девојки испитував д димери 16 недела 980 пак ми препишаа клексани , во 15 недела ми беа 1120, гледам на извештајот д-р ми препишала таблети идеос,и превентивно сируп флорадикс а пред еден месец правев крвна слика hemoglobino ми е 140 а зелезото 23 е сега како што гледам овој сируп е за подобрување на зелезото сега не ми е логично на таква врдност на зелезо да земам сируп,освен што сум со ифв немам вродена тромбофилија или нешто слично
Тебе машала и хемоглобинот и железото ти се добри. Јас последно во 18 недела проверував, хемоглобинот ми беше 114, а железото 14 па не ме ставија на терапија. Треба само редовно да следам. Ако падне хемоглобинот под 100, тогаш обавезно терапија. Ставај си ги клексаните, нема штета од нив, само арно.
блгодарам многу еве овие денови пак ќе направам крвна слика да видам ама не верувам дека за 1 месец е толку променета,а за клексаните ќе ги ставам ако докторот така смета,на своја рака не правам ништо.
Здраво труднички, дали некоја што испитувала димери и хемостаза во 8ми септември се сеќава за колку време се готови резултатите?
Јас еве прв пат ќе ги испитувам во 11 недела, ама сум со инвитро и примам фраксипарин од сам старт. Валда во други случаи е поинаку.
Јас сум 22 недела, на последната контрола др ми кажа дека димерите ќе ги испитуваме во 28 недела. Веројатно каде што има индикации се испитуваат порано.
Извини не сум пишала. На Клиника ми ги дадоа истиот ден резултатите. Би требало секаде во државно здравство да е така.
Здраво на сите, јас сум нова на форумот, моментално сум 16+5 недела, до сега се е во ред,но примам доста терапии ради г.м.хетрозигот,другите испитувања се ок, денес испитував хемостаза и димери, хемостаза е во ред, ама димерите многу високи 4464 ,и многу сум исплашена, трансфузиологот предлага да воведам и клексани 30, но да ме види гинекологот прво дали е во ред на ехо па да ми ги препише , прашањето ми е дали некоја имала искуство со толку високи димери и дали се намалиле?
Јас имав скоро 5000. Не е важна бројката на димерите, туку на предтромбинското бреме (attp мислам беше кратенката). Докторот ми викаше стално занемари го тој број, воопшто не е битен, битно е времето да е добро. Ако тоа ти е ок, воопшто да не се плашиш. Јас примав Фраксипарин зошто ми беа затнати протоците, но ако кај тебе се ок, не мора да значи дека ќе се боцкаш. Само смирено Инаку не ми се намали воопшто бројката на димерите и покрај терапијата, дури и се зголемуваше, ама attp секогаш ми беше во ред и бев мирна зошто си бев покриена со терапија.
ова се моите резултати, мислам дека ќе ми дадат клексани, уште пред бременост ми наговестуваа дека можно е да примам али за хетерозиготот, до сега бев мн среќна што не ми препишаа и таман ми рекоа можеби нема да треба и еве вчера на трансфузиологија резултативе, инаку се друго крвна слика и ехо е во ред до сега ама што е со димериве не ми е јасно зошто толку ми рипнале
Здраво девојки. Верувам дека некоја од вас ќе знае да ми каже дали доколку има малку воздух во шприцот на Clexane инекциите треба да се прекине ставањето? Всушност мм веќе повеќе од половина месец ме боцка и штом види воздух се плаши да не предизвикал емболија. Дали е возможно со поткожна инјекција?