Јас поднесов на 10 овој месец и сеуште чекам предходно ми стигнаа за 2 недели откако поднесов ама сега сеуште нема
Девојчиња дали знаете дали е нормално од фраксипаринот да чеша малце и ми се прават како црвени кругови на местото на боцнатото. Претходно примав клексан ама освен модринки немав други реакции, а од фракси како црвен круг и малце жежок дури. Дали има некоја искуство?
Да, ми се прави и мене вака. Прашав трансфузиолог, рече нормално било. Помагаат облоги со ациди борици, ама искрено немам секогаш време и нерви за тоа Цела сум со црвени печати кај што се боцкам и само се чешам, тоа е
ти благодарам многу, ме фати викенд инаку и јас ќе одев да прашам доктор малце сум паничарка ама добро е
И мене ми се прават црвени кругови и чешаат. Мачкам со Аварикон. А чеша бидејќи и како сува се прави таму кожата, па мачкам масло од невен и ми се смирува чешањето.
Здраво мамички, утре сум на испитување за д-димери, хемостаза и крвна група, кажете ми дали треба гладна да одам ?
Во институт за трансфузиона медицина испитував, во 27 недела , сега ги земав резултатите, д-димерите ми се 2948, многу е нели , испаничив
Се консултирав со докторката 14 дена треба да примам клексани, вие што сте примале колку време сте примале? И ако сака некој да ми објасни каква е процедурата со враќањето на парите ?
Не знам искрено,јас немам правено и не знам за што се показател тие,ама од тука што ве читам претпоставувам јас сум 16 недела и немам правено уште ,со лесно
Треба да имаш извештај од трансфузиолог за терапијата, па од како ќе ги примиш сите со фискална, сметко потврда и потврда од матичен дека си ги примала, да пополниш барање за рефундирање (го имаш на страната на фзо) ги носиш сите документи во фонд за здравство и чекаш месец дена да ти вратат 70% од сумата и тоа не од цената по кои се купувани туку од 201ден. Доколку те интересира нешто друго слободно пиши ми, ги примам од почеток на бременоста
@Sesil не се нервирај јас ги примам од 6 месец некаде моите прв пат кога испитав беа 3270 мислам ми дадоа клексан за жал до крај на бременост сега сум 30 +4 недела бебето си е супер лошо е што си обврзан секој ден точно во исто време да ги примаш ама се ќе истрпиме. Инаку јас немав никакви индикации за да испитувам д димери на мое инсистирање ги испитав .