матичниот ќе ти каже за вредностите и мора да ти даде упат ако има отстапки ако не со др шифра земи си упат на трансфузиолог... јас не сум трудна но имам мутации и качени димери па земам упат од општ матичен за трансфузиологија Позз за ден два ќе ги имаш на сметка парите
Мутации за предиспозииции за тромбоза се она што е потребен клексанот најчесто метилираната е за мтхр5 фактор
Барав совет, па ајде да напишам што ми кажа докторката може на некоја во иднина изгубена како мене ќе и помогне За Д димерите кои беа 1604 ништо не ми рече, беше малку загрижена за некои фактори на хемостаза кои беа снижени ама по консултација со трансфузиолог ми рече засега без терапија и да ги повторам за еден месец. Се смирив малку. Инаку, ми препиша антибиотик зашто леукоцитите ми се покачени (не знам од што, не сум била болна) ама тоа е друга тема.
Колку ти беа леукоцитите? Мене ми се 15 а со работава не можам да најдам време да одам на консултации кај матичната.
Мене 13 ми се леукоцитите и ми дадоа 10 дена антибиотик. И ЦРП проверив, покачено ми е. Не сум болна и брисеви од нос и грло чисти, во урина немам бактерија, вагиналните брисеви се чисти. Но ете ЦРП покачено. @Jana06 Кој антибиотик ти го дадоа?
Јас сум 36 +2 и денес се боцкав за ддимери и 2716 резултатот и ми рече да се боцкам 10 дена со клексани, дури докторката сакаше 2×400мг па после вика ајде 1×400мг и за 10 дена ако нема подобрување ќе се боцкаме 2×400мг. Малку ми падна чудно за 36 недела јас мислам дека не се многу. И постелката и бебе се е е во ред. Ама како ќе кажат така ќе правиме
Денес испитував Д-димери, и пишува референтни вредности од 0 до 500, а мене резултат ми пишува минус. Знае ли некој што значи тоа?
Па и јас тоа се чудам, брат ми ми ги зема резултатите, и сега гледам во графата за резултат пишува минус.
Чекај, зошто антибиотик, оти само црп ти е покачено? Нормално е да е покачено црп во бременост и мене пред 1 месец ми ставиле проверка на црп и докторот што ги даваше резултатите ме праша дали сум била болна, му викам не и ми вика зошто ти ставиле да испиташ црп тогаш, во бременост секогаш се покачени, а исто ни јас не бев ни болна ни ништо.
Не само ЦРП туку и леукоцитите. Прво ми беа 10, па одеа полека нагоре. Бев настината десет дена пред проверката и ми помина. И леукоцити е нормално во бременост да се покачени, ама не било нормално до толку. Тројца доктори ми рекоа да пијам антибиотик.
Околу 13 и нешто ми се леукоцитите. Кога бев настината ништо не пиев, ја поминав настинката со супи, спреј за нос, грицкав зрна црн пипер и витамини. После десетина дена откако ми помина настинката, леукоцитите од 10 ми се качија на 13 и нешто.
Па нормални се, ти кога рече многу повеќе мислев до кај 18-20 ќе кажеш. И мене сега последниот пат кога проверував ми беа 12.5, а црп 29 со последна граница до 25 и докторот кој ми ги даде од лабароторија и ми рече во ред се и гинекологот ми рече во ред се.