И хемостазата се гледа кога се дава терапија, не само димерите. Штом ти ги препишале, ќе си боцкаш, без разлика што се во нормала. Слушај си го трансфузиологот. Тоа што се намалиле, не значи дека не би се качувале пак. На месец и пол ги контролирам, 170 ми беа димери кога останав бремена, па 350 се качија, па 680, па останаа 680. Боцкам од почеток и ќе боцкам до крај на бременост.
Јас денес бев кај матичниот не ми спомна ништо за Д-димери,само ми рече скриен шекер да испитам,па се мислам сама на приватно да одам сама да си проверам Д-димери 24+1 сум
Кажи му на матичниот да си испиташ и д димери зашто да фрлаш пари...јас минатата недела бев во ре медика бидејќи немав осигурување а морав да испитам ми земаа 1050 ден само за тоа што е многу многу е вака на трансфузиологија барем без пари ќе ти биде
Мислев на д димери, не на шеќер. Д димерите со хемостаза се околу 2000-3000ден зависи од лабораторијата.
Не, не, само д-димери. Фактори на хемостаза испитувам на државно, но Д-димери морам приватно, зошто во нашиот град не даваат резултат со вредности туку само минус или плус.
Не сме се разбрале, мислев дека цената 2000 - 3000 ти е пишана само за д-димери, ама ти си пишала за комплет со хемостаза. Моја грешка.
Не ми е јасно, очигледно секој гинеколог има некаков свој пристап. Јас спомав да правам д димери, докторката ми рече дека дава упат само ако има индикации. Дали вие испитувате само кога имате индикации или тоа е регуларна анализа?
Јас испитувам и на своја рака, заради претходно високи димери. Сега и кога ми се нормална вредност, пред да одам на гинеколог прво на трансфузиолог се испитувам па одам кај гинеколог. И двајцата одлучуваат за терапија.
Па доколку немаш предиспозиции зошто би проверувала? Јас зад мене имам историја со калцификати на постелка и затоа и проверувам. Клексани примаат оние со мутации. А доколку има нешто на постелката одма ќе те упатат? Јас радо не би ги проверувала оти малтретирање е
Мислам дека сега е рутински ма да ипак зависи и од доктор. На мојот матичен му е рутина после 25та недела да провери. Кај мене испаднаа многу високи иако немав никакви индикации. Ниту мутации на гени, ниту калцификати на постелка, бебе напредуваше нормално ама ете високи беа и примав клексан.
Јас немам индикации никакви, всушност кога ми даде упат за д димери бев 20та недела и не ни ме гледаше на ехо. Јас и спомнав дека немам доказ за крвната група и она ми рече ајде земи упат за крвна група и кога идеш веќе натака ќе испитаме и д димери и хемостаза.
28+2 сум. Примам фраксипарин 1х1 од 0.6 од ноември. Во последно време на левата рака ми остануваат топки од инекциите и ме боли и чеша, а наизменично примам секој ден лева па десна рака, на десната немам. Некоја со слично искуство? На лекар сум дури во вторник.