Јас купив од Сомниа, по препорака на од мм сестра му, она се породи пред 8месеци, многу е задоволна од тој душек, имаа претходно со креветчето комплет и душек, душекот пропадна после 2 месеци, а што тежи бебе од 2 месеци реално, они го користат 6месеци веќе вели супер е. Јас и не се разбирам многу вака е тврд и изгледа квалитетно, ама ке видиме како ке се покаже. За тие пари одлично, се надевам ке не послужи.
Да, тој го имам. Поклон да ми го даваат сега, не би го користела. Три душеци имам, дефинитивно најлош е, а го мислев најдобар дека е. Сунѓерот е супер, ама навлаката не чини, без разлика што ќе си ставиш чаршав. Многу подобар е Алое од Чико, ѕирни го ако не си го видела.
Ние го имаме од Пер Дормире, спиеше 2.5г синко, здравје и брат му ќе спие сега. Како е купено, исто е, многу сме задоволни
Фала ти! Не сум го видела тој од Чико, на страната нивна го нема...можно да е стар модел или не се снаоѓам да го најдам?
Не, не, го има, пред да се породам купив, пред околу 2 месеци. Еве го. Навлаката е вискоза. Намерата ми беше бебето да го користи овој од Чико, но веќе ми скисна после секое спиење и дремка големиот да се буди жива вода и му го ставив нему, па бебето остана без душек Овој од Чико не го поти бидејќи не е пластифицирана навлаката од внатрешната страна како тој од Пердормире. Инаку сунѓерот си е супер. Ние во спалната имаме од Пердормире и сме ептен задоволни, па тогаш си реков ајде и за големото од таму.
Здраво мајки, вчера купивме за бебушот ново креветче транспортно по длабоко да биде зошто од другото шо го имаме почна да се крева и ми страв да не се преврти и земавме подлабоко, е сега ми треба душек за него да биде мах со дебелина од 10цм зошто стариот што го имаме е 20цм и пак се крева…
Дали имате искуство со бебешките душеци на федер бау. Изработени се од py пена исто како од на комодита само цената им е пониска
Помеѓу тие две,одбери го Федер бау. Јас за малку не купив од таму душек за детски кревет. Ние земавме од Алмеро за детски кревет, а од Симпо за бебешко креветче.