Тука е невозможно тоа. Извештајот од трансфузиолог излегува системски во даден формат. Нема како да се допише нешто таму.
Ни даваат резултат само. Кога ќе однесеме рецепта од матичен тогаш добиваме извештај во даден формат.
Дали некој од вас имал крварење од нос додека ги примал Клексане.Бев на 3 лекари и сите различно ми кажаа за Клексан.(еден е да примам 0.2 другиот 0.4 а третиот да непримам)По една недела пауза од Клексане Димерите од 1290 биднале 1450.Уште сум на пауза и незнам кој лекар да го послушам а сите се врвни специјалисти.
Jas bev deneska so upat od maticen ginekolog. Upatot mi go izdadoa vo petok za ponedelnik, nemase prethodno termini I vo petok izlegoa. Samo ne mi dadoa mislenje od transfuziolog za toa trebalo poseben upat.
Дали има жени што испитуваат д ддимери во друг град освен Скопје и дали рефундираат пари со таков извештај? Утре имам термин на трансфузиологија и не сум паметна што да правам.
А зашто да не отидеш на трансфузиологија? Обично сите на клиника одат ради Јани,Елена и Виолета они се тие што се справуваат со по комплицирани случаи и што се замараат за пациентите
Зошто матичната ми рече дека деновиве ризик било да се оди на клиника. Оффф беее. Инаку и со првата бременост а и сега редовно одам кај Елена.
Ризик е сегдека да се оди ако така гледаме и реално кога и да отидам на трансфузиологија има највеќе бремени жени од 1 до 9 месец...ако гледаат така не треба ни во продавница ни со роднини ни пријатели да се гледаш бидејќи е ризик...не се оптоварувај со тоа не ти треба во моментов...и на приватно да отидеш пак имаш можност за грип,вирус не знаеш кој го има. А вчера и на ТВ кажаа дека од Дебар,Охрид и не знам кој други градови имало лица со корона вирусот...сегде ти е ризик
Затоа што и јас испитував без извештај од трансфузиолог на шти кога се јавив во петокот кај докторот што ми го правеше инвитрото и ме следи и му го кажав резултатот рече за да примап клексани мора да имаме извештај од трансфузиолог, на своја рака не.И еве денес ќе одам на контрола кај него и ќе видимр што понатаму.
Не е од клексаните, јас знам дека е нормално кај некои жени да има крварење од нос за време на бременост
Здраво женски За да не одам на клиника со ситуацијава вчера бев во 8ми септември на трансфузиологија. Утре сум кај др, но дали некој има искуство со 8ми септември да ми ги протолкува резултативе? Хемостаза правев димери и кумбс и ништо не разбирам. Фала ви. By the way не ми пишаа терапија ми рекоа ќе си се договориш со гинекологот за тоа
Хемостаза и д-димерите пишува дека ти се добри. А што е тоа кумбс? Тоа се прави во случај на РХ негатив, или нешто друго е?
Да кумбс правев дека сум рх негатив. Можеш да ми кажеш кој е резултатот од ддимерите и хемостаза? Ништо не разбирам. На клиника се е поразбирливо некако..
Изгледа протромбинското време ти е 10.5 а активно парцијално време 22. Другите и јас не можам да ги разберам, прв пат гледам таква табела. Ај нека објасни некој подобро упатен, кога ке види. Битно не треба да се грижиш, ти пишува дека се е во граница на нормала според неделите на бременост.
@monka_bonbonka Речиси ништо не разбирам, ни референтни вредности не гледам, а ни димери. Тапа им е листов, на Трансфузиологија стопати подобро изгледа листот со резултати, сè е јасно. Ако активирано парцијално ти е 22, мислам дека е ниско. Ако споредам со мои резултати, другите времиња ми беа во нормала на последната проверка, димери 680, но активирано парцијално 24 и примам Фраксипарин 0,6. Сепак не е лошо да се консултираш и со друг трансфузиолог за да си сигурна, а види и гинекологот што ќе ти каже.
Да ќе видам со гинекологот утре. Фала Оли, ако треба ќе повторам на клиника немам избор ама страв ми е да одам со хаосов. Јас стварно не гледам резултат од ддимери
Да ти кажам и тебе и на сите останати што се мислите.. баш денес бев на трансфузиологија и немаше никој.. одма се завршува работа.. изгледа и останатите се плашат од корона па не одат.. буквално за 5мин завршив работа