Да не знаете случајно на Институт за трансфузиологија од колку до колку им беше време за земање резултати...ми се помеша дали од 19до 20 часот или од 20 до 21 за навечер прашувам...толку ми е до дома заборавив веќе Тенкс
Zdravo jas sum.30+5 kazete mi koja bi bila normalna vrednost za d dimeri i dali e moralno do kraj na bremenosta da se primaat kleksani ☹
До 1700 максимум. А до кога треба зависи од вредноста. Се прават контроли после секоја доза и се одредува дали ќе се продолжи.
Мислам дека ти се добри. До крај на бременост ддимерите требало да бидат до 3000 . Така ми кажа мене докторот.
По моето скромно искуство, димерите се добри, времињата ти се на долна граница, но сепак во нормала. Јас би ги проверила пак за 5-6 недели да не паднат повеќе, но секако доктор најубаво ќе те советува. Кај мене се под нормала, не примам терапија ама ги проверувам секој месец.
Ви благодарам @Jana06 @Veki4kaa Следнава недела ќе ги однесам резултатите кај матичниот ќе видам што ќе каже. А д димери инаку при крај на бременост пак се проверуваат или само сега дава матичниот упат?
Тоа не знам, веројатно до докторот е. Јас ги контролирам само времињата, а сега на последен преглед ми рече и д димерите да ги проверам за секој случај.
Девојки, дали е можно д-димерите да ми се во минус или станува збор за некоја грешка? Бремена сум 8 -ма недела и примам клексани 0.4
Јас претходниот месец имав нешто слично. Во графата за резултат на Д-димери ми пишуваше минус. Кога ги прашав што значи тоа, од трансфузиологија ми рекоа дека штом резултатот е во граница на нормала од 0 до 500 пишувало минус. Ако резултатот е под и над референтните вредности тогаш пишувале во бројки.
Девојки вие што примате фраксипарин или клексан дали дополнително земате и калциум. Некаде прочитав демек дека требало и калциум да се прима. 26та недела сум, ради покачен фибриноген примам фраксипарин 0.6
Боцкам Фраксипарин 0,6 веќе 6 месеци. Гинеколог ми рече да земам Идеос секој ден. Кога бев после тоа кај трансфузиологот, ми рече двапати неделно само да земам, не секој ден. На Ендокринологија ми го испитаа калциумот и се виде дека нема потреба да земам дополнително калциум. Ќе го контролирам и ако има потреба, тогаш би земала.