1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Д-димери во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од butterfly.mk, 21 септември 2013.

  1. maticka

    maticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2014
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    259
    Денес правев во 8ми септември.За саат ипол има резултат.Одма ги гледа трансфузиолог.На шалтер души жените.Трудна,одма ме внесоа во ординација.Да не чекам во чекална.Докторот напиша пак што треба.Мора така.Прва ме боцнаа дека трудна.
     
  2. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.325
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    И на клиника н институт за трансфузиологија резултати за д-димери и ф-ри на хемостаза има истиот ден кога ке ве боцнат, јас вчера испитував.
     
  3. Ann.loves.you

    Ann.loves.you Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    1.364
    Jas sum 7+4 nedela i poradi predhoden spontan i genetska mutacija mi rekoa da ispitam d-dimeri i najverojatno ke treba da se bockam so kleksan.
    Ako ima nekoj so slicno iskustvo da mi objasni podobro,kolku vreme moze da trae toa bockanje,verojatno nema do kraj da treba:|
     
  4. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    178
    Боцкањето може да биде до крај може и не како и да е не е ништо страшно. Мора рака да сесвати јас од 4 до 9месец се боцкав
     
  5. Ена-Ј

    Ена-Ј Нов член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Бремена сум 38 скоро 39 недела. Цела бременост примам клексани и некогаш дидимерите биле повисоки некогаш пониски, поради тоа што сум носител на тромбоза. Но сега и покрај терапијата од два пати на ден клексан од 0.4 дидимерите упорно растат и стигнаа до 4330. Трансфузилогот ми рече да продолжам со терапија се додека не одлучи гинекологот кој ќе ме пораѓа. Гинекологот ми ги продолжи уште една недела па ќе види што понатака. Инаку бебето е супер и одлично напредува. Дали некоја имала искуство со волку високи дидимери?
     
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас. Иста бев во првата бременост, и до 5000 ми одеа и не се симнаа никогаш испод 4000 и покрај терапијата. Ги прекинав некаде пред крај во 9-ти месец по совет од гинекологот, не памтам која недела бев. Откако се породив одма продолжија да ме боцкаат и во болница, а и дома после тоа уште 3 недели. Клучно е да се продолжи со терапијата одма после пораѓај, тогаш настанува најголемиот ризик за тромбоза, особено после пораѓај со царски рез. Докторите што те водат го знаат ова, но консултирај се со нив и распрашај се дали и колку време после пораѓај ќе примаш терапија со клексан.
     
  7. Ена-Ј

    Ена-Ј Нов член

    Се зачлени на:
    23 август 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам. Да, гинекологот ми кажа дека задолжително после пораѓајот ќе продолжам со терапија и ќе ми направат хемостаза за да видат до кога ќе продолжам. Јас сум исплашена висината на дидимерите да не доведат до некакви компликациии при пораѓајот, конкретно со бебето и нормално со мене.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Ништо страшно не може да се случи штом си под терапија, не се секирај. Не е само висината на димерите, и другите фактори на хемостаза играат голема улога и битно е и тие да се во ред.
    Ако немаш направено пред бременоста, после неколку месеци од пораѓај направи си тестови за тромбофилија, за да си знаеш за наредна бременост ако планираш :) Мада спомна дека имаш ризик од тробоза, така што верувам си испитала веќе. Со среќа и со лесно на пораѓај, се’ ќе биде во ред :)
     
    На Ена-Ј му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    јас сум 35та недела и д димерите ми се 1450...дали се во граница на нормала? кај нас не се ни носат рез. кај трансфузиолог , само кај матичен.
     
  10. Ms allways right

    Ms allways right Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    242
    Пол:
    Женски
    @Darija* јас како што знам до 2000 се во ред д димерите значи твоите се во нормална граница.

    Е сега мене вчера резултатите ми беа 3270 што значи се високи трансфузиологот на извештајот напишал Клексан по една на ден во консултација со гиниколог. Сега треба да чекам до понеделник за кај матичната, а мојата матична е толку немарна и против клексан значи ги утепав од молење за упат за испитување д димери и во право сум била еве покачени д димери мене ми е страв дека матичната нема да ми препише клексан а јас неможам да се помирам со резултатите. Ке може ли некој да ми каже со колку покачени д - димери вас ви препишаа клексан. Според трансфузиологот моите вредности не се многу покачени д - димери за 5 месец бременост ама мене секако ми е страв.
     
    На Bibsssot му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bella.gk

    bella.gk Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    685
    Пол:
    Женски
    јас испитував д димери во 20 недела 1750 трнсфузиолог ми препиша клексани
     
    На Ms allways right му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    12.884
    И јас сум исти случај мене д-димери и хемостаза си е во ред али бидејќи сум со генски мутации најсигурно било да си се боцкам до 9ти месец а најверојатно и еден месец после пораѓај :) , така да не се секирај не си прв ниту последен ваков случај :)
     
    На Ann.loves.you му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ann.loves.you

    Ann.loves.you Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    1.364
    А ти беа ли покачени вредностите за димери? Мене сега во 12та недела ми се 526,а границата е 500.
    Се консултирав со док ми рече терапија се дава над 1700,а овој пат се исплашив зошто ми беа дупло покачени од последната контрола пред еден месец..
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    8.770
    Допаѓања:
    12.884
    Пред да почнам да се боцкам со клексанот не направив испитување,20 дена после боцкањето направив и димерите ми беа 186 во 6 недела али и поред тоа ради генските мутации со ризик за тромбофилија ќе продолжам да се боцкам до крај :)
     
    На Ann.loves.you му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Д-димери во 28ма недела, вредност 2000 многу ли е? И кои други вредности треба да се земат во предвид? Јас имав упат на кој пишуваше ,,рутинска контрола на трансфузиологија'' и толку, таму само д-димери ми испитаа и толку...
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.986
    Треба да ги гледаат сите параметри, не само ддимерите.
    Јас сум 32 недела, ддимерите ми се 1600, а ми кажаа ако се над 1800 треба терапија. Најубаво да одиш кај трансфузиолог да види резултати.
     
  17. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Во првата бременост почнав со клексани од 26та недела. Тогаш и прв пат испитав д-димери. Под 4500 не паднаа никад до крај на бременоста.
    Прашањето ми е - дали по дифолт и втора бременост ке ми е иста?
    Пиела ли некоја на пример аспирин на почеток пред да почне со клексани?
     
  18. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.948
    Пол:
    Женски
    Првата бременост цела ја поминав со аспирин. Не ми беа екстремно високи па др сметаше дека доволно е само аспирин, при крајот се покачија појќе па цела недела пред пораѓај примав клексан.
     
    На newring86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    21 недела д-димерите ми се 560. Гледам границата е 500, ама па тука и деуги вредности спомнувате. Ок ли е 560 за неделата?
     
  20. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Супер се. Скалата за трудници е повисока.
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.