Душек за бебешко креветче - совет?

Дискусија во 'Бебе' започната од UbavkaBube, 18 ноември 2010.

  1. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    92
    Што мислите или уште подобро какво е Вашето искуство во врска со душеци за бебешко креветче? Од која фирма препорачувате? Најобично од Симпо кое чини околу 2.000 денари, Дормео кое е околу 5.000 некои си италијански кои се од 5-7.000 денари или? Навистина би ми биле добредојдени сите искуства/совети.

    Мое лично мислење е дека и онака нема многу долго да се употребува истото (барем син ми многу кратко спиеше во такво креветче). Дилемава сега е за бебе на мои пријатели....
     
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно дормео, јас имам таков и за мене и за ќерка ми и сум ептен задоволна. Еве веќе 3 одина и немаат гајле.малку се поскапи ама дефинитивно се спие убаво на нив ;)
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.794
    За душек за бебе не треба да се штеди, така барем мислам јас. Бебето е во фаза на интензивен развој и многу е важно на каква подлога спие, посебно кога ќе се земе во предвид дека бебињата повеќе време поминуваат во креветче од возрасните. Нормално, квалитетен душек и БЕЗ перниче. Инаку, јас имам купено (ама пред повеќе години беше ова) италијанско душече од продавницата за бебешки работи во златарската улица во ГТЦ, и задоволна сум. Дупло беше поскапо од најобичните, ама... Од денешен аспект можеби би купила и Дормео, имам купено за спалната и задоволна сум.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Па можеби и фирмата-производителот не е толку битен колку што знам дека треба да биде потврд душекот. Не се препорачуваат оние што се меки душеци.
    Како и да е планирај да го користиш 3-4 год. само затоа што потоа сакаат голем кревет - лежај па ке треба пак душек да купуваш...ма нека се живи и здрави и нека раснат...
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Доколку има некој понови информации за душече за бебешко креветче.. ве молам да пише.
    Јас сакам да земам дормео
     
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    1.157
    Пол:
    Женски
    Јас поштено се зезнав и со креветчето и со душекот, ги купив во Premaman во ГТЦ и сега сме во фаза на рекламација. Дормео душек за бебиња незнам дали има, а за ќерка ми имам купено дормео и сум ептен задоволна. Ова за бебињава ќе проверам, и ако има обавезно купувам без двоумење.
     
  7. Moja

    Moja Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Еве линк за дормео душечиња http://www.dormeo.com.mk/дормео_за_деца/бебешки_душек_мемори.html

    фала за одговорот Неша :)
     
  8. DeMelo

    DeMelo Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    ЈАс бев прво за дормео, али испадна да земеме Симпо, вака на изглед и фат задоволна сум имаат и гаранција, ама бебушов не сака во креветче да спие само да е со нас.
     
  9. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.654
    Пол:
    Женски
    За моето бебе купивме навистина скап душек . Едната страна е специјална за бебиња , а од другата е за 2 годинки нагоре . При купување нее ни беше битна цената колку ни беше битно да е добро душечето .
    :)
     
  10. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    незаев каде да го поставам прашањето па ај тука се решив.
    бебушко мој има 9 месеци и почна многу да се врти и превртува во креветчето и стално го наѓам со перничето истуткано и главчето до решетки и цел искривен.
    му клавав друго поголемо перниче до решетките ама и него го фаќа.
    на таа страна нема оградица и ми е страв некој ден да не се чукни силно на главчето или да не го боли вратчето оти цело му е искривено
    совет...????
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    Ние земавме душече од Фатина. Уште не спиеме многу во креветчето, па не сме обратиле нешто внимание.
    Сепак мислам дека немаат децата голема тежина за да го уништат душекот или да не им е згоден.
    Овој е многу убав, мене ми се допаѓа тоа што е довисок од обичните.
    Го купивме 1550ден
     
  12. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    200
    јас земав душек 120x60 15цм дебел за 1200 ден, без федери
     
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    149
    Кумата моја вака правеше на некои си 11- месеци или годинка исто малата се маваше и ја извади од креветчето и ја смести во кревет меѓутоа креветот беше правен за две деца во долната фиока имаше душек детето си спиеше долу а она горе за секој случај и ако се стркала на кај страната каде нема ограда не е високо некои си 10 -15 см колку што е душекот 2 недели девојчето се будеше на под потоа си се научи и за неколку месеци ја стави да спие горе . За следното дете беше лесно тоа остана да спие на долното ниво :D
     
  14. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    582
    Вријааам од нервоза :@ Ми стигна душекот од Југоекспорт стил.Ама мене ми се гледа како мек и ми е страв да ја ставам на толку меко,како да знам дали е доволно тврд? Е не можам веќе пукнав :@
     
  15. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Абе не се замарај со вакви работи, па ние коа сме се родиле да не имало 100 вида на душеци?? Не се нервирај, она нема да биде толку тешка за да направи дупка во креветот, за нејзината тежина супер ќе биде.
     
  16. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    582
    мене не ми е шала..душекот е најбитен за правилен развој на рбетот.душекот е побитен од креветчето.Да дојде мм вечер ако не потсекундарно им го вракам.башка нарачав со розеви рабови они со плави ми донеле. :@ Немало со резеви...оффф
     
    Последна измена од модератор: 16 мај 2017
    На ana.tinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Абе битен е душекот, нормално, ама бебчето нема да тежи толку многу за да прави дупка со телото и да има неправилна поза. Сигурно чим е направен за бебиња сигурно се водело сметка за тоа. Остај бојата туку кажи дали правиот душек што го имате одбрано во смисол на квалитет ви го имаат доставено? Толку беше тврд кога го гледавте и порачавте?

    Еве тука имаш многу детално за душеци за бебиња:

    http://www.babycenter.com/0_how-to-buy- ... ss_1479.bc
     
  18. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    582
    Кумата го нарачала она таму работи и јас не знам каков бил.Али други душечиња што гледав ми се гледаат како потврди.страв ми е,свесна сум дека нема да е тешка ама не е па само стави ја на нешто што би и направило проблем.Не ми прави мерак ама ич.
     
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Види погоре само што редактирав со еден линк, мислам дека стварно добри информации и совети пишува.

    Пробај да го притиснеш со раката во средина и види дали веднаш се враќа нагоре (исто и по краевите). Што побрзо се враќа тоа подобро. Исто пишува и за дебелината и слично. Прочитај си и погледни за тие работи на твоето душече.
     
  20. Cliona

    Cliona Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    178
    Фор, да не зедовте од овој http://jugoexportstil.mk/Details.aspx?id=871 Assamble Memory? Ние гледавме душеци таму пред неколку месеци и исто и нас ни го препорачаа тој, ама ние баравме за спалната, као наводно бил најдобар, и за бебиња го земале ама мене ептен мек ми се виде па се одлучивме за http://jugoexportstil.mk/Details.aspx?id=870 Oasis Memory. Здравје за дечково понатаму ќе земеме како нашиов, презадоволни сме искрено или пак некој друг ама да не е мек некој, и јас како тебе си викам бегај ќе ми се искриви бебето па налет се. Ако е тој што мислам дека сте го зеле, вратете го, можеби добар си е и врска нема дека е премек, ама мене исто така ми делуваше, раката ми пропадна внатре кога го пипнав. Ајде ќе речеш на почето не се тешки, ама тоа душече не е за 2-3 месеци, него ќе се користи неколку години :|