Мамички јас до сега немам испитано д-димери , никој не ми рекол да испитам. Може некоја од вас да ми објасни зошто се иситуваат. Цело време читам дека многу испитуваат а мене никој не ми рекол, веќе 26+5 сум
Нормално во текот на бременоста, се случуваат разни промени во организмот како што и промени во хемостатскиот систем. Д-димерите се дел од серијата на дијагностички испитувања кои се користат за исклучување и потврдување на тромбоза. Постојат повеќе видови на тромбоза и секоја со различна клиничка слика, иако некој симптоми се поклопуваат. Пулмонарната тромбоза може да предивика плитко, кратко дишење, прекумерно кашлање. Во тешки случаи, пациентите искашлуваат и крв. Ако тромбозата е ДВТ (Длабока Венска Тромбоза) пациентите се жалат на болка во нозете, отоци, едеми. промени во бојата на кожата. Нормални вредности : Negative Pregnancy Adult: <0.5 µg/mL or <500 µg/L ng/L or <2.7 µmol/L Pregnancy Trimester One: 0.05 to 0.95 µg/mL or 50 to 950 µg/L ng/L or 0.3 to 5.2 µmol/L Pregnancy Trimester Two: 0.32 to 1.29 µg/mL or 320 to 1290 µg/L ng/L or 1.8 to 7.1 µmol/L Pregnancy Trimester Three: 0.13 to 1.7 µg/mL or 130 to 1700 µg/L ng/L or 0.7 to 9.3 µmol/ * Тромбоза Нашиот организам се штити од искрвување преку коагулација односно згрутчување на крвта. При мали повреди на крвен сад, доаѓаат на помош крвните плочки и фибринот кои се лепат на местото, прават чеп и го поправаат оштеното место. И така си функционира нормално, физиолошки. Но, има ситуации кога тие крвни плочки и фибрин неконтролирано ќе се "изналепат" во многу голем број, ќе се таложат и може да дојде до затнување на крвниот сад и нарушување на цирукулацијата на крвта. Тоа е тромбоза. Но, и за тоа имаме направено одбранбен механизам т.е. антикоагулационен и меѓу него и коагулациониот нон стоп има некоја рамнотежа и организмот е заштитен од двете крајности -од нарушената крвна циркулација- искрвување и тромбоза. Претставува опасност тогаш кога ќе се направи бајаги солидна маса а не дај Боже да се откачи од местото и од поголем крвен сад да отпатува во помал и да го заглави да нема доток и да направи исхемија т.е. да изумри тој дел(сигурно сте слушнале - му се откачил некој тромб...). И да не должам, за се ова да не се случи. си ги проверувате Д-димерите, и си пијате соодветна терапија доколку е потребна. Се надевам дека барем малце појаснив Со лесно
Da be prasam koga se ispituvaat D- meri I dali Mora sekoja trudnica da GI proveri. Jas sum 19+2 I do Sega nikok mi nema spomnato za da ispitam?
Не мора да се испита. Знам многу трудници што не правеле такви испитувања. Тука читав дека некои секој месец испитуваат. Ако не ти кажал гинекологот, не мораш да испитуваш.
Јас сум 39та недела и немам испитано. Некои доктори сметаат дека е задолжително да се испита, некои препорачуваат да се испита доколку има било каква индикација за тоа. Според мене ако сакаш мирна глава испитај си спомни му на матичниот. Се испитуваат прво, второ и трето тромесечие по еднаш и доколку испитуваш да знаеш дека има различни вредности за секое тромесечие и за трудници, да не погледнеш некоја табела за обични луѓе па да се извадиш од памет. А искрено не знам поради која причина се испитуваат.
Мене пред скрининг докторот ми ги бара да ги имам тие анализи заедно со хемостаза, крвна слика, фе, уринокултура и гликемија. Веројатно е превенција, штом кај тебе се си е во ред, може сакал да те поштеди од испитувања. Да не ти е мисла, прашај си наредната контрола.
Влијаат на проток нс крв во плацента со што може да влијаат на развој на бебето. Ако нема индикации не е страшно. Има жени што ниеднаш не испитуваат. Има некои што еднаш испитуваат околу 24 недела. Јас дека од почеток почнав со терапија па контролирав на еден месец. После месец дена прекинав со терапија. Сега ќе правам контрола ама нс мое барање, зошто така почнав од почетпк. Не се секирајте докторите најдобро знаат.
Значи не ве разбирам некогаш. Само неколку поста погоре членка сподели детално објаснување за д-димери. Прашувате и воопшто не се ни трудите да погледате што напишале и дискутирале тие пред вас. @*Mila24*
Втора бременост, сега сум 34+5,немам испитувано. Исто како некои феминки сметам дека секој доктор согласно индивидуалната состојба на пациентката ќе даде насока што да се испитува што не.. Уживајте во бременоста, без секирации... Мојот доктор ми велеше : среќна мајка, среќно бебе
Женски за д димери мора гладна да одам да ми земат крв или може да си шмркнсм од кафево. Ми мириса под носов ептен ме привлекува
Јас имам за 18.04 кај Кочо. Мм ми го зеде пред скоро 1 месец. Порано даваа приоритетни, сега го укинале тоа.
Јас барав за кај конкретна докторка и со месеци не успевам да најдам термин, ниеден. А видов во систем кај матичната дека не им издава приоритетни упати. И јас по линија на помал отпор игнорирам одење. Кокошка сум
И јас сакам кај конкретна докторка да одам. Кај неа си одам цело време и не ми се менува. Ќе и одам така во вторник кога ќе читаат резултати, за да може да ме прими, па ќе видам што совет ќе даде.
Нема термини. Кога бев трудна не успеав на трансфузиологија на клиника да испитам, еднаш приватно правев, еднаш во Воена болница. После породување пак на приватно правев. Требаше пак да правам после терапијата со клексани, ама не отидов, скапо ми е приватно. И се прашувам зошто воопшто плаќам за здравство...