ЦРП со горна граница 3 мене ми беше скоро 9. Не знам што да кажам, со тројца се консултирав пред да земам антибиотик.
Јас поднесов документи во понеделникот на 23.12 а еве денес случајно проверив дали има к15 префрлено ,гледам и парите од клексаните ги префрлиле . Не ми се верува дури,за 4 дена .
Јас се боцкав 10 дена со clexane 0,4 и после направениот преглед, не ми беа баш намалени. Јас мислам дека е нормално да се покачени кај трудници, малце ми е сомнително сето ова...
Баш ме чуди бидејќи ми рекоа за еден месец дека празници ќе фатат , и денес гледам има, се изненадив ..
И мене ми е многу чудно , се боцкаш примаш терапија и наместо да се намалат они се качуваат Си прават некои истражувања и пари на нас трудници, а од страв да не се случи нешто со бебето прифаќаме се
Колку ти беа и колку ти се покачени? Самата бременост е состојба во која нормално е да се покачуваат. Кај некои ако се превисоки, треба и два да се боцкаат за да се спуштат, кај некои се успорува качувањето, кај некои остануваат горе-долу исти. Башка само димерите не се индикација за боцкање, битна е и хемостазата.
Хемостазата ми е добра вредностите се во граница на референтните вредности а доимерите пред еден месец ми беа 6700 и се боцкав 15 дена по два пати на ден и ми се намалија на 2300 после уште 15дена се боцкав по еднаш и гледам ми се зголемиле на 3700..
Е па има ефект боцкањето, како нема, баш доста ти се спуштиле. Те следи доктор и ако треба, пак две ќе ти дадат и ќе се намалат. Инекциите се за твое добро и доброто на бебето.
Кај мене растеа еден период и покрај клексанот. 2800 беа на едно мерење после 10 клексани од 0,4 се качија на 3400 ама ништо страшно нели си покриена со терапија, нормално е да растат како одминува бременоста.
Еве си го најдов постот од првата бременост, баш ќе пишев дека не се сеќавам дали сум испитувала димери. И немам појма шо е тоа. Сега во втора па ич не сум правела такво испитување. Или можеби крв кога ми зимат они си испитуват таму се што е потребно па не нагласуваат зошто точно зимат крв.
Мора да ти нагласиле за што точно ти зеле крв, на зекој упут ти пишува што точно испитуваш и на трансфузиологија се прави ова испитување..
Тогаш за крвна група е било тој упат, сега у германија никој ниш не кажува, ваљда нема потреба да замарат.