Да во зегин има такви како пелени супер се. Особено што синчево често му пропушта пеленава и знае да е утоп. Вреди да се стави за да си го зачуваш душекот.
Јас купив со џебно жичано јадро и е со обвивка алое вера, тврд таман за бебиња, баш на темава читав за душечиња и ептен го фалеа овој и земав. Ми се гледа дека е супер
Дали се добри душечињата на Чарли бејби, што одат со креветчето? Вака тврдо е, како што јас можам да приметам, ама искуство некој да има?
Дали некој има искуство со Алмеро бебешките душеци? Само таму успеав да најдам димензии какви што барам ама 5600 ден не се малце, па да знам дали вреди за парите.
Дали некој знае каде може да се најде душек со специфични димензии или да се нарача да ми го направат? Станува збор за лулка, а секаде каде што гледав душеци се со стандард димензии..
Исто и јас мислам дека се зезнав малку. Купивме креветче и сега душек никаде нема за со тие димензии 85×60