нормално е да ти се покачуваат но тоа не значи дека ќе треба да ти ја прекинат терапијата ако ти се повисоки... цела бременост ќе си ги примаш ...имаше некоја листа се вртеше врати наназад некоја страна ќе ја најдеш, по тромесечие е..
јас за д-димери хемостаза и такви ствари помалку се разбирам. Може некој да ми ги протолкува резултативе?
Проверував димери и хемостаза во 26та недела. Ок беше се,па немаше потреба од клексани. До сега неколку доктори ме гледаат ми рекоа нема потреба да повторувам испитување,ама кога отидов на прво цтг во 36та недела во Чаир др ми рече да ги проверам пак,иако рече дека е се ок со сите мерки. Колку пати сте проверувале вие ако првите резултати се ок? Не знам веќе кој доктор да го слушам
јас секој месец проверувам, без оглед дали биле во нормала или не.. убаво би било да ги пратиш редовно, зошто тие се многу битни..
И мојот доктор бара пред пораѓај да испитам иако претходните резултати биле ок. Еве имам закажано на 30 ти.
Денес бев да испитувам ДДимери,резултато е 1150,јас имам вродена тромбофилија,до денес примав клексани,а денес докторот и покрај покачените резултати рече да ги прекинам,инаку сум 13+4 недела.Дали некока имала вакво искуство и дали резултатот е нормален за во бременост?
@Meckicja ако добро ја тагнав го имаше овој проблем и има сега ќеркичка.Ако чита нека ти помогне.Секое добро
Нормална е вредноста за таа недела. Врати некоја страна назад и ќе видиш како треба да се вредностите по недели. Инаку и јас сум со вродена тромбофилија и од ден на трансфер па еве до денес 20+ примам клексани од 0.4 по еден на ден. Последно во 18 недела ги проверував д-димерите и ми беа 1222. Докторот ми рече ќе ги примам уште, со можност да ги прекинеме. Јас се плашам од прекинување, се чувствувам безбедна со нив некако. Сега за сега се боцкам, за натаму ќе видиме, макар што јас би сакала до крај да ги ставам..
Да затоа и пишав и јас се плашам да ги прекинам,јас примав исто од 0.4,5 дена пред трансфер се до денес.Ќе видеме Петаноски што ќе каже се надевам дека нема да ги прекинам.
Кукле вака: И мој ивф доктор е Петановски. Во Хемолаб одам и со проф. Кочо се знам многу пред ивф. Тој многу ми помогна. Ама, довербата за бебињата ја имам во Петановски. Никој ама никој на светот не би го послушала освен него. За било што. Одговорноста за бебињата тој си ја има превземено. Затоа и те прашав кој доктор бидејќи Петановски е на одмор до 5 август. Не сакам да правам да ти биде мисла, воопшто не ми е таа намерата но, јас ти кажувам како јас би постапила. Мој совет ти е да си продолжиш со клексаните до 05 и да се видиш со докторот. Нема штета од нив. И тогаш докторот ќе ти каже што да правиш. Јас додека не добијам "амин" од Петановски за нешто, не се осудувам по насока на друг да постапам. Точно дека д-димерите се од областа на трансфузиологијата ама пак ќе кажам, јас го слушам само и само Петановски! Или евентуално да му пишеш на вибер и кажи му како-што...