Морам да споделам што ми се случи во 5ка. 2 станици пред да се симнам една жена од 60 и повеќе години ме закачи со чадор и ми го искина џемперот. Згора на се ми се раздра зашто сум стоела таму (близу вратите) а мене ми е страв да не се онесвестам, обавезно ми се слошува во гужви. И на крај и реков дека можеше да се извини а не да се дере. Срамота девојчиња, како ме стресе уште плачам и се тресам.
So nema po narodov ne si se sekiraj za dzabe i ti i bebuleto bataligi ne se vredni za tolkav stres da ai pravis
lele i mene od sto me nerviraat lugjevo retko iskacam od doma. sekoj pomini zamina na ulica zjapa ko neznam sto da si, posebno starkite ama ne kutam
Толку брзо ти пишаа? Мене не ми кажаа дали имаат повеќе видови, што споделија со тебе? Само ми рекоа 120/80 за 4800.
Да не има некој инфо околу овој душек? За новороденче ми треба.. Несакам мемори пена душеци, сакам по цврст душек. http://simpo.mk/detail_more_end.php...ани&obl=Мебел и програм за бебиња&obl0=Јуниор Душек ▪ висина: 16 cm ▪ Јадро: Bonnell пружини, филц 800 gr/m2, полиестерски влакна 400 gr/m2-SIM term. Пресвлака: памук 65%, полиестерски влакна 35%,Simflin - ситетичка вата 150, фолија од пена, неткан текстил. ▪ Овозможува мекост и еластичност ▪ Пропустливост и циркулација на воздух
Ние земавме чиполино мила и исто таа подлогата е цврста е сега незнам за спиењето на второ ниво дали да биде само на таа подлога или да го ставам и душекот ама многу високо ми се гледа така се мислам незнам што да правам искуство некоја мамичка ако сака да сподели.
http://bebesupermarket.mk/?p=16394 Mамички јас го имам ова и сум презадоволна. 1 година спие синко на него, како ново си е уште, има зимска и летна страна, големко детенце имам, родено големко и сега има 13кг скоро, душекот нема мрднато значи, ептен е добар. Дали и до душекот е што синко спие од раѓање по цела ноќ без станување незнам да не ве натерам вака сите ова да го земете хахаха
За ќерка ми го купивме ова душече пред 2 години и мене ми е супер, тврдо е баш како што бараш. Ќерка ми обожава да скока на него
Jas go staviv i dusheceto i taman e za visina pa ke vidime do koja vozrast pa oe go spustam na vtoro nivo
Девојки која има од Вас купено душече од Симпо Јуниор со димензии 120*60??? Прашањето ми е дали тоа душече одговара за во монтажно креветче исто така со димензии 120*60 Ве прашувам оти продавачката овде во Прилеп во Симпо ми вели дека не одговарало и тотално ме збуни...као порано изработувале душеци со димензии 117*56...па демек тие биле тие што одговарале за во монтажните креветчиња...иначе креветчето ми е chipolino.
jas imaw drveno krevetche 120/60 i dushekot tolkav posebno si go kupiv i se si e ok. nezz sho taa taka se zbunila.
ЈАс решив да користам старо креветче само да го префарбаме. Старите дрвени ми се класика а јас не сум тип кој сака изведуваници (се е ствар на вкус нели), ама ме будни кај ќе најдам душече зашто старите креветчиња се со димензии 130*70, а не како сега 120*60, па сега сите душечиња се со димензии за новиве креветчиња. Ваљда ќе треба да нарачувам од некаде, ан немам идеја кај изработуваат по нарачка душеци.
Feder Bau изработуваат душеци по нарачка и вршат достава до дома. Имаат веб страна, може каков сакаш да си го одбереш душекот, ќе ти го направат. И не се скапи.
Да, од Тетово. Душекот за монтажното креветче ми е од кај нив, и ми се свиѓа што точно до пола го исполнува, не е премногу ниско. Исто и душекот за креветот на син ми (стандарден единечен 90x200) ни е од таму, презадоволна сум. За десет дена, максимум две недели после направената нарачка ти го носат.