@emekreme Здраво јас примам клексан од 0.4 и треба здравје до крај на бременост да ги примам. Вака сега кога започнав ми напомена медицинското лице што ми помага во аплицирање и таа ги имала користено дека ке ме болат раацете ке ми станат модрици од постојано боцкање и дека ќе има можност од појава на чворчиња(топчето) што го велиш ти . Јас ставам во рацете и во стомакот и пред некој ден исто на левата рака и јас си приметив како топче и јас ставам наизменично еднаш лево еднаш десно. Таа како совет ми даде да направам смеса од брашно и мед како тесто да стане и со помош на марамче да го држам околу 10мин на местото каде е топчето. Јас сеуште немам пробано таа ми гарантираше дека помагало па од утре ми беше план да пробам. Пробај и ти ништо не губиме од проба само ќе добиеме Тоа е тоа мене што ми го препорачаа. Доколку некоја од девојките знае некој друг лек слободно нека пиши би било од корист да се проба. Поздрав.
@emekreme @positive vibes Боцкајте ептен поткожно, иглата да е на помалку од 45 степени. Течноста кога ќе ја вбризгате, дури ќе ја поткрене кожата и ќе се направи како каснато од комарец малку бела. Потоа нежно измасирајте го местото. Боли кога се става иглата, пече додека се става течноста, малку утредента местото ќе го осетите и толку. Вака боцкам околу 4 месеци во рака и ниедна грутка немам. И уште со месеци да боцкам, ќе има место за боцкање и нема да имам големи модрици и грутки. Побарајте го мојот пост во Прво тромесечие, таму подетално имам објаснето.
Фала Оли ❤, ке пробам и така, од четвртокот грутката дупло ми е зголемена и дури се исплашив сега, ке земам после нешто од аптека да мачкам. Страшно, а уште 2 месеци се најмалку до крај.
Девојки примам клексани па кога ги купував во аптека ми рекоа дека можеле да се рефундираат парите од фондот. Дали знае некоја од вас како е постапката кај се поднесува и што се е потребно да поднесам за рефундирање на парите ?
Ти треба извештај од трансфузиолог дека трба да примаш клексан, сметкопотврда и фискална сметка од аптека, потврда со потпис и печат од матичен гинеколог или матичен доктор дека таму си ги ставала клексаните, и копија од трансакциона сметка. Датата од извештајот на трансфузиологот и сметкопотврдата и фискалната од аптека треба да биде иста. Ти се рефундираат онолку клексани колку што има пишано трансфузиологот на извештајот.
Мене уште за последните ми нема стигнато решение а поднесов документи пред двеипол недели а за претходните три дози ми ги имаат исплатено ама се во различен период некои по месец дена некои за две недели
Што ако сме ги купиле наредниот ден од аптека...прашувам заради тоа што пишуваш дека датата од извештајот треба да е иста со фискалната...нема да ги рефундираат? Мене никој не ми спомнал дека истиот ден треба да ги земам.
Мислам дека не треба да е иста датата. Неколку пати така поднесувам,прво земав извештај па после 3-4 дена ги купив и до сега ми враќаа без проблем
Важно е да не е пред датумот на извежтајот... секако не е страшно ден два три покасно ако така гласи и во него пр.од кога да се почнат
Мене така му рекоа и од фондот во мојот град, исто и сестрата на мојот матичен гинеколог. Ми рече купи барем неколку да се иста дата со извештајот, па потоа докупавај ги другите, зошто овие од фондот "во јајцето влакно барат". Можеби за секој град е различно, сме имале разни случаи овде на форумот. Јас си правам како што ми е речено и досега не сум имала проблем. Можеби може и поинаку, јас си кажувам свое искуство.
Мешиња, до која недела боцкавте клексани во стомак? Јас сум веке 14+5 и се уште ставам во стомак, не знам дали е добро тоа, но се уште можам да си штипнам салце . Да почнам веке во рака или да продолжам во стомак? Какви се вашите искуства??? Исто и пролутекс треба да ставам до 16 недела и нив ги ставам во стомак.
Доколку немаш проблеми по кожата (топчиња, болки) продолжи во стомак, мене левата рака ми е лом, се презасити кожата, и многу боли и чеша а може ке треба цела бременост да ги примаш така да и рацете ке дојдат на ред
Воопшто немам проблеми со кожата на стомакот, само ми е страв да не штетно за бебето зошто веке 15 недела.
@kukla21 и јас така си планирам, да боцкам во стомак колку што ке можам подолго. Но, не ми е јасно како ке приметам дека веке не може, ке се вракја лекот или? Извини така, што ти поставувам глупо прашање, но навистина не ми е јасно.