Ако немаш предиспозиции за покачени димери се испитува во 27ма недела. Јас тогаш испитав и ми беа 6700 и сега си се боцкам со клексани сеуште а 31+3 сум
Утре испитувам д димери, па сакав само да прашам откако ќе земам резултати треба да одам кај трансфузиолог да ги види или кај гинеколог, па ако има потреба ќе ме прати кај трансфузиолог? Извинете ако било одговорено веќе ова прашање ама страшно заборавам во последно.
Најубаво трансфузиологот да ги види јас денес испитував и после тоа извештај си земав од трансфузиологот...
Тие што се боцкате со клексан , дали ви се случило да заборавите еден ден да се боцнете ? Денес цело време мислам на тоа што вчера не се боцнав , не бев дома ,растрчана цел ден и изумив дека во 8 часот треба да се боцнам а не ни носев инекција со мене
И мене сомнително ми е ова, ќе појдам утре кај друг доктор да видам што ќе кажат. Не знам зошто на матичните не му е дозволено да препишуват клексани, ама малтретирање е ова, секој ден во исто време мора да се боцкаш...
И мене мислам толку ми беа во првата бременост, трансфузиолог рече не треба да примам и на листот со огромни бројки ми пиша 3000 и дека до толку е ок да биле. Побитно е тоа другото како што разбрав тогаш...
Постелката ако е добра, ако бебе супер напредок има, ваљда нема потреба, не знам и јас којзнае колку. Си знае доктор најдобро.. некоја на толку ке прима, некоја не, затоа што тоа зависи од повеќе работи заедно.
Не би требало да забораваш, зависи каква ти е ситуацијата. Сега веќе не е битно, продолжи редовно да се боцкаш и не прескокнувај.
Денес ми стигна решението од фонд за рефундирање на парите но на сметка сеуште не. За колку дена исплаќаат да чекам или да одам во фонд да прашам со решението?
Јас ги земав резултатите неколку вредности не се во рамките на нормала ама не ми дозволија да одам кај трансфузиолог (упатот бил само за лабораторија). И пишав на докторката во Ремедика ама уште немам одговор. Претпоставувам ќе треба да одам кај матичната да ми даде упат за трансфузиолог, а читав тука дека не можело да се извади таков упат... Се осеќам како во лавиринт. Иначе, д димерите ми се 1604, 21+1 сум. Некоја да ми даде било какво мислење? Фала.
Матичната докторка, не гинеколог, ќе ти даде упат за трансфузиологија. Јас бев кај д-р Јани, ама без упат. За какви генетски мутации треба боцкање. И јас имам некои заради кои пијам метилирана фолна, ама не ми спомнаа за клексани.
Како превентивно мислам не даваат клексани. Мојата докторка рече ради генетска мутација,мислам ке треба да се боцкаш ама ке ги следиме резулатите од д-димерите и така проверував на 3 недели. Кога се покачија они,тогаш и на ехо се виде веќе дека треба клексан. Иначе сум МТХФР хетерозигот. Пред клексанот бев на аспирин 100.
Пред две недели кога ги поднесов документите во фонд ми рекоа за 2-3 недели ќе ти ги исплатат парите на сметка и ќе ти стигне решение, денес стигна решението, а парите не..