Се испитувале после втор скрининг освен ако нема индикации кои покажуваат дека треба порано да се провери. Уживај и пливај
Мене ми даде во 27 недела да испитам димери бидејќи сум немала предиспозиции за порано да испитам..Кога испитав многу високи ми беа 6700 и сега се боцкам со клексани
Можеби се погодило да нема потреба, но што ако имало а ти не си испитала, после пак матичната крива. Јас не гледам така на тие работи си испитувам се што ќе ми кажат и имам тотална контрола за тоа што се случува во моето тело.
Ај баш ќе видам како ќе биде. Претходната бременост трансфузиологот ме водеше и тој ми даваше упати.Се надевам и сега ќе може така. Ќе пишам баш
Тие што примавте клексан во бременоста, колку време после породувањето направивте контрола на ддимерите?
После првата бременост никогаш не направив контрола ама сега кога бев кај трансфузиологот, ми кажа дека најдоцна 6 недели од породувањето треба веќе да се доведени во ред. Што значи, најдоцна тогаш
Ако примаш до крај, ќе примаш и во болница, и уште две недели од прилика. На отпусното ми пишуваше да се јавам на трансфузиологија следниот ден. Јас почекав 3 дена, за да отидам кај Елена, таа ме водеше. Ми вика овде ти пишува за пред два дена. Јас бела мачка не гледав, а не да се маткам таму. Ама рече важно било. И после две недели пак бев. Ок беа и толку. Ако се високи може и месец-два да примаш клексани дури се смират димерите.
Дали за рефундирање на средствата од клексаните стигнува прво решение и со тоа се оди во банка за подигнување на парите или истовремено префрлуваат пари на сметка и стигнува решение?
Зависи. Некогаш прво стигнува решението, а потоа парите, а понекогаш и во ист ден. Не ти треба решението за во банка, си подигаш пари како вообичаено, или со картичка од банкомат или со лична карта од шалтер.
За царски се примат секако после операција 3-5. Јас кога отидов после недела дена трансфузиологот ми рече дека после операција секако се покачени. И е нормално. За некое време ќе паднат. Беа околу 2000. Имав поделени мислења и боцкав уште 5. После тоа не проверував пак. За да ти е мирна главата можеш да провериш.
На колку време се испитуваат д димери? Еднаш испитав во 21 недела Дали треба секој месец исто како и крв и мокрача?
Јас испитав во 35та недела и ми се 3197 според матичната немало потреба од клекасни, затоа што секако тие варират кај бремените...