во тема со наслов Врска со ЦРНЕЦ да се помешаш со племиња... хммм
     
    На Nausicaa, Bender Rodriguez, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.356
    Допаѓања:
    3.470
    Пол:
    Машки
    Ај ќе те молам име на попот и име и локација на црквата!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.118
    Допаѓања:
    56.782
    Пол:
    Женски
    Во светот, душо драга, има поголеми катастрофи од тоа. Ама да, мора некој да провоцира и мрчи за ситници, нели. :)
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.503
    Пол:
    Женски

    Ова нешто не ми се верува дека се случило, за време на пост скара да се врти во двор на црква????
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.927
    Допаѓања:
    162.167
    Пол:
    Женски
    За време на пост има и некои луѓе што се чукаат во гради како најголеми православни верници, а се расфрлаат со цела палета клетви за политики. Да почневте за промена со таквите да се занимавате, да ги осудите и опаметите, наместо да држите тука срамни закоравени проповеди против женска еманципација? That would be great!
    Затоа што расизмот е ситница, нели... :clap:
     
    На Nausicaa, Amellie13 и DAngel им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    10.118
    Допаѓања:
    56.782
    Пол:
    Женски
    Се изјаснив за расизмот. Расизам знаеш што значи, така? Не кажав дека мразам црни, жолти, црвени луѓе и дека сметам дека поради бојата на кожа не с(м)е еднакви меѓусебе. Си сфаќате како вас ви одговара. Ако. Тоа не е мој проблем.
    А да, и ова. Наместо да се грижите за тоа секогаш да има по што да се плука, грижете се за вашите животи и грешки. Е, тоа би било супер.
    Ти, Спешл, знаеш да кажеш дека другите мрчеле, а кога твојата тајфа мрчи, им аплаудираш нив и се поклонуваш до земја.
     
    Последна измена: 16 март 2018
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    51.748
    Дедо ми ден денес не заборава да раскаже како на времето во село кога пошол кај попот, тој свинско јадел на масата, а за пости. Кога го прашал зошто така, тој рекол дека другите постат за тој да јаде :) Така некако. Јас тоа го немам видено, ама ова го видов :)
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.210
    Допаѓања:
    56.798
    Нормално дека не е твој проблем. Па ти не си жртва на расизам :)
     
    На Nausicaa, Srckata28 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.955
    Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки

    старец Порфириј

    Ова што ќе го раскажам се случуваше за време на катастрофата во Чернобил. Луѓето беа вознемирени и секој ден десетици од нив го посетуваа старец Порфириј близу Атина, прашувајќи го што ќе се случи, и дали Антихристот ќе дојде за да нè жигоса со трите шестки. И тогаш старецот ме праша: „Отец Атанасиј, чедо, сега веќе сум слеп, моите очи не работаат затоа што имам рак на хипофизата, но сепак имам духовни очи и гледам. Пред да заминеш, сакам да ми кажеш што вели старец Емилијан за бројот 666 и за антихристот?“ Му одговорив: „Кога пред неколку дена се собравме заедно, тој нè посоветува да не се грижиме. Наместо тоа, ни рече да се бориме за да оствариме жив однос со Христа, и да не му посветуваме особено внимание на антихристот, за да не се случи тој да стане центар на нашиот живот, наместо Христа“. Во истиот момент старецот удре со раката на креветот и рече: „Што велиш, чедо, што велиш?! Слава Му на Бога, најдов духовник што се согласува со мене! Чедо, што сторија овие духовници? Ги возмутија душите на верните, им создадоа психички проблеми на мноштво луѓе и семејства. Луѓето не можат да спијат, земаат лекарства и апчиња за заспивање, зашто не можат да заспијат. Но, што е ова? Христос не ги сака овие работи, чедо. Може да ти кажам нешто?“ „Кажи, старче“, му реков. А старецот рече: „За нас, христијаните, откако ќе оствариме опит со Христа, антихристот не постои. Кажи ми, на овој кревет тука, седам јас; можеш ли и ти да седнеш на него?“ Му одговорив: „Не, старче.“ Ме праша зошто, на што му реков дека доколку и јас седнам, ќе го скршам. Потоа повторно ме праша: „Зарем никогаш нема да можеш да седнеш на креветов?“ Јас му реков: „Кога ти ќе станеш, јас ќе можам да седнам“. И тогаш ми објасни: „Токму така, дете. Истото се случува и со нашите души. Кога Го имаме Христа во нас, зар може да дојде антихристот? Може ли нешто спротивно на Христа да влезе во нашите души? Затоа што Го немаме Христа во нас, дете, поради тоа се плашиме од антихристот. Кога Христос е во нас, сè околу нас станува Рај. Христос е сè, чедо, и не треба да се плашиме од противникот; ова кажувај им го на сите. И, да ти кажам уште нешто. Ако истиот тој антихрист дојде сега со некаков ласерски апарат и присилно ме жигоса со трите шестки, нема да се вознемирам. Ќе ме прашаш ‘Зарем не е тоа жигот на ѕверот?’. Да, тој е, но дури и илјада пати неизбришливо да ме жигоса, jaс нема да се вознемирам. Зошто? Затоа што, чедо, кога првите маченици биле фрлани на дивите ѕверови, тие само се прекрстувале, и ѕверовите станувале како јагниња. Ги фрлале го морињата, тие се прекрстувале, и морињата се сушеле, а тие оделе како по суво. Ги фрлале и во оган, а тие се прекрстувале, и огнот се гаснел. Благословено мое чедо, што станавме ние? Веруваме ли во Христа? Во силата на Крстот? Зошто дојде Христос? Зарем не дојде за да нè поткрепи во нашите слабости? Ова кажи му го на старец Емилијан, и на сите луѓе – да не се плашат од антихристот. Ние сме деца Христови, ние сме чеда на Црквата“. Ова остави голем впечаток врз мене. Потоа додаде: „Може ли да ти кажам уште нешто?“ Му реков: „Те молам, старче“. „Патријархот Димитриј, како дојде во Атина?“ – Со авион, – реков. „Така, знам дека дојде со авион. Зар мислеше дека доплива дотука? Со чии документи дојде?“ „Со пасош, старче“, реков. – Грчки или турски? – Не знам – реков. – Ете, се правиш мудар. Дојде со турски пасош. А каков е грбот на Турција, знаеш? Реков: „Не знам, старче“. – Е сега претера, не го знаел грбот на Турција?! Ќе ти кажам – тоа е полумесечина. А знаеш ли што велеле Светите Отци за полумесечината по појавата на Мухамед? – Не, старче – му одговорив. Во шега ми рече: „Е па тогаш треба да си ја земеш дипломата и да си ја искинеш. Каков богослов си ти? Полумесечината е символ на антихристот. Доколку е така, и ако пасошот на патријархот го има символот на антихристот (и кој знае уште колку многу полумесечини во печатите што ги удираат при секој влез и излез), дали ова значи дека нашиот патријарх е антихристот? Не, чедо, не! Не ја упростувајте евангелската порака дотолку! Христос не е буквалист, како нас, луѓето кои се обидуваме да ги одбраниме нашите мислења. Оди, и ова кажи му го на старец Емилијан, и на луѓето: Не смееме да се плашиме од антихристот и трите шестки.“
     
    На Presque vu и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.