Д-димерите од 1300, сега во 32 недела се покачиле на 3500. Дали во оваа недела од бременоста е нормално или ќе мора да примам терапија?
Пишав и сабајле дека денеска правев контрола на времињата (TT, PT и парцијално) и слични се на твоите. Не се добри ама јас втор пат поминувам без терапија, ми рече во 30та недела по трет пат да ги проверам и тогаш ќе добијам евентуална терапија. Другото ти е во ред.
Здраво девојки, Испитување на д димери и хемостаза на трансфузиологија дали резултатите се готови истиот ден и колку чини отприлика? Благодарам.
Дали знаете ако имате ниски д димери дали не е во ред?Јас сум второ тромесечие и имам 197,а најниско за второ е 350.Знае некој?
Над 1700 се прима терапија така да ќе мораш. До 39та недела се боцкав. Сепак доктор ќе ти каже најдобро.
Ве болеше кога примавте клексани? Плачам после секое ставање на инекцијата. 2 месеца примав прогестерон и воопшто немав никаква болка.
Во рамо, не може маж ми во стомак, се плаши И прогестерон и пролутех примав долго време, ама ништо не боли како ова
Пече да... но пробај штом на рамо да пополека ја вбризгува течноста и да го држите штипнато местото каде што боцкате помалку (бар мене ме) боли така
Мене на болница ми покажаа 4 прста над лакт во правец на просторот меѓу 2те коски. Ни ме болеше ни модрици имав.