Обично се покачени после операција. За некое време сами се спуштаат. Ако се ептен и одлучи докторот ќе дадат Клексан.
Колку треба да е вредноста на д-димерите после природно породување? Цела бременост ги примав, недела дена после породување уште ги примам. 2698 ми се после породување. Некој сличен како мене??? Малку сум загрижена.
Сакам да прашам некоја што веќе рефундирала пари од клексаните, кога ке го земам извештајот дека треба да примам клексан, мора ли истиот ден да се купат клексаните за да се совпадне датата??
Јас откако ќе ми го дадат извештајот купував клексани, бидејќи пишува дата кога ти е даден извештајот и од тој датум фактички треба да се боцкаш зависно колку дена треба. Пример ако имаш 30 клексани можеш да купиш 10 клексани на 3 пати не мора сите одеднаш
Зависи од извештајот. Ако пишува дека важи еден месец и ако ви се препишани 30 инекции, тогаш треба да почнат да се купуваат кога ќе се земе извештајот, за да може 30 да се купат и да се примат во рок од 30 дена. Но ако извештајот нема датум на важност, тогаш може да се почне со купување и за некој ден, но важно е да се примаат континуирано. На пример, добивам извештај што нема датум на важност, ми пишува 40 инекции. Почнувам да ги купувам по 5 дена од датумот на извештајот, но мора бројот на купени инекции да се примаат толку дена континуирано. И 35 да купам инекции, 35 дена треба да стои дека сум ги примала без прекин, па поднесувам за рефундирање на 35 инекции.
@maaitka @0ли првиот извештај кога го земав беше со дата ,ми препишаа 30 и ми рекоа мораш сега сите 30 да ги купиш зошто толку напишавме и за тие сеуште немам поднесено,имам уште 5 инекции за до среда. Е сега прашувам,зошто ке треба да продолжам со боцкање па се мислев кога да отидам за нов извештај? На пример се боцкам во среда со последната инекција и во четврток одам да земам нов извештај и да ги купам инекциите..
Не ми закажа, се слушнав и ми рече дојди кога сакаш не е проблем за извештај ке ти дадам ама работата е што незнае како оди ова за фондот па затоа сакав да прашам некој што веке поднесувал, да не утнам работа и да ми пропаднат парите..
Ако е така, по некоја логика, кога ќе ја примиш последната инекција, утредента оди по нов извештај и истиот ден купи со новиот извештај.
Да се надоврзам со стариот извештај со сметките од клексаните поднеси ги во фондот исто ти треба потврда од општ матичен или гинеколог дека си се боцкала. Сега последен пат кога поднесував матичната ми има кажано дека од првиот ден мора да те внесе во систем дека се боцкаш и се заверува во здраствената книшка. Ова е од 1 октомври по ново
Полна 27 недела ми дадоа клексани Д-димери 1076 Протромбинско време 11.5 Активирано парцијално 23.4 Тромбинско време 14.6 Димерите ми се во ред но хемостатскиот резултат ми рекоа не е во ред, било скратено времето. Мислам дека на секоја втора жена и препишуваат клексани
Земаш извештај па со тој одиш кај матичниот гинеколог тој ти дава рецепт и потврда. Позади на рецептот треба дати од секоја инекција и до неа потпис на сестрата и печат од ординацијата. Од аптека земаш фискална и сметкопотврда и се ова заедно носеш во фонд. Ако си ја примила последната инекција на 5ти на пример тогаш најрано на 6ти треба да поднесеш во фонд. Вака е кај мене ама мене трансфузиолог не ми препишува клексан туку матичниот гинеколог, трансфузиолог само ми дава извештај за толку инекции колку што гинекологот ќе ми препише
Ок е се тоа имам,а за потписи па,ми рече матичната дојди кога ке ја ставиш последната, ке ти ставам потписи и немораш демек одма у фонд можеш во рок од 3 месеци да поднесеш Секој различно изгледа кажува..
па не мораш одма битно е само да не е истата ден коа си ја примила последната инекција од извештајот, е сеа колку порано поднесеш толку порано пари назад ќе добиеш
Здраво на сите јас сакам да ве прашам за колку време од прилика ви ги рефундираат парите? Решението од фондот дека барањето мибе уважено и дека ќе ме рефундираат ми стигна за брзо време 3-4 дена од кога поднесов меѓутоа пари малку потешко хахах