Јас во 8 г.н. испитав д- димери, така ми кажа матичната. Вредностите беа ок. Сега ме интересира кога пак треба да се прават?
Мислам дека ако бебето си е во ред нема да имаш потреба, или пак ако ти дадат да правиш како контрола во 27 недела негде
Zdravo sakam da prasam dali vo 25ta nedela e normalno da mi se 1480 d-dimerite? Na sto treba da obrnam vnimanie za da ne se pokacuvaat?
Баш така, за 2 недели ми стигна решението, а и парите. Ај да ги пофалам, на 27.11. поднесов и за две недели ми уплатија на сметка. Иако таа на шалтер ми рече за еден месец пари на сметка. Сега некако брзо ги дадоа париве
Јас па кога рефундирав во јули, после еден месец ми исплатија мислам. Како ќе им текне. А и можеби има врска кога сме поднеле, во кој дел од месецот. Кој ги знае Важно да даваат пари
Дали сабота испитуваат на клиника димери? На 27 треба да го примам вечерта последниот клексан а тоа е петок па да не чекам до понеделник за контролна крвна слика
Да, но секогаш има термини за лабораторијата. Еве овие погоре се термини за декември, денес ги отворив и за денес има слободни термини. Не се закажува ако те следи трансфузиолог и ако тој ти дава упат за проверка.
За колку време излегуваат резултатите од д-димери и фактори на хемостаза на клиника? Дали ги праќаат на маил или треба да одам пак за да ги земам? И дали треба да одам со упат од матичен гинеколог или? Јас до сега имам направено 2 пати на приватно, треба да правам пак испитување во текот на неделава па ме интересира како е на клиника?
Истиот ден имаш резултати. Ги даваат од 14 до 16 и потоа попладне имаше термин кога издаваат, не ми текнува во колку беше. На мејл не праќаат, ги подигаш со листот што го даваат дека си платила. Јас сум земала од матичен гинеколог со шифра за женска неплодност, освен ако сега нема некоја измена.
Фала ти на одговорот. Највероватно може и со друга шифра, јас ги правам повеке од контролен аспект не заради некои индикации. Имам близначка бременост па докторот е мн внимателен и се испитуваме секој месец
Ти закажува матичниот гинеколог одиш сабајле ти земаат крв и од 14-16ч истиот ден си земаш резултати од клиника и бесплатно е за трудници
Дали примаат упут од општ матичен или мора гинеколог?Тој е на одмор па општиот ми даде со дијагноза варикозни вени