1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Духовни и религиозни симболи

Дискусија во 'Религија' започната од Daern, 1 септември 2017.

  1. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Оваа тема ја отворам со цел да се запознаеме со симболите од другите религии и духовни движења. Многу пати среќаваме некои симболи што ни изгледаат мистично и не го знаеме нивното значење па на темата би можеле да ги откриеме сите тајни за истите.

    Ете на пример јас имам познавање од многу духовни симболи, но еден од најлесните ми е непознат односно што означува Месечината и Ѕвездата во исламот?

    Ќе започнам со три симболи, а потоа низ разговор ќе поврземе повеќе.

    [​IMG]

    (Свастика) - кога ќе слушнеме за истата се потсетуваме на морбидните настани од втората светска војна, но всушност свастиката е еден од најстарите духовни симболи која се појавува во Украина, но исто така и во Индија, Хиндусите ја поврзуваат со добрата среќа, Богот Сурја (Соларно божество) и Брама (Создателот на Универзумот).

    [​IMG]

    (Om) според Хиндуизмот Ом е звукот на Универзумот и ова е неговиот симбол на санскрит јазикот.Тој ги симболизира 5 те состојби на постоењето и истите ќе ги наведам во следната слика на англиски јазик. Инаку Maya - значи илузија. За зборот Ом се верува дека е звукот на креаторот Брама. Инаку скоро секоја мантра од Хинду ведите (списите) започнуваат со зборот Ом.

    [​IMG]

    (Хамса) сте забележале ли дека во многу култури очите се одбрана од уроци, лоши влијанија, пример муслиманите го корситат плавото око, го ставаат во своите продавници, автомобили домови, на ланчиња. Ова е Хамса, старо еврејски и арапски симбол за заштита од лоши влијанија, духови и се верува дека е раката на Бог која не штити од истите, а внатре има око. Таа исто така се верува дека носи добра среќа и просперитет.

    [​IMG]
     
    На Someonespecial и Lella им се допаѓа ова.