Пред една недела душечето на дормео беше 3000 ден на акција, ние го земавме па за искуство кога ќе се породам
Денес имаат објавено попусти во Perdormire, до -30% на душеци. Јас им пишав пред некој ден за душечето, ми вратија дека е намалено од 5500 на 4950. Тоа е -10%, само не знам дали од денес е повеќе намалено. А дормео 4990 редовна цена на страната можеш да си видиш, пердормире како да ги кријат цениве.
Каде прават душеци по нарачка? Имам округла плетена беби-корпа од ратан од јас кога сум била бебе, па сакам да ја искористам како креветче за во дневна, но нема душек.
Дали душекот кој го купивте за вашето малечко е антиалерген, од бамбус и сл. и дали прави разлика да се земе таков или обичен душек за бебенце, кој нема такви специфики? Благодарам.
Дали е ок овој душек? Пишува дека е 100% полиестер, па ме интересира дали да го заменам и да доплатам за друг? Немам искуство, па би ви била благодарна доколку ме посоветувате
Каде прават душеци по нарачка .. пошто ми треба помал од стандардниот ... и дали има некоја искуство со baby travel душеците што се од Бебе Супермаркет , дали се квалитетни и тврди ?